Здраво, После неколку месеци пак сум на форумот со нова "мака". Наводно се двоумев, но ајде решив да се обратам овде за совет. Животот ме подготви за нова авантура. Започнавме при крајот на февруари, преку социјалните мрежи да се допишуваме. Знаете тоа како иде, се одвиваше постепено,имавме многу заеднички теми на разговор. Иако од различни градови, на оддалеченост од 70 км, нашата комуникација навистина, морам да напоменам добро се одвиваше. Нашата прва средба се случи скоро 2 месеци потоа, односно при крајот на април. Дечкото ми се допадна на карактер, забележав дека е смирен, стабилен и трпелив. И генерациски сме близу 26 наспроти 30 години. Но тоа и не е така толку битно. После првата средба имавме уште неколку средби и плус нашата конверзија непречено се одвиваше. Досегашното искуство со мажите ме научи дека има една природна фаза во која се повлекуваат извесен период и тогаш е неопходно да не им вршиме притисок. Обично се враќаат. Јасно ми е, и знам да го препознаам тој момент, но ова некако почнува да ме загрижува. Го снемува еден месец, па се навраќа крај мене. Откако го направи тоа, неколкупати фино и културно му напишав порака дека ќе му дадам време колку што му е неопходно да се присобере, но ако уште еднаш вака го снема веќе нема да му бидам на располагање. Една недела после таа порака повторно остваривме средба. Но за жал, еве пак се губи, го нема, до кога да го толерирам на иди ми - дојди ми, не може тоа така. Мене ми е потребен маж и потребен ми е емотивен живот. Полека но сигурно и јас се плашам да не го изгубам трпението и да бидам непотребно хистерична, ама прагот на толеранција веќе е надминат. Ми иде да ги прекинам сите релации со него што ги имам и да си барам друг партнер. Не може тоа така, иди ми дојди ми, кога си сакам, ми се може, таа ме чека. Или секаков вид на контакт со него да прекинам , или веќе да не му стојам на располагање, па кога ќе ме побара јас да бидам главна и да се правам дека немам време и дека сум презафатена, а тој ми е на последен на листа на интереси. Е дури тогаш да видам како би се чувствувал. Во меѓувреме не само што немаме физичка средба, туку да бидам поконкретна ниту му пишувам, ниту му звонам, а ниту тој мене, тое е тоа. Како понатаму?
@herbst-girl Секој понекогаш поминува низ некоја тешка фаза во животот па некогаш потребно ни е да се одалечиме од сите и да размислиме сами со празна глава за работите околу нас но дефинитивно не е во ред ако ова се случува подолго време на повеќе пати. Имав другарка на која што и се случи слична ситуација, ја бараше само кога и беше потребна за било каква работа било емотивно, физички итн и неа и го кажав истото дека тоа според мене не е љубов туку манипулација со чувствата твои.
Па ти уште и многу си добра со него, многу си му дозволила, да се спремам и да не дојде, да ме извиси? молам? И уште да се објаснувам со него, нека крши глава што подалеку од тебе.
Еден месец да не ми пише и да не ми се јави, нема повеќе да го сметам за дечко. За мувач ќе си го рачунам.
Искрено помислив на тоа. Не сакав да изгледам очајна, а и од претходните љубови кои ги имав, знам дека постои привремено повлекување. Проблемов е што јас овде не знам на што сум сега. Од сега ќе мора поинаку и да променам тактика..
Ако само се гледате онака, тогаш и не е обврзан да одржува контакт со тебе, а ако сте во врска и вака прави, не треба воопшто да го толерираш.
У последно време гледајќи ги сите млади парови стварно не ми е јасно каде се загуби заљубувањето, каде отидоа сите моменти кога чекаш телефон на заѕвони, кога заспиваш по саати муабети, кога стануваш мислејќи за вечер дека ќе се видите... Стварно со ова топло ладно не ми е јасно. Ако ми се свиѓа, секое слободно време ми е за него. Сега немате слободно време?! Немате време за да пишете на некој додека кењате на шоља, дека сте помислиле на него? Или додека скролате пред спиење, да пратите една слика? Да не зборувам за ненадејно поминување пред улица. Многу сте чудни. Имав еден таков и леташе по итна постапка. Знам дека вие сте заљубени и се тоа, ама не ви враќаат соодветно. Секогаш има подобар.
А си го прашала на што сте? Ова на врска не личи, а ти напиша дека ти треба некој со кој ќе имаш нешто повеќе од вакво повремено гледање без чувства. И ако некој ти е важен, ќе му пишуваш секој ден, а ова неговото кажува дека не е како што треба.
Ако не се цениш, никој нема да те цени. Цени си го времето, енергијата, емоциите, не ги давај на некој што гледаш дека не е заинтересиран како што треба. Тие игрици топло ладно кај мене никогаш не палеле, зашто сум знаела дека не можам и немам нерви да ги играм. А ако стварно е заинтересиран, верувај дека баш ќе гледа да ти обрнува внимание, а не да си игра тактики некои.
Не ви е мака и напорно да трпите игри топло-ладно? Ако некој проба да си игра така ќе биде оставен само на ладното, кај што заслужува да биде.
Сега го видов ова. Зошто да има привремено повлекување? Јас во ниедна врска сум немала такво нешто. Ако е некој сигурен во своите чувства и во тоа што го сака, зошто да се повлекува? И друго, не треба промена на тактика туку разговор, ако не ти одговара тебе таков однос од него, зошто да толерираш и трпиш? И време на него да трошиш. Очигледно не е заинтересиран.
Читам и не можам да сватам. Јас досега сум немала така иди ми -дојди ми што рече. Или идеш или седиш сам. Нема опција бр.3. Како тоа време за повлекување. Што ќе размислува ако вие се знаете мал период? Во фаза на запознавање он одлучува да се повлече, не е нормално воопшто. И како тоа ти го разбираш? Не бре не го разбирам или знае што сака на негови 26/30 или не знае. Отпрвин мислев се работи за детска раота ама ова се возрасни луѓе. Или си му златна резерва или стварно има проблем со себе. Не знам друго што.