Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Male4kaE

    Male4kaE Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе биде тешко, но ниту едно задоволство во животот не е слатко ако не е заслужено! Се додека мислиме дека ограничувањата треба да владеат со нас- се дотогаш ќе страдаме! Девојко, ако го сакаш БОРИ СЕ ЗА НЕГО! Борете се заедно против цел свет, ако треба! Ако е вистинска љубов ниту верата, ниту родителите, ниту годините, ниту општеството нема да успеат да ви застанат на патот!
     
  2. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Муслиман е и мора да се жени со друга... како да се помирам?

    Девојки многу ми е тешко и ви посакувам никогаш во животот да не се најдете во ваква ситуација...
    Пред една година се гледав со него, но тој е од друга вера. Додека се гледавме ни беше прекрасно. Потоа прекинавме без некаква посебна причина, се беше спонтано. После кратко време тој постојано ме бараше за кафе и да се видиме но јас од некоја причина (и за мене непозната) одоколу го одбивав. Не можам сега ни самата да си објаснам. Денеска се видовме и тој ми кажа дека од дома му договориле да се земе за година-две со една и дека нема никакви шанси тоа да се прекине бидејќи нејзините им дале збор на неговите. Ми кажа дека да не беше така, се ќе беше поинаку со нас. Таа му забранила да има женски на фб и јас не можам никако да му звонам.. ми рече дека тој ќе ми се јави да се видиме... Свесна сум дека е опасно да се гледам со него но многу ми тешко, знам дека да не го одбивав тогаш сега се ќе беше поинаку.. Кога ќе се сетам кога се гледавме колку ни беше прекрасно., а сега мора да се криеме и никогаш повеќе нема да биде исто... тој сака да биде со мене но не може.. ве молам помогнетем и не знам што да правам премногу ми е тешко веќе не гледам никаква светлина во животот, знам дека е само период но не знам како ќе го пребродам знаејќи дека тој за 1-2 ќе се земе со неа и тоа ќе биде вистинскиот крај... ;( ;( ;( ;( ;(
     
  3. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    Каков совет да ти дадам?И самата знаеш дека оваа врска нема да има среќен крај.Подобро да си продолжиш со животот,без да се навраќаш на него.Знаеш и самата дека имате рок на траење на вашата " врска" 1-2 години.Подоцна разочарувањето ке биде многу,многу поголемо.Не вреди да си го жртвуваш животот за нешто што секако нема иднина.
     
  4. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Навистина се наоѓаш во многу комплицирана и тешка ситуација,но не и безизлезна.Значи мојот совет ти е бегај колку што можеш подалеку од тоа момче,и самата си свесна дека вашата врска кога тогаш мора да се заврши па според мене мислам дека е подобро тоа да го направиш ти и тоа сега додека се уште не си паднала во безизлезна ситуација во која сум сигурна дека ти ќе бидеш наповредена.Така да знам дека сега е тешко но јас сум сигурна дека ќе успееш да го пребродиш тоа.Подобро фокусирај се сега за сега на некои други работи кои што те прават среќна,прави ги нештата што те исполнуваат,излегувај дружи се и забабвувај се па така спонтано нема ни да приметиш кога исчезнала целата тага.Знам лесно е да се кажува на друг,но доколку го примениш тоа јас сум сигурна дека ќе успееш да ја заборавиш таа љубов што ти носи само страдање и солзи.Поздрав и секое добро,верувај во себе и докажи си самата на себе колку ти си јака и силна личност.Со време се ќе помине верувај.
     
  5. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Добро бе, зошто толку ограничувања на оваа тема.. искрено се изненадив кога прелистав назад низ темава.

    Значи вие свесно би му ја ускратиле среќата на своето дете ако дознаете дека е во врска со муслиман, притоа не обрнувајќи внимание на неговите карактерни особини? Или се што е поинакво од нашето, автоматски не чини? :^)

    А децата? Тоа си е нивна одлука како ќе ги воспитуваат, исто како шо е и нивна одлука со кого ке решат да го делат животот. А вие како родители сте тука во случај нешто да тргне наопаку, исто како што би биле и кога би се работело за христијански брак. Или ако се работи за муслиман, ако му е.. си заслужила? :^) Која логика еј.. :wasntme:

    Јас искрено не би одела со муслман и сега некои можеби ќе речат- па нели е лицемерно? Не, не е. Како јас што избирав за себе, така ќе му дозволам и на детето свое да одбере самото по кој пат да тргне. Јас сум тука ако затреба помош..а не да му го диктирам животот.
     
    На miss.bitch му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Искрено ни јас не би била со муслиман а ни моето дете не би сакало да биде.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.587
    Допаѓања:
    106.400
    Пол:
    Женски
    Јас не сум против двајца што се сакаат но размислете потоа ќе бидат работите многу комплицирани за децата во врска со верата , жената ќе сака да и биде детето христијан, мажот муслиман , па ќе се спречкуваат за името, еве таков пример имам со братучетка ми , детево има име што не е ниту христијанско ниту муслиманско,но детево не оди во црква така да сигурно е како татко му..друг пример во комшии детево сега мајката сака да го крсти во црква а за таткото не сум слушнала што вика на ова. Кога наполни 40 дена мајката го однесе сама во црква заедно со мајка и а без маж и , сигурно тој се лутел. Затоа овие врски немаат убав крај .
     
  8. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Глупости.....
    Да, и јас не би била со некој од друга вера, едноставно не би ме привлечил
    но 21виов век толку е тенденциозен...
    Што и фали бе на Снежана Лупевска шо се омажи со турчин?
    Зашто за неа некој нешто не рече?
    Или таа е јавна личност?
    Што го напавија и азводов кај нас кога луѓе се земаат и за 72часа се разведуваат ??/
    Малку сум офф топик но овие предрасуди и стереотипи само кај нас ги има
    За жал ....
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Lovelygirl1 ако живееш во МК, искрено би ти рекла да си ја оладиш главата.
    Прво, затоа што живееме во земја полна со предрасуди и бариери и таквата врска ти е осудена на пропаст од старт.
    Друго, што најмногу ќе ти создаде проблем, без разлика дали се гледаш со човек од иста или друга вера, е фактот што тој ќе се жени и тоа е дефинитивно.
    Што мајка бараш, ај кажи?!
    тој ќе се ожени и ќе те заборави, а ти ќе си ја упропастуваш иднината заради нешто што завршило?!
    За пет години ќе се каеш за овие постапки, само гледај да не биде доцна.Најдобронамерен совет, те молам не се лути.
     
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски

    Не сум против тоа што се сакате, неможеш против чувствата, но самата си свесна дека ќе се жени. Што има да се криете, што има да се гледате, само гревови на душата си редиш! " Не гледам никаква светлина " Што рече? |( Ќе прогледаш, ако сега не гледаш!
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Очигледно забрането овошје е послатко.
    Тоа што не си сакала порано да искачаш со него имало причина, не е без ич. Сега дали тоа било заради неговата вера или заради некоја друга работа, незнам.
    Дечкото ќе се жени (иако не ми е јасно како тоа уште родителите договараат бракови, може и он сам си нашол женска и се верил, а тебе ти мачка очи ама ај не е важно сега), значи пробува да си ги искористи "слободните" денови, а за вас значи нема иднина, само ти ќе бидеш повредена на крај, така да не продолжувај да се гледаш со него, одбивај го како што си го одбивала.
     
    На fairy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Знам и многу ми е јасно дека треба веднаш да прекинам... но многу е тешко, треба многу цврст карактер за тоа туку така да се прекине. Се плашам од- НИКОГАШ ПОВЕЌЕ. Дека никогаш повеќе нема да го видам ниту пак да стапам во контакт со него. Не сакам, нема да го истрпам тоа, таква сум. Криво ми е за пропуштеното време и сама не можам да си објаснам зошто така постапив кога и самата бев свесна дека многу го сакав кога се гледавме. Имам помешани емоции и не знам што да правам, знам дека е најдобро да прекинам но дел од мене сака да продолжам колку што можам повеќе.... тешко е, многу...
     
  13. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Незнам колку е таа љубов обострана али како што ти кажал дека неможе да те земе за жена навистина е тоа така секоја таква љубов трае додека има страсти и после крк крај нема далје и се завршува со развод
    Затоа забавувајте се додекаможете млада си а и за брак е рано иди докека ти се сака па можда ќе излезе некој друг од твоја вера толку немам др мислење
     
  14. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Тотално се сложувам со еционал123,а и кај ти бил паметот девојче зарем не знаеш дека нивните бракови со нас се забранети,и се оди со стројници,не смеат да им препаваат на родителите,има една серија на канал 5 болни лаги гледај ја ке видиш како е и што е,ако навистина те сака и е вистинско машко тој ке биде подготвен на се дури и да им каже на неговите и твоите за вас па колку и да боли вистината,љубовта ги победува сите граници но само доколку е присутна и од двете страни,па сега ти види си.
     
  15. Rak-26

    Rak-26 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Една поинаква љубовна приказна

    Се вљубив на мои 17. Се вљубив во личност, која можеби е единствената личност со срце комплементарно на моето. Учевме заедно во средно, а подоцна дознав дека тој бил вљубен во мене долго пред да го забележам. Ме освои на посебен начин. Не со ружи, чоколатца, или со пијачки. Туку, со дело, напишано само за мене, кое подоцна излезе во јавност, пред голема публика. Иако тоа беше приказна која знаев како ќе заврши, се осмелив да потпаднам, дозволив срцето да превземе контрола. Ние сме од различна религија. Ни јас, ни тој, не гледавме така на нашата љубов. Никогаш нема да го заборавам сјајот во неговите очи, ниту насмевката која ми ја праќаше секогаш кога ќе ме погледнеше. Си повторувавме дека во тој момент сме среќни, а тоа ни беше најбитно. Се разделивме пред матура. Тоа беше најболниот период во мојот живот. Не знаев како е можно, некој за период од 2 месеци да остави толкав белег на моето срце. И еве, се гледаме после 2 години, со различни животни патеки и си изјавуваме љубов. Ми кажува дека и после 15 години, кога можеби ќе биде женет со деца, ќе остане само мој и ничив друг. Истото го чувствувам и јас. Проблемот е во тоа што, веќе го правев овој разговор со моите, и оваа љубов никогаш нема да ја прифатат. КАКО да продолжам понатаму? Пробав и со други дечковци, но никој од нив не ми чита од очи како тој, така што, пред некое време, одлучив да се фокусирам повеќе на факултетот, да станам емотивно ладна, затоа што ова ме уништува. Сега откако го видов, откако се разгори во мене, тоа што мислев дека полека се гасне, сфаќам дека ова е единственото што ми преостанува. Ако некоја од вас феминки, веќе го пребродела ова, нека сподели, можеби ќе ми помогне барем малку :)
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Штом станува збор за толкава љубов, со поттиснување на чувства во себе нема да направиш ништо против последиците по твојот начин на живот кои резултирале од неостварување на таа љубов. Напротив, создавањето на толкав притисок врз самата себе може да те доведе во уште потешка состојба, состојба којашто не можеш да ја контролираш... состојба која те контролира тебе.

    Поголеми се шансите да не завршиш со љубовта на твојот живот, отколку да се случи спротивното. Колку и да звучи тажно и песимистички, не си единствена. Светов стана се` повеќе ориентиран кон материјалното, предрасудите кои се претставени како одредени вредности и тн. Не е изненадување што љубовта на нашиот живот ретко победува.

    Раната од неостварената љубов, која била и наша најголема љубов останува. Долго време ќе биде доволен само мал притисок врз местото, или пак обична свесност за нејзиното постоење, за повторно да ја почувствуваме болката. Тоа не мора да е лошо. Тоа значи дека се`уште останал човекот, душата во нас. Дека не сме станале роботи и слуги на материјалниот свет и шаблоните. Дека не сме заборавиле да го чувствуваме животот.

    Прифати ја таа љубов како дел од твојот живот, како искуство од минатото кое ќе го искористиш да продолжиш да се градиш како личност. Извади ја болката од себе. Не е ниту срам ниту грев да те боли. Не е по твоја вина. Имаш право да се исплачеш, да си признаеш дека тоа постои како дел од тебе. Ќе научиш да живееш со тој дел од тебе и со малку среќа ќе успееш да продолжиш нормално со љубовниот живот.

    Големата љубов не се родила наеднаш и сосила. Не може ни да се заборави и да се научи да се живее со неа на тој начин.
     
    На Sanjichka007, hermosa, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. walterwolf

    walterwolf Нов член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    здраво.. значи нова сум на овој сајт и сакам да ве замолам за помош... значи веке 3 години се гледам со дечко што не е моја вера... значи јас сум 4 години помала од него ни оди ставрно сјајно се согласуваме за се едноставно исти сме во секоја смисла на зборот. тој несака со мене врска баш поради таа причина зошто јас и он неможеме да бидеме заедно... во овие 3 години ама баш со ниту еден друг не сум се излегла а камо ли да правам нешто со друг... дечково се прави да се тргнам од него ама не му иде и пак доага кај мене вика дека со мене му е најубаво вика дека најмногу му значам од сите но не ме сакал дали на вас ви е верно да си со некој 3 години и да се гледас скоро секој ден и да зборите на тел на фб се најнормално (како да сме во врска) и он мене да не ме сака? а пред тоа ми рече дека уште малце му фали за да ме засака дали и вие се софласувате со на другарките мој мисленето дека он ме сака а нејке да ми признае? за мое добро...
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Барем е искрен дечкото, самиот ти вели дека не те сака. Секоја жена заслужува да биде покрај некој кој ја сака.

    Некому може да му е убаво со тебе, а да не те сака, туку да се сака себеси и преку тоа што е со тебе да си удоволува на самиот себе. Не мора да се поврзани. „Убаво ми е со тебе“ е составен дел од „те сакам“, но не и обратното („те сакам“ не е составен дел од „убаво ми е со тебе“). Кога сакаш некого, не мислиш само на тебе да ти е убаво, туку сакаш да удоволиш и на другиот.

    Овој дечко мила моја, цели три години те држи во неизвесност. Цели три години, свесен дека го сакаш те измачува. Нему убаво му е така. Му е гајле за дилемите во твојата глава. Додека му е „најубаво со тебе“ ќе оди, ќе се враќа... се` додека не пресечеш.

    И не верувај на тие “одбројувања“ „сега ќе те сакам/уште малце ќе почнам да те сакам/ еве само што не сум те засакал...“ како да се притиска копче на далечински управувач бре... љубовта не се случува така, под наша контрола. Ако го сакаш и самата си го увидела тоа. Искрено по она „уште малку ќе те засакам“ си помислив и дека ќе прочитам нешто во стил „ако ми дадеш, ќе те засакам“....

    Мораш да пресечеш. Не ти треба ваков маж во животот. Времето се смени, мажите кукаат зашто жените биле вакви и такви, а самите со прст не мрдаат подалеку од својата комфорна зона. Војни бре се воделе за жена порано ....
     
    На Hipica, makedonkamak и Daydream им се допаѓа ова.
  19. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    фаири90 ме зачуди твојов коментар,извини ама како можеш да кажеш дека браковите на муслиманите со христијанките се забранети :fubar: и дека се оди со стројници ?? жити се кај го прочита ова или кој ти го кажа??? Не се точни овие инфо шо си ги споделила ти.
    јас лично сум верена сум муслиман,се запознавме во италија на фах,уште на фах јас учев за исламот и за коранот и се тоа и ке ви каам дека браковите меѓу муслиман и христијанка не се забранети,прашајте кој и да било муслиман верник што барем еднаш го прочитал коранот ке ви потврди. и не е точно дека родителите жени им наоѓаат,синот ако се согласува да се ожени со некоја од роднините ок ако не тој си наоѓа девојка е нормално како и секое дете и они дома разговараат за девојките од кај се,која фалимија и се по ред... абе луѓе отворете на интернет и читајте. ах и уште нешто видов дека многу девојки пишуваат дека нивниот дечко изјавува дека неможе да биде со неа,ма глупости бе,ако вистински ја сака,МОЖЕ никој не му брани туку таквите си сакаат жени муслиманки од многу причини
     
  20. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Искрено, јас не верувам во неговата 'жртва' за вашата љубов.
    Како не можете да бидете заедно поради различната вера, па подобро е да те одалечи од себе, бла бла.
    3 години се и повеќе од доволно некој да ги спознае неговите чувства.
    Него може му е убаво да биде со тебе, сепак 3 години сте заедно, значе му времето поминато со тебе, ама тоа не мора да значи дека те сака.
    Премногу време си изгубила. Мојот совет е да се тргнеш од него веќе. Во една врска не е доволно еден да сака само.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.