Батали го девојче. Моја другарка вака тераше 4.5 години и сега е во лош брак. Психички ја тормози и тој и неговите. Ако не те цени од прв ден, и натаму нема да те цени. Каква е таа врска ако месец дена не се видите?? И другарка ми така правеше, ама не можеше да најде друг, и пак толерираше. Месец дена не се чуле, не се виделе, си оди кај сака, се шета со другари, си оди по прослави за Нова година, а таа демек во врска, и дома дреме. Не го слушнала на телефон месец дена, а не пак да дојде да се видат. Кога ќе му се присака, ја бара со наредба таа да оди во друг град, каде што живее. На што личи тоа? Никако посебно ако сте возрасни луѓе, над 30 години, нема шанси. Не толерирај такво нешто.
Мене не ми е јасен моментот на тоа повлекување. Во врска сте или онака само се гледате? Ако сте во врска, не е нормално тоа повлекување. Не може да го снема на одреден период, па да се врати како ништо да не било. Или сте заедно или не. И не знам зошто толку време си чекала, па сега пак чекаш. Вака џабе ќе трошиш време и нерви. Во една врска двајцата си посветуваат внимание, не снемува некој на одреден период. Не сакам да звучам грубо, но сте на далечина и тој може паралелно да си тера други работи. Мој совет е да си седнеш со него најотворено да си разговараш, пред се ти да си знаеш на што си. Подобро сега отколку да оставиш време да помине, да се врзиш ептен за него, па да ти е потешко.
Ова “иди ми - дојди ми“ нели се употребува кога луѓето времето го минуваат по гости и со гости.... Ме претрка.
Некој на кого си му кажал дека не ти одговара нешто и сеуште си игра топло ладно со тебе и тоа 30 годишен маж, ваљда сеуште е детиште во душата-карактерот, можи да заклучиме дека не си му приоритет ти и не му е нешто особено гајле за тебе. Можни причини зошто сеуште ти пишува тебе се: си пополнува време, си јача его одвреме навреме, и можеби сака секс со тебе, онака кежуал.
Подобро да спречиш, отколку да лечиш кога веќе нема да може да се лечи и да си го комплицираш животот. Како стареам си барам реципроцитет во врска, инаку подобро сама ќе седам. Која е поентата да се надевам на некој на кому јас сум му во 5-ти план, а не сум му на право место?
Заинтересираност и пол немаат никаква поврзаност, никој нека не те лаже за тоа. Ако некој е заинтересиран тоа се докажува, а не се чека кога му текне. Колку и да ти се свиѓа, не е обострано, барем не во иста мера.
Епа убаво си му рекла дека ако се изгуби пак нема веќе да му бидеш на располагање. Стој си на зборот. Се изгубил и не му биди веќе на располагање. 26 години имаш, не 16 Иди ми дојди ми вика мислев за одење идење по гости е На 26 би требало одма да ти биде јасно се, подобро без емотивен живот отколку лажен емотивен живот
Јас имам едно прашање до членката и креатор на овој пост. Дали се работи за истиот типац кој ти ја одбил понудата за брак? И ако е не, те молам преиспитај се во твоите ставови кон врска, те молам ко сестра да си ми. Дали ги малце пренапнуваш ( извини ќе смешам оваа тема и претходната од тебе). Малце чудно ми е двајца на сличен начин да те одјебат.
@herbst-girl грешката кај тебе е што секогаш даваш по 3 4 5 шанси на некој кој реално се однесува незаинтересирано. Молење и понижување немој у никој случај. Или ќе сака да биде со тебе или не сака. Тој очигледно е дека не сака, затоа ќе те замолам, немој во иднина на секој негов повик да трчаш. Каква средба, какви пораки, какви бакрачи. Следна шанса дечково не треба да добие. Не знам зошто воопшто не си прекинала со него до сега. Воопшто не се мисли.
Здраво, би сакала да кажам дека не се работи за истиот тип. Ти благодарам во секој случај за овој најдобронамерен совет. Претходниот типац во жаргон кажано, сакаше да стапи со мене во контакт една недела пред велигден. Телефонски се разбира. Штом му го познав веднаш гласот на втората реченица, му склопив слушалка, без збор. Оттогаш нема повторен обид. Додека со сегашниов тип, тука еве искрено ќе кажам никогаш не сум прва почнала комуникација, ниту прва да му пишам по социјалните мрежи, ниту сум била иницијатор на некои од нашите средби. Апсолутно ништо. Зар според ова би личела на пренападна и дека премногу напнувам? Како и да е, може се појавила во меѓувреме некоја многу поинтересна, па сега види конкуренција, трето не ми паѓа на памет...
Да, сметам дека секој греши, секој заслужува втора шанса. Ама и не повеќе. Тоа е тоа. Овој дечко за жал си ги искористи веќе џокерите кај мене. И јас немам избор , освен да си барам друг..
Ако е од друг град голема е веројатноста да има и друга според неговото однесување, па затоа така го снемува.
А зошто да си бараш друг? Мислам зошто ги бараш? Ако веќе ги бараш треба да си свесна дека само за секс ќе бидат, а не брак да им нудиш. Принцот на бел коњ може дури и за десет години да ти се појави, може никогаш, може само коњот.