1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Збунета сум...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од BikkGina, 26 октомври 2010.

  1. BikkGina

    BikkGina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Епа вака... со детево се иаме видено 5 пати до сеа значи се мувавме се е ок то.. но ме мачи дали сака само да ме искористи... еднаш праефме муабет на мсн и му прам како е ова за тебе онака или.. и тој ми викат дека ќе сме почекале малкку да видиме до кај ќе сме терале вака...ќе кажело времето дали ќе сме се фателе или не... -.-
    Немоел од еднаш или два пати гледање да ми кажел дека ме сакат или пак дека то било љубов... ова ми го рече со овие зборови.. но до сеа 5 пати се иаме видено и ич неаме праено муабет на оваа тема.. се плашам да не сака само да ме искористи... ај можит да ми кажите некако да му речам да прајме муаебет за ова зш ств нишо не знам скроз сум збунета.. не можам вака да седам се заљубив во него.. го САКАМ!... ама незнам дали тој спрема мене чувствува нешо.. свиѓање можит да ама јас сакам нешо повеќе... се си мислам дека со мене е само од искористување .. незнам на шо да мислам во последно време. Ве молам кажетеми шо да прам ... ств незнам! ;(
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
     
  3. BikkGina

    BikkGina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Абе мене ми е убаво кога се мувамее зашо сум со него.. го сакам.. не дека мене ми е убаво само зато со се муваме.. сакам да се фатиме а не вака... :(
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Кажи му дека сакаш врска со него а не да се мувате па ке видиш одговор. Ако одбие врска тогаш го знаеш одговорот и дади си одговор на прашањето - дали вреди тој за се тоа што го правиш?
     
    На BikkGina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Сврти му го грбот и прави се на „три и пол“, кога ке почне да се чуди што е работата, зошто си ладна спрема него-тогаш кажи му дека сакаш или врска или ништо. Ај крши нога :hai:
     
    На barbiegirl и BikkGina им се допаѓа ова.
  6. BikkGina

    BikkGina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Утре треба да се видиме и ке праиме муабет ќе му кажам се шо мислам за ова.. па ќе видиме со реакција ќе има.. :|
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    хахахахахахаха :rofl:
    Прво тука ич не станува збор за искористување млада 15годишно дамо.
    Ти сакаш да се муваш, тој сака да се мува. Искористување? Не не. Задоволство од двете страни.
    Друга работа ти сакаш врска, кажи му го тоа де.

    Мене ми е многу интересна тоа мување или врска кај тинејџериве. И тие што се во врска и тие што се муваат исто се гледаат со мувачот/дечкото, го запознаваат со секој, искачаат заедно цело време заедно, ама кај некои тој се вика мувач, а кај некои дечко.
    Koга некој ќе каже се мувам со еден веќе 7 месеци ... абе ај што мување беше тоа?

    Така да вие сте премлади, не мисли на сериозни работи, што ти прави разлика врска ли мување ли, кога и самите вие млади немате граница што е мување а што врска.
    Ако толку си наумила да имаш врска со него кажи му.
    Или остај нека течат вака работите, не го присилувај детето и онака е тој сигурно 15/16 годишен и на таа возраст ретко некој тип размислува сериозно за врски!
     
    На BikkGina и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Леле, чекајте, од каде тоа дека сака да искористи? Имавте секс? Ти сакаш да си со него на ваков начин??? Ако сакаш тогаш извини ама немаш право да се буниш, а ако ти пречи е тогаш кажи му бе срцка ....па не прај нешто што несакаш со сила.
    Ти кажувам зошто и јас се гледам на истиот начин, сакам и јас нормално нешто повеќе, но бидејки ми кажа дека ќе се гледаме па може и нешто сериозно ќе излезе, јас си ќутам. Не ми е лесно ни мене верувај, но се додека го правиш она што со сигурност го сакаш, нема потреба да се плашиш од искористување. И оди полека ако е твое само ќе си дојде. Поздрав и извести што си направила.
     
    На BikkGina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    типична детска љубов..Момците на оваа возраст 15-16 години се недораснати и незнаат што е љубов,додека девојките се посозреани.Веќе ако толку го сакаш речи му да разговарате ама не очекувај многу и не очајувај.
    п.с Имаш една тема за мување-конкретно значење,па оди види си ...па реши си !!!
     
    На BikkGina и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. Tela

    Tela Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Ајде да речеме дека и јас имам проблем и сум збунета........... се запознав со еден дечко пред 4 месеци и тоа замислете на скајп :worried: најчесто не прифаќам лица кои не ги познавам, посебно на скајп. Но бев толку расположена тој ден и си реков дај да видам што сака овој. За некое чудо муабетот беше интересен, почнавме речиси секој ден да пишуваме. Потоа разменивме броеви, се слушавме, се видовме после еден месец комуникација преку скајп и мобилен. Се видовме уште три пати и на крај се бакнавме. Секогаш кога правевме муабет за врски....... и двајцата идевме до заклучок дека тоа го сакаме, дека ни е смачено да сме сами и да се муваме. Откако се бакнавме :) јас мислев дека одиме, но се уште бев на дистанца не сакав веднаш да кажувам на сите. Можеби ова ви е смешно, но сакам врските да одат полека, како што и во минатото се почнувале, а не како мн веднаш секс па после што биде биде. Но тој почна некако да станува ладен, ако претходно се слушавме по два три пати, сега по еднаш, а може и да не се слушниме.А ако не му пишев или не му се јавев тој се лутеше. Кога ќе го прашав на што сме јас и ти, тој велеше почнавме нешто, ќе видиме што ќе се изроди од ова. Мене почна тоа да ми смета и се лутев неколку пати, еднаш дури се раздерив. Можеби и јас многу го напнав, па овој се уплаши :D ама па како може едно викам друго правам. Плус ме немаше добро запознаено и секогаш му викав што и да те интересира прашај ме мене, а не тој прашува други каква девојка сум била?! :o тоа навистина ме изнервира. Почнав да не му се јавувам, само еднаш во недела или ке му пишам порака и толку. Пред една недела бевме на кафе и се беше океј, се смеевме, разговаравме. Ама сега веќе не покажува никакви знаци. Последен пат ми пишеше и јас се однесував ладно, со цел да видам како ќе реагира и знам дека го изнервирав со моите одговори, но сепак тој не превзема никаква иницијатива. Му кажав дека ми се допаѓа. Незнам веќе што да мислам......... јас полека се дистанцирам, не сакам да бидам повредена макар што ми се допаѓа.Инаку од различни градови сме, но мене тоа не ми е пречка за да сум со некој. Плус тој живее во Ск сега,а јас можам во секое време да отидам.
    Ако имате некој совет дај кажете :)
     
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Леле леле што била работава:))) Убаво ти кажало детето како може да очекуваш од неколку пати што сте се виделе он да сече вени за тебе???Нормално е дека му се допаѓаш,сепак те побарал да се видите пак и пак ама аман де,остави работите да течат спонтано....ако сте имале секс од старт не ме ни чуди што се понаша така,видел дека тоа што го сака го добил на тацна без да се помачи ич,не те осудувам и да се десило тоа,тоа си е апсолутно твое и само твое право што ќе правиш во животот,туку муабетов ми беше дека можеби не си му оставила простор да му бидеш малку повеќе интересна.

    На крајот од краиштата,ако си толку зацапана во него -пресечи!Разговарај со него ,види дали се наоѓате на иста бранова должина,не си смотана,ако бива бива ,ако не бива не дозволувај да дојдеш до степен кога навистина ќе те искористува(нормално ти ќе му го дозволиш сето тоа)
     
  12. Tela

    Tela Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Не не не, никој тука не спомна дека сум имала секс со него........... да ми било само за секс, немаше да чекам 100 пати да се гледаме :rofl: работава е што само сме се бакнале и толку.....се друго остана на комуникација.......... ваљда треба да го оставам да олади па ако му се допаѓам нека ме побара....... друго ништо не останува :)
     
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Ете гледаш дека и ти сама си знаеш што треба да правиш....Со сила убавина не бива мила моја,така да не го притискај постојано единствено што добиваш од тоа е одбивност од негова страна.

    Или како што кажав во претходниот пост седни го и разговарајте зрело,видете дали взаемниот флуид воопшто постои,ако не остави го да си го продолжи патот..
     
  14. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
     
  15. BikkGina

    BikkGina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Луѓе ја заебав работава некако.. излеговме и праефме муаебт му рекоф се и тој ми рече дека ме свиѓал а за нешо поќе не знаел уште... така да да сме почекале усте некое време вака.. ама сеа проблемот е шо мислам дека ме одбегават... не враќа на титкања ни на пораки туку кога ќе му текне тогаш ќе титне само.. денеска требеше да се видиме ама ме заеба јако.. ми се јави и ми викат дека му излегло некоја работа така да не моел да дојдел и јас океј му рекоф чао и тоа.. ама ств појма неам баш сеа шо да прамм... се мислам сеа ич да не му титкам ни да му пишам пораки туку да чекам тој да ме побара мене .. иако го сакам :( ама шо да прам тоаа е.. ќе видиме сеа шо ке бидне ако помислит барем малу на мене :(
    шо да праам кажете?!
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Не осеќаш дека типчето упорно сака да те откачи? Извини вака што сум директна,ама повеќе од очигледно е !
    Барај си го чарето кај друго момче, овој само мајтап си игра.
     
  17. Unnaa

    Unnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    40
    Овој изгледа не е нешто многу заинтересиран душичке.. По тоа што ти кажал стварно изгледа ко да те избегава. Млада си мислиш дека го сакаш но кога ќе се заљубиш стварно ќе видиш каква смешка бил овој сега :) Не му се јавувај не го барај батали го па кога ќе му текне дека не го фермаш или ќе те бара или ќе знаеш дека си направила правилна одлкука со тоа што не се замараш више со него.. Ако решиш да не се замараш секако :)
     
  18. BikkGina

    BikkGina Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Женски фала богу свесна сум дека ме одбегават и тие работи.. скоро сум и сигурна дека со мене излегвит само од корист... ама мислам дека најправилна одлука би била да не го барам више да го откачам ја него пред тој мене да ми ја лупнит клоцата :worried: Иако го сакам најпаметно би било така.. тој со мене излегвит само заради мување а кад тад може и секс да ми побара сепак поголем е од мене каде каде :worried: