Имам дечко од друга вера заедно сме 1 година и 3 месеци... Со него ја изгубив невиноста... На почетокот се беше убаво но потоа дознв дека ме изневерил со најдобрата другарка.. Јас со неговиот непријател.. Си простивме и двајцата но секогас тоа не прогонува иако се сакаме си ветивме дека никогаш повеќе нема да згрешиме но тоа не прогонува и двајцата.. Во последниов месец некако цело време се караме, тој ми докажува дека ме сака секој ден се повеќе и повеќе но незнам веќе што да правам дали да му раскинам или не.. Мислам дека тој без мене не би мозел да функционира.. Јас знам повеќе за него од неговите дома беше многу проблематичен јас го сменив, се смени за да ми докаже колку ме сака... Кога дознав за невесртвото сакав да му раскинам но неможев плачеше ми падна на колена.. Но многу се караме а несака да ме остави... Што да правам ://
За првиот ти беше страв дома да кажеш, а за овој знаат ли дома? Остави го ти, ако тој не сака. Сте се изневериле еден со друг и сега сакате нормална врска, е нема. За разликата во верата нема да зборувам. Имаш само 17 години, животот е пред тебе.
Има ваква тема веќе http://forum.femina.mk/threads/Имам-момче-од-друга-вера-и-не-сакам-да-го-изгубам.5801/
Па не е тука проблемот дека дечкото е од друга вера, туку дека те варал со другарка ти. А и не разбирам, што е проблемот? Зошто се карате?
Те изневерил еднаш и ти уште имаш доверба во него, уште можеш да му веруваш? Плус од друга вера... подобро да го оставиш и да не се упропастуваш со него.
Прогонети сте виде ододамна, туку ај Насловот акцентран врз верата, уствари проблемот е неверството. Не може да се гради и основа врска на тој темел, тоа е.
Врската никогаш не е иста по неверството. Вака веќе никогаш нема да имате доверба еден кон друг, се ќе се гледа со сомневање. Требало да се мисли пред да се направи нешто, залудно е каењето сега.
Јас да сум на твое место, би му раскинала уште од кога те изневерил со најверната, а како гратис или капак над тенџере што се вели другаркати убав шамар ќе си јадеше, и ќе го запамтеше до памтивека. Па тука ќе си завршеше работата. А гледаш сега? Се секираш, и уште покомплицирана ти е ситуацијата.
Штом те варал еднаш, можно е да те вара пак..и тоа со најдобрата другарка? Не си требала да му простиш, ке си најдеш подобар од него. Џабе му е молењето ако така ти прави.. а и штом се карате подобро да му раскинеш. Без секого се може во животот, не ти треба таков страв сепак врската се темели на доверба. Ако те варал со најдобрата другарка очигледно не се сменил доволно, барем не поради тебе.
Верувам во Љубов така да за мене Љубовта нема вера и граници ако го сакаш и ако тој те сака и си убедена во тоа дека ќе успее и си верувате еден на друг среќно! <3
Зошто темата е „имам дечко од друга вера“? Дали ова ти е изговор само за да ја завршиш врската и тој е трнот кој го имаш или практичниот проблем како изневерувањето? Безразлика на верата, националноста, расата, јас неможам да простам изневерување, ако имам гратис проблем (ми смета неговата религија), тогаш веројатно нема да барам нахнаден проблем или причина за да ја завршам таа врска, со помалку драма подобро некако оди. Е сега, велиш за тебе се смена, тебе те сака, кога ти призна плачеше и падна на колена ама ... те изневери. Ај те молам, која љубов е таа, мм? Следно, дали ти го сакаш него? Значи не гледај во својата среќа да ја запоставиш, за да задоволиш некоја друга. Ако го сакаш, ако можиш преку тоа да поминиш, дека те изневерил де, тогаш среди врската, прости му. Ако не го сакаш, па гла нека крши бе, зошто да му се смириш? За тој среќен да биди, а ти да умираш несреќна полека, полека одвнатре?
Каква врска има насловот со проблемот? Колку и да ви била врската добра, после неверствата се паѓа во вода жал ми е. Никогаш ништо нема да биде исто, цело време ќе се карате, ќе си префрлувате едноставно ќе ве прогонува тоа. После неверство тешко дека една врска ќе биде пак иста. Не знам јас не би можела да простам, најмалку пак со најдобра другарка, какви се тие другарки? Во врска со погоре блондираниот дел ќе ти кажам само да не бидеш толку наивна.
Како прво таа не ти најдобра другарка.Сте се изневериле еден со друг што сакаш повеќе од тоа ? А и друга вера е,кога тогаш можеби ќе завршеше,затоа раскини и терај нов живот без него,ако си под 18 години не се замарај за љубов многу.
Јас како комунист не верувам во бога. Комунистите веруваат дека човечанството ќе се издигне над бога и ќе му докаже дека човекот навистина може да живее без бог како што Адам му рекол. Човек е со човека така не учеа у школо, порано може ова не било сватливо врски на верска основа ама денес уживајте и зграпчете го секој момент кој животот ви го дава.
Зошто најубавите години си ги трошиш на нервози, врска што нема да просперира бар не во ова општество во кое живееме..? Млада си уште се немаш доволно запознаено со се што носи животот, затоа уживај и искористи ги тие најубави години во дружба, смеа и убави моменти, а не да си ја траскаш главата со некој шо не те почитува со оглед на тоа што те изневерил, со сигурност ти тврдам дека сето тоа не ти ветува сјајна иднина.. Поздрав