1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изморена од проблеми

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од zigi, 2 декември 2010.

  1. zigi

    zigi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    ' Здраво девојки...нова сум на форумов...ми требаше мислење од некој што не го познавам...моите проблеми се многу незнам од кај да почнам..1во.Одев со дечко 10 месеци,се сакавме,и одеше супер...никогаш не се каравме како што има др примери,не бил премнгогу љубоморен сум имала и доста слобода во врската...имавме и односи.Но не се чувствував исполнето,како нешто да ми фалеше..По некое време запознав друг.Почнавме да си пишуваме многу често,секој ден,да се слушаме,па и излеговме...Моите чувства спрема дечкоми(сега бившиот) избледоа..бев сменета спрема него,ладна не фер...и секако,не ми преостануваше ништо друго освен да раскинам со него...и раскинав... другиот со кој бев имаше долга врска,3ипол години и раскина...се гледавме мн често,и почнав да се чувствувам среќна..се заљубував...Се гледаме неколку месеци,но се криеме поради народот,поради бившата,поради тоа што е премногу брзо да испаѓаме заедно во јавност.Но моите дома дознаа за него,на не мн убав начин,ги лажев дома дека испаѓам со другарките а всушност одев со него,и на таков начин дознаа дека се гледам со него...Моите дома се против поради тоа што се гледам со него без никаков статус(без статус на женска),но тоа е така само сега,привремено,ние планираме да бидеме во врска...Не ми дозволуваат да бидам со него бидејќи мислат дека сум доста сменета поради него,дека сум ги лажела поради него,дека и он ме лажел,бидејќи мислат дека ќе се смири со бившата.
    Веќе 1на недела се кријам од моите,а се слушам со него...неможам да издржам повеќе вака...и друг проблем што ме мачи е:како што спомнав не сум невина...не се каам поради тоа бидејќи го направив од љубов..но,сега овој не го знае тоа...и незнам како да му кажам се плашам дека ќе ме остави..затоа што е подруг карактер,...ми се има лутено за ситници,се имаме расправано за не битни работи,а ако му го кажам тоа ќе се смени се...многу сакам да бидам со него,спремна сум да се борам со се,но како да му го кажам тоа :sweat: :( премногу ме мачат овие работи...ве молам помогнете ми
     
  2. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
     
  3. zigi

    zigi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Многу се плашам од тој разговор...познавајќи го,нема да го прифати тоа лесно...тоа највеќе ме кочи...може и да ме остави,оти има такви постари сфаќања....и шо ќе правам тогаш? :( како да му објаснам? а несакам да го лажам,мислам таа работа не се ни крие ... и поради тоа највеќе ме кочи проблемов дома..би се фатила со него,би се смириле моите,но што кога ќе му кажам..и ме остави...:(
     
  4. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Прво да разговараj со дечкото,реши на што си дали ќе идете или ќе останете на мување.
    Е сега ако се решите да бидете во врска,разговарај со твоите и кажи им дека идете.Сигурна сум дека ќе те разберат ако седнеш со нив и убаво разговараш.
    Што се однесува на тоа дека си невина,најубаво му е да му кажеш на дечко ти,зошто он кога и да ќе дознае,па ќе биде полошо.Сега ако му пречи или не прифати,негов проблем.Ти ќе одлучиш самата дали сакаш понатака да бидеш со таков.
     
  5. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Па затоа мора да му кажеш веднаш и да знаеш на што си, неизвесноста е најтешко нешто, ако и тој вистински сака да биде со тебе ќе прифати. Како и да е млада си, животот е пред тебе, сега само мислиш дека нешто страшно се случува со твојот живот, но сите не мачи нешто,а вистинските проблеми доправа доаѓаат и не можеш уште сега со 17 години да кажеш дека си изморена од проблеми.
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Прво ако тој те сака воопшто нема да му смета што ти не си невина и ке те разбере. Какви ти стари сфаќања ? Ти да немаш ли живот пред него ? колкав е тој ?

    друго не е убаво дома да ги лажеш .Кога довербата ке ја изгубиш знаеш ли колку тешко се враќа ???

    Не го дозволувај тоа.

    Разговарај. Биди искрена и отвори ги картите. Прво со тој дечкото а после и со твоите дома.
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Прво насловов, те молам... Ова ако се проблеми, па и изморена од нив, јас досега требаше да умрам од проблеми |( . Молам до модераторката да го промени насловот. Смешно е.

    Имаш 17 години, јас незнам што очекуваш ? Леле па и зошто не била невина. Навистина, некои луѓе сум сигурна дека чуваат слика од Тито дома уште! Се лутел за ситници, бла бла бла... типично неизживеано машко, со сфаќања дека тој треба да иде на работа (како во комунизмот), а жената дома да седи и готви. Извини за одговоров, ама навистина :fubar:
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zigi

    zigi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Има 21...можеби претерав со насловов,ама во моментов се чувствувам премногу слаба...немам воља за ништо..не се ни препознавам себеси повеќе...бев девојка со толкава енергија,темпераментна,која обожава забави,а сега...а сега што правам...се сменив за 360...го засакав него,се навикнав на него,можеби не сме заедно којзнае колку,но баш сум среќна и исполнета со него...и да заврши поради тоа? :worried:

    Иначе кога спомнав многу проблеми,не ги набројав сите,но кога веќе отворив душа нека оди до крај...
    Минатиот месец успеав да направам тел сметка од 16000...поминаа моите преку тоа,овој месец ја повторив греќката со 5000,и тел ќе ми земат и се ќе ми скратат....
    Друг проблем ми е бившата негова..го сака премногу и сеуште му звони иако знае дека јас и тој сме заедно,тој сам и има кажано и не се откажува она...Попуштив со школо поради големите притисоци а бев доста јака ученичка ова ми се нема десено...Ги запоставив другарките по малку...Притосков дома,па и тоа што ме копка....како да немаат крај проблемиве...
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    :tmi: Зиги па кај успеа толкави сметки да направиш????

    Со 21 година тој не е мало дете.

    А ти со твоите 17 НЕ си среќна. Барем така мислам.

    Не си исполнета воопшто.
    Плус зошто да е рано во јавност да излезете ? зошто да не знаат луѓето ? ти секој ден не менуваш дечковци и мислам дека е лошо кога живееме така што леле овој што ке помисли леле оној.

    Можеш ли да пробаш без дечкото ? Мислам зборувај прво ако сака врска добро нека знаат сите ке им кажеш дома и слично но ако ти прави откачи закачи муабети мислам дека можеш да го оставиш. да пробаш барем.

    И тој со бившата бил долго. Што демек немале односи ? Ај нека не глуми нежно детенце . За тоа не смее да ти префрли воопшто веќе ти кажав и прееска.

    Сепак мораш да разговараш како може така поинаков карактер е нема да разбере. немој вака. Ако сте во врска мора да си слободна се да си кажеш. Па понатака решавај дома проблеми и не дозволувај да паднеш во очите на твоите родители.

    На мобилниот стави си лимит пример 500 денари и после тоа да те гасат, јас така имам направено ама не ме гасат се контролирам.

    Овие проблеми не се кој знае колку големи за да се откажеш и да пропаднеш психички зашто понатака има уште многу други работи.

    Полека се ке се среди.
     
  10. zigi

    zigi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Правиме муабет во врска со тоа да се фатиме и да испаѓаме во јавност...Но.некако не ми е сигурен во тоа што го вика..последен пат кога правевме за ова муабет,а беше вчера ми рече : Океј ако така сакаат твоите,јас и ти ќе бидеме во врска од денес... и можете да замислите како ми беше...воопшто не ми беше убаво...не ми е целта да го притискам да бидеме заедно како што треба,ако тој не сака,и не е сеуште подготвен...за да бидеш во врска со некој,треба да сакаш стварно,а не поради притисок од едниот...

    Иначе да имал односи со бившата,го знам јас тоа...Но можеби сум крива и јас,што тој мисли дека јас со бившиот мој имавме поладна врска,функциониравме полабаво,поопуштено,и мисли дека не бевме блиски...да,така беше со бившиот но ние функциониравме така и,така ни беше убаво...
    можеби уште од самиот почеток требаше да му дадам до знаење како е и што е за таа работа...па сега ќе ми беше јасно што мисли он во врска со тоа...
    како и да е,од муабетот со него не се надевам на многу,не се надевам дека ќе има разбирање...но,мое е да си кажам нели...
     
  11. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
     
    На lorijana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Си направила голема грешка. Си оставила фин дечко, за ваков некој клошар(се извинувам за изразов).
    Прво се криете. Тоа е сумњиво уште од самиот старт. Од кого се криете? Па твоите веќе знаат. Од бившата негова? А му звони уште? Или можеби дечково си седи на две столчиња. Мене тоа ми паѓа на памет.
    Дечково е типичен балканец. Ќе почне се да ти брани, сака невина девојка и искрено мое мислење е дека со твоите седумнаесет години треба малку да одиш да поживееш, да видиш какви се не други карактери има и да го одбереш она што ти одговара. Не да си ја трескаш главата за некој ваков, што не заслужува, ако нема разбирање за тебе.
     
  13. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ти треба малку да оладиш кон него. Да видиш дали ќе го загрижи тоа или рамнодушно го прифати. Ако му олесни што ти ќе се однесуваш малку подоладено, значи него не му е ни битно што ќе биде. Имаш 17 години и време на претек, не се ни замарај. А и тие телефонски разговори, онака ме интересира дали и тој направил толкава сметка? Кој на кого се јавува? Или ставете се двајцата на ВИП постпејд за 500 денари бесплатно со ВИП и ке се изназборите (ова не е реклама туку помош :)))
    За тоа невина. Дали ти си му кажала дека си невина или претпоставува?
    Ако претпоставува, кога ќе му кажеш, ако се изненади, па речи му дека и ти си имала врска пред него исто како и тој. А ако си лажела, тоа е малку посложено. Секој си има минато. Ако тој ти приговара за минатото, кој знае што ке ти зготви за иднината. Олади, излегувај си отворено на кафе, онде овде, уживај во младоста.
    А во учењето си попуштила од многу муабет по телефон :))))
    Поздрав и се најубаво!
     
  14. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Ова што ќе напишам можеби ќе биде малку грубичко, ама се надевам дека ќе ти помогне...

    Мислам дека те фаќа типична пубертетлиска љубов. Но не е тоа толку лошо! Не се секирај, скоро сите сме имале една таква љубов. Проблемот е што ти претеруваш...

    Овој дечко не е за тебе. А искрено мислам дека сега и не ти е време за некоја озбилна врска, или драматизирање што ако не биде врскава, што ако не ме сака... Еј, имаш 17 години! Некој кажал 16тата и 17тата година од животот се најубавите години. А ти како ги поминуваш? Трчајќи по некое типично балканско муже. Ако овој дечко навистина те сака тогаш пред се треба да се покажете во јавност. Друго, треба тој самиот да те мотивира повеќе да учиш. А за тоа дали си била невина или не. Па дајте веќе до кога ќе продолжуваме со овие муабети. Поготово што тој веќе бил во врска и имал односи. Што сака сега да каже твојот дечко, дека неговата девојка затоа што имала веќе односи со него не е фина девојка? Или можеби сите девојки се фини само доколку имале односи исклучиво со него :)

    За крај, гледај разговарај со твоите. Мислам дека нивните барања се сосема нормални и мислам дека имаш добри родители. Ја вака да сум направила сметка, па моите ќе ми забранеле телефон да допрам. И со право! Има и други начини на комуникација освен телефонот. Разговарај со твоите, разговарај со дечкото и посвети се на учењето. И најглавно добро размисли си во што се впушташ!
     
  15. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    ...Кога го прочитав насловот си реков дека на твои 17 год издржуваш цела фамилија па си се изморила од сите проблеми кои ти виснале на глава....ама :!: не,не било тоа,туку проблеми со некој неизживеан Ропак(намерно е со големо Р) |(
    Извини на израз ама човек што ја оценува девојката каква е преку призмата на тоа дали е невина или не е типичен балкански ропак и јас не знам како воопшто сакаш да бидеш со него.Што, тебе те чуваа во кафез дома,немаше живот па сега се појави дотичниов и ти го виде светот?...Смешно е :x

    Имаш 17 год, уживај во животот и гради ја својата среќа,а не да ја уништуваш.Зошто би биле тајно во врска?Ако е сигурен во своите чувства и намери има ли потреба од криење? Сигурна ли си дека воопшто девојката му е бивша? Не знам мене ова ми личи на задкулисна игра некоја.

    Ако се прашував јас од старт ќе бил шутнат,среди си се и дома и на школо,излегувај дружи се и аман 16000 сметка???? Некогаш ти има свртено воопшто? |(
     
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Зошто да не знаат другите дека сте заедно?Нека си го реши тој проблемот со бившата нека не те замара тебе со тие работи
    ако си има такви проблеми нека си ги расчисти после нека се меша со други
    За тоа дека не си невина нема потреба да ти биде срам или страв да му кажеш ако е цивилизирано суштество ќе свати- ако не тогаш не е за тебе... несакаш цел живот да го поминеш со некој таков -тоа казна е да ти прекарува дека не ти е прв(а такви ропаци има )
    земи си нов број за да немаш можност да трошиш толку за разговори
    ќе си ставиш колку за да имаш да титкаш
    нека ти се јавува тој некое време
    сигурно на твоите не му врнат пари за да плаќаат толку големи сметки
    и Никогаш не ги запоставувај другарките ради дечкото

    ако не сака да те поддржи во горенаведеново
    остави го
    17 години имаш излегувај дружи се
    и запознавајги луѓето пред да планираш т.н сериозна врска со нив
    сепак твое е да си одлучиш што ќе правиш
    поздрав
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојко дај покажи малку карактер бе ....сигурна сум дека секоја девојка имала некоја врска што од дома незнаеле и не се сложувале голема работа понекогаш таквите криенки ни се попривлечни секогаш забранетото е послатко било поминало не е стигната работата до брак и да е колку малади имат склучено брак без дозвола на родители па животот оди понатаму...друго зошто си го лажела дека си невина мислиш дека ќе иамаш поголема важност кај него со тоа псссссссссссс си се излажала фкрај и тоа е стварно глупо боже мој покажи карактер и заби малку имај став на жена не е стармота дека си била со друг пред него и дека си имала односи нормална работа во животот ти сама ги имаш исфиловано и исплеткано работите дури смешно звучат да ти кажам искрено треба прво ти да се преиспиташ сама што правиш и немој да велиш дека му си рекла дека си невина од љубов дај молимте љубовта ја прават делата не зборот невина сум и тој одма можи ќе се заљуби или повеќе ќе те почитува поради тоа што плус и не е случај кај тебе незнам ни зошто си го напишала ова изморена од проблеми во споредба со вистински проблеми во врски кој се случуваат што сум ги гледала и доживеала ова е дури смешно извини за преголемата искреност но јас сум секогаш таква.....
     
  18. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Ех... луди млади години, кога од најмалата ситница правевме најголем проблем. Па и насловот што го ставила девојката на темата ме потсети на тие времиња. Мислев дека 4ка на тест е крај на светот, ако симпатијата не ми врати на смс.. аууу....страшно.... :)
    Ок, зиги, стварно тоа не треба да го споредувам со твоето, меѓутоа ти си многу млада, има време да преживееш уште многу работи па тогаш ќе сфатиш што значи да бидеш „изморена од проблеми“.

    Да се вратам на прашањето. Јас ќе ти кажам дека си направила голема грешка шо си оставила добар дечко за шупак (извини за изразот, али машки со такви конзервативни сфаќања за мене се шупаци :lol: )
    Мој совет е , разговарај со типот и разрешете веќе што ќе правите. Мислам дека односот со твоите родители е поважен од односот со “дечково“. Мажите доаѓаат и си одат, но родителите се секогаш тука за тебе. И ако они сметаат дека тој има лошо влијание врз тебе, тогаш можеби стварно е така, бидејќи ти си мала и не можеш тоа да го увидеш... Ти си знаеш што ќе направиш.. но размисли добро кои личности ти се приоритет во животот

    п.с. смртно ме интересира како потроши толку за телефон?! :o
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Оф слатки проблеми...

    Девојче (затоа што си девојче, не си девојка се уште) те молам не си го комплицирај животот заради некое дете (затоа што е дете, не е дечко се уште) кое поима нема од животот!

    Ти си заљубена во мангуп (барем ти така мислиш дека тој е мангуп) и овие криенки, тајни и забранети плодови, всушност секогаш се причина број еден за едно девојче да влезе во ваква „опасна“ врска. Тебе фактот дека се криете ти ја прави врската поинтересна, демек сега само ти и тој останавте против сите на светот и ете тој е твојот херој кој сега те крие, ама затоа кога ќе избегате и...

    И што? Што ќе се случи со врскава, размислуваш ли бар малку? Ќе се откажувате од семејства, ќе бегате од лудата бивша девојка, ќе се засолните некаде под сонцето каде никој нема да ве најде?

    Разбуди се, мала си да, ама па до волку не си!

    Уште па и сметка за телефон 16.000 :o

    И ти се криеш од тие родители? Од тие што се криеш, тие ја плаќаат сметката за твојата слатка криенка со новиот дечко! Ти уште не си ни свесна какви родители имаш, за жал...

    Срамота!

    Прва работа која треба да ја направиш е да го откачиш детево и да си најдеш нормален дечко, кој ќе биде доволно паметен за да излегува со својата девојка и секому да ја покажува!

    Јас знам дека сте во пубертет и дека налетувате на идиоти и дека сега учите највеќе, ама па веќе што треба да направи детево за да сфатиш дека не е за тебе?

    Дај малку чукни си го главчето...
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Леле ама си ме погодила :rofl: Имав еден таков, т.е. имам пишувано за него на форумов (конкретно за дечко мајкар). Тајно бевме заедно, него му пречеше дека сум имала друг пред тоа и глупо му било со мене да се шета бла бла.. Ова на 17 ипол години кога имав :rofl: И на крај разбрав како он во меѓувреме си мувал друга некоја :rofl:

    Се согласувам со Реинбоу, некој ден ќе се свестиш за што пишуваме и ќе речеш во право беа девојките... Машките се идиоти. Еден куп лаги ќе измислат и нема око да им трепне, ниту пак ќе имаат грижа на совест. Тераат додека им е убаво, без оглед на тоа дека некој можеби ќе излезе повреден.

    Девојче, отвори си ги очите, види што прави твојот таен дечко и ќе видиш дека сме во право.

    Едит :rofl:

    21 година има и бара невина?! :rofl: Или е педофил или е многу заостанат :rofl:
    Мојот бивши викаше несакам да пробувам таму каде што некој еднаш пробал, и се зезна.

    Леле умирам од смеа, 21 година и невина сака :rofl: ПАк ќе речам, во право бев за сликата од Тито :rofl: