1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изморена од проблеми

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од zigi, 2 декември 2010.

  1. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    А да помислиш малку колку се изморени твоите од тебе? Имаш „шетач“ кој не те сака за девојка, ама за „по дома“ арна си му (извини, за мене тоа е навредливо), се расправаш со нив за него, а свесна си дека ништо не му значиш, и плус правиш телефонски сметки од 16000! А бе дете, луѓе живеат со тие пари! Не аздисувај! А се гледа дека „ептен“ е загреан по тебе. Ти го бараш како опседната (се гледа од сметката, нели), а тој некогаш ти се јавува?? Доста се понижуваш пред некој за кој очигледно си само разонода додека не се појави некоја поарна. И уште треба да му се извинуваш што не си невина? А тој тебе ти се извинил за претходните врски? Леле, многу се нервирам кога слушам вакви работи...
     
  2. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    ова ако с епроблеми тогаш јас незнам што е за тебе поголем проблем.
    - прво расчисти со тебе и со твоите "проблеми" а за првиот дечко жално е прво викаш не те исполнува,а потоа бев заљубена во него затао спиев првпат со него,епа девојко одлуч се што сакаш да кажеш.а за вториот убаво ќе ти биде твојот дечко да има втора на листа на чекање како ти што си на некој друг.срамота,соземи се и ова не се незнам какви проблеми па да си изм ореа.како на грб да ги носиш проблемите,очигледно имаш проблеми со грижа на совест и затоа си изморена,ама тука ние неможеме да ти помогнеме.а новиот дечко ти е типичен заостанат кој нема свое јас (извини вака седе на едно столче со две девојки)и што ти забранувал и се потскарувал,незнам зошто си наивна и го трпиш,откачи се и најди си слободен дечко за да се одмориш од проблемите :?:
     
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Анастасија(извини вака ќе те цитирам тебе само како пример) зар мислиш дека ова за неа не е ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ. Па и јас на моите 17 години ќе извршев самоубиство бидејќи дечко ми ми раскина :rofl: . СО годините и паметот.
    Девојко памет во глава, пред тебе е животот излегувај, дружи се , забавувај се, а него остави го да се крие од јавноста. Не само да излегувате во јавноста заради твоите родители, има нешто друго, како што ти рекоа и другите девојки мора да седи на два стола. А бившата го бара :?: , па тој ако ја прекинал врската со неа , и ако не и враќа на нејзините пораки и сигнали таа нема да го бара. Eдноставно наредниот пат кога ќе заѕвони на телефонот јави се ти.А тој мачо мен со своите 21 година сега е горд на тоа да знаеш, го бараат две девојки -уфф тој е на небото.
    И ќе се надоврзам за проблемот со невиноста, боже девојко зар ти се чуваш за првата брачна ноќ ? Или пак тој сака да биде големиот е... па да биде прв? Тоа според мене е асурдно размислување.
    Седни разговарај отворено со него, па што си должна ти со своите 17 години да трпиш некого, зар си направила 40 години па ајде овој е последен нема друг. така вака мора да го трпам :!: .
    16 000 сметка извини девојко, сигурно татко ти има банка :x , јас како жена што одам на работа, што секојденвно остварувам по 50 повици имам сметка од најмногу 1500 денари, извини ама претеруваш, приказни да не му раскажуваш на дечкото, а тој дали работи на принципот јас немам кредит ти јави ми се.

    Со неколку збора- Тој те искористува ( мое мислење)
     
  4. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    така е заљубена јас не се ставив на нејзини години,ова е стварно голем проблем за неа :rofl: :rofl:
    само би можела малку поинаку да изреагира мислам.лол :?:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    А јас најискрено изморена сум од таквите како тебе(а верувам и другите форумџики)што ќе отворат тема за некој банален проблем, а потоа нигде ги нема, ни да дадат фидбек, што и како се случило, а ние како некои мутави ќе си пишуваме тука. Веќе не се огласувам на ваквите теми :!:
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zigi

    zigi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Во право сте сите,дека претерувам,проблемите излегуваат од мене,јас ги правам и после се жалам..во право сте за се...еве и сега се расправаме за некој работи од минатото,зошто сум имала слика со дечки што не сум ги познавала на фб,а таа слика испадна случајно една моја другарка се знае со еден од нив и додека се сликавме ние на зафрканција застанаа и они со нас...сум го лажела дека не се знам со нив...и толку е неговиот збор е последен,јас сум кривата...

    имам проблеми дома,со него,со бившата негова,се кријам ко апаш поради него и пак сум јас кривата...јас сум таа што не е доволно добра за него..тешко ми е оти се приврзав некако со него,мислам дека го засакав,и мислам дека нема да го заборавам :( наивно од моја страна,ко да се заљубувам прв пат...Правевме муабет и тој сака врска со мене,синоќа бевме испаднати во јавност заедно...многу ми е убаво кога сум со него,но,ко да бара рачки да се расправаме постојано...обрнува внимаие на секоја ситница,не сум совршена неможе да го разбере тоа...неможам да бидам со него и да се скријам од светот..да се изолирам само за него,да заборавам дека и јас имам живот...се чудам на бившата негова,каква душа имала,какви нерви имала 3ипол години издржала...и сеуште го сака премногу... :o
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    еве и сега се расправаме за некој работи од минатото,зошто сум имала слика со дечки што не сум ги познавала на фб,а таа слика испадна случајно една моја другарка се знае со еден од нив и додека се сликавме ние на зафрканција застанаа и они со нас...сум го лажела дека не се знам со нив...и толку е неговиот збор е последен,јас сум кривата...

    уф мислам дечко ти е за лечење, децата од 10 години се распрааваат за ова :rofl:
     
  8. zigi

    zigi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    и за бившата што го бара...се правда со тоа дека биле заедно долго време,му немала ништо згрешено,и му било грев да биде груб со неа да и рече да не го бара,ќе имал грижа на совест цел живот...бил свесен дека мене тоа ми смета,ама ми ветува дека ќе прекине тоа што е можно побрзо...бидејќи поминаа 4ипол месеци веќе...незнам шо да мислам во врска со ова..од една страна ми смета премногу што сум должна јас да го трпам ова со неа,тој одбрал да биде со мене,ја остави нејзе и нека биде како што треба...од друга страна несакам да бидам себична...биле заедно 3ипол години кога и е тешко да се му се јави...
    Страв ми е само дане и ветува нејзе дека ќе бидат заедно пак по некое време,дека ова сега е пролазно....
    Страв ми е дане сум му само утеха,и разбивање монотонија од долга врска...
    Со некој дела покажува дека му значам,со други го побива тоа... :(
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Ете сега, морам да се демантирам самата себе :)
    Јас си останувам на своето мислење, има подобри, што ќе се однесуваат со тебе како што заслужуваш, млада си, уште треба многу работи да доживееш. Никој не заслужува да си ја арчиш младоста со нервози... А тој што заслужува, никогаш нема да го направи тоа. Толку од мене. Поздрав и секое добро.
     
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Мене чиров ми пукна од дотичниов Казанова |(

    Ни ти сама не си сигурна дали те сака,а упорно продолжуваш со него???...Ти во слободно време си мазохист или? :^)

    Дај молим те он не сакал бившата да ја повреди оти не му згрешила ништо а ти? Што му згреши ти? Тоа што ја губиш довербата во твоите? Тоа што наместо да се облечеш од глава до пети ја плаќаше телефонската сметка (односно твоите ја плаќаа).Тоа што ги губиш другарките поради него?

    Освести се аман.Послушај ги овие девојки тука кои оделиле време да помогнат за да се реши твојот проблем,верувај ми дека никоја од нас не ти мисли лошо ;) Сакај си се самата себе и почитувај се пред се,а дотичниот Казанова пушти го...да бара невини :x
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Леле колку мразам такви, што вината поради проблемите што настанале си ја префрлаат на сами себе. Страдајте си ако ви е убаво и мислете си дека некој е идеален.
    Ајт!
     
    На mime87 и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    Bivsata..Mu bilo zal??Jas bi i se javila i bi ja prasala vo kakva vrska se bidejki jas sum so nego vo vrska.
    Taka ti ke bides na cisto koja e ulogata na bivsata i dali e bivsa.
     
  13. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Не ми се верува... Зиги ти бе од Прилеп да не си зошто ми изгледа како еден бивши мој да опишуваш...Не дај боже. Дај мавни му ги клоците таму, каква виновна ти што зборуваш. Те нашол помала ќе те лажи, па уште невина барал. Од искуство ти кажувам. Уште одма откачи го и продолжи понатаму без воопшто да се свртиш. Бегај побрзо... :x

    Уфф како мразам вакви машки... :puke:


    Едит: И дај жити мене, тек какви проблеми ти следуваат, ти за еден ваков ќе се нервираш. Чувај си ги живците...
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас мислам дека напразно коментираме овде. Секако цело време го брани дечко или мувач што и да и е. Незнам со која цел е отворена тема :^)
     
  15. zigi

    zigi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Расчистив со него....Овие 2 недели веќе беше неподносливо...како цело време да бараше рачка да се караме,и вината ми ја претураше мене...Копаше работи од минатото,некој слики,некој личности...Дури ме овинува дека се имам мувано со еден другар од друг град со кои бевме заедно на одмор,и баш си заживеавме ние другарките со нив...и останавме во контакт со нив,ама чисто другарски....и на тоа не ми верува....и мислам дека веќе прснав,неможев да издржам и ставив крај....можеби требаше да го направам тоа и многу порано,но ајде си викав карактер на почетокот да се покаже,ќе се смени...но,ова водеше се кон повеќе проблеми,и понеиздржливи ситуации....
    Тешко ми е сега додека се навикнам,и кога ќе го гледам,и кога ќе помислам и на убавите моменти....но.....
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Знаеш јас што сфатив од се ова... дека тој не ја оставил девојката заради тебе, очигледно имале некој проблем па сака да е на пауза со неа а тоа време да го пополни со тебе, затоа се крие од јавност и такви работи, да е заљубен насекаде ќе те покажува а не да се крие ради бившата, сепак е бивша нели ништо повеќе...или да!
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ај нека шета малиот ;)
     
  18. penti

    penti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    DEVOJCE OVA AKO SE PROBLEMI TOGAS NEZNAM STO DA TI KAZAM ZA PONATAKA VO ZIVOTOT USTE STO SE TE OCEKUVA KAKVI ISKUSENIA KE TI POSTAVUVA ZIVOTOT KAKVI PREPREKII,,, NAJVEROVATNO USTE SI MNOGU MLADA STOM ZA TEBE OVA TVOJA SITUACIJA PRETSTAVUVA PROBLEM
    [mod-kirilica:20jm02cu][/mod-kirilica:20jm02cu]