Се извинувам ако прашањево треба да стои во некоја тема,навистина многу ми е итно,и ве молам да ми помогнете.Имам многу голем проблем.Имам 18 години,1годишна врска,со многуу непријатни,ама и убави моменти,се имаат случувано разни работи,но секогаш на крај наоѓавме начин да бидеме заедно.Овој пат се вмешаа луѓе од надвор.Тоа се неговите другари.Мојот дечко правеше се' за мене,правев и јас за него,се сакавме,се разбиравме,тој беше ок спрема мене со некои мали испади,но сепак другарите му беа на прво место.Колку и да ме вреѓаа,тој не правеше ништо да престанат,колку и да ни се мешаа во врската не реагираше.Секогаш ми ветуваше дека ќе смени,но ништо не менуваше.Најпрво,не реагирав на ниедна провокација,нели ако игнорираме,со тек на време ќе им се здосади и ќе се откажат.Но тие очигледно беа цврсти во намерата да не разделат,откако видоа дека јас почнав да му ги отварам очите.Иако како женска никогаш не сум му рекла,остави ги другарите,дојди со мене,сепак кога видов дека почнаа да му земаат пари за коцкање,за пиење,да го омаловажуваат,почнав да му зборувам,а тој на секунда ќе се освестеше,ќе ме послушаше,и после по старо..Во последно време работите почнаа само да се влошуваат.Кога ќе ме видеа неговите другари ПРЕД НЕГО ЌЕ МЕ ПЦУЕА,ДОЈДОА ДО СТЕПЕН ДА ФРЛААТ СТАКЛЕНИ ШИШИЊА ПО МЕНЕ,ПРЕД НЕГО! А ТОЈ НЕ ИЗРЕАГИРА НИКАКО! Таа вечер му реков дека е готово,но истата вечер тој за мене се испокара со сите другари,и се осетив бедно , како да сум виновна што е останат сам,и му се вратив.Но следниот ден беше мојот пекол.Сите негови другари се договорија да снимат разговор со мој бивш мувач во кој тој тврди дека јас сум имала односи со него,а пред тоа сум била скината,дека ми платил пари за да има односи со мене,и цел разговор му го пуштија на дечко ми,уствари го искористија тоа што јас сум значи невина,сум немала однос со никој,дури ни со дечко ми во оваа една година,но сега веќе не можам да докажам ништо.Тој им верува нив, на фб ми пишува срциња,во живо не сака да ме види.Еден момент ми тврди дека не верува на никој,друг момент е со другарите кои што ми зедоа се што имав во животот,а дечко ми не ме ни бара...не знам кај ми е главата,не знам што да направам повеќе...
А,си размислила ли за крај? Дозволуваш да те сметаат за нешто под нив. Те омаловажуваат,а тој не мрднува со прстот. Што ќе ти е таков кој не те брани?
Он чим не ти верува нема што повеќе со него да бараш,но ти си знаеш најдобро. Според мене фати го под рака и однеси го не во една туку во 3 гинеколошки ординации и во сите (па и по негов избор он да одбере ) нека те прегледаат и кажат дали си или не си имала односи до сега.И откако ќе му докажеш чао пријатно. Само немој да се излажеш да му докажуваш дека си невина имајки однос со него за првпат,ем причината е апсурдна ем пак нема да чиниш.Ќе ти рече лажеш,пак нешто нема да му штима а и од кај знаеш има и девојки кај кои нема првпат крв и замисли ти да си една од нив. Ако навистина не си имала односи(па и да си имала тоа е твоја работа) мојот совет ти е тој под рака и на гинеколог.
Тој не и верува на неа, зошто да го носи по гинеколози да му докажува? Он ако ја сака ќе и верува на неа, а не на неговите бедни другари што само гледале да му ги дрпнат парите.. а и нема да дозволел да ја невредуваат и маваат со шишиња. Мојот совет тие да му раскиниш, не вреди, да бил вреден ќе те чувал, немало да ги дозволел тие малтертирања и ќе ти верувал.. и да како што кажа BeautyAndTheBeast немој никако да му докажуваш дека си невина, со тоа што имате односи, пак нема да му угодиш..
Тотално се согласувам... После една година врска да не ти верува е апсурд, посебно за толку сериозна работа. ПС јас сум нова на форумов, но Ве следам веќе година и затоа си земав за слобода да коментирам, ако не е по правилата, чекам критики
На 18 години и се замараш толку, ја тупиш и комплицираш. Какви се овие глупости и драми? Наместо да си се забавуваш, да си уживаш, тука го правиш како да е последниот на овој свет, исто како да читам некаој романса, небаре е 16 век. Глупости на квадрат, па сето на трета, ете така.
Зошто да дозволиш тие да ти ја растурат врската? Оди на гинеколог и докажи му дека си невина тогаш ќе свати какви дургари има.
Победно не сум се чувствувала никогаш,незнам кој крај да го фатам,криво ми е што сите соништа ми ги зедоа,во еден ден ми уништија се за што се борев изминатава година,но најмногу ме боли тоа што од негова страна наидов на големо разочарување,дечкото на фб ми пишува дека не сака да ме изгуби,а воопшто не звонал на мобилен,не сака ни да ме види,две недели ме одбегнува,како да сака јас да трчам по него и да го молам,во секоја порака пишува на крајот побарај ме ако ти требам,а еднаш го побарав и тотално ме изигнорира..Немам сила повеќе,навистина,а премногу го сакам
Не знам што е по бедно, приказната, или вие што ја советувате девојката да оди на гинеколог и тоа за што? За да му докаже нешто на некој глупак.
Абе ајде во кое време живееме... Со шишиња ја мавале. Поголеми глупости немам прочитано. Удри му таму клоците и крај на приказната. Ќе му докажувала на гинеколог, и што? Не е само тоа. Тој претходно не мрднал со прст за неа, другарите негови што не збореле, па сега ако му докаже се' ќе биде во ред. Тој што си е прост и неизживеан сељак тоа и ќе си остане. Денеска овие другари, утре ќе си најде други другари што ќе му кажуваат што да прави. Нестабилни личности без свое Јас. Кај ги наоѓате само не знам. Бре, значи толку достоинство да се немало, не можам да сфатам. И не ги криви другарите. Не ти се тие криви. Соништата и ги земале. Ту. Дечко ти не те почитува и се однесува со тебе како да си последно суштество на светов. Тој е кривецот, а не другарите негови. Мисли малку со главата.
Да да го однесе чисто да му покаже и докаже какви он другари има,а потоа да не се смири со него како што напишав.Не и реков да се смири туку само да докаже,зашто сигурна сум дека не сака после некое време он кога ќе помисли на неа да каже идев јас со неа а она ме лажеше каква била фала им на другарите што ми ги отворија очите..А тие што се осмелиле толку далеку да отидат алал да им е,ама само едно ќе кажам човековата љубомора нема крај.. Многу ми е криво што вака се чуствуваш,а уште повеќе што ќе се смириш со него.Чим вака збориш јасно е се,дека ќе преминеш и преку ова и он да ти каже да се смирите веднаш би се смирила иако он не заслужува.Ама те разбиам тотално,лесно е да се даваат совети но тешко е самиот да си ги примениш..Доколку ти мислиш дека вреди дај боже да си во право и да грешам,со среќа.И да знаеш дека ако сакаш да се смириш можеш,он само те проверува и чека да го молиш и плачеш а ако еднаш го направиш тоа засекогаш ќе бидеш така поставена.
Јас би почнала од почеток. Вие сте во врска една година, се сакате, се мазите, се карате, ама така е во скоро секоја врска. Сметам дека си доволно возрасна да сфатиш, разбереш и прифатиш неколку работи. Првата работа е непочитувањето од страна на другарите на дечко ти. Колку што разбрав, иако малку конфузно си го напишала целиот пост, тие тебе не те сметаат за личност- воопшто. Какво е тоа однесување? Една работа е да не им се допаѓаш на нив како личност или карактер, но барем од почит спрема дечко ти, тие би требало да го премолчат тоа, кога веќе тебе не те почитуваат. Втората работа, е уште пофрапантна, непочитувањето од страна на дечко ти. Како, кажи ми КАКО некоја личност, која има барем малку во главата, малку осет и почит ке дозволи пред него НЕГОВИТЕ ДРУГАРИ да ја омаловажуваат ДЕВОЈКА МУ? И не било како, внимавај- те вреѓаат, те пцујат, и како тоа да не е доволно те гаѓаат со шише (признавам ова ми беше најголемиот поттик за да искоментирам)!!! Кога веќе убаво ги оделив двете проблематики во твојава врска, еве го и моето мислење: Уште во првиот момент кога не си се почувствувала пријатно кога неговите другари се во твоја близина (читај кога првиот пат покажале непочитување кон тебе) а тој не изреагирал никако, си требала едноставно да заминеш. Сега веќе е малку доцна. Штом си можела да ги слушаш сите тие навреди и физички напад (барем за мене гаѓање со шише е напад), не би било чудно утре да отидеш на гинеколог да потврди за невиноста, а потоа правец кај него да те скине (да ја зајакнете врската ). Или друга можна варијанта, да не одите на гинеколог, туку право во кревет. П.С. Се извинувам за иронијата во мојот коментар, ама SuchaLady, искрено, сама си го бараш. Никој не е виновен, ниту дечко ти, а уште помалку другарите, самата си си го дозволила тоа.
Кое достоинство,јас живеам во мало градче,утре муабетите ќе стигнат до татко ми,до мајка ми,зарем ќе успеам со дигната глава да се шетам додека ме етикетираат како курва на која и плаќаат за секс.
Не знаев дека на светов постојат до толку злобни луѓе,јас останав со него од љубов,мислејќи дека еден ден ќе се сменат,и дека ќе не остават на раат..Ама згрешив!
Шо си барала во друштво на таква мизерна појава општо ? Толку хендикепирана моќ за проценка имаш што не успеа ни по сопствениот пост да препознаеш дека виновникот за неговото однесување е тој самиот и никој друг ? Батали го таму, тој неговите сељани другари и нивните подли местенки инспирирани од турски серии. Вас ви се чудам на паметот што ја советувате да се брука по доктори, да му се докажела. Го замислувам во ординација како ц'ка со чачкалица во рака, другата рака над машкоста потпрена на огромната тока од ременот, се утврдува невиноста и после тератрално излегува надвор да разреши со другарите со физичка пресметка.
Остави го некое време. Немај никаква комуникација со него. Доколку се врати,те почитува. Доколку е обратно,уште едно мангупиште во твојот живот кое си го љубела. Може е грубо и ти изгледа нереално,те разбирам го сакаш и ти е тешко,но зошто да се повредуваш уште повеќе себе си?
Батали ја љубовта на страна, како што си го засакала, така и ке го отсакаш, ете толку е едноставно. И не, нема да се смени, јас ти го гарантирам тоа. Не дека не е доцна, но премногу свесно си го напишала целиот пост, а немаш храброст да ставиш крај на психичката, а понекогаш и физичка тортура? Твоја одлука е. Не сме поделени со мислењата, прочитај го секој коментар, сите се идентични. И заборавив да напоменам, во делот кога тој се скарал со другарите. Се сракал, а ти виновна? Ма дааај...
Леле девојче, тој ако те почитувал како девојка ќе дозволел ли другарите негови да те вреѓаат и понижуваат пред него? Како можеш пак да се замислиш со него кога тој дозволил некој да те мава со шише, да не те заштити? Ај преиспитај се сама, дали сакаш да бидеш со некој што утре би те тепал, би дозволувал да си ти тепана и навредувана пред негови очи? Бегај колку што можеш побрзо и ич гајле да не ти е кој што ќе каже. Верувај, нема да бидеш среќна со него бидејќи тој од другарите нема да се откаже. А, и да се откаже цело време ќе ти префрла и ти ќе бидеш крива. Не се секирај, нема да бидеш етикетирана како ништо бидејќи другарите негови тие знаат дека не можат да ти наштетат, бидејќи луѓето не се глупи и прости како дечко ти што веруваат на се што слушнат. Извини на изразиве, ама тоа е, мораш да ја прифатиш вистината. И те молам, немој да се трудиш ништо да му докажуваш, нема да ти верува, како што не ти верувал претходно. Немој да имаш односи, од кај знаеш дека после тоа нема да те остави без око да му трепне, како тогаш кога те вреѓале неговите другари. Какви гинеколошки ординации, мочкото не заслужува да го погледнеш. Не знае што сака. И да се врати тој, пак да сака да биде со тебе, девојче, денеска се неговите другари, утре ќе почне да му наредува некој друг. Тој е слаба личност, безкарактерна и таков не ти треба.
Напишиму како и што се случува,како се чуствуваше тогаш за сите овие случувања,како се чуствуваш сега,како ти е со него и без него,објасниму се во пораката и пратиму а на крај пишиму да ти ја каже ослуката за вас двајца што понатака. Тоа е тоа и чекај одговор а потоа ке знаеш на што си,го сакаш и несакаш да заврши се без везе,тогаш направиго последниот чекор а ако те одбере тебе покажиму како треба да биде со тебе без навреди и недоверби.
Фала премногу на сите,сепак одлучив да се тргнам,не ме заслужува едноставно,последното нешто што го направи беше тоа што на моите другарки им изнакажал куп работи кои божем јас сум ги зборувала за нив за да ги одвојам од дечковците,сега останав сама,беспомошна,ама ќе се снајдам,совеста ми е чиста,а сите сплетки кои ги направија како деца од 5 одделение,не како 19годишни личности,ќе ги удрат во глава еден ден..Фала ви на мислењата!!!