1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заљубена во шефот

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од thesunshinestuff, 23 февруари 2011.

  1. thesunshinestuff

    thesunshinestuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Здраво. Забележав дека нема слични теми на оваа, па решив да побарам помош од мои врснички што мислите за темата....

    Млада сум, работам и студирам. Во главно сум амбициозна девојка, која кај другите остава впечаток дека има многу самодоверба.

    Во моментов сум дефинитивно затрескана во мојот нов шеф (кој е само 8 години постар од мене, сингл е, чуден е, ептен згоден, со најпрекрасниот задник во планетата земја) и поради етички кодекс, откако почна да ми прати мешани сигнали, и откако се испомешаа работите преку милиони заеднички пријатели кои пробаа да не „местат“, (јас во тоа време си глумев као „сеедно да ми е “)... тој, одлучува еден ден, да ми прати порака да се видиме да ми објасни некои работи...


    Ми рече дека тоа не било во доменот на неговиот морал да ги изневери луѓето кои му ја довериле директорската работа, и дека би било најдобро да не се допишуваме...

    А јас, најнормално му реков дека:„ Чим така си одлучил, тука немам јас простор за мое мислење. И му дадов до знаење дека не сум јас особата која го иницирала контактот...“ !

    Таа вечер, ме однесе дома со неговата кола, и на крај, кога му реков збогум -ме бакна... ВТФ? Зоштоооо? Само да ме направи поконфузна отколку што бев...

    сега се однесуваме како ништо да не се случило, и дури и не се поздравуваме како порано... но некако, секој пат кога ќе го видам, ќе ми се пресечат нозете, не можам да дишам, пеперутки во стомакот осеќам.... АУУУУУ, по ѓаволите... не знам што да направам...


    Немам простор, а ни мојата гордост не ми дозволува јас да го викнам пак, пошто имам многу нејаснотии во мојата глава...

    Кажете ми како да го заборавам... Ќе пукнаааааааам!
     
  2. Lucky88

    Lucky88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    На твојот премногу згоден шеф како што го опишуваш, изгледа му имаат кажано премногу пати дека е згоден и тоа му удрило в'глава и сега додека ти му допушташ ќе те шмека :)
    Мое мислење - не му давај многу значање, таа затресканост гледај да не прерасне во љубов и однесувај се како ништо да не било. Затоа што ако тоа не било во доменот на неговиот морал, зошто морал да те бакне. На типот ем му се иска, ем му се стиска така го викаат тоа. Туку ти изигрувај индиферентна и немој подсвесно да му покажуваш дека си затрескана во него. Олади малку, најди си некоја занимација...а и ако си толку амбициозна, немој заради една затресканост колегите да те гледаат со друго око, затоа што со нив делиш простор ако не 8 часа, тогаш 4 или 6 сигурно.
    И чим он може да изигрува како ништо да не било, па можеш и ти :)
     
  3. thesunshinestuff

    thesunshinestuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Фала на одговорот Лаки, знаеш, ми треба некој да ме спласне на земја, бидејќи многу летам во врска со типчево...

    не знам, одамна не ми се случило да се затрескам во некој момак... чувството е дефинитивно убаво, нема да го негирам ова, но , јас и онака имав преголема гродост да превземам нешто, само што во последно време ми се јавуваат прашања во глава од типот : „Што ако тој е вистинскиот?“ ... (знам глупо звучи, ама имајќи го во предвид интензитетот на затресканоста, некако мозокот се така ми вели) ... Друго прашање: „Дали да се откажам од работа, за да видам што е, како е?... ама, живеам во Македонија, така да, наоѓањето на работа, и не е баш така лесно?“ тоа е ...

    Фала ти многу... Уште едно прашање, КАКО ДА ПРЕСТАНАМ ДА МИСЛАМ НА НЕГО? Опсесија ми е веќе три месеци... (Да не сум болна?- Се ми паѓа на памет...)

    А за другите девојки, ако има некоја од вас што чита, и која може да сподели слична приказна за „задкулисните пресметки :П и љубовни сплеткувања во работното место“, слободно пишете... не мора да биде само шефот мета на разговорот!
     
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Како шпанска серија ми изгледа твојот проблем :P Баш би сакала на крај да останете заедно ,смотај го директорчето,прави се ладна пред него,шмекај и други колеги-пред него,секогаш биди тип-топ скокцана ,направи да се затреска во тебе :P
    и те молам пиши ни што се дешаваааа...не заборавај...
    мене ми се нема случено ваква работа имам директорка,т.е. шефица и сите сме женски вработени :D
    имам една приказна од работното место на дечко ми-имено,директорката е постара 33-34год,разведена е ,по само 10мес брак,и еден вработен нејзин си шибал со нејзе(патем е женет со 2 малечки деца ;( ),и оп-станува тој шеф... :D интересно е што ги фатила вработена и тоа сосем случајно,се вратила попладнето да си земе нешто што заборавила од канцеларија и ги видела кај нејзе во канцеларија :o :tmi:
    утредента раскажала на сите :D и сега сите знаат во фирма,освен тие двајца :D ,па баш им е интересно да ги посматраат и да си прават зафрканции......како ќе се одвива незнам,очигледно на типката и е до забава,а на типот до пари,зошто 2деца има малечки тоа не е во ред :!:
     
  5. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Не сум имала вакво искуство досега и не знам колку сум компетентна да те советувам, но
    според мене колку и да е тешко да му одолееш, издржи. :)
    Пред се во ова време е многу тешко дури и со факултет да најдеш работа, па камоли дури студираш.
    Од друга страна, имам чувство дека директорчето твое сака да си игра играчки.
    Убаво ти кажа Lucky.
    Најмногу може да запали игнорирањето и индеферентноста. Секогаш го сакаме она забранетото , така да
    најдобро би ти било да го игнорираш.
    На тој начин ем ке си ја задржиш работата , ем ке бидеш девојка со став пред неговите очи.
    А немој никако да си помислила заради него да го напуштиш работното место.

    Па среќно , и ке кажеш како ќе се одвива ситуацијата во иднина :)

    П.С А што се однесува до тоа дека мислиш на него цело време, и мене ми се случува истото.
    Јас сум затрескана во колега на факс. И тој со мене си игра топло ладно, де ме гушка и ми дели комплименти , де се трга на страна и ме игнорира.
    Јас решив дефинитивно да го заборавам и тргнувам од самата помислам дека подобро ке ми биди ако го заборавам. Многу е потешко бидејки и ти како и јас го гледаш секој ден.
    Ама секојпат кога ке го видиш помисли на тоа дека ако сака да има нешто помеѓу вас , ке се потруди.
    А што е до тебе подобро ке ти биде сега за сега без него. И секако обиди се да си најдеш и резерва.
    Знаеш како викаат клин со клин се вади
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Мач со 2 острици, или заврти му го паметот на шефот и чекај тој да те отпушти од работа или сама си дади оставка. Моја препорака да не си играш со шефот и да си седиш мирна. Тој само си го полни машкото его и се поигрува со девојките, а дека е сингл верувај ми не е ;) .
     
  7. thesunshinestuff

    thesunshinestuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Здраво. Гледам дека нема некоја голема заинтересираност за оваа тема. Ме праша една од вас што се случува ново.

    Ваква е ситуацијата- Таман ќе си велам во себе, готово е, го заборавив, нема да мислам на него... И опааа ќе го сретнам во ходник... и веднаш ми се превртува стомакот. И пак, од почеток се ми се враќа.

    За тоа дека можеби не е сингл - Тој барем како ерген се прокламира во јавноста.

    Уште еден проблем има сега.... Колешките од работа му фрлиле мерак ! АУУУУУ ќе умрам... и се ми се доверуваат мене, као многу им се свиѓел... Да не знам нешто за него, ова-она! А ја... морам да ги преќутам, и да се насмевнам!

    Вака значи, за Валентајн му пратив порака, (за да му го мерам пулсот)... „Љубовта нека те следи насекаде“.... Ладно ми одговори „Фала и тебе“... а за Осми Март, па, ми испрати порака со честитки... Не можам да го сфатам!... Во секој случај, Господ знае се. Јас ќе си го зачувам достоинството и веќе нема ни да му прозборам за нешто што не е поврзано со работата... и плус тоа, никогаш нема ни порака да му вратам, и нема да застанам да го поздравам, туку многу ладно ќе се однесувам... да видам дали пали!
     
  8. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    да најубаво е да се прајш малце ладна....верувај секогаш пали кај машките хиххихи.....па пиши пак ако има нешто ново.....
     
  9. NADIS

    NADIS Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    здраво!

    го имам истиот проблем ! директорот ми е неодолив, едноставно се топам! имам трема пред него, а сепак се работи за 8 часа каде што треба продуктивно и со ладна глава да размислувам и да дадам се од себе, али секако на три метри оддалечена од него тоа 100 проценти не е можно и ме нервира!!!!!!

    за разлика од тебе, кај нас нема ни пораки, ни бакнеж ни ништо, не се осмелувам а исто и он.. без разлика на тоа ПОГЛЕДОТ издава. мислам дека ме соблака со поглед.. АУЧ !

    значи само нов дечко кој ке те тресне од земја му е мајката за да малку го ублажи интензитетот на чувставта! се додека он не ти пријде и јасно не ти каже дека е заљубен и сака да проба со тебе без оглед на околосните, мој совет никако да не превземеш нешто... ИГНОР и крај на муабетот. знам како ти е и деф се надевам си ја оладила главата до сега, имаш време дур е тазе хаха.. кај мене се одвива ова скоро две години и у пм све нека иде!
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски

    Јас овде не гледам нешто нејасно. Од учтивост и колегијалност ти пратил порака за 8 март пошо ти си му пратила за Валентајн на која одговорил со „фала и тебе“ и јасно си поставил граница. Сеа бакнежот е збунувачки момент, но штом не се повторил обид за истото подобро не си гаи надежи да не се изненадиш непријатно на крај. Поарно не се надевај а пријатно изненади се. Јас така би си сфатила.
     
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Мене нешто не ми штима со шефот. Ем јасно ти дал до знаење дека нејќе такви работи меѓу шеф и вработен, за да после те бакне. Имам некое чувство дека лаже и дека кај него не е се како што изгледа. Може само сакал да те збуни, да види како ти ќе изреагираш.
    И самата си кажа дека си свесна оти тешко се наоѓа работа, и те советувам да си ја задржиш. Ако е тој, тој вистинскиот, ќе се покаже. Но, ако не е и еден ден сакаш да раскинеш на пример, знаеш кои се последиците.
    Во некој неможеш да се заљубиш без да минете некое време насамо, бз да го запознаеш подобро. Мислам дека ова ти е моментална заљубеност, гледај да ја искорениш. Фантазирај си за други дечковци, биди ладна спрема него.
     
  12. cinderella93

    cinderella93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    49
    па веќе 4 месеци почнав да работам во осигурителна компанија и сум како соработник на мојот ментор ( или шеф) кои ми помагаше околу запознавање на работата и навистина е доста амбициозен и паметен дечко постар 5 години од мене. Дечкото е навистина супер,но на почеток бев онака загреана за работата и не обраќав некое посебно внимание на него, но како што помина времето се повеќе и повеќе ми стана привлечен и почнав да имам некои чувства за него у стил кога ќе се чуеме за да се видиме за презентација одма пеперутки во стомакот, возбуденост, нервоза.... ( а се слушаме по 10 пати на ден пошо заедно договараме презентации и обично се води службен разговор). Неколку пати кога ке ги чекаме клиентите додека ја подготвуваве презентацијата, ќе ме праша као шо има кај тебе, како е на љубовен план , ама ја као ок, не се жалам , и накратко ќе заврши тој муабет.... А и повеќе пати сме биле на семинари во Охрид цело време беше тука до мене као ете да ми помогне за све шо треба, еднаш се случи со него сама да патувам до Охрид и топ беше по пат муабети цело време, се зезавме, кул беше све....И сеа не знам како да му пријдам да му дадам до знаење дека сакам нешо да биде...нејќам да испадне као да му се наметнувам, само сакам да му дадам некој знак дека може да пробаме "нешто",но не сакам да го правам тоа на обичен начин пошо сепак работиме заедно и не знам како би можело после тоа да испадне... Сеа не знам дали и он нешо би сакал, само сакам да ми дадам до знаење дека може да има некој почеток....
    Совет?!
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  13. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.271
    Нема ништо лошо да ти инсистираш на приватен момент со него на едно кафе или пијачка насамо и да му се отвориш и да му кажеш што ти лежи на душа , според мене :)
     
    На cinderella93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cinderella93

    cinderella93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    49
    па веќе 4 месеци работам во осигурителна компанија и сум како соработник на менторот(или шефот) кој ми помагаше во запознавањето на работата. Децкото е доста амбициозен и памет кој навистина добро си ја познава својата работа, на почетокот бев занесена во работата и не обрнував многу внимание на него, но како што помина времето, почнав да имам некои чувства за него у стил кога ќе се чуеме за презентации ( а се слушаме по 10 пати на ден пошо заедно презентираме) одма ко пеперутки да имам во стомакот, возбуда,
    поише би сакала малце на почетоков индиректно да биде... :) али ќе видам можно е и вака да пробам нешо... tnx
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  15. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.271
    Па индиректно може да свати и нешто што не треба , затоа според мене подобро е директно да начекаш убава прилика и момент и да му кажеш што мислиш за вас 2 :)
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    @veren извини вака, ама поглупав совет не можеше да кажеш.

    Еве се ставам во кожа на дечкото, да седнеме на кафе и девојката да почне да ми кажува што се чувствува за мене и дека сака нешто (а претходно ништо конкретно и немам кажано на таа тема)- мислам дека и да сакам нешто ќе почне паника да ме фаќа, ќе си речам што и на оваа, ќе ми се запали алармот дека сака да ме врзе засекогаш, дека такви филмови си има направено веќе, во стилот на девојки што само што се бакнале со некого веќе планираат и брак.

    @cinderella93 не кажа дали дечкото е слободен или не...

    Инаку мое мислење е дека штом веќе почнува да те прашува вакви работи очигледно испитува терен, и следно кога ќе те праша како љубовта, нема да кажеш ок не се жалам, туку ќе кажеш дека слабо некако, дури можеш да го провоцираш да кажеш дали има некој другар како за тебе, во тој стил, па ако е заинтересиран тој ќе знае понатаму како да ја продолжи играта.

    Меѓутоа доволно е и само да кажеш дека не е баш најсјајно на љубовен план, па потоа кога ќе сте заедно на некој семинар, сигурно останувате и до покасно сами, разгледувате некои планови за утредента, што знам што имате таму, па доволно е да си блиску некогаш еден до друг и осеќаш дали има или не искри во воздухот.
    Е сега ако осетиш, а тој нема храброст да почне прв да те бакне, можеш и ти да се доближиш кон него, ама како велат србите, о том, потом прво само кажи дека не оди љубовта, па самата ситуација ќе ти каже како да реагираш.
     
    Последна измена: 27 јуни 2015
    На mims-89 и cinderella93 им се допаѓа ова.
  17. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.271
    За мене не ништо глупаво да му кажеш на некого што мислиш за него искрено очи во очи , секој си има свое мислење моето е тоа , убава нок :)
     
    На OmniaVanitas му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Ама не е тоа деловен состанок па да го кажеш на маса уз кафе.
    Друго е да му каже директно ако осеќа некаква страст кога се сами, самата ситуација да води кон тоа па да реши таа да го повлече првиот потег. Ама и тогаш не треба скроз да му се отвара, туку само дека и се допаѓа, во тој стил.

    А вака на кафе не знам ти како го замислуваш. Еве пример седнуваат, порачуваат, мал муабет и пример: Горан, знаеш, многу ме привлекуваш, цело време мислам на тебе, што мислиш, може ли да има нешто меѓу нас?
    Не е ова договор за осигурување, не се планира, ова се спонтани работи што водат една кон друга- а така се и послатки.
     
    На mims-89 и cinderella93 им се допаѓа ова.
  19. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    @veren Тоа е совет од машко, но кога ние девојките ќе напраиме нешто такво директно, успева само ако претходно веќе имало некои знаци или ако машкото е тој што повикал на состанок.
    @cinderella93 убаво ти кажа @sesilija не кажувај дека ти е убаво на љубовен план, дека не се жалиш. Тој ем почнува нешто, а ти со твојот одговор ко ем да сфаќаш, ем да го одбиваш. Обиди се ко за почеток да ја доведеш темата Какво машко сакаш; Потштипни го понекат, позезај го за нешто на љубовен план (но не да го навредиш, сето тоа низ муабет). Ти зборувам од искуство, според мене дури многу е лесно да се случи нешто, еднаш дури за малку ќе се смувавме со колегата во лифт :3
     
    На cinderella93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cinderella93

    cinderella93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    49
    @sesilija @123.Maki-first фала ви...сеа мислам дека ќе можам да настапам јас на сцена па и јас да го боцнам нешо на таа тема, као на зезање... не требаше тогаш да му кажам дека е се ок ама бидна веќе ... секако сме заедно скоро по цел ден па се надевам ќе излезе некој муабет ;)