Е сеа еве ќе те послуша! Што сте запнале со тоа има ли родители? Ако сака- ќе го направи тоа макар и во училиште, па и за ланец да ја врзаат. За жал секоја генерација се порано и порано почнува со "врски". За жал денес тоа е "нормално", а на таа возраст најголемо влијание имаат врсниците, а не родителите и наставниците. А имаат голем удел и социјалните мрежи. Може се убаво да се објасни, а воспитна не помага тука. 2-3 шамара нема да ја опаметат, во тие години уште повеќе ќе ја разбеснат. Ако се обратило девојчето пробај објасни и со убаво, ако не можеш воздржи се од коментари. За девојчето- секако дека гледаш што прават врсниците и ти не сакаш да се разликуваш. Но, не гледај ја моменталната ситуација, туку гледај подалеку малце. Верувај, кога ќе бидеш позрела ќе ти биде многу криво што на млади години си почнала со тоа. Значи тебе ќе ти смета. Нели грдо звучи- дечко на 13 години? Сега е време за дружење со другарки, правење ситни детски глупости на кои понатаму ќе се смееш, а не да се срамиш од нив! Да не зборам за учењето, посцети се на тоа што повеќе можеш.
Ехе, вие да знаете што прават маливе. Еднаш со една другарка, чекавме друга другарка и кај неа пред зграда поминуваат едни прцулчиња, упола од мене, дали беа трето одделение и едно од девојчињата му вика на едно од машките: Колку пари ти останаа? Детево и вика: 50 денари, ќе си купам чипс. Девојчево му се обраќа: Батали чипсот, купи цигари... Јас и другаркава... Друг случај. На мајка ми пријателка, ќерка и има исто околу 11-12 години. Девојчево е ептен ситно што ќе помислиш дека е прваче. Отварам уште тогаш кога беше странана ask.fm во мода и читам кај неа прашања од типот. Што имаш со Марко?, Се имаш ли мувано со Кико П.? А оваа дрско одговара: Тоа што имам јас со него, не е ваша работа. И јас, како и вас во моментов бев: А што ќе имаш? Вчера заедно смоки јадевте? До некаде се родителите криви со тоа што им купуваат на децата ајфони уште на 10 години и им даваат 500 денари за излегување и дремат по кафичине во Сити Мол. А од друга страна, не можеш да контролираш детето што ќе ти прави надвор, со кој ќе се дружи и слично. Идни мајки, или децата што ви се мали памет во глава. Секоја генерација е понапредна од претходната.
Не си. Јас не мислам,туку со двете раце потпишувам дека е трол. Инаку Кечо,извини што пак ќе ти се обратам,ако не ти пречи,ама во првиот случај испаѓа дека тој еден од машките си го живее детството,а девојчево што пуши мисли дека другите повозрасна и пофраерка од сите,ако некој ја види со цигара во рака. А вториов ме потсеќа на едно девојче кое го опишав во „Денешната младина“. А за Valery15 стварно не знам што да кажам.
Очигледно девојчево и многу како неа се испуштени од контрола на родителите. Под контрола не мислам да биде затворена до 30 години ама со многу разговор, со активно следење на детето сонкој се дружи со кој се допишува. Си има методи да се насочи дете на прав пат.
@Ketchup јас уште смоки јадам со дечко ми, нека учат малите од мене Во врска со двата случаи ... првиот @valery15 - премногу наивно девојче, премногу. Ако имаш 21, јас имам сега 20, и се пред сегашниот дечко ми било вака - - неможам да се замислам во ситуација како твојата. Твоите здраствени проблеми се едно, дечково шо си играл како сака е друго, а сосем трето е тоа што ти му дозволи така да прави. Нема тука жртви, двата свесно бевте во ова. Дали да му вратиш, да му кажиш на сопругата, а таа бремена? Искрено не знам, не заслужува да биди лажена ама од друга страна таа треба да роди здраво дете. А во вториот случај ... @The_Prettiest јас само се плашам за сите деца кои идат. Знам многу, многу лоши примери ама ете. Не знам веќе шо да речам за ова, најсериозно. Никогаш неможам да ги сфатам врските на мали години па дури да траат и 22 дена, која е целта? Брак? Среќна и блескава иднина?
Кога ќе прочитам вакво нешто језа добивам да пишам нешто ... не знам дали постои начин деца да немаат пристап до се на нет, а да не е од дома тоа, пробиваат се живо и диво и дома и на учлиште. Не знам како децата да се заштитат на нет, не само од не дај боже нешто туку и текот на нормалнот развој да не им се наруши. Се споредува 13год. на 12,5 год со .... не знам што да кажам.
Не викај два пати, колку сакаш ставј го под контрола во енкои години контролата од дома може да биде максимално контрапродуктивна, а да не зборувам дека децата повеќе знаат да манипулираат со технологија од родителите и од па, запри го да не се допишува и што ја знам.
Искрено, можеби ќе биде смешно ама на 14 или 15 од едно држење за рака и бакнеж повеќе не би требало да има, мене на крај памет не ми паѓало односи да имам со некого на таа возраст. Нема врска што бил постар,ја бендисал хахах и тој на неа и бил таман, само очи дупло се отвараат со постар, тој прошол тоа што таа не поминала и требало и брда и долини да бара, ама не и да добива. И јас сакам авион, знаеш колку време си зборам хаххаха ама нема. Биднало сево ова џабе муабетите, само да се оправи девојчето. Каде била мајка и не знам, неа би ја здрмала малку, не може да не забалежала нешто поинакво кај неа, уште па, и толку години ццц бог чува.
Глава кинам паднала на тоа аха ќе ме изгубиш и ова занесено, да не го изгуби ... карактер е малку тоа, мене да ми бил не ќе поминел така лесно, со губењето хахах ама јас бев и уште сум тешко достапна така што такво нешто и не би се дрзнал некој. Ја начекал едноставно и како да немало некој да ја поддржи во вистинските одлуки, така мене ми изгледа.
Абе до некаде и родителите се крили за тоа шо рече за ајфони и за по 500 денари али ипак и до детето е ако детето нема 3 чисти во глава ако сакаш врзи го дома ,па ќе напрај беља
Може ќе звучи дрско и сурово ама: - "Што човек сам ќе си направи, никој неможе да му направи". Абе од главата си патиме, не се прави и не дозволувај да си жртва. Ако си малолетна пријави го бе! На крај краева женет е со кој памет дозволуваш да се истресе на тебе, знаејќи дека има жена и дете. Имате ли родители не ми е јасно!?! Насочете се во нешта кои ви прилегаат на годините. Трни се и блокирај го насекаде, дури се обидел и да те мести на другари, макро систем....
Nemoj nikogas poveke da imas konkakt so nego po nikoja cena,za ova treba da razgovaras so nekojbi da ti pomogne da se oporavis mlada si samo dozvoli nekoj da vleze vo tvojot zivot a sigurno ima kandidtibi se ke ti pomine,duri togas ke vidis sto e da se zalubis navistina bez nekoj da te pravi budala,ke bides srekna ne se sekiraj
Е па затоа реков многу разговор. И ако треба родителите ќе си направат лажни профили ќе си се стаат пријатели со децата или едноставно ќе им го проверуваат телефонот. Има начини.
Она, „13-годишноно“, глава сечам ако не е трол. Туку, секакви муабети се исповртеа, де биле родителите криви, де биле децата. Ами сите тука имаат вина! Што ни фали на нас, што не воспитувале построго? Ќе речете ама ние немавме на тие години интернет, не знам што, не знам како. Па што ако сме немале. Имало почит, имало разбирање, имало разговор. И не мислам на строго воспитување со следење кај си што си, со тепање и заканување, туку она правото - на чисто да си. Зошто ако на тие години ако не им се довериш на родителите, на кого? Од родител подобар другар нема, и никој подобро нема да ти мисли. И мене родителите никогаш не ме следеле, потоа никогаш не ми забранувале ТВ/интернет, никогаш не ми го проверувале телефонот, па излегов фала Богу здрава и права, и најважно, добро воспитана. Ама ете, луд памет се вика оваа приказна. На 14-15 години, што знам еве ваљда до мене било, ама не ми ни текнувало за дечковци. А ете, од секогаш сум била во друштво со по 5-6 години постари од мене, па сепак никогаш не сум направила со никого ништо. Години подоцна, со првиот дечко - не ми чини, пробува да ме натера на нешто на што јас не сум подготвена или не го сакам - ајт упм, раскинав и си гледав работа. И ич да не ми е мака, подобро сама отколку некој рогови да ми набива. Ама што е тука е, ум за друг пат. Само можам да ти посакам (на девојкава што ја отвори темава) да ти дојде умот зошто се гледа оти малку ти задоцнил, да прекинеш секаков контакт со таков идиот, да им се отвориш на твоите дома - или барем на мајка ти/сестра ти/некоја блиска, и да побараш стручна помош. Од сето ова што го забележав ти си истрауматизирана, и иако кај нас се уште е табу тема, сепак стручната помош многу повеќе може да ти помогне, отколку што тоа може да го направиме ние на форумов. А во врска со хормоналниот дисбаланс, тоа ти е исто така психосоматско манифестирање, од сите (непотребни) стресови и глупости, си му наштетила на сопствениот организам за сите пари.
12.5 години и дечко имала деца што ви е бре ја на ваши години у маало уште играв, каков дечко какви бакарачи аи хахахаха точнооо
@valery15 а што е со твоите родители? Не приметуваат ништо кај тебе? Па на мое дете да му опаѓа толку косата, да седи цел ден затворено, очите потечени од плачење кога и да го видеш, хормонален дисбаланс да има, не знам уште на кој психолог и психијатар нема да го однесам, сите можни мерки ке се превземат да се тргне од тој човек. Бар ти ко некој што се бави со медицина треба да знаеш дека е подобро помош од стручно лице да побараш него по гатачки да се влечеш... па уште и другарка ти гатала, ами и јас знам да му гатам на тие шо сме секој ден заедно, се ке му погодам без да му глеам у шоља.
@valery15 Очајна си.Многу си глупава и себична личност,ако си очекувала други коментари жал ми е.Има деца,има жена има фамилија,ти се филмаш дека еден ден заедно ќе бидете зш на кафе така ти глеале...Бог да чува ти мозок имаш ли што имаш у таа главата или празна ти е.Кој си прави сам си прави,ич не се жали,не можам да ги поднесам луѓето како тебе што немат свое јас.Ај позз се најдобро у животот ако уште го имаш.
Лееееле, а се запрашало ли девојчево колку женски како неа си ‘‘работи‘‘ типов на страна? Да не помисли дека те сака хаха? Две деца има, деца! Како ќе ти е тебе татко ти да оди со друга, покрај мајка ти? Што очекуваат женскиве од мажи во вакви КУФЕРИ, не ми е јасно......