1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Измеѓу сакање и одмилување

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Selenaab, 10 февруари 2016.

  1. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Во ситуација кога ќе ми ја прегазат гордоста, ме повредат, ме навредат, ме понижат со некоја постапка ми се одмилува секој. Кога некој не те почитува и вреднува правилно сврти грб, нема што да си докажуваме кој е кој ако не сме си се процениле навреме какви личности сме.
    Каде нема почит таму љубовта не вреди и те сакам го губи своето значење.
     
    На eliesaab, crazylady, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Charlotte York

    Charlotte York Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Време е да ставиш крај.
    Што ќе се смени наредни месец,година?
    Кога не иде, не иде.
    Тешко е да се решиш на ваков чекор .
    Замисли да си во брак?
    Да имаш деца и секој ден да ги слушаат вашите кавги?
    Можете и рок да си дадете од определено време и да смените нешто .
    Во спротива откачи со време.
    Може и не го сакаш, зависна си од него.
    Чим ти се одмилил има нешто што те иритира.
     
  3. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Здравоо, барав соодветна тема за проблемов...

    Вака, започнав врска веќе за некој месец ќе биде година..

    Пишам на темата за анксиозност, се борев долги 3 години со тоа, и минатата година , кога почнав да пишам со него како освежување ми беше се тоа.. Знаеше со муабети да ме погоди,и постар е од мене ја ссум 25 тој 32, си мислев сериозен е, а ненормнално упорен и заинтересиран изгледаше во пишењето за мене, си мислев ок не е детиште, знае што сака, имал долги врски, штом толку му се допаднала конекцијата што сме ја воспоставиле, и јас како личност, најверојатно знае што бара и што сака..


    Стресно беше за мене целото тоа почнување на новата врска, па како што ќе биде... Но почна и првите месеци ми беше нормално забавно и ок,... влијаеше мн позитивно на мене, пошто во текот на таа врска си повратив најголем дел од самодовербата, ми ширеше позитивна енергија и се беше супер.. Јас и од предходно веќе почнав да си помагам себеси со анскиозност,а така да врската само дополнително го помогна тоа.

    Но, иако нормало влеговме во врската и двајцата запознаени само од долги разговори по фб 3 месеци пред тоа, фала богу не бевме лудо вљубени еден во друг коа почнавме не е и можно тоа според мене за толку кратко време, но ми се свиѓаше многу, и тој и начинот на кој се однесуваше... Но се појави бифша му со која што не дорасчистил разговори тој, и на почеток имаше едно две епизоди на разговори меѓу нив кај што се објаснуваа што како.. тоа ми сметаше малце, ама како што реков пошто сеуште не бев навлезена мн, а и имав разбирање дека е таква ситуацијата со бифша му, не замерив...

    Како и да е, тој како лик за разлика од моите искуства со др машки, е мн смирен, и пажлив онака кон мене и мои емоции, дури и коа сме се карале не е избувлив и остава простор и сака да се реши све со разговор.. и посветен беше, се однесува и до ден денес како да не сака да ме изгуби..

    Но, се појавија работи кај него што не ми се допаѓаат..

    Позитивните страни си се позитивни и си се ок, иако, сеа пред некој месец повтрорно се деси инцидент со бифша му, каде што муи фатив муабети како тој се труди нешто да ја убеди за чувства и слично иако таа има дечко.. Имавме скандал од карање, но не јадеше ни пиеше со денови, и молеше да се смириме, пошто сакал со мене да е..

    И воопшто во текот на врската цело време и ми кажуваше дојди живеј кај мене во стан пошто сме од раз. градови, дојди седи со мене, во смисла као да има сериозни намери..

    Не ми е мене целта да се мажам, па да ми значат неговите сериозни намери.. мн повеќе ми е цел да имам искрена и вистинска љубов.. А со сите ситници што се издесија меѓу нас, тој не ми даде шанса да се отворам и заљубам како што треба иако имаше страни што се предобри и што ги сакав и ценев кај него, и поради кои и што бев и загреана и занесена на почеток..

    Но, особено после последниот скандал и караница со тие муабети, мислам ептен се имам оладено.

    Не можам да разграничам дали сум од навика со него и од тоа што сум раат, и што неам стрес и караници скоро воопшто, .... ама има работи што ги нејќам..што се разговарани милион пати, ама не се менјаат пошто се онака не знам ни како да објаснам, рандом работи што се негови особини, и не знам ни дали воопшто се за мењање..

    На пр, зависник е од играње дота, доаѓа после раб седнува игра дота, или игрица друга на тел што ја има, и сдури и коа сум ја таму за викенди го праи тоа, иако се иаме расправано, вика дека една само изигрува игра и после седи со мене..а онака ми е мене тапа... уметнички тип сум..сакам мннн повеќе страст мн повеќе посветеност.. не сакам мејнстрим обични односи, ни година дена не сме заедно а и од прехдодо не се знаеме, а да седам до него во стан ко мажена жена ко да сум тука 20 години и ко се да ни е досадно.


    И излегуваме и одиме по журки и ручеци и кино и сл, ама онака односот меѓу нас е како да не ме наоѓа како да не ме пресретнува на иста бранова должина и на моменти ме иритира тоа.. тој е ок кон мене и фин и обично внимателен, а ја често се иритирам во последно време од се тоа..


    Дури и ми пречи што наутро коа ќе станеме сака кафе да пие прво па да измие заби.. не знам глупо ми е тоа..
    Ја сум да не речам болна по хигиена, ама онака сакам средено све, и не е дека не е среден, ама ете таква ситница знае од такт да ме ваѓа а неам како да му го речам тоа на пр.. така си бил навикнат..

    Ми пречи и што не е авантуристички настроен како мене.. не ми дава лудо да се заљубам, и да се опуштам и да уживам како што на пр ми било со предходни партнери..

    На пр ќе му речам да напраиме ова и ова, некоја лудост онака обична., и нему му е фрка, не е ист тип ко мене :):)

    Во др работи обично е ок ме поддржува и тука е за мене, ама на крајот, еве морам да кажам дека и во односи не се наоѓаме баш, на пр не сака да дава орален :$:$:$:$:$ сум немала исто така до сеа ваква ситуација и врски сум имала 2 долги,
    ама сум го немала овој проблем.. глупо ми е машко да нејке се тоа.... глупо ми е што е возрасен, а ко помалце возреасен од мене да е..

    Сака да е со мене, ама милион прашалници иам во врска со тоа дека целото негово сакање да е со мене произлегува од тоа што годините му се такви, а ја може му изгледам како добра прилика пошто до сеа од ништо од мене не се пожалил, и си глеа добра прилика за тоа..

    А ја во никој случај не би се одлучила за брак на ваков начин нема шанси тоа..

    Јас за врската сум вака во триста дилеми, а не нешто посериозно..

    Изнапишав се тука, се извадив :D:D:D дајте некој совет...
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Па ти не го сакаш...ради реда и внимание си со него.
    Тој играл дота ти пречело го ограничуваш, седни и ти играј со него.
    Зашто после кафе миел заби, така си е воспитан човекот.
    Ти за него кажа какви негативни страни има, а твоите каде се?

    Кога сте во врска треба да се прифатите еден со друг, а не едниот да го менува другиот. Колку иритира тоа, тој сигурно не се пожалил затоа што те прифатил таква каква си.
    Се ти смета според мене, ми изгледаш ко неиживеана извини вака така мислам јас.
     
    На Sungold, buuuce28 и Dust им се допаѓа ова.
  5. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Не се обидуваш да ме разбереш конкретно што зборувам. Прво, тој имал врска од 12 години, а после неа една пократка од 2 ... и тој немал простор да изживее според неговото неискусно однесување со женска, пошто најверојатно женската до него како што разбрав изигравала фикус, затоа и конечно после сто години собрал храброст да заврши со досадната врска иако му било тешко и жал.

    Второ, јас баш затоа што сум го прифатила каков што е, од почеток сум се однесувала попосветено од сите негови женски заедно, и се што очекувал и барал од женска ( а додека се допишувавме си ги кажуваше критериумите и ме испрашуваше како на испит дали правам ова она, дали правам вака или така , и дали се однесувам на еден или др начин) се потрудив од почеток да ги пресретнам сите негови потреби и барања и никогаш и не сум приговарала. Со него сум и до него што и да прави, и не сум му ни зборувала ништо ни за ДОТА играњето, дури и игрицата на телефон што ја има се обидов да ја инсталирам и ја научив да играм сакајки да ја разберам.. Ама тоа што јас уживам да читам книги, а тој да игра дота ( за разлика од моето хоби тоа е тотално непродуктивно ), не значи дека ќе го терам да сака да чита книги. Јас сум се обидела, ама досадна ми била 9играта не ме заинтересирала, и го трошам времето додека игра, за да читам..

    Ама како што кажав од др град сум, од едн СТРАНа ми кажува дека му фалам и да сум дошла да седам секој ден со него, а од др страна јас сум таму 3 дена едвај, тој ќе си продолжи со рутината,.јас средувам низ стан или читам, тој си игра игрици.. мислам, малце глупо е нели :) и ништо не сум приговарала, се до моментот коа над целото мое трудење да бидам ок девојка, каква и што сум пошто по природа сум мирна и емотивна и не замарам, и не сум проблематична нити имам премногу барања, само сакам искрена љубов, и згора на се наоѓам муабет со бивша му за кој што се испокаја као илјада пати, се испоизвинува и поради мојата добра душа доби шанса, и сеа не смеам да си кажам дека и мене ми сметаат некои работи ? :)

    Ок е се тоа дека треба да го прифатиме партнерот со сите негови маани и доблести, ама и ок е и фактот што баш напротив сум имала 2 долги врски, уште 2 пократки, и на 25 год. не сум дошла до точка коа само сакам да се мажам со некого и онака да ми е рандом животот, туку баш напротив, знам што не сакам, знам што очекувам, и знам што нудам јас на маса, и што би требало да нуди партнер, за да се има нормален живот понатака.

    Зошто тој заслужил цел пакет од мене, и за изглед и за педенатност, и за внимание од моја страна и наклонетост кон него, и исполнувње негови желби и ќефови, и згора на тоа мирна да сум и да не замарам и преговарам скоро воопшто, а јас што вредам помалце од тоа за да не го добијам истото?? Нормално дека ќе си имам очекувања и барања, и ствари што сум сфатила дека ми пречат кај партнер, и ствари што би сакала да се поинакви.

    Зарем би живеела цел живот со некој толку неодогворен да ти посвети внимание додека си во врска, и наместо тоа седи игра игрици и зависен е и покрај 10 разговори не знае да поработи на себе да го промени тоа, а ти од др страна, си се трудела и работела на себе, и немаш ни еден таков порок пораид кој што тој би ти замерил, или активност што ја праиш, а што го нервира него или му смета на некој начин?

    ... Едноставно е...
     
    На buuuce28 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Mислам дека и сама го знаеш одговорот...
    Врските не се шаблон, дека треба вака или онака, едноставно наоѓаш човек со кој ти е убаво, се разбирате, добрите страни кај него се толку важни што и не ги приметуваш лошите итн. Не си престарена па да мораш сосила да форсираш нешто, да работиш на себе или врската. Може он е супер, идеален, и ти си супер и идеална, ама не еден за друг. Ако не те пали, ако не можеш да замислиш ден или живот без него, џабе е се.
     
    На AURUA, buuuce28, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    O
    Ова е веќе одговор што повеќе одговара..


    Го размислувам ова, и верувам разбираш дека е тешко да се разграничи и да се решам.. ама најверојатно така си е ..
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека сакаш да го чуеш тоа што сакаш...
    Ама претходните врски немаат никаква врска со сегашните и воопшто не треба да правиш споредба.

    Ако не го прифаќаш туѓото мислење и даваш образложение за тоа што бараш совет.

    Едноставно е ти се обидуваш да го смениш,без оглед ти потајно си се надевала дека ќе се смени тој.

    Наместо заеднички да се организирате ти му наоѓаш мани.
    И заби се мијат после јадење а не пред јадење.
    Мада некои мијат пред ама добро секој како е воспитан така.

    Во врска со биВша му( се пишува со В) да не се фаќам за влакно и да пишувал сега веќе не е важно толку колку тоа што ти сакаш тој да биде како што ти го имаш замислено.

    Едноставно е...
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Знам дека е тешко, всушност веројатно моментот е што нема конкретна причина, како изневерување, голема лага, физичко насилство и сл. Ама вака само се измачуваш себе. Како и да е, запамти дека ти си најважна, секојгаш ставај се на прво место. Само еден живот имаш, подобро е да не го губиш времето кога веќе знаеш дека не е тоа тоа :)
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    И без да правам споредба со предходните, а не ни навлегувам во предходни, со минати партнери не сум имала проблем на наведениве теми. Имало проблеми од сосема поинаква природа..

    Муабетот е дека од моментот коа ќе се разочараш од некого, ако не си доволно созреан, ке се занесуваш по партнер од кој што глеаш дека нема фајде, и ќе си градиш околу него идеал и филм дека него го сакаш и никој друг, и покрај разочарувањата.. А според мене, сосема е зрело да започнеш врска, да дадеш простор да се засакате, и да се внесеш во доволна мера во врската, ама во моментот коа ќе видиш дека партнерот сеуште не може да расчисти со бивши емоции, и на пати му наоѓаш контакти со бивша му од која ти се жали и е разочаран и самиот ја остава, а сега повторно таму чепка, и на трета страна се обидува тебе да те задржи и убедува колку не сака да те изгуби, мислам дека проблемот е во него.

    Јас бев доволно занесена и малку ми требаше да се заљубам.. Ама после тие 2,3 разочарувања со бивша му, нормално и сите негови маани излегоа на виделина и почнаа да ми бодат очи. Не сакав да ги прифатам , а ауште помалку да почнам да ги обожавам, затоа што моментот коа требаше да се занесам и внесам, значи на почеток од познанство и врска, тој го искоцка со дешавките со бивша му, и после тоа бара ја да се однесувам нормално... е па, сум јадела 2,3 ладни туша и сеа и ја не знам кај да ја барам мотивацијата :):) сеа и се трудам, поради неговите позитивности, ама тој потфрли во моментот коа се однесуваше како серииозен дечко што знае што сака коа се обидуваше да ме добие, а од др страна тотално несериозно се постави во намерата да ме задржи и држи загреана за него..

    Го изгуби моментот едноставно.. барем така ја се осеќам.. И секако дека сакам да слушнам тоа што е право..

    Јас знам како се заљубувам, и колку искрено сакам и маани такви и ситници и се.. И не се станува од кревет со немиени заби, а уште помалце да се излезе некаде.. мислам, секој со своја желба, али прво правило на хигиена е што те учат ко дете мало да миеш заби по будење и пред спиење :):)

    Ама не е битно тоа, нема да ти пречи, се додека не почне партнерот да напраи да ти пречи поради др причини...
     
    На crazylady и LollySky им се допаѓа ова.
  11. Sanya20

    Sanya20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Мене ми се одмили...Пред неколку дена го прашав што лајкнува една девојка од нашиот град,поголема е,и на другарка му сестра и ми вели а таа е мојата симпатија од помал..Отогаш онака одам кај него,онака се слушаме..И тој примети сношти,се сети што напраил ама касно веќе мене мислам овој пат стварно љубовта ми престанува.Не е нешто голема ова работа ама љубовта ми гасни.
     
  12. thegirl

    thegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    14
    Женска како мене да ме цитираш :) скоро истата ситуација ја имав, бев во врска година и нешто, од различни градови, јас авантурист, тој интроверт играше дота цело време кога ќе одев кај него. Сто пати му кажав дека ми е досадно и дека не сакам врската да ми се одвива по тој начин и тој не ме сфаќаше за озбилно и ја прекинав врската, плачеше молеше ама џабе. Ми звучиш многу незадоволна и искрено не мислам дека вреди да се мачиш и да си трошиш време. Го заслужуваш тоа што го сакаш, оди и побарај го. Тој нема да се смени, вервај ми :)
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Не може да сакаш да си со некој што ти се одмилува. Ако се карате често и помеѓу нервозите има и по некоја солза залудно би било да се трудиш да ја зачуваш таквата врска.
    Дошло ли до одмилување... крај на врската. :)
     
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Тенка е линијата мегу љубовта и омразата.. Мене ми се случи да го сакам некој до бескрај , но денес го мразам , ама стварно го мразам :)
     
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    5.849
    Личност која потајно ја сакам има мал дел од мене што сеуште ја сака таа личност, но поголемиот дел е омраза. Причина? Ах, па тоа е лесно- некој што го сакаш да ти забоди нож в грб,неочекувано. Да почне да прави работи со кои те повредува. Доволно е. И на крај да те остави без збор. Среќа што кога кажам Не, тогаш е не.

    Сакање-одмилување. Да, една тенка граница,линија која малку им треба да се разниша и ко лист од дрво да падне и постане одмулување.
    Одмазда ја не користам, не претпочиам од причина што оставам на Бог, и животот кој е карма.
     
  16. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Алелуја ете не сум чудак јас хехех

    Инаку мислењето го пишав во април, прееголемо незадоволство.. дечкото мисли дека ова што му се дешава со мене е вистинска љубов, а всушност сосема блокирана интуиција има...ама воопшто ме нема осеќано мене и моите промени во посветеност, во емоции, движења, гестови и тн. Ние женските на пр и нааајмала промена во однесувањето нс мажот го осеќаме и одма знаеме коа нешто е променето или не е во ред...

    Инаку врската ја раскинав пред скоро 2 месеци веќе, конечно, а ова го пишувам токму поради тоа што еве сеуште од време на време се тормозиме со дискусии со него околу тоа што тотално несериозно и детски не сака да прифати зошто и како сум решила да прекинеме, а све му изна8бјаснив исто како што пишам и тука, и тотално не му било јасно кога тоа ја сум била поладна со него, супер сум била до пред 2 месеци.. и слики отварал и разговори враќал и глеал дека све се одвивало нормално. А нему изглеа нормално му значи само ја во близима да сум, а тој да си тера по свое, и треба сеа да му го копирам ова од Април месец што сум гп мислела, осеќала и жалела тука, па да види дека стварно ја не сум се осеќала исто уште од тогаш, а не дека ми кликнало мене во август преку ноќ така в глава да раскинам..

    Инаку турбуленции невидени околу раскинувањето..се е доведено до ниво на драма плачење не можење да се соочи со тоа; сонување стресови и тн.

    Мене ме доведе до момент да не можам да спијам и јадам од стресшто раскинав и од тоа што се осеќав лошо во врска со тоа... и се преиспитував дали грешам...секој ден ми збореше што сум му нспраила и толку страшна гриж а на совест имав и си викав господе жал ми е нрјќам да пати поради мене ама зошро сум во ваква шах мат позиција, за да го спасам треба да сум со него, а ако сум со него ја нема да сум среќна пошто не сум задоволна и не ме исполнува... и уствари едвааај успеав некако да повратам самодоверба и да се убедам дека моето здравје е најважно за мене и дека тоа што тој пати треба сам да си се сноси..нема зошто ја да се обвинувам себеси што веќе не се осеќам исто.. едноставно нр се осеќам тоа е тоа..
     
    На buba4e89 и Dust им се допаѓа ова.
  17. thegirl

    thegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    14
    Леле еј копија , хахаха. Истото ми се дешаваше, ми вика како така гром од ведро небо. Абре дечко каков гром со месеци ти алудирам на грешките, ти се прајш глув и слеп. Јас не можев да издржам и го блокирав за да нема веќе драми. Немој ни да си помислила од сожалување да му се вратиш. Терај си, ќе си ја најдиш авантурата во животот
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Што имаш да му се објаснуваш од кој месец и каде си се жалела? Не било таа врска тоа што ти требало продолжи понатаму. И не разбирам што има со биВши да се објаснувате што-како? Било поминало. Нема што да се објаснува кога се нема емоции, се подразбира тоа.
     
  19. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    @thegirl хахахах другари да не се

    Тос со блокот ти е паметно ама @AURUA јас на пр ете каоо сакам на најфин можен начин све да биде па да остане добро све па никој да не развива гнев па ај ќе остануваме во некој онака редок ама нормален муабет што праиш како си.. ама во право е девојчето блокот е решение вака ѓабе само постојано боцкање околу темата .. мене само не ми е јасно тоа што тојј пред неколку год раскинал 9 годишна врска..значиии 100 годишна врска раскинал и никому ништо пеодолжиле со животите а ја со него не цели 2 год и драмии ко брак да беше . . Многу ме напна.. мене и жал ми е и сочувствувам и верувам разочаран е пошто прв пат некој му раскинува врска предходно тој го праел тоа ама на негови години веќе може да покаже сериозност... сфаќам и чувства и се ама убефувањата од типот : знаел тој дека ја сун вистинската за него ј све ќе напраел за мене за да останам со него... а колку е себично тоа што тој би бил среќен да ме врати, да го освои зацртаниот трофеј, а мене не ме прашува дали ја сакам...дали ја можам да се замислам со него во иднина...дали ја ќе бидам среќна.. некогаш ств сум но комент со маживе.
     
  20. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ама што се замараш уопште?Он те прочитал мила ти колку си емотивна и пробува да те сврти пак ете затоа со ех нема потреба нит од финоча нит од ништо. Било што било.Било убаво док траело и тоа е тоа. И ти дај не покажувај толку емоции(читај не биди толку сочувствителна да те гризе совест што си му раскинала, брее чудо големо). А од се што опиша за типов тој да ти е големо дете и на 32 и на 42 и кога и да е ќе си остане таков. То Е тоа, нит прв нит последен.
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.