Заљубена сум во најдобриот пријател

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од milagirl, 10 јануари 2011.

  1. milagirl

    milagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    2
    имам еден другар најдобар др. ми е но почнавме да се муваме. Многу сакам да му речам се фаниме но незнам како дали би било добро тоа? Инаку сме најдобри другари веќе 4 год и се знаеме ногу убаво си помагаме за се без разлика на кое поле е ...Помагајтеее :) :)
     
  2. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    113
    пријателство па врска

    јас лично знам многу примери кога од пријателство преминува во врска односот мечу двајца и искрено мислам дека ваквите врски некако најубаво завршуваат, секој знае се за другиот и довербата мислам дека е поголема, едноставно се познаваат предобро и секој знае што на другиот му смета и доколку сака нешто да опстои, најчесто тоа не го прави, мислам дека полесно се разбираат и така ;) среќно
     
    На milagirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. milagirl

    milagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    2
    фала но дали да му кажам дека сакам се фаниме
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.878
    Допаѓања:
    3.917
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не треба да избрзуваш.Сепак општо познато е дека најчето машкото го прави тој чекор :) Почекај малку,верувам дека кај и да е ќе ти рече тој :)
    Сепак тоа е индивидуално,прашање е дали си срамежлива или отворена личност.Како сакаш ти така ;)
     
  5. milagirl

    milagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    2
    па за срамежлива не сум туку отворена но понекогаш можам и да избрзам (директна) :D :D :D :D :D :D
     
  6. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    Па, ваквите врски навистина имаат шанси да успеат, така да ти посакувам се најдобро. ;)
    Почекај малку да видеш дали тој ќе ти рече за врска, но сепак ако сте многу блиски и отворени еден кон друг, можеби нема ништо лошо да поттикнеш разговор на таа тема и да видиш што ќе ти рече тој.
     
  7. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    113
    јас мислам да не кажуваш онака со зборови, туку дека по самите постапки ке сфатите и двајцата, ќе оцениш и од неговото однесување, ти ќе почнеш малце поинтензивна комуникација и двосмислена малце ко на заебанција, а уствари ко што викаат пола вистина :) или кажи нешто ама некако од околу , да не биде апла, твое е да провоцираш ;) , а од него да видиш како ќе се однесува :)
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Да можеби таквите врски се најубави, но ако врската може да не заврши добро или па тој и да не сака да прифати, а ти ке си го изгубиш другарот...
    пријателство-љубов-пријателство не верувам дека баш постои....
     
  9. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    36
    e ovaka se muvav do pred 3 nedeli so mojot najdobar drugar ali se bese onaka bezveze samo zezanje(mu se dopagav a i toj mene sakavme dvaajcata) .. se muvavme skoro 4 meseci toj mene mi znaci mnogu no e zaljuben vo drugo devojce... uste na pocetokot na toa nase muvanje ne ocekuvav deka ke se zaljubam vo nego no toa se sluci i sega mi e strav da mu kazam zatoa sto ne sakam da go izgubam a veruvam deka koga bi mu kazala toj bi se odalecil od mene a jas toa najmalku go sakam .. dali da se odnesuvam prijatelski i se kako do sega ili sepak da mu kazam sto cuvstvuvam???
    [mod-kirilica:1e3r0him][/mod-kirilica:1e3r0him]
     
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.168
    Ја мислам да му кажеш дека си заљубена у него.

    Ја на овој коа му кажав дека ми се свиѓа , типот по секоја цена сакаше да бидеме и да останеме најдобри другари, да ни се продлабочи односот. Сеа не сме се смувале, ништо такво, ама искрено сум изненадена од таквото, така да и немора да значи дека ке го загубиш, вииш сепак сте се смувале, така да незнаеш што се крие во негова внатрешност.

    И ја сум си заљубена у другрчево мое, си го знае он тоа, ама од една страна ми е мило што имаме некој посебен однос со него, а и не би сакала ја да сум таа која ке се оддалечи од него, затоа не ни сакам да прам нешто повише ... Тоа е тоа, за жал.
     
  11. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    36
    Фала за мислењето, еднаш пробав да му кажам но се правев дека не сум озбилна до толку, а он изгледа виде дека јас сум сериозна и ми кажа дека некои подлабоки емоции не треба да има мегу нас затоа што може некој од нас да биде повреден на крајот... и затоа сеа ми е страв пак да започнам разговор на таа тема.. но ке видам како ке се одвиваат работите понатаму ... :)
     
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.168
    епа во тој случај ти твоето си го направила, мислам дека нема потреба уште еднаш да му даваш до знање, а и очигледно дека и он сфатил, и знае више ... Така да , мој совет повлечи се, и продолжи со другарството. Знам дека ти е тешко и дека ке ти биде тешко, низ слично нешто поминувам, али или се навикнуваш или емоциите избледуваат.

    Али ако вреди тој чоек ко личност, ко другар не го губи, и не му кажувај уште еднаш зашто мислам дека овој пат би го оттргнала од тебе.
     
    На female.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Штом си му дала до знаење што чувствуваш, а од другата страна ја немало посакуваната реакција мој совет ти е да се потрудиш да го зачуваш другарството. Не го расипувај заради нешто минливо, и избегнувај да започнуваш разговор на таа тема.
     
  14. mese

    mese Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите. Ако го сакаш дечкото не дозволувај да ти избега само затоа што ти се плашиш дека ако му ги кажеш своите чувства тој ќе се оддалечи од тебе.Јас бев во слична таква ситуација само што не бев свесна дека го сакам најмногу на свет :) Се дружевме долго време можеби година и пол и повеќе и не знам како не сум сфатила дека тој што го барам е до мене.Излегувавме заедно секаде му верував се и се чувствував секогаш сигурна кога тој ке беше тука до мене бевме најдобри другари.го чекав да пиеме кафе секогаш кога другите пиеја јас не сакав само за да пијам со него заедно :inlove: кога ми требаше нешто секогаш тој беше тука и така се до една вечер кога бевме на гости кај наш другар.јас како и обично отидов со него бидејќи само со него бев сигурна дека сум безбедна а се уште не бев свесна дека сум залјубена до уши :$ се беше исто како и секогаш се додека не се вративме од гости.седнавме како и обично си правевме муабет и одеднаш се промени неговиот лик. очите почнаа се повеќе да му сјаат и почна да се доближува до мене сакајќи да ме бакне.Јас само го гушнав силно сакајќи да го избегнам бакнежот го гушкав толку силно само да не ми го види лицето но тој ме тргна и ме бакна.Не знаев каде сум бев целосно изгубена и единтвеното нешто што успеав да прозборам беше САКАМ ВОДА :inlove: Од тој ден а денот беше и ВЕЛИГДЕН така можеби се погоди ние двајца бевме заедно и еве по година и пол се веривме и свадба здравје боже планираме :) па девојки само напред тоа што треба да се случи никој не може да го спречи :*
     
    На female.3 и N.Kety им се допаѓа ова.
  15. archer

    archer Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Е сега вака ..повеке не знам кој да прашам.. и помислив на овој сајт.. излегувам се гледам со девојка која има момче.. и случајно тој е мој другар ..едноставно се случе не знам што да правам.. ајде девојки сеа совет ако можи од вас
     
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.191
    Пол:
    Женски
    Девојка/ дечко е менлива категорија, а другарот би требало да остане покрај тебе за постојано.
    Совет?
    Бегај подалеку од неа, преправај се како никогаш ништо да не се случило, заборави дека имало нешто меѓу вас и избегнувај ситуации на дружење кога тие се заедно.
    А ова што моментално го правиш е лицемерие. Или едноставно сакаш и ти да го имаш она што го има другар ти, како попален пубертетлија?
    Можеби сурово од моја страна, но од такт се вадам, кога ќе сфатам дека постојат луѓе за кои сметаме дека ни се најблиски и потпора во животот, а тие всушност ни работат зад грб.
     
    На thinkerbell и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  17. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    37
    Фино излегуваш со неа..а дали си свесен што правиш и со кое лице ќе го погледнеш другар ти?
    Kако што кажа Геа бегај подалеку..
    Кога и да бидат они заедно во твое присуство..и секогаш коа ќе помислиш на нејзе помисли дека му забоваш нож во грб на другар ти..
    Прекини да правиш муабет со неа заборави на се што сте имале и тоа е тоа..можеби ќе ти биде тешко..ама другар/ка не се дава за дечко/девојка..:)
     
    На female.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JustinBiber

    JustinBiber Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Јас мислам дека љубовта може се...Тоа е нормално...Ако ви оди добро продолжете...
     
  19. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    36
    пак јас ... веке претходно имам напишано дека сум заљубена во најдобриот пријател... сега се случува нешто друго... ние се дружевме и ја пред едно 2-3 недели почнав да го избегнувам затоа што стварно почнав многу да го сакам и не сакав моите чувства да променат нешто измеѓу нас па почнав да го избегнувам затоа што кога бев во негова близина малку ми фалеше да го бакнам и се да му кажам подобро рецено да ја отворам душата пред нег, но се плашев. и еве тие 3 недели колку го избегавам тој дојде кај мене и почна да разговара со мене, што ми е и зошто повеке не се дружам со него итн, но сепак не му ја кажав вистината дека е поради тоа што го сакам. И сега секој ден е околу мене, навецер ми прака пораки за добра нок и се допишуваме .. но сепак јас не реагирам никако т.е сакам да кажам дека сеусте се држам понастрана од него ( а не знам зошто го правам тоа?) .. И еве денеска ме викна да излеземе и почна да ми кажува како јас него веке не го сакам, и дека не сакам повеке да се дружам со него. Но секако јас му кажав дека го сакам и дека тоа што тој го зборува не е точно :( ... многу ми падна тешко и не знам што да правам... имам некое чувство дека и тој ме сака на некој посебен начин но навистина не знам како сега да постапам.... ве молам помогнете ми многу сум збунета (со тоа што мислам дека и тој ме сака) и не знам што да правам????
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143

    Епа таа е таа тенка црвена линија која се преминува при машко женски пријателства.
    Јас би играла со отворени карти. Едноставно кажи му што чувствуваш бар да ти е мирна совеста и да знаеш на што си, или бива или не бива и секој на своја страна, а овака само ќе се измачуваш.
    Ако имаш позитивна реакција од негова страна нема што да ти е незгодно а биди и спремна дека можеби ќе го изгубиш за пријател. Вагај колку ти е важен и битен пријател без емоции а потоа циљај на дечко ;)