За оваа работа разговарај со твоите (Со мајка ти) Мораш! Ова веќе ти го кажав и пак ќе го повторам затоа што тоа е најпаметното нешто што можеш да го сториш за себе во моментов! Абортусот не е играчка, а и ќе ти требаат пари за таа работа. Немој да продадеш пак нешто златно само за да дојдеш до пари. Не се вовлекувај од еден во друг проблем. Ако веќе си одлучила, направи го тоа на проверено место. Се работи за твоето здравје и твојата иднина. Што помалку луѓе знаат за работава, толку подобро за тебе. Молчи си и среди ја работава со мајка ти! Немој да правите глупости со другарките и да отидете на непроверени места!!!!!!!!!! Ако ти паднала идејава на памет, ЗАБОРАВИ ЈА! Распрашај се која крвна група си, ако си RH-Негатив после абортусот ОБАВЕЗНО оваа информација кажи им ја на лекарите. Ти посакувам се да помине во најдобар ред и памет во глава!
Здраво, Јас сум нова на сајтот, не коментирам многу но, ги цитам скоро сите теми Имам едно прашање за девојчето: Каде нашла златара да го смени ланчето бидејќи претпоставувам дека не се видела на пладне со дечкото туку веројатно било навечер?
Е добро де, се си било со план веројатно. Го продала златото преку ден и вечерта отишла да се види со суртукот!
Зошто суртук? Таа знаела тој што сака така да не е негова кривица. Нашол офца,ќе бричи... туку муабетов ми е,прво да се види дали си трудна а после ќе си ги видиш отворените опции...
Ма ајде ви се молам, уште и ја советувате? Арно кажа Бичд`д шпанските серии веќе не се во мода Слепати приказната.
Така ми дојде да го наречам. Инаку ако некој е виновен тука, секако виновна си е девојаката. Тој ни во најмала рака. Ниту ја силувал ниту пак ја издрогирал/алкохолизирал па ја злоупотребил. Самата си сакала. Затоа сега и последиците ќе си ги сноси најверојатно сама (секако ако ова е вистина) Инаку таа има напишано дека тестот и е позитивен, дека е бремена и ќе абортира. Така да, случајот е решен.
Те молам кажи дека навистина имаш 18 год. Јас мислам дека имаш не повеќе од 12 и ме фаќа паника (ако не за направеното- неверувам дека е вистина ,туку за тоа од каде овие причи во твоето главче).
Ок, но дали он не и понудил превоз, не ја прашал кај ке спие вечерта, кај и живеат роднините итн... Доколку оваа приказна е вистинита ние не можеме да судиме ниту за неа, ниту за него бидејки не ја знаеме и другата страна од приказната. Сепак она најубаво си знае.
Јас го продадов ланчето денски и натаму отидов со воз и поручекта се видов со него и после со такси се вратив дома вечерта во 12 часот а иначе имавме секс во кола . А иначе он ме однесе до 1 место кај што му реков дека живеат моите роднини и он затоа неме врати
кога почнав да читам си велам девојчево има 15-16 години, греотка ама кога видов 22 wow. секое добро и се надевам не си бремена или пак си закачила некоја болест. подрав
Дечки ај нема смисла прво исчитајте ги сите страни па тогај коментирајте. Девојката „призна‘‘ дека е 18 а вие упорно не верувате дека е 22. Па ви се молам, беспотребно се коментира.
Мене ми е страв некого да прифатам на фб, а не па да трчам по други градови да се е..м!!! Дај во иднина малку остави нека трчаат машките по тебе, евентуално ако си трудна, ќе трчка детенце по тебе, ама тоа отом-потом. Дали е лага или не кај тебе - не знам, ама сигурно има многу вакви надвор кој сега се враќаат дома со такси, продале ланче, се изеба.е, па трудни биле, за абортус немале пари - ама битно топ средени се, па ќе се убивале бидејќи родителите нив ќе ги убијат. Дајте малку контрола....!!! Не сфаќаммм - дај доста гледате филмови и живеете некако брзо од таа ваша сексуална гледна точка, па мајку му стара нема ништо утредента да ви бидне ако одбиете вечерта еден секс, па не мора на секој сељак да му правите друштво, секој ли ќе ви го истресува внатре. Аман, ЦЕНЕТЕ СЕ малку!!! Ова како на рекламана за мобилен, кога се во кола, колку зборуваш повеќе толку добиваш - дај те молам, ама малку, малку , само малку да зирнам, само малку, ти и многу повеќе си му дала, ај еднаш, ај двапати, оп дете............ееее тоа беше реклама, ова е твојот живот.
Ми дојде добро е несум трудна ама овој месец порано ми дојде требасе на 13 април мене ми дојде на 8 април
Абе ајде... ги прочитав сите постови и не знам дали да плачам или да се смеам... Прво, како си дозволила сама да појдеш во друг град за да се запознаеш со некој со кого само си пишувала на фб, а тој рецка не ти мавал? Второ, ете демек си пошла... се кандиса за орален (односно предигра по долна облека )? Со човек кој прв пат го гледаш? И не планираше да имаш секс, но имаше? И тоа два пати? И ти сврши на усните од матката? Те молам објасни како изгледа тоа, јас никако не можам слика да направам од таквото свршување на „усните од матката“. Трето, го продаде златното ланче за да имаш пари за такси, а немаше за презерватив, па со човек кој прв пат го гледаш имаше секс без заштита? Четврто, кога веќе се исплаши од твоите родители дека ќе се загрижат, зошто воопшто си заминала таму? Зарем не ти беше грижа за родителите? Како ги гледаш во очи после се? Петто, направи тест за бременост и испадна позитивен. (тестот може да е неточен ако е негативен, а е секогаш точен ако покажува дека е позитивен). Се акаше од земја, планираше самоубиство, бегање од дома и што ти не, за по неколку дена да добиеш? Те молам... После ова нема да коментирам за „вистинитоста“ на настаниве, само ќе речам дека нормален човек не оди во друг град кај дечко што не го познава сам и тоа зад грбот на родителите, а притоа да има секс без заштита. И нормален човек никогаш нема да измислува ваква приказна на форум за да биде интересен. Има еден куп теми на форумов, кои заслужуваат дискусија. Јас лично се покајав што одвоив време за да читам глупости, ама ајде... далеку можела да оди фантазијава..
Јас и понатаму продолжив дасе гледам со него и бев уште 2 пати и се видовме ама проблемот е тоа што се почна дасе сведува само на секс и тој факт ме боли, а јас му реков да дојде во мојот град и он се си наога изговори дека неможе да дојде и јас се мислам дали да проодолжам дасе гледам со него . Сватив дека нему значам се јас му се јавувам, се јас одам веке ми здодеа. Денес му се јавив и му реков ако не дојдес во мојот град и јас не идам таму повеке, Ама залудно пак несакаше да дојде. И решив да не му звонам повеке. Несакам толку ниско да пагам и да се понижувам и да го молам а имам во мојот град удварачи кои вистински сакаат да бидат со мене он не заслужува повеке даме види.
После сите совети што ти ги дадовте ти пак отиде со него? И покрај лажната тревога дека си трудна? И покрај што имаш строги родители? Овој пат што продаде за да одиш кај него? Ма ајде ти се молам, од филм во филм! Што сакаш да ти кажеме? Ѕвони му и немој да прекинеш да ѕвониш... Кога тогаш ќе се заљуби во тебе - во девојчето што му даде од прво гледање. ЕДИТ - Предлог: КЛУЧ!
Ајде вака сега. досега не сум ги прекршила правилата на форумот, ама како ми и иде да ти изнакажам свашта за да допре баре некој збор до твојата празна глава. И не ме напаѓајте за ова, ОЧИГЛЕДНО празна и е. Секс во друг град, незаштитен, страв од болест, бременост и ти ПАК си отишла да го видиш? ------ . ------- !!!!!!!! После сите совети од феминките ти пак? Па ако треба памет да ти дојде со тоа да те фатат родителите дека одиш на сексање во друг град, јас ќе одам да им кажам. После, како можеш да бидеш сескуално активна, кога не си запознаена со твојата градба на тело, и што е матка. Уште еден доказ дека не е потребно да имаш 18 години за секс, потребно е да имаш свест, нешто во лејката и да бидеш психички стабилна. А ти не си воопшто зрела чим си отишла со 18 години на сексање во друг град. Дали си читала за случаи каде убивале девојчиња кои биле „заведени“ од лажни пријатели на фејсбук? За силувања? Си размислила ли пред да отидеш негде без да им кажеш на родителите како би им било да им јават (не дај боже, никогаш не сум посакала нешто вакво на некој, ни на непријател) дека те силувале или дека ти се случило нешто во некој сосема друг град??? За следен пат памет во глава, и ако отидеш пак да го видиш фраеров користи кондом, и не пишувај како си отишла и кутрата не си знаела дека му е до секс. п.с Следен пат ако се сомневаш дека си трудна, прашај си ги усните на матката, може ќе ти кажат.
Значи не ми се верува, како можеш да бидеш толку глупа и наивна.Нејќеш да имаш ништо, па на крај имате дури и секс, а него ни познаваш. Едно не ми е јасно, како можеш да имаш односи со некој што го познаваш само од сликите на фб и тоа без заштита. И како можеш да очекуваш озбилна врска после тоа што веднаш си му се дала. Машките ваквите женски не ги сметаат за озбилни, туку за лесни. За бременост, шанса не постои, али за некоја болест или инфекција големи се шансите. ПОјди си на лекар дур е со време