1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заљубена во најдобриот другар на мојот бивши...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Pisoi, 27 април 2012.

  1. Pisoi

    Pisoi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Навистина незнам што да правам...едноставно се случи наеднаш.По раскинувањето со мојот бивши,премногу се зближив со неговиот најдобар другар кој исто така мислам дека има некои чувства спрема мене...ситуацијата е навистина незгодна и навистина незнам што да правам...
     
  2. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Поубоо не си можела да му вратиш на бившиот! :) Во зависност од тежината на врската што си ја имала со бившиот, треба да си знаеш сама дали би сакала да бидеш со другар му или не..

    Јас на пример, никогаш не би имала нешто со некој другар па уште и најдобар со некој мој бивши! Секако, сеа се нови времиња а јас уште држам некои стари размислувања би те советувала вака: Остави да помине некое време од разделбата, не се гледај ни со другар му, па види дали всушност навистина ти значи нешто или не! Сепак, остај да олади малку ситуацијата па понатаму со ладна глава размисли што сакаш...

    Ако веќе се одлучуваш да бидеш со другар му, тогаш мислам дека и двајцата би требало да му кажете на бившиот твој, бидејќи и тој како негов другар би можел да загуби многу повеќе отколку ти...

    Е, сега веќе ако стварно толку се сакате, па дај шта даш а? Малку шега не е на одмет од овие наши црнила :) :) Поздрав, па пиши што си направила... :)

    П.С. темава не ти е за во кафе муабети, префрли ја во врски..
     
  3. sonce7

    sonce7 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Тоа што си заљубена во најдобриот другар на твојот бивши не треба да ти претставува проблем , можеби ти е незгодно, но сепак ти со бившиот си завршила се , така да нема ништо страшно :D