Верувам дека не напнуваш, туку треба да си ги менаџираш очекувањата. Не е секој со кого ќе стапиш во контакт потенцијален маж на твојот живот. Не ги форсирај работите и остави да си одат по својот тек. Врснички сме. Верувај дека со брзање да влезеш во нешто сериозно можеш многу голема штета да си направиш. Забавувај се и цени тоа што си млада и имаш слободно време. Јас имам дете година ипол, не е дека не го сакам најмногу на свет, ама ми фали некогаш лабаво да си седнам, шетнам и да си се посветам на себе. Цени го тоа што го имаш моментално. Маж ќе се најде кога тогаш. Не си премногу млада за да не знаеш да расудуваш кој каков е. Уживај
Ок. Но сепак ќе ти речам да не се трудиш некој период да бараш некој. Едноставно мозокот на поле љубов олабави го. Секогаш иде тоа спонтано.Гледаш и самата дека кога не оди не оди. Еднаш, два пати на сличен начин, значи нешто има. Или модерно е сега ова (не дека јас сум престара па сега не знам како е), или ншто околу тебе и твоите очекувања има. Прочитав си зафатена девојка, фокусирај се на кариера. Не се оптеретувај многу. Ако треба да биде, ќе биде.
Да, се чини тоа како решение за најдобра можна опција. И навистина морам да кажам дека изминативе неколку години, а посебно од почетокот на пандемијата па натака дека немам избор освен да се посветам на кариерата. Посетував курсеви, семинари, конгреси, онлајн се разбира. Читав доста литература, секој пат се трудев моето време да биде искористено на паметен начин. Сега сум некако презаситена. Сега ми е потребен одмор, музика и долг пат и се разбира љубов во животот. Сфатив дека колку и да се трудам да компензирам со таа потреба на друг начин. Сепак не се гаси, и понатаму тлее, пополнувам време, ама не задоволувам потреба... Ете тоа е...
Зарем не мислиш, дека “типацов“ помислил, оти тој е пренападен и си се повлекол? Јас исто постапувам, можам да пишувам/јавувам често, ама ако видам дека другата страна не и` текнува никогаш да пише/се јави јас се повлекувам. Ако сме машки, сепак и ние си имаме достоинство. И ние заслужуваме да бидеме третирани како луѓе и некому да му текне барем еднаш неделно да не` праша како сме... Машко-женските односи не се однос на ловец и плен. Па сега машкото е ловецот и ќе трча цело време по пленот.
Ловец и плен и слични вакви игри и не ме занимале и никогаш не сум ги применувала. Единствено што сакам да напишам е дека на 9 јуни бевме заедно, на 11 јуни му напишав скратена порака дека сакам и очекувам уште една средба со него. Сметам дека 3 дена се повеќе од доволно за да некој кој навистина сте му важни ви возврати и да договорите средба. На тоа добив одговор дека секако уште средби би имале, ама ете 10 дена се поминати оттогаш, не знам кој е толку зафатен да не може една порака да напише, а не пак да допатува можеби да се видиме... Јас осмелувајќи се, направив чекор плус понатаму и јас покажав интерес кон него, не сум глумела ледена кралица. Бев приступачна, бев добар соговорник, покажав разбирање кон него и емпатија, разменив неколку додири со него, се држевме за рака и неколку прегратки, и за жал ништо повеќе. За жал не знам како понатаму, како да постапам, што да напишам...а да не изгледам очајно.. А дека сум играла игри не не, изгледа тој си игра со мене, ама не и јас...
Почитувана, јас читам само како што пишува, мисли не читам. Таму пишуваше, дека ти никогаш прва не си му пишала, ама ете не било така... Овде тој те игнорира. Се извинувам што погрешно сум разбрал. Јас би ја баталил, ако некоја вака се однесува со мене. И зошто да тажиме по некои кои што не не` почитуваат? Не се последни момчиња/девојки на светов. Кога стапуваме во врска, мора да мислиме и на себеси и на нашето достоинство.
Девојчињата очекуваат иницијатива од машките за да знаат дека се заинтересирани за нив. Зошто девојчињата генерално немаат многу самодоверба и се плашат дека ќе бидат одбиени доколку први пристапат или евентуално бидат ,,понападни". Поентата е, да, не треба да играат ловец - плен, ама некои работи кои се биолошки предодредени не можеме да ги смениме.
Се извинувам дошло до недоразбирање. Инаку во контакт сме 4 месеци. Во тој период воглавно тој ги преземаше сите иницијативи. Ги договараме сите средби и речиси секој пат тој прв ми пишуваше, сега исклучок е што јас последно направив чекор и прва му пишав со цел да оствариме друга средба. Тоа е тоа. Сакав да направам чекор напред ама ништо. Не сум била пренападна, не сум вршела притисок, од друга страна пак покажав интерес кон него, додека чекам да ми возврати сеуште...
Не бе, не тоа. Туку општо, момците се многу пасивни во последно време, и чекаат од девојките организација и ангажман.
Ама што има да се чека?! Сакаш да видиш некој, му пишуваш. Не сакаш? Одговори му, не сакам да се гледаме, лош период ми е. Ама ај да ја играм оваа па онаа, или овој па оној, кој ќе одберам, не е фер. Секогаш сум била јасна. И многу ги почитувам тие што биле јасни со мене. Не сакам врска, сакам секс. Не сакам често да се гледаме, на работа сум само за викенд можам. Не можам да куцкам на телефон, не смеам на работа, после те заборавам. Значи се има зошто.
Оти се концентрираш само на еден човек? Запознавај луѓе, дејтај, допишувај се. Не ја полагај цела надеж во еден. Ионака треба време за да видиш дали нешто ќе го биде, или не.
Убаво ти пишаа. Не полагај надежи во еден човек кој и онака не е заинтересиран. Имам пишувано во друга тема, со години бев затрескана во еден тип кој ниту е посебно убав, ниту е посебно паметен, културен, успешен, а богами со тоа што се ожени со 16 години помлада колку да се прожени, не е ниту добар. Колку прилики јас испуштив еххее. За што? За некој што повремено покажуваше некое внимание и не знаеше јасно што сака. Барај друг, батали го.