1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам дечко, но и симпатии кон другар

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од A.Dreamer, 19 август 2011.

  1. A.Dreamer

    A.Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Како би постапиле во ситуација кога имате дечко кој ве сака, поштува, и цене и прави се за да не бидете повредени :inlove: а во исто време чувствувате одредени симпатии кон својот најдобар другар :( ???
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Decko Vs Drugar

    Би го задржала дечкото ако најдобриот другар не ме гледа на ист начин .
     
    На Osamena devojka и LittleDevil им се допаѓа ова.
  3. A.Dreamer

    A.Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    да, но Дечко ми не е од мојот град и повеќе се гледам со Другар ми отколку со него и затоа у последно време малце се измешаа работите!!!
     
  4. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Па не си напишала дали исто и ти го сакаш и цениш дечко ти, туку само како он те третира тебе. Ако ова е само од негова страна, а ти не го сакаш, тогаш не знам што правиш уште со него. Ако го сакаш, тогаш ова со другарот ќе ти помине набрзо.
     
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Размисли си, ти најубаво знаеш како е најубаво за тебе. Ако го сакаш, продолжи со него.
    Дечко ти е во друг град, така да тој е далеку од твоите очи, а полека и од твоето срце :)
    А многу лесно можеш и другарот да си го изгубиш...
     
  6. A.Dreamer

    A.Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    па мислам дека и тука е проблемо..на почетоко се си беше ок.бев сигурна дека го сакам дечко ми и знаев дека не би го испуштила за ништо на светот Но веќе два месеци не сме се виделе и малце повеќе се зближивме со другарот(но не во смисла на нешто интимно туку почесто излегуваме заедно. се слушаме итн итн) ПА САМ ВО СИТУАЦИЈА ДА НЕ ЗНАМ ШТО ЧУВСТВУВАМ? Дали страв дека ќе го повредам дечко ми или страв дека јас ќе бидам повредена ако го изгубам пријателството?
     
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    не би сакала да сум во ваква ситуација и никогаш не сум ни била но најпрво треба да си расчистиш самата со себе, што за кого чувствуваш, и биди спремна дека можеш да ја загубиш љубовта на твојот дечко но и пријателството со другарот
     
  8. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Самата кажа дека дечкото те сака, почитува, цени, и прави се’ за тебе.
    Задржи го!!!
    Не се сите дечковци такви, па на крајот може тој што сега ти е другар да се покаже како „лош“ партнер, и во него да го бараш она што си го имала со моменталниов.
    И не експериментирај, на крајот може и тоа другарство што сега го имаш да го расипеш, и да останеш и без дечко, и без другар. :)
     
    На ivana--aerodrom, TheCandy880, LittleDevil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    ^ Точно
    Тешко се наоѓа таков дечко .
     
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Два месеца не сте се виделе .... од различен град .... и на колку време се гледате ме интересира? Оти ако е така, тогаш најнормално со тек на време ќе почнат да ти се намалуваат чувствата, врска на далечина е доста зезната работа.

    Ти најдобро си знаеш што и како чувствуваш, може само сега си збунета, па ќе ти помине, али битни се две работи: дали го сакаш дечко ти и дали гледаш иднина со него (бидејќи сте од различен град) .... Кога ќе си го расчистиш ова, веројатно ќе ти биде полесно да решиш сама :)
     
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    И мене ме интересира на колку време се гледате, и колку време сте заедно?
     
  12. A.Dreamer

    A.Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    студираме заедно и само преку летото сме разделени...не ни претставувало проблем далечината заедно сме речиси три години...Но сепак можеби се работи за заблуда!
    Фала многууууууууууууу
     
  13. Angie.97

    Angie.97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    14
    Кој повеќе го сакаш тој. ;)

    Ти што чуствуваш, тоа. :)

    А и во право се и тие над мене што ти кажуваат.

    Едноставно, да не го повторувам истото од нив. ;)
     
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    немој да го расипеш она што го имаш, за да го добиеш тоа што го немаш. и ова сеа што го имаш, незаборавај дека некогаш било меѓу работите на кои само си се надевала :)

    тука не се работи за љубов, туку за навика :)
     
  15. butter..fly

    butter..fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Самата кажа дека дечкото те сака, почитува, цени, и прави се за тебе.Mислам дека треба да го задржиш зашто тешко се наоѓа таков дечко. :)
     
  16. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Ете одличен пример за тоа кој ги има најдобрите дечковци. Тие што им шараат очите ! Нема поголема вистина од ова. И после се чудиме зошто машките се однесуваат така како што се однесуваат?

    Па ќе го изгори некоја доволно за цел живот.

    Девојко другар си е другар, како може да го гледаш со поинакви очи?? И не се чувствуваш виновна што покрај таков дечко ти се фантазираш по друг??
     
  17. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Ако дечко ти те сака, поштува, и цени . Задржи го девојко ! Јас да ја пребарам цела Македонија нема да најдам таков . И за твое добро ти го кажувам ова :)
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Задржи си го дечко ти. Самата кажуваш колку е добар и внимателен со тебе, зошто да ризикуваш да го изгубиш?
    Не си сигурна дали другар ти ги има истите чувства за тебе, а на тој начин ризикуваш да си го расипеш другарството.
    Немој да дозволиш да останеш и без другар и без дечко.
     
  19. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Размисли убаво дали го сакаш другарот или само ти е убаво со него и го чувствуваш како замена додека дечко ти не е тука! Можеби и чувствата ти се измешани со оглед на ситуацијата а? Сепак не се гледате често на лето така да...Јас мислам треба да си ја бараш среќата..да бидеш со оној со кој се чувствуваш среќна исполнета сакана! Самата рече дека дечкото ти е прекрасен па можеби и би требало да си го зачуваш затоа што ретки се таквите како него! сепак другарот можеби ги нема истите чувства како и ти..размисли убаво да не ги изгубиш и двајцата на крај.. ;)
     
  20. Rosiii

    Rosiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    32
    Потребно е да ги разграничиш,тие два поими дечко и другар.
    Сепак доколку направиш било што непромислено,казната ке си дојде самата по себе, прашањето е следново- Доколку направиш нешто со другарти,со какви очи тој тебе утре ќе те гледа ? Се надевам не мислиш дека исто ке те цени,како и предхоно.
    Евентуално сомнежот дека и на него би му направила исто ке се јави, дури тогаш следува пеколот.