Има улога и семејството во кое се растени. Ако биле злоставувани психички/физики/сексуално, 'нормално' ќе им е така и партнерот да ги третира. Или семејства во кои се осудува жената, а е величан мажот: Ти си жена ќе чистиш, готвиш, периш, чуваш деца, мажот сака спремен ручек, Жената е три подолу од мажот, Мажот е главата на семејството, Срамота е да се разведеш, Срамота е да имаш секс, Срамота е да правиш вака, Срамота е онака... И затоа ко ќе го слушнам зборот “домаќинка', ми се приповраќа. Во Македонија, “домаќинка“ е синоним за покорена жена, не за рамноправен член на општеството.
Сѐ што веќе се напишало. Ама главни точки се финансискиот дел и воспитувањето. Еве ние сме две девојчиња. Мајка ми отсекогаш ни велела отворајте очи оти враќање назад нема. Кај што ќе решите да одите ќе си трпите. Доручек ручек вечера секогаш спремни ,секс кога и да посака господинот скала ти или не ,Чак совет под спаваќа да сум гола за во секој момент да сум достапна и бил Е сега интересна работа е што кај мене резултираше на еден начин ова кај сестра ми на друг. Јас имав една таква врска ама се свестив типот ко кажа дека бебе ќе ми направел за да не сум му избегала. Мајка ми го сметаше за сериозен ама јас се замислив и пред очи ми излезе момент како ме истепал а јас со бебето немам кај да одам тука беше крај - а го сакав т.е бев убедена дека го сакам. Сега и мене ми иди да си се истепам . И оттогаш мајка ми никогаш веќе не дозна детали за моја врска. Додека сестра ми и се доверува за се а таа поддршка дава пак на психопат само затоа што можела сестра ми да остане сама На 23 г. Една со друга постапките на женава (мајка ми ) се мноогу контрадикторни,ама едно знам утре ако имам проблем јас нема кај да се вратам.
Комплексно и комплетно експозе, ко по обичај. Ај доста те фалам, туку нешто друго ми падна на памет дури го читав мислењево. Абе може ли да се дијагностицира некој не знам, генетски ли, национален ли, општествено тригериран ли - мазохизам? Некоја последица на пусто турско мајндсет, не знам. И за двајцата партнери во лошата врска важи. Мислам, настрана што реално има психопати, кои би убиле жена ако им замине- кој им е мотивот, ете и на тие мажи, да си го заебат и својот живот, со таков чин, наместо да пуштат некого на слобода, и да си го живеат и својот живот без фрустрации. Ваљда ако е врската лоша, и двајцата се несреќни, штознам? Поарно им е двајца, тројца, четворица несреќни, отколку секој раат?
Мислам дека секогаш има индикации ,барем моето искуство е такво. Ама жена како жена - романтизира ,оправдува ,едноставно гледа со розеви очила .
@oce извини, ама мајка ти Јас од моите - кои апсолутно НЕ се совршени и безгрешни родители, научив дека се тука за мене ама што и да биде. Да не зборам дека немало глава на куќа и слични глупости, па некако цел живот живеев во меур кај што мислев дека сите така живеат. Мажи кои покажувале симптоми на "пусто турско", сум бегала инстантно. Среќа па и немав многу такви искуства, прилично млада си го најдов сопатникот, ама да беше поинаку, еве сега да сум сингл, мнооогу тешко би се осмелила да сум со некој во посериозна врска. Пошто како повозрасна сфатив колку се длабоки корените на патријархатот и колку и мажите и жените околу мене се уживатели и жртви на истиот. На моменти читајќи низ форумов сакам да е трол, да е измислица, а кога сум сигурна дека не е ниту трол, ниту измислица, реченица кажана онака уз муабет, сета се ежам и разочарувам. Не дека е светов нешто претерано феминистички настроен - не е, ама се' уште машките и женските деца не се воспитувани исто. Самите ние како генерација родители допринесуваме за неискоренување на таквиот вредносен систем, растеме нови генерации на покорени жени. И настрана форумов, во реален живот како ми се мажеа другарките, ретко кога не бев разочарана од "изборот" гледајќи какви се' глупости трпат од свекори, свекрви, традиции, сопствени родители. Во однос на темава - се' имате кажано другите. Не може некоја да реши проблем, кога не е воспитана да го реши. Воспитана е да проголта и тера понатаму. Само се надевам дека сопствените ќерки и синови поинаку ги воспитуваат.
@CameliaMiller нема што да се извинуваш реалноста е таа... Се надевам само дека сестра ми ќе си отвори очи...јас пробав да и кажам ама не ме разбира... Инаку и ден денес исто...имам некои проблеми со свекрвата совет : Немој не прави кавги ,за арно за лошо таа ти е,јас далеку сум. Ке го нервираш мт за џабе ,ќути не може да ја смениш итн. итн. А сестра ми ја убеди дека јас сум и замисли љубоморна затоа и зборам за дечково.... И имам ќерка дефинитивно никогаш еден збор нема да и кажам сличен на ова.
Ова не можам да го разберам погоре, дали мајката имала преубав брак со ваквото сфаќање на терање брачен живот па што им го соли и на ќерките... Очигледно на некои жени им е убаво така како што живеат без разлика колку голема жртва може да изгледаат во туѓи очи. Така ќе го почнам постот , и ќе го завршам, дефинитивно. Во горниов случај мајката, но не е само таа "кривецот" тука. Нормално и таткото. И јас познавам 3 случаеви, генерациски различни, карактерно исто различни....во брак со различни типови мажи, кои се правдаат со: јас ќе бидам како мајка ми, затоа што избрала сопруг како татко и, и ја прави жртвата за детето како што мајка и ја направила. Друг случај каде мажот е сосема поинаков од татко и, но на секое жалење се оправдува со, јас не се разведувам затоа што сум како мајка ми зависна од мажот( мајка која имала лош брак во тогашно време и останала таму кај што е со 3 деца) .... Третиот случај мајката низ целото време ја советува ќерката да не наоѓа маж како татко и, со тие особини, па дури и професија... истата, целиот живот се влечка со такви, на крај се мажи со ист таков лик. Сите овие ќерки работат и нивните мајки работеле и работат, морам да напоменам Не е случај со тоа примитивно воспитување, мажот да се слуша оти е глава на семејството, со ќутење и ведење глава, туку напротив баш да речеме," бунтовни жени" кои на крај се врзале самите во крпче. Повеќе ќе излезе дека родителот пасивно влијае врз одлуката и начинот отколку како членката горе што раскажува во нејзниот пример. Заедничко мислам дека им е изговорот дека нема каде да се вратат иако повеќето од 6те примери имаат куќа кај родителот, со некои нормални услови и леснотијата да прифатат дека вака може да се живее. Премногу жално ги доживував ваквите несреќни бракови и сум помагала со разговор, со секаков можен начин на помош. Се додека не сфатив дека тоа се поинаков тип на жени, кои можат тоа да го поднесат и во главата не размислуваат никогаш за развод и покрај таквиот начин на живот активно се залагаат за правење на прво, второ, трето дете. Јас ова не го разбирам, освен дека на некој начин тие се во своја корупка во која припаѓаат, не дека нема назад туку свесно така сакаат да живеат. Од каде да знам, можеби поимот среќа не за секој е ист. Или мисла ми е секогаш, дали тие вака се среќни, но поради знаењето што го имаат дека не треба така да се живее, околу нив примери на поинакви бракови( она што за мене е среќа , исполнетост, задоволство) мораат да се оправдаат на некој начин. Исто така каква зрела личност си ако повторуваш репетитивно однесување на мајка ти која си ја гледала, несреќна, незадоволна, натепана, избркана, осамена и што ли уште не ? Или во нивни очи тоа е пример за брак, кој треба да го имаат и нема тука ништо лошо? Зошто ако сум несреќна покрај едното да родам уште едно, или уште две деца, за да растат несреќно? Тука има некоја компликација со мозокот мислам. Ако не ти е за себе, ваљда за децата битно ти е како ќе живеат, иако велат детето без татко ли да живее, ај ќе преживеам. Можеби среќни се вака и нивното волшебство е поинакво од моето.
Не знам дали се однесува на мене или општо ти е првата реченица @Ginger^ aма ќе ти одговорам. Татко ми во мојот случај беше душа човек (починат е ,затоа и не би можела да се вратам таму) дури и на глава му се качуваше од што беше мирен ,на секакви глупости и има поќутено. За мене и за сестра ми знам дека секогаш би бил тука ,што не е случај со мајка ми. Таа отсекогаш била повеќе што ќе каже народот. А мајка ми така е учена од мајка ѝ и татко ѝ,значи еден круг кој се повторува. Исто тетка имам со истиве учења ,таа погоди лош сопруг. И седи и трпи свашта. Дури на слава кај нив (баба ми и дедо ми ) јасно се сеќавам иако мала бев ,се скараа нешто и тетка ми као ти ако сакаш оди си јас сум си дома. Ко и се сврте дедо ми тука пред сите. Ааа ти пред толку години си излегла сега дома била ,од каде ова тебе дома. Маж ти за рака и да ве нема ,дома решавајте си проблеми. Малку е да кажам дека се шокирав ,од целата случка.
Мислев на твојот пример со мајка ти, но се надоврзав, општо дека и таткото како посебен модел е многу важен. Поентата ми беше да ги објаснам тие преплет црева работи
1) Интересно прашање. Не баш е одговорот. Тенденција да се нормализира лоша ситуација само за да ни олесни е генерално кај сите општества, па така и кај нас. Тој е тој притисок да е нештото нормално зошто ни се случва и како такво проблваме да сме флексибилни и прилагодливи кон ситуацијата за да можиме да опстоиме сами. За да не дојди до промена. Кај нас ова е поќе изразено ради традиција и од таму имаме помала флексибилност кон промена, а поголема флексибилност кон прилагодување, за разлика од пример западни општества. Најчесто е тенденција да се остани, во случајот во брак, ради општеството. То е тој општествен притисок, не знам дали можи да се наречи општествено тригернат мазохизам зошто да е мазохизам страната која трпи треба да ужива во то. Ама е притисок шо не прај многу помалку флексибилни кон промена. Зошто и да беше општеството океј со многу работи, пак ќе имавме некоја ригидност кон промена АМА евентуално ќе ја напраевме и тоа многу побрзо него шо сега би ја напрајле. 2) Некои работи колку од страна и да ни личат монструозни, можат да се уствари само нормализирани. Не секој шо извршва нешто монструозно е психопат. И не секогаш лечи фрустрации. Некогаш само се справува со ситуацијата онака како шо семејството и општеството го научило. Го научило да „отрпни“ на некои работи од дете и никогаш да не гледа проблем со нив. Ова нормално можи да се смени и во иднина тој некој да сфати кај згрешил. Така да на некој можи да му е нормализирано да тепа дете зошто никогаш не бил научен поинаку да воспитва и смета дека то функционира. Не можи да размисли на последици од то тепање. Не можи да размисли зошто детето го боли. Се шо е важно е дека „така треба“ и пред се - така знај. Многу работи кои сега ги гледаме како лоши и ненормални, во минатото биле нормализирани и честа практика. Така и со ова. Не е секогаш некој психопат, некогаш можи да се работи за нормализација и ете мое лично верување е дека многу почесто се работи за грешен пристап и лоша нормализација ( нормално како просек), него шо се работи дека некој длабоко во себе е лош човек. Иако не значи дека второто не постои. 3) Не сум сигурна. Би годела дека ако едната страна не е среќна, има огромни шанси и другата страна да не е среќна во врската. Ама ова пак се поврзва со то шо го зборав во другото мислење и во ова. Секогаш се прилагодваме доста флексибилно кон новонастаната ситуација зошто ја гледаме и знајме како се одвива и знајме како можиме да се прилагодиме на неа. Промената ни е непозната. Не знајме како да се спремиме за неа или прилагодиме и од таму сме помалку флексибилни за неа. Не е дека и двете страни не сакаат среќа и да се рает и ослободени ама за да се тргниш од некој треба да си промениш рутината, реалноста и то кај многу луѓе, вклучително и кај мене ако сум искрена, ми е страшно. И зато треба период на прилагодување и се е бавен процес да се сфати прво, па после и да се стигни од точка А до точка Б.
Само затоа што потпаѓаат на емоциите и се плашат. Малку се тие што се храбри да излезат од таа темница. Не треба страв, а емоциите се заменуваат со рационалноста. Посебно па во брак ако се имаат деца. Не ми се допаѓа кога гледам како жени страдаат заради децата само зашто срамота било да се разведат.. (познавам неколку примери)?? Од друга страна, не ми се допаѓа ни ситуација каде што мажот на жената не ја сака, а не ѝ дава ни развод. Блиска пријателка се соочува со ова и човекот буквално ја влечка две години. Не се млади, но жената се посветила целосно на семејството и јасно ѝ дава до знаење дека не му треба. Па зошто побогу кога не му треба, ја држи? За перење, готвење ќе ми беше јасно, ама па се оттргна одамна таа од куќата кога виде како се постави тој. Моментално е врзана зошто овој не ѝ дава развод, а од друга страна таа верува дека сепак ќе пронајде некој што би ја правел среќна кога ќе им заврши бракот. Е сега како..? Таа чека развод, не ѝ одговара на повици, жената е ептен на место и скромна..Сешто оди по земјава.
Насилниците прават груминг и изолација на жртвата. Не се случува насилството наеднаш и од добро-стоење. Процес е.
Често се случува и зошто жената е манипулирана. Емоционална манипулација, страшно играње со емоции, уценување, буквално жената ја носи до психички крах каде што верува дека е никој и ништо без него, дека нема да може да го среди животот ако го остави. Тоа се прави постепено, се трга од најблиските, се влијае врз нејзината самодоверба, контролирање на се можно, се крши жената полека. А он упорно и збори како ја сака, се извинува на грешките, и не за џабе постои она ,,љубовна заслепеност''. Се случува и да се освестат жените не викам не, ама како што е веќе спомнато, не постојат финансиски можности, страв и е дека ќе ја нападне или ќе и направи нешто ако си отиде. Во светот постојат многу сигурни домови за жени со вакви ситуации, ама не сум запознаена кај нас дали има вакво нешто. Доколку нема најверојатно и тоа влијае на зошто многу од нашите жени остануваат во лошите врски/бракови. Порано влијаело и осудувањето од општеството и неприфаќањето на разведените жени. Сама сум дете од токсичен брак, каде мајка ми не сакала да се разведе зошто нејзината мајка не и давала, тоа ќе било голем срам и сите ќе ја отфрлеле мајка ми, зошто и баба ми била разведена и видела во нејзино време колку било тешко тоа.
Пред се ради токсични врски што преминуваат во брак. Обично тие мајндфак игрички што се интересни во врска, во бракот кога идат одговорностите треба да се тргнат и тогаш настапува најлошото нешто: "Не те бива за мајка, види како јаде на маса, не си го научила на ништо детето, си се здебелила, ништо не ти стои како порано итн". Овие т.н мажуленца што во животот потешко немаат кренато од половиот орган, имаат замерки за се: изглед, дете, хигиена, дом ама баш се. И континуирано работат на тоа да партнерот односно жената никогаш не треба да биде подобра, поубава и поуспешна јер он убав син на мајка, уникатот (а е промашај на деценијата) треба да се отера у три лепе пизде материне. Ама за тоа треба женски муда и јака решителност. Потребно е да се постават здрави психолошки граници до каде смее да оди насилникот, па после требаат финансии. Меѓутоа жените сметаат дека со розевиот бубањ на среќното моментално битосување со партнерот се оствариле и тогаш доаѓаат проблемите. Здрава индивидуа (жена или маж) не го смета партнерот за личен соперник баш напротив, за еднаков сопатник. Тоа што жените не работеле на себе (не мислеле дека можно е партнерот да се смени, да имаат опција Б) е исклучиво нивна кривица.
Имам другарка која сакаше да си замине од дисфункционален брак во кој е многу поножувана, вреѓана, изневерувана и се. Ама за жал нема доволно финансии Побара помош од своите дома и они не и излегоа во пресрет од типот, Па ти си го избра гледаше кога се мажеше, и со зборовите :носи пари? Те тепа? Е па седи тогаш таму. А она со минималец искрено не можеше да покрие кирија, сметки и друго и што се случи на крај сега се разболе од рак трпејќи се тоа За жал жените не се заштитени во нашата држава и најмногу трпат баш поради материјална, финансиска состојба за жал.
Една тетка ме советуваше еднаш да си тргам од секоја плата на страна по некој денар ,пари за кои што никој ништо нема да знае. За секој случај велеше , разведена беше ,претрпела сешто. И фамилија и комшии ,сите ја осудуваа. Ама застана на нозе. Веројатно треба да го послушам советот ,за секој случај.
Има многу причини, ама ќе набројам неколку: 1. Страв од осаменост. Многу жени мислат дека ако ја прекинат таа врска, ќе останат сами засекогаш и нема да најдат некој друг. Велат дека осаменоста убива, ама да си сам и осамен не е исто. 2. Ниска самодоверба. Кога понижувањата, навредите, потценувањата од страна на партнерот се секојдневие, девојката/ жената мисли дека навистина тој е во право. Уште полошо е ако и најблиските и` вртат грб, го бранат насилникот. 3. Воспитување. Да, воспитувањето многу влијае при изборот на партнер. Ако девојката/ жената била секој ден навредувана, тепана, обвинувана за грешките на нејзините родители и многу други работи, веројатноста да одбере партнер - насилник е голема. Или таа да биде насилна доколку мајката е насилник. Истото важи и за мажите. Затоа сум против ќотекот како воспитна мерка и моја порака до тие што велат дека не е на одмет понекогаш да се удри детето е пред да се размисли пред да се каже или направи нешто. Со вашиот начин на воспитувае влијаете и на изборот на партнер на вашите деца. Знам дека нема да ви го променам мислењето со тоа што го напишав, ама еден совет не е на одмет. 4. Општеството. Сите го знаеме познатиот синдром „што ќе кажат другите“. Ако жената раскине или се разведе од партнерот, тогаш е нарекувана распуштеница, промискуитетна, себична, никаква... Ако има дете/деца од таа врска, тогаш „Никој не сака жена со дете/деца!“, „На детето/децата му/им треба татко!“ 5. Финансии. Сфаќам дека кај нас тешко е да се најде работа и тешко се преживува со минимална плата, ама јас лично попрво би била бездомник отколку да бидам со гнаса во врска. Ама тоа сум јас. Знам дека сите се повторуваме што кажуваме, ама тоа е тоа. Ова се само неколку од тие многу причини. Лесно е да се каже „Каде ти беа очите?“, но многу луѓе си ги покажуваат вистинските лица по долго време.
Нема предиспозиции сопругот, сум бегала од такви мажи ко од ѓаол ,ама сега читајќи тука секакви ситуации ,плус со бебенце си викам треба да послушам.
Јас одамна се мислам како да сокријам и од самата себе. Шала на страна, сите имаме некоја сметка што не ја користиме па малку по малку да се става на страна никогаш не се знае... Инаку за темава можам да кажам нешто од свое искуство, нешто од што имам истражувано. Значи се работи за мажи манипулатори, психопати кои ја бираат својата жртва. Најчесто тоа се жени кои се емотивни, отворени, искрени. Неретко имаат растено во дисфинкционални семејства. Е сега, на почеток е мед и млеко. Премногу внимание, подароци, убави зборови. Надреално ласкање од страна на мажот. Жена ко жена, паѓа на романтика и внимание. Го зборува тоа што сакаш да го слушнеш. Ти си најдобра, најслатка, највредна, најпаметна...тука потпаѓаш под влијание, почнуваш да се отвараш, пошто нели он те разбира за се и ти комплетно му веруваш. Полека собира информации за тебе, твоите слабости и маани. Кога ќе те придобие, почнувате да живеете заедно...тука почнуваат првите црвени знаменца кои ако игнорираш следува тортурата. Почнува постепено во стил: многу пишуваш на фб, облечи нешто друго, по цел ден збориш со другарка ти...нормално ти сите тие знаци ги игнорираш и се трудиш да "се промениш" зашто многу го сакаш. Потоа почнува малтретирање во вид на навреди и омаложување. Се прашуваш кај отиде мажот што толку ме сакаше? Те убедува дека ТИ СИ КРИВА, ТИ ГО ПРОВОЦИРАШ ТАКА ДА СЕ ОДНЕСУВА. Пак се трудиш да бидеш уште подобра за него. Никогаш не си и нема да бидеш...ако си заминеш, следуваат рози и внимание, се враќаш и така во круг. Самодовербата ти е нула, се дистанцираш од сите. Сите кренале раце од тебе, сите што ти давале совети си ги игнорирала. Тој ти кажува дека и онака не вредиш, кој би бил со тебе. Ако немаш поддршка од родителите и најблиските си остануваш...со години. Мислиш дека тоа го заслужуваш и дека ти си крива што е таков. Правиш се да не го изнервираш, а го нервираш се повеќе...честопати тој во друштво не е таков туку комплетна спротивност, може да е на некоја висока функција. Често е омилен во друштво. На кого и да кажеш не му се верува. Ти си замислуваш. Нема шанси тој да е таков...Почнува и пред друштво да те понижува, на почеток суптилно и незабележително за некои луѓе. Освен за тие што те познаваат . Тежок пекол. Посебно во наши услови скоро невозможно да заминеш поради тоа што си нестабилна финансиски, психички и емотивно. Кој се извлекол на време се спасил, но остануваат трајни лузни, особено на самодовербата. Затоа е важно домашното воспитување и да бегаш што подалеку од такви психопати уште при првите ред флегс.