Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Discussion in 'Љубовни проблеми' started by unhappyy, Apr 10, 2011.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Joined:
    Apr 26, 2012
    Messages:
    676
    Likes Received:
    462
    Види психологу, факт е дека радикалните исламски елементи си тераат агенда во денешниот свет и немој да мислиш дека не е јасно тоа, а само ти си просветлениот и сега ќе ни презентираш топла вода... туку нешто друго кај тебе е крајно смешно и нелогично и затоа нека не те чуди што не можеш да наидеш на согласност од никого. Ова сериозно веруваш во тези за расна, национална и полова супериорност и инфериорност? Тие теории беа актуелни во време кога се уште не беше укинато ропството...

    Знам дека е офтопик, ама ме интересира, знаеш ти нешто за историскиот развој на твоите Скандинавци ариевци три пати попаметни од македончето (кој патриот еј не исуши од вреѓање) и 30 пати од оние народи со потемен тен |( , или онака, кога гуглаш го отвораш само она што ти одговара и после се правиш интелектуалец по форуми???
     
  2. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Joined:
    Apr 30, 2014
    Messages:
    94
    Likes Received:
    57
    Ние навистина немаме појма колку е IQ на Шакира, затоа што тоа се новинарски патки и глупости. Освен twerk и мешање на газ на Шакира јас не сум видел таа нешто да допринела за светот освен тоа што други и ги пишуваат песните, аранжманите, текстовите и слично. П.С. Шакира е доминантно белкиња, затоа што мајка и е Европјанка (од Шпанија), татко и е од Либија којашто има одреден дел од население коешто има доминантно белечки гени и физиономија, затоа што низ историјата Либија и Сирија биле населувани со медитерански белци. Таа генетика оставила големи трагови таму како што денес модерна Турција има трагови од византиска, словенска, грчка култура. Либија и Сирија до пред 50 години имаа огромен процент христијанско православно население коешто поради тортура од муслиманите емигрираше во Европа, САД и Јужна Америка.

    Никој не сака војни, но тоа е дел од нас. Секогаш ги имало и ќе ги има без разлика за каков тип на војни станува збор.

    Јас себеси не се сметам за совршен, многу далеку од тоа, како што и ниеден белец не е совршен. Не е секој белец Никола Тесла, далеку од тоа, но има нешто колективно што не прави многу, многу , многу поинтелегентни од останатите. Затоа и во Европа имало толку војни, градење на цивилизации, технологија, медицина поради таа физичка и психичка супериорниост.

    Еве конкретно за што ти зборувам и колку е таа глупа либерална политичка коректност. Паметните се уништуваат на сметка на глупавите само за да има рамковни вработување секаде низ Европа и Америка. Глупавите се потикнуваат да раѓаат и размножуваат на сметка на паметните коишто се потикнуваат да не створат потомство. Тој либерализам ќе не уништи сите и нема да донесе ништо добро.

    Ете види ја само разликата во интелегенцијата помеѓу расите, помеѓу половите и политичката коректност и вработување на некомпетентни лица само поради исполнување на квоти.

    http://www.bug.hr/vijesti/muskarci-bije ... 33810.aspx

    Прочитај ги само двата коментари долу од луѓе кои работат во IT компании. Види го само процентот на Црнци и Хиспанци и тоа претпоставувам запослени по принципот на рамковни договори како кај нас.

    Но, нормално е денес да има се помалку и помалку научници, физичари, доктори, математичари белци, затоа што на светско ниво има се помалку и помалку белци баш поради таа самоубиствена политика на слаб наталитет, абортуси и расно мешање.
     
    okcenzi likes this.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    А тоа што го постираш ти не се шпекулации. Само ти знаеш што е точно. :D Бре!
     
    Glasna likes this.
  4. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Joined:
    Apr 30, 2014
    Messages:
    94
    Likes Received:
    57
    Ова не се новинарски патки, туку официјални податоци на фирмата FACEBOOOK.

    Еве ти уште една таква анализа.

    http://newsroom.fb.com/news/2014/06/bui ... -facebook/

    И кога комуницираме меѓусебо да не паѓаме на ниво на навредување. Баш дискусијата разви интересна патека.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,769
    Likes Received:
    23,766
    Gender:
    Female
    За да се дискутира, треба да се почитуваат дискутантите и нивните извори, а не „моето е најверодостојно, твоево измислици“. На автор на еден текст/анализа и онака не може во глава да му влеземе па да откриеме дали е нешто веродостојно, нарачано, или пишано за публицитет. Не е се` црно-бело. Не за џабе на часовите по уметност, црната и белата учевме дека не се ни бои во вистинска смисла на зборот. :)

    Мора да придонесе за општеството некој за да е интелигентен? И што има врска професијата? Таа избрала нешто што и` носи голем профит и знае да го прикаже и профитира од тоа што го создава. И тоа е интелигенција. И Мерлин Монро била исклучително интелигентна, без оглед на нејзината професија и јавниот имиџ кој го имала. Луѓево од јавниот живот фураат имиџ преку кој не се сфаќаат премногу сериозно, мислам целта е да забавуваат, но со самото тоа што знаат да се промовираат и да профитираат од она што го нудат треба да ни` зборува нешто. Ако мешање sells, супер.

    Секогаш ќе постојат оние кои ќе го извитоперат значењето на „еднаквост“ и „коректност“ за ниски цели, но тоа не значи дека треба да не ги толерираме различностите.

    П.С. Мајка и` е Латиноамериканка. ;)

    My work here is done.
     
    Glasna likes this.
  6. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Joined:
    Apr 30, 2014
    Messages:
    94
    Likes Received:
    57
    Мајка и е родена во Колумбија, но има европско потекло( шпанско и италијанско).

    Точно дека треба да се дискутира со извори, но моето е извори, а нивното е “познавам’. Сите ние познаваме поединци, но колку е тоа од целокупната популација?

    Јас тоа што го кажувам ќе ти го каже и секој друг Македонец. Не сум јас единствен што ги гледа овие работи.

    Колективитетот гради држава, колективитетот гради општество, а не индивидуализмот. Тоа е тоа што јас го зборувам цело време и затоа тоа “јас имам право да правам што сакам“ е глуп нон сенс за жал. Ако сакаме поубава и поуспешна иднина во Европа мора да се воведе расна политика не да се убива некој или било што, туку да се воведуваат закони кој со кого смее да се жени или мажи. Квалитетот на живот многу опадна последните децении пред се поради доселување на имигранти, прифаќање нивен менталитет и култура, зголемено промовирање расно мешање, создавање мешани деца без идентитет и многу други работи. Нас не има секоја година се помалку и помалку, а останатите малцинства се повеќе. Нормално е да сум загрижен, нормално е да ме интересира.

    Самиот термин еднаквост и коректност во природните закони не постои. Тоа е измислица на 20 век во комунистичките догми и новите квази либерални закони. Самото гушење на паметниот на сметка на глупиот не носи добро.


    Некој ме праша дали уште верувам во расна супериорност? Јас не само што верувам, туку тврдам дека Нордијци или Северно Европјани се најинтелегентни и најпаметни суштества во светот за жал ставени на тапет на изумирање. Тоа ќе биде огромна загуба за човештвото. Не можеш некој мајмун од Африка или делови на Азија, Јужна Америка да споредуваш со тие народи. Некогаш Балканот и Јужна Европа беа темел на цивилизација, писменост, образование, војни, но поради уплив на северно афрички и турски гени тие цивилизации не опстанаа. Денес се е бледа копија на тие култури што е доказ дека ништо не е вечно на овој свет.
     
    okcenzi and Tanjamm like this.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,840
    Likes Received:
    101,402
    Gender:
    Female
    Мислам дека темава отиде во друга насока.
    Овде секој треба да си го каже својот став и аргументи за и против.
    Искрено не би сакала утре мојата ќерка или син да има партнер од друга вера.Зошто?Едноставно не сакам да поминуваат низ животот борејќи се за нешто,кое може да се распрсне за час.Пример имаме од нашата околина и војната во бивша Југославија.Имало случаи кога сопругот хрват,босанец ја убивал својата сопруга ,ја протерувал зашто е христијанка.И обратно.
    Децава го знаат мојот став и знаат дека никогаш нема да престанам да ги сакам ,но сигурна сум дека ќе си приумрам од нервоза,ако имам сватови муслимани на пример.
    Колку ние да се удираме во гради и да се правиме космополити,не можеме да излеземе од рамки кои се длабоко поставени.
    Тоа не значи дека ќе осудам некого кој ќе направи таков избор,ова го кажувам за сите други кои се надвор од моето блиско семејство.Искрено дури им се поклонувам за храброста и одрешеноста,зашто јас никогаш нема да бидам спремна за таков ризик.Конечно секој е кројач на својата среќа.Во склоп на тоа ќе кажам дека не за џабе во природата владее правилото на сличност.На круша можеш да накалемиш праска но не и на кактус јаболко.
    Е сега на претходниве страници фрчат навредливи зборови,искрено според мене е ниско и нечовечно.
    Каков е тој збор курви? (што не значи дека нема жени кои го продаваат своето тело).Ниедна не е таква по своја слободна воља.Животот ја натерал да биде таква.Сите луѓе доаѓаме на свет со чисто срце,а какви ќе станеме нормални или убијци,силувачи или наркомани,курви или домаќинки, зависи од околината.
    И на крај ќе кажам дека крутите ставови во животот најмногу се кршат.Искрено сакам човек кој знае што сака ама не сакам да ми го наметнува тоа по секоја цена.Едно правило не го прави животот,огорченоста не е добра за никого и една ластовица не ја прави пролетта.
     
    okcenzi, Valerin, DELFIN-15 and 5 others like this.
  8. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Joined:
    Apr 26, 2012
    Messages:
    676
    Likes Received:
    462
    Добро, ти можеш да тврдиш што сакаш, секој денес може што сака да зборува и да пишува без разлика дали тоа има врска со реалноста или со здрава памет.... Сега, другиот дел од прашањето ми остана неодговорен, образложи ја забавеноста на историскиот развој во Северозападна Европа во споредба со истокот или југот ако постои таа нивна супериорност. И ако денес тие држави се економски поразвиени, не биле такви до пред некој век. Да не пишувам колку насилни и уништувачки настроени знаеле да бидат додека некој друг градел цивилизации.
    Зошто кога припадник на друга раса врши насилство тоа е резултат на генетска инфериорност, а кога белци (еве твоите омилени северноевропјани) го прават истото тоа е борба за опстанок на посилниот или како и да го нарекуваш веќе?

    И мислам дека квазинаучните офтопици треба да се бришат, ова нема крај, плус се навредуваат цели раси и националности вклучувајќи ја и нашата, приглупи се македончињата, ама да бидеме среќни што не сме мајмуни нели |( . Некој не знае што зборува, ем белците супериорни, ем белите жени претежно ку*вештии...
     
    Hipica, mimiiiii and darcy like this.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    Психолог се залага и за полова супериорност . :geek:

    Туку ај сеа сите патриотки на ескурзија до скандинавските земји , и со плод да се вратат , да ја ујачаат нацијата. :D
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,212
    Likes Received:
    124,424
    Gender:
    Female
    Апропо муабетиве [​IMG]
     
    Hipica, vinozito1 and tessie like this.
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Joined:
    Feb 6, 2013
    Messages:
    2,669
    Likes Received:
    7,606
    Gender:
    Female

    Psihologue јас тебе да ти кажам неколку работи сеа. Секоја девојка шо била со албанец или турчин безразлика муслиман не е курва и незнам зашо тебе таквите девојки те асоцираат на курви и верувај дека не сакам ни да знам. И како друга работа човек не се почитува по тоа дали има скапа облека или која националнсот е туку по тоа каков карактер има а во овој случај твојот карактер и однесување се 0. И шо че биде ако еден ден ти се заљубиш во муслиманка? Сега тука ти може да се буниш, караш, расправаш, да се правиш фин колку сакаш ама никогаш не се знае шо носи утре. И јас лично познавам и турци и албанци и многу муслимани имам и другарки муслиманки и ниту еден од тие шо ги познавам не сум слушнала да се однесува вака како тебе на форумот или пак со ваков речник ... Глеаме дека си некој традиционален човек ама култура карактер и однесување дефинитивно немаш. На тебе ли остана д аја оправаш Македонија бе? Понекултурни коментари од твоите неам прочитано и ако си дојден на форумот да навредувам или да објаснуваш политики и да ја оправаш Македонија брат можеш слободно да го напуштиш форумот оти од такви ко тебе ни е заостаната државичката. И ај уличарските испади остај си ги за таму од кај шо си дојден, за на улица.
     
    makedonkamak likes this.
  12. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Joined:
    Jun 22, 2014
    Messages:
    1,155
    Likes Received:
    4,093
    Gender:
    Female
    Psihologue ако навистина си тоа, прво и основно ти немаш добар речник, употребуваш вулгарни зборови, второ сите сме луѓе, без разлика на раса, религијата и националност и трето во секоја држава има интелигентни луѓе, без разлика на тоа дали е развиена или не. И уште нешто. Не е важна нацоналната припадност, туку човечноста.
     
    makedonkamak likes this.
  13. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Joined:
    Jun 22, 2014
    Messages:
    1,155
    Likes Received:
    4,093
    Gender:
    Female
    А за тие девојки кои имаат дечковци од различни вери од нивните,би им препорачала да не си го комплицираат животот(ова важи посебно за оние кои се тинејџерки,како мене),јас имам 15 години и ова ви го кажувам од една случка што ја имам видено.Повеќето од вас мислат дека нема да успее врската меѓу христијанка и муслиман и обратно во нашава земја,но јас мислам малку поинаку.Поголемиот дел од тие врски не успеале,точно,но има некои кои успеале.Како на пример ќерката на Хелена Роза,Кјара,е од таков брак.И плус еден мој чичко е женет за муслиманка.
     
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Joined:
    Feb 6, 2013
    Messages:
    2,669
    Likes Received:
    7,606
    Gender:
    Female
    И да се надовразам на предходниот коментар.
    -Можеби ќе се сложев со коментарот на психологот затоа што до некаде е во право но од неговите навреди и заканувања најискрено ми се згади. Не верувам дека е дете по некои други негови коментари имам забележано дека чим овде расправа политика и некој повозрасен и затоа баш е срамота да се брука со такви уличарски зборови.
    Друго што сакав да кажам да ме прашаше некој пред 1 година можеби и ќе кажев дека подржувам вакви врски ама сега во овој момент не. Посебно на деца од 15/16 години такви врски не подржувам и подобро на такво нешто уште од самиот почеток да се стави крај. Сум видела милиони случаи каде што различна вера се и се заедно па и година две три и на крај нивната врска завршува ( безразлика од која причина) и момчето си завршува со некоја од своја вера и во 90% од случаевите е така. Исто така да кажам дека знам муслимани кои зборуваат течно македонски јазик и се дружат само со македонци ама тоа не ја менува вистината. Во држава како што е Македонија ваквите врски не опстануваат но секако има и исклучоци. Затоа полесно е да го заборавиш некој кога ќе немаш ништо со него, отколку по 2/3 години врска тогаш е потешко.
     
  15. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Joined:
    Jun 22, 2014
    Messages:
    1,155
    Likes Received:
    4,093
    Gender:
    Female
    Јас не велам дека поддржувам.Иако имам скоро 15 и пол години,знам што е добро.Кај братучетка ми во Бутел има неколку девојчиња на оваа возраст и малку постари од мене што одат со муслимани.Еден ден од ланското лето (Бајрам беше тој ден) одевме со братучетка ми и едни нејзини другарки да си купиме нешто.И сретнавме едно од тие девојчиња што одат со муслимани.Едно девојче извади бројаница,ама тоа девојче што има дечко муслиман и вели "Не го вади ова тоа грев е." Но братучетка ми и рече на истава што иде со муслиман:"А не е грев да одиш со муслимани?"И до некаде се сложувам со тебе видов уште еден случај.Бев излезена во ГТЦ со другарки.И начекав еден како и вика на девојка му "или ќе бидеш муслиманка или ќе те убијам" и плус тоа ја тепаше.Цел народ што беше таму се собра да и помогне,но таа упорно му викаше дека го сака,само да не ја тера да ја менува верата.Но тој и рекол да цркне.И плус мислам дека Psihologue треба да внимава што зборува,зашто и мене ми е преку глава од ваквите вулгарности и навреди.
     
  16. eloves

    eloves Популарен член

    Joined:
    Feb 6, 2013
    Messages:
    2,669
    Likes Received:
    7,606
    Gender:
    Female
    Mode-kristina психологот е во право до некаде ама до некаде неможам да се сложам целосно и не се сложив бидејќи употребува разни-безобразни зборови што мислам дека не му довликуваат а по други коментари имам забележано дека политики разобјаснува така да сигурно не е некое дете. И јас сум видела многу примери христијанка во врска со муслиман ама пред се ќе си зборувам лично за себе. И јас бев во врска со муслиман 1 година и 6/7 месеци. И тогаш некој да ме прашаше ќе речев подржувам такви врски ама ќе повторам сега и не баш. Сакам да кажам пред се зависи карактерот на еден човек. Ако дечкото е македонец тој неможе да те навредува, да те удари, да те понижува, да те присилува на работи кои не ги сакаш? Секако дека може нема врска верата. И се вознемирувам кога некој ќе каже македонец си е македонец епа пред се сите сме луге и како што сите прсти нараката не се исти така и лугето. Никој неможе да ти гарантира дека врската или бракот со македонецот ќе ти бидат 100% убаво и супер. Имам другарка сокласничка македонка на која дечкото и е исто така македонец. Тој е на факлутет 2 година а таа е со мене сега ќе биде 3 година средно. Значи неможете да замислите колку ја притиска буквално ја притиска. Ако отиде некаде без да му каже веднаш и вика на телефонот се караат ( додуша тој зборуваа и вика таа молчи) на фб и го има пасвортот и брише пријатели и контролира разговорите и дава наредно со кого да се дружи со кого не иако со никого не се дружи само со нас школските и тоа на фб и значи кога излегува со него излегува и неговото друштво и утре другден ако раскинат таа ќе нема свое друштво и другарки. Прво и се дере, се лути, навредува а на крај и плаче. Да се надовразам на мојот случај. Јас ко бев со муслиман пред се тој не ми ја наметнуваше својата вера и ставови ниту пак јас мојата. Си честитавме празници јас негови тој мои и толку. На раката нокогаш носев белегзија со крст ништо не викаше. Беше љубоморен но не до тој степен да му кажува со кого да се дружам или да ме изолира баквално од сите или да ми наредува. Причината поради која раскинавме не беше верата ние за верата воопшто ни не дискутиравме многу ретко ептен туку друга беше причината нема да ја дискутирам не е соодветна темата. Како што кажав и пак ќе повторам важен е карактер на еден човек. Затоа и ги наведов овие 2 примери не за да ја оговарам сокласничката или нешто друго. Сега да видам двајца полнолетни сериозни луге кои се сакаат а се од различна вера ама се одлучени да продолжат заедно ќе ги подржам. Ама деца од 13/14 години шо си прават да ме извинете проверка на мозоко дека секогаш ќе го сакале овој секогаш ќе биле заедно тоа никако. Познавате некоја која на 14 години години фатила дечко и засекогаш останала со него? Затоа од такви несериозни врски и детски глупости само проблеми си прават и се избегнувани од околината. Знаеме каква ни е државичката и ко се слушне некоја имала дечко албанец или турчин независно веднаш курва ваква таква. А уште потргично е тоа што ко се спомне дека макеоднка била со албанец одма работата се врти дека е за пари. Од каде па до каде тоа? Друга работа зборот ку**а се употребува доста често а вистинското значење никој не го знае и затоа секоја втора к***а ја прават. Правдина нема. Затоа и тука на форумов нема да дискутирам повеќе на мене не остана да ја оправам Македонија.
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Joined:
    Oct 22, 2010
    Messages:
    3,739
    Likes Received:
    6,733
    Би сакала да побарам совет. Како дете (од оваа гледна точка да, сум била дете) сум се мувала со муслиман, да кажеме некоја детска љубов што посекако брзо се заврши, после тоа си забрав баш заради таа глупост многу проблеми на глава и од тогаш сум многу против такви врски и против албанците во глобала како народ, особено после неодамнешниве случки. Но, ете за беља знам еден дечко, 3-4 години постар од мене, турчин, уште пред година ипол ме имаше аднато на фејсбук, убави муабети вртеше типот се додека еден ден ми рече нешто во стилот, многу ми се допаѓаш уште одамна те имам гледано што искрено ми сврте на она манијачкото, барем на кафе да излеземе ништо друго. Ми беше симпатичен, убав ми личеше на океј тип но барем јас се осетив дека ме напнува тој муабет, плус земајќи го фактот дека не е наш го изигнорирав, избришав и блокнав. После тоа не знам како ме нашол и на скајп, откако дознав кој е и од таму го избришав. Поминаа неколку месеци, кога налетав на него со една другарка, он со другари јас не го познав и добро ајде се поздравивме, со другаркава фативме такси а бидејќи они беа со кола не следеле (многу манијачки делува, знам) и кога дојдоа ми се извини зашто не уплашиле, немал лоши намери само сакал да седне со мене и да направи муабет. Тоа беше моментот кога сфатив дека ми се допаѓа, иако ништо не направив со него, буквално се топев кога ќе се насмееше, кога ќе ме погледнеше и знате веч. Да скратам, од тогаш има поминато месец ипол во кој немаме контакт, го немам на фејсбук и кога повторно ја сретнал другарка ми ја замолил да зборува со мене. Мислам дека сиве овие месеци ми се допаѓал, иако го имам тоа потиснувано во себе и го немам признаено себе си а не пак на другите. Имам некоја силна желба барем да бидам само на мување, но се почнува од тоа и знам дека нема да останам на тоа . Денес и кажав на истава другарка и секако ми рече никако да не го правам тоа. Ми се допаѓа многу, но од друга страна си велам дека никогаш не би го прекршила ветувањето кон себе си. Плус земајќи го фактот дека сите другари (скоро) му се албанци, нешто и не ми олеснува. Што би правеле да сте на мое место? Ве молам без исмејувања и навредувања, не ми е до тоа, ви благодарам :)
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,259
    Likes Received:
    67,816
    Gender:
    Female
    Блу, си поминала еднаш низ тоа. Сега ти делува поразлично, ама не е. Прво, без разлика на верата, тргни од тоа што го прави. Каков и да е, човек не може а да не се посомнева, мислам, ве следеле?
    Со таков тип подобро да не си ја бараш белјата, да не плачеш после.
    Делува ко контрол фрик. Јас искрено ти советувам да седиш мадро, да не седиш модро.
    Колку и да мислиш сега дека те привлекува повеќе е можеби тоа што не го знаеш и поради неговото однесување кон тебе, лошо момче, ова-она, ама не е вредно.
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Joined:
    Oct 22, 2010
    Messages:
    3,739
    Likes Received:
    6,733
    Знам дека тој е впечатокот, на лошо момче но мислам дека имам излезено од тој период кога ми се допаѓале такви момци. Мене баш ме привлече она спротивното, макар што пола саат сум била со него, начинот на кој се постави со мене, не беше нападен и не ме присилуваше да направам нешто со него.. Чудно ми е, зошто баш јас, како е можно баш толку време да му се свиѓам и да не се откаже од мене. Ми значеше коментарот многу, ќе размислам.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,259
    Likes Received:
    67,816
    Gender:
    Female
    Нормално дека ти ласка вниманието и се чувствуваш посебна. Ама верувам дека си и доволно разумна да ја процениш убаво ситуацијата и да размислиш со ладна глава. Барем таков впечаток имам за тебе. Не дозволувај да те заслепи неговото внимание. :)
     
    blueeparadise likes this.
Thread Status:
Not open for further replies.