1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заљубена во штотуку запознат пријател!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од lookatme, 15 февруари 2013.

  1. lookatme

    lookatme Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Се заљубив во еден штотуку запознат пријател. Го знаев само на име, но никогаш не го запознав во живо. И сега кога го запознав се заљубив на прв поглед. Незнам но ова чувство го немав откако пред една година раскинав една подолга врска. Се запознавме покрај нашите семејства кои живеат со години. Но секогаш излгеуваа само тие... И сега дојде денот ние да се запознаеме... Преубаво се однесува и е многу убав... Сеуште незнам за тој дали има женска, но чувствувам дека и тој има некои чувства за мене. Излегуваме сега пак со нашите родители, но во мене се разбуди љубов. Сакам да знам како да дознаат дали и тој навистина чувствува нешто за мене или сама се лажам.. Веќе сме возрасни јас имам 20 а тој 21....... Некако да ми помогнете? Затоа што до сега не сме правеле јас и он лично муабет за одредена тема......
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Заљубена во штотуку запознат пријател !

    Млади сте, што има лошо во тоа да се дружите де. Следен пат кога ќе излезете со вашите, запрајте се муабет, еве ти почни за најосновни работи, за нешто што не знаеш за него и така. Штом и двајцата не праите муабет за време на тие седенки, можно е и двајцата да си гаите некои симпатии, ама ете и двајцата сте се погодиле срамежливи, или пак опкружувањето (вашите родители), не придонесувало за баш најромантична атмосфера. Нејсе, гледај да не мислиш толку на заљубеноста твоја и гледај да бидеш што поопуштена. Значи правете муабет за најопшти работи, запознајте се, сето тоа нека оди спонтано и чекор по чекор.
     
  3. lookatme

    lookatme Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Заљубена во штотуку запознат пријател !

    Незнам навистина... На фб си пишуваме ама онака колку да се поздравиме здраво, како си, општо.... И несакам јас прва да почнам нешто затоа што ако на пример не би сакал тој да биде со мене ништо освен пријател јас ќе се почувствувам грознооо... како и секоја девојка.. а и веќе и кај мене дома приметија дека ми се допаѓа тој... а и на неговите родители им се допаѓам и со нив се слушаме почесто :) ама не е финтата со нив да сум повеќе опуштена туку со него... џабе ако на нив им се допаѓам ако на него не :l:
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Заљубена во штотуку запознат пријател !

    Е да де. Затоа ти викам, почни опуштено. Јас попрво би гледала да почнам комуникација со типот отколку со неговите. Но, семејни пријателства се во прашање, нема секогаш правила, ова она...

    Е сега твоите што знаат ја праат малце понезгодна ситуацијата. Ама убаво си пиша, мора да бидеш малку поопуштена и со него. Си правите муабет општ велиш, епа конкретизирајте го. Почнете да си наоѓате заеднички теми на муабет, го имаш на ФБ, донекаде му ги знаеш интересите. И двајцата сте многу напнати, се гледа, сигурно и вашите ве зезаат по дома (ќе си се посватимe :D) и толку ви треба.

    Биди опуштена, оди чекор по чекор. Многу ќе биде полесно доколку некако додека се гледате со вашите останете сами, а и родителиве штом виделе што е работава, треба малце и сами да ве остават да си се забавувате, штом (очигледно) се сосема океј во врска со вашето дружење.
     
  5. lookatme

    lookatme Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Заљубена во штотуку запознат пријател !

    хааххаа баш така е муабетот (ќе си се посватиме) хехее ... Во принцип јас сум многу опуштена еве не се срамам баш многу, ама ете кажав дека затоа што се пријатели затоа ми е срам... :) ама незнам што тема да отворам еве за муабет... :D
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Заљубена во штотуку запознат пријател !

    Па јасно ми е бе мила :D , ретко кој немал такви семејни пријатели и не го зезале по дома. *кревам2прста*
    Работата е што не се свесни дека во секоја зезанција има пола вистина и после доколку стварно постојат симпатии е тогаш се игра тешкото.

    Те сфаќам. И дури и да почнете нешто, па прекинете, ќе ви биде незгодно да не се одрази на пријателството на вашите. Затоа јас велам, сега засега опушти се попријателски муабет правете си, нека не го чувствува тој притисок на девојка што е затрескана во него. Изгледај, зборувај и однесувај се опуштено како да си со другарка. Некогаш е доволно да бидеш природна и вистинска за да го охрабриш за следниот чекор.
     
  7. lookatme

    lookatme Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Заљубена во штотуку запознат пријател !

    Фалаа :) Ајде на следна седенка ќе видиме што и како :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.604
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    така е девојко само храбро и ти држиме среќа ^_^ ,после да кажеш што и како биднало :!:
     
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Па можеби и не си заљубена, можеби ти се само допаѓа, освен тоа само што сте почнале да се дружите и ако тој е пријатен, мил, фин ... можеби ти си само опседната со него ... искрено не знам :/ ама како и да е почекај да помине малку време и немој да му кажуваш веднаш дека го сакаш оти може по некое време и да сфатиш дека само ти се допаѓал дека не го сакаш ... затоа не избрзувај почекај да помине некое време, времето ќе реши се :) :) :)
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Шо напраи :wasntme: ?
     
  11. happieeverafter

    happieeverafter Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    јас се заљубив во еден мој другар мислам и тој ми кажа исто но кога излеговме убаво беше ама утредента не ми пиша на фб не знам можеби не сум му убава во живо . :x