Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Според мене ти си имала потреба од машко внимание и тоа што тој те следел се интересирал ти се допаднало и затоа така се чуствуваш. Ама мој совет да не правиш ништо. Не го познавам човекот ама ќе ти кажам еден можем пример што може да ти се случи ако излезеш со него. И самата кажа ве следел со кола ајде да речеме ќе излезеш еднаш со него подоцна ќе сфатиш дека несакаш повеќе да излегувате или дека не ти се допаѓа тој и пак ќе ги прекинеш сите врски. Замисли што ќе се случи ако дури тогаш навистина почне да те следи и да ти прави проблеми? Кој ќе биде виновен? Пред се ти затоа што си се плеткала со него. А да не зборувам и за други работи кои можат да ти се случат такви времиња се што ни на најблискиот неможеш да му веруваш тој чим еднаш се осмелил да те следи со кола друг пат којзнаеш што ќе му текне. И плус веќе си имала слично искуство кое не излегло баш на добро. Затоа не вреди да поминуваш низ истото пак.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не си ставај трн во здрава нога со сила. Јас тоа ќе ти кажам. Размисли 15 пати пред да одлучиш. Неговото однесување воопшто не ми се допаѓа и јас од таков би бегала со километри. Колку и да ти изгледа тоа безопасно или романтично, сепак според мене не е така наивно. Денес ништо немате, а дечкото се осмелил да те следи со кола, утре замисли почнеш врска со него, се заљуби во тебе, му раскинеш, тогаш па што да очекуваш од него? Искрено да ти кажам јас малку би се заплашила. Плус, си имала едно слично искуство, велиш дека ти било за памет, зошто сега пак се ставаш во иста ситуација? А и ова не би било ништо поразлично, верувај.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Ашто кога некој прекинува контакт, тоест го сведува на минимум заради тоа што тој е католик, а ти православна?

    Излегов со детето 3-4 пати и ни бепе убаво, гледав ријателство па можеби во иднина нешто повеке, но ништо сериозно.. И еднаш стана муабет за религија, и кога кажав дека сум православна и горда на тоа, искрено ми рече заеби и се оттргна од мене.. океј н.п.. но се чустувам лошо..

    Мислење, или барем 2-3 реченици за утеха? ;(
     
  4. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Vo sekoj slucaj podobro sto prekinal kontakt sega,otkolku da bidete vo nekakva vrska vo koja on ne ja gleda idninata,a ti ke go zasakas,pa sekako ti ke bese povredenata :) uzivaj si,imat uste mnogu ribi vo moreto :)
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Мислам дека тој е кретен, кој поима нема од вера. Се работи за иста вера Христијанска само што едни го слават по стар други по нов календар, што значи типот е идиот кој нема врска од вера.
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    А сте се запрашале ли дали сигурно е католик?
     
  7. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    ^ дефинитивно.

    Доага од традиционална британска фамилија, секоја недела на миса, строго против нашиот стар календар.. Не дека сум припадник, но православјето го преферирам, во црква каде што сите се прифатени, и православен може да стапи во брак со кој сака, а не да мора да оди 6 месеци на обучна миса во католичка црква како да се надминат разликите во случај православен и католик да стапат во брак во католичка црква.. И на крај сепак се работи за истата религија, што си има веза календарот и насоката на прекрстување.. Дали како што некои христијани гледат надолу кон муслиманите, така некои католици гледат надолу кон православните? Токлу ли тие две вери се различни? Христијанство и ислам - гледам причина зошто врска можеби и не би функционирала.. но католик - православен ? :doh:
     
    На karak и andjela.p им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Aniston, ние во Македонија се однесуваме прилично лабаво во однос на православието и немаме проблем со другите цркви (а и вери) но од тоа што го имам приметено кај нас католик се венчава со католик, протестант со протестант, нема излегување надвор од верата. Едноставно некој од мали се учени така и тоа им е еден од критетиумите за барање на партнер - не си католик? Чао! Колку тоа и да ни изгледа чудно и несватливо на нас, на некој други тоа им е од пресудно значење! Дефинитивно е дискриминирачки момент, меѓутоа немој тоа да си ги сватиш лично, воопшто не е до тебе, едноставно така се учени од деца...
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anonimnafeminkaa

    anonimnafeminkaa Нов член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Сите ние кога се работи за муслиман или пак човек од било каква друга вероисповед, кога гледаме на некој друг велиме "Па, што има везе ако е албанец, важно е човек". А, кога нам тоа ќе ни се случи, бегаме од таквиот човек, не сакаме да имаме контакт со него, и буквално одбиваме секаков контакт со него. Многу ми се допаѓа мислењето на nena2010 сосема во право, јас лично ја мразам религијата, а толку многу го љубам Бога. И според мене Бог воопшто не би сакал да се делиме од луѓето од разните религии бидејќи тоа се негови чеда. Ако сте многу религиозни прочитајте ја книгата Колиба Вилиам Пол Јанг и вашиот однос кон Бога веднаш ќе се промени. Што се однесува до blueeparadise ја мислам дека дечкото е многу внимателен и вљубен. Мојот совет е да пробаш со него без секс или пак брак. :)
     
  10. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Јас сум во таква ситуација, тој е предобар, многу се сакаме, но јас имам проблеми со моите родители.
    Молам некоја феминка(по можност што веќе била во таква ситуација) која што има малку слободно време да поразговара со мене и да ми пише во порака, премногу ќе ми значи.
    Благодарам однапред.:l:
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.968
    Допаѓања:
    219.494
    Пол:
    Женски
    Па сакајте си се бре девојче.
    Со тек на време ќе согледате дали сте посилни од сите животни искушенија, дали ке пребродите и ќе се воздигнете како двајца или пак љубовта нема да ви биде доволна за да опстане во нешто повеќе од врска.
     
    На eloves, theowndemon и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.741
    Пол:
    Женски
    @mili4ka123 можеш да се обратиш кај мене ако сакаш
     
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Љубовта треба да е посилна од било какво влијание. Така да ако си се сакате, никој не треба да ви е пречка за тоа. Со тек на време ќе прифатат и родителите.
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Се тоа е во ред но дали навистина родителите еден ден ќе прифатат? не сакам да бидам груба туку реална без да кажувам она што сакаат да го слушнат. Моето мислење не мора да значи дека треба да престане да се бори или да ја обесхрабрува.
    Јас познавам случаеви кај што и после долги години од бракот родителите не го прифатиле дечкото/девојката од другата вера. Имаше дури пример кај што родителите на девојката (христијанка) се откажале преку весник затоа што се омажила за муслиман, и после 23 години, нема помирување.

    Луѓе, за жал живееме во време кога туѓото мислење е поважно, што тоа воопшто не ми се допага, а прифаќање од страна на родителите не е исто од она на кои сме навикнати да гледаме по телевизија, ова овде е реалност.
    Понекогаш љубовта овде не игра главна улога, понекогаш се случува да потпаднеме под притисокот на останатите, да ни е поважна среќата на останатите отколку нашата, со еден збор знаеме да се жртвуваме.
    Колку и да сме спремни да се бориме за љубовта толку многу знаеме и да се откажеме..
    Не велам ниту дека родителите знаат подобро, и тие некогаш грешат сакајќи да не заштитат што понекогаш е претерано но од друга страна можеби и кога мислеме дека не се во право, тие всушност се.

    Јас ќе ја советувам девојката ако навистина е сигурна дека ќе успеат, да не се откажува, но ако дечкото почнува да потфрла да не ја става на коцка фамилијата.
    Тоа е од мене.
     
    На mareane, Tanjamm и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  15. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на мислењата.
    Искрено не планирам да се откажам од него. Туку проблемот се моите родители кои страшно ја преувеличуваат работата. Пример нема излегување од дома никако, им се случи и телефонот да ми го земат, претрпев и неколку удари и премногу навредливи зборови, што според мене е претерано.
    Тие можеби ќе прифатат еден ден, ама проблемот е како јас да преживувам додека тие прифатат? Па животинче да бев мислам подобро ќе се однесуваа со мене.
    Имам и опција да им кажам дека ќе прекинам па тајно да се гледам со него. Но што ако врската ни продолжи и планираме нешто посериозно за неколку години пример? Пак ќе треба дома да им соопштам, дека сум лажела и дека сум сеуште со него и дека планираме нешто посериозно. Тоа па некако може уште полошо да биде.
    И на крај краева ништо лошо не сум направила за да го заслужам тоа, само сакам.
     
    Последна измена: 9 јануари 2016
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.968
    Допаѓања:
    219.494
    Пол:
    Женски
    @mili4ka123 малку пополека со односот кон родителите.
    Тоа момче го знаеш најверојатно само неколку месеци. Од неколку месеци комуникација надвор чат пат ти не можеш да процениш колку е тој "искрен" со муабетите за љубов и врска.
    Смири ги страстите и имај резерва кон дечкото, со тек на време ќе согледаш дали вреди да се бориш за дечкото и дали вашата врска би можела да опстане и покрај сите проблеми.
    Не избрзувај вака да се откажеш од се во живот ради момче кое што не го познаваш доволно.
    Со тек на време ќе созреезеш и спонтано ќе процениш дали вреди вашата љубов или не, а до тогаш молчи и терај онака како што чуствуваш.
     
    На JustFun и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  17. Математичарката

    Математичарката Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Запрепастен сум од нечии мислења... ако ти не би си дозволил/а д направиш нешто не треба да ги осудуваш другите. Религијата и националноста не го опишуваат еден човек во целост. Никој од нас не бира во какво семејсво ќе израсне. И јас не би прифатила да бидам со некој кој ќе ми ја наметнува неговата религија ило ќе ми забранува да ги почитувам моите обичаи. Но што ако најдеш некој кој тр прифаќа таква каква што си и нр ти забранува ништо? Божем има малку мешани бракови кои ги извршуваат и едните и другите обичаи?! На крајот на краиштата сите вери проповедаар мир и почит кон другиот. Бие што дискриминирате сте ми некои големи верници?! Прочитајте ја библијата и кажете каде пишува дека таков брак е забранет? Отидете во црква и прашајте го попот! Јас ја почитувам религијата поради моралните вредности кои ги проповеда, поради обичаите и традивијата кои го зближуваат семејството и така и треба да биде, а не да не дели едни од други. Накрајот сите веруваме во господ, безразлика кое име о да го користиме. Врска сп нелој од друга вера? ДА! Врска со некој кој ќе ме присили да си ја сменАм верата? Не! Позз
     
    На theowndemon и Miss666 им се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Јас сакам да кажам една случка. Еден мој комшија, албанец, цел живот имал живеено во населба каде има македонско мнозинство и долго време одел со македонка, некоја голема љубов било. Арно ама, потекнувал од традиционална фамилија, неговите му средиле договорен брак, и се преселиле во мојата населба. Кога жената сакаше да си стави хиџаб, он и го тргна од глава и и' рече ти додека си со мене нема да носиш марама. Има со неа две преубави дечиња, ама пропаднат е целиот, пие уште од кога се оставил со таа македонката. Инаку, го знам ова зошто брат ми се дружи со него, и жена му се качила во кола кај брат ми, фала богу овој ништо не рекол. Ова е еден пример.

    Сега, сакам да кажам и друг. Кога бев помала, едно девојче албанка одеше со македонец, се сакаа ептен, она детска љубов. :) Брат и кога дозна, ја запали колата и го скрши од мавање детево, се шеташе после крвав и со скршена рака два месеца. И девојчево секако го чекаше истото. Прашањето ми е зошто?

    Не сакам да заземам ничија страна, ни да поддржувам ни да не поддржувам вакви врски, но зошто муслиманките не сакаат, и не смеат да загледаат македонец, а ако загледаат во 99,9 % од случаевите се случува ова. Јас до сега немам сретнато толку либерален муслиман, со отворени погледи па на ќерката да и рече, слободно оди со македонец. Освен можеби типот од првиот пример, што е некој занемарлив процент.
    За нашите случаеви, нема да коментирам зошто одма ќе бидам погрешно сфатена и нападната.

    Јас сум била со муслимани, но порано има добри 5-6 години, и од таа гледна точка мене ми беше со едниот бајно, прекрасно, искрено.. Се си мислам и дека ми беше прва детска љубов. :)
    Но, тој и тогаш ми рече, ние не можеме да бидеме заедно, не припаѓаме едноставно, ти си христијанка, а јас муслиман. Значи, сепак и тој си ја постави таа бариера. Но, сеуште бевме деца и на друг начин гледавме на работите. Од оваа гледна точка, се' ми е поинаку, и колку и да сакам не би била пак со него. Не знам каде ќе ме одведе животот, но мислам дека не би била пак со муслиман.
    А за другите - секој си го гради животот според свои правила, и има право на личен избор. :)
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.741
    Пол:
    Женски
    За вакви врски јас ќе кажам
    Н е
    С и
    Г о
    К о м п л и ц и р а ј т е
    Ж и в о т о т
     
    На christinnn, realGirl, referentka и 8 други им се допаѓа ова.
  20. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,нова сум на форумот ми треба ваше мислење.
    Имам дечко веќе пола година,турчин е и многу е добар.Значи подобар човек од него немам сретнато.Имам две другарки турчинки,многу се заимавме бидејќки нашите се другари неразделни и ме прифатија како нивна другарка ако сум христијанка.Е сега ме мачи едно нешто со месеци ама не знам не можам да му кажам.Можеби ќе мислете дека не е ова многу важно ама мене ми е.Тој предходно пред мене имаше врска од 2 години,таа исто беше како него турчинка и ја гледаше значи како принцеза.И отвараше врати од колата,и ставаше кредит,љубомореше ако некое машко застана до неа дури и сакал еднаш да се тепа за неа....А мене ништо.Ни врати од кола ни ништо ;(;(;(Другарите нивни исто така како принцези значи си ги гледат женските,само мојот не ме гледа исто...А знам дека не ја сака бившата,мене ме сака ама не знам зашо така се понаша...Малце е љубоморен но не многу:(Еднаш седевме сите во друштво,мене ми пиша на фејсбук брачед ми,и видов и тој до мене беше ништо не ме праша туку другар му ме праша кој е тоа и како можел таков слободен да биде за да не ми го земал веднаш телефонот а тој само кажа е ако де кој и да е и верувам:|Тешко ми е така што се понаша а верата не ни е проблем сега за сега,само така ладно што се понаша со мене.Ме носи дома,ме зима,ми се јавува од таа страна немам проблем ама од друга ме мачи тоа другото не знам што даправам ич не ми е убаво;(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.