1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Остави време да помине. Се ќе си се среди со текот на времето, затоа што тоа лечи се. Ако не е тајна, ме интересира зошто сакаш да се спасиш од твоите и што беше проблемот заради кој прекинавте? Можеби можеме да ти дадеме и друг совет :)
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    А да најдеш некое хоби?Или земи спортувај,трчај,пробај да правиш нешто што те интересира...Ќе поплачеш неколку денови,да,ама после тоа ќе спласне и ќе мораш некако да ги оттргнеш мислите од тоа...
    Земи плети ако треба,ама мислите да ти се барем на друго место...
     
  3. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    unhappyy ајде да го тргнеме на страна тоа што тој е од друга вера.
    Ти за него се би сторила, но очигледно тој за тебе не.

    Сети се на договорениот брак односно врската за озбилно која му е наметната од неговите! Ако тој те сака, нели е логично да сака по секоја цена да биде со тебе?
    Нема да го интересира тој договорен брак и ќе се бори за вашата љубов.

    Тој ги почитува своите родители до таа мера што се помирил 2/3 од животот да ги помине со девојка која не ја ни познава.

    Што е со тебе и твоите родители? Какви и да се, тие ти мислат се` најдобро!

    Можеби не се согласувате и не сте на иста бранова должина но тие нема да ти го завртат грбот никогаш.
    Ова момче со самото тоа што ти ја соопштило веста дека за вас нема иднина, веќе ти го завртел грбот.

    Подобро за тебе што си ја прекинала секоја врска со него. Тешко ти е, но ти имаш само 17 години и целиот живот е пред тебе.
    Ќе најдеш некој што ќе те почитува и сака толку колку и ти него.
    Ова момче дефинитивно не ја заслужува твојата љубов.
    Не се твоите родители виновни за нивните нормални реакции, виновен е тој што кренал раце од тебе.

    Како полесно да го надминеш ова?
    Излегувај со твоите другарки, читај книги, работи на случајот да се зближиш со твоите родители, шетај, учи и прави се што прави твојата генерација.
     
    На srcekrsacka, Elmedina и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  4. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Јас со моите имав и предходно проблеми.До пред некоја година физички ме малтретираа.А мајка ми проба и да ме задави.Од страна на статко ми цели две - три недели одев со синици на лицево.Заради што?Телефон и слика..многу јаки фактори за тоа да ми го направат..сликата бев со цигаре..моите имаа сомнеж дека пушам .ама мајка ми ептен отиде далеку,а татко ми незнам што му стана за телефонот..незнае да го работи ама пуста моја сестра покварена све му кажа како да работи на него и ми ги избриша сите броеви од другарките од именик..ок..несака да се дружам со никого да немам другарки сите се курви за нив двајца никоја невреди..незнам што да правам..веке ск*рчено ми е од све неможам повеке.Мајка ми почна да зборува дека сум била курва што сум одела со Албанец.дека никој од семејството не бил со Албанец,а имам тетка која е во брак со Албанец мислеа дека тие ке го скријат тоа од мене,да сфакам дека све има последици и ги осетив последиците.Само несакам повек да бидам онаа што е крива за секоја нивна расправија,а не сум.Мајка ми рече со овие зборови "Знаеш ли зошто се карам со татко ти?Бидејки не му давам.И све заради тебе ми вика,дека јас сум имала со некого односи таа неможела да има односи со мажот и.а до пред некое време се расправаа дека таа има швалер.Од кога го слушнав тоа дека таа имала швалер се турив од плачење,неколку пати се онесвестив,За кој?! ЗА ЕДНИ СТОКИ КОЈ КАКО КЕ ИМ ПРДНИ ТАКА КЕ ПРАВАТ.Сега ништо нема,а до пред 3 дена се колеа.Сега све си е океј ништо се нема слушено...па аман веке и јас ке треба деца да гледам,ама со кои нерви...
     
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Unhappy знам дека се чувствуваш повредено и од твоите и од него и од животот. Сите помалку или повеќе сме поминале низ период кога ни се чинело дека животот е крајно не фер со нас. Ама кога ќе помине малку повеќе време и ќе се појави некој кој навистина ќе те заслужува ќе бидеш благодарна што не успеало ова. И јас имав нарушени односи дома и се борев ко блесава за една поранешна љубов, за денес да сватам дека не заслужил ни грам од мојата љубов и ни една моја солза. И фала богу што сум ја изгубила таа борба, зошто денес немаше да бидам со некој во кој ја најдов мојата сродна душа. Едноставно некогаш мора да се помириме дека некои нешта така требало да бидат. Исплачи се, потагувај си, а потоа мора сама да се храбриш себе си. Верувај дека се ќе помине, многу си мала и целиот живот со сите убави нешта е пред тебед Стави ги настрана и твоите, еден ден ќе имаш своја фамилија и ќе знаеш како не треба. Сите удари од животот само не прават похрабри. :*
     
  6. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Преѓеска пишев со него му кажав каква ми е ситоација..што ке биде со мене попизде скроз вика ке идам ке ја застрелаам на таа што глуми мајка...Вика како може на керка да и рече курва.
    Вика ние ке останеме другари јас те сакам ама неможеме да бидеме заедно,твоите прават проблеми..ми вика нека се среди ситоација и пак ке се видиме ке разговараме за пак да сме заедно а сега да сме оставеле малку простор..Иначе забрането ми е од моите да излегувам навечер,а и преку ден да неодам кај другарки,све ми е забрането..си викам подобро во затвор да сум отколку тука..
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Од кој град си ако не е тајна? Гледам 17години имаш веројатно си средно..гледај си го школото и спасот ти е во него, успеј во животот запиши се после средново на факултет заврши го, барем за тоа твоите веројатно ќе ти дадат пари ќе ти го обезбедат потоа ќе бараш работа може да најдеш ќе се осамостоиш..дотогаш остави ситуацијата да стивне што ќе праиш со дечкото прај иако сум многу против ама не кажувај на никој знаеш трпение-спасение..гледаш никој не може да ти помогне пробај сама така ќе станеш вистинска и храбра личност..можеби дечкото не е тоа што го замислуваш 17години имаш знаеш луѓе мноооогу повозрасни уште ја немаат најдено љубовта на својот живот еве јас пр. мислам дека ја имам ама ти штом имаш толку пречки не ќе да е на арно, остави на времето можеби тој не е вреден за твојата борба, можеби животот чува за тебе нешто многу подобро што повеќе го заслужуваш штом толку си претрпела..ај баш послушај го, остави на времето да видите што како нека се среди ситуацијата ама не време недела-2 туку подолго да видиш дали на него му е дојдено, ако тој мисли и понатаму дека треба да се разделите не те заслужува или сака да не патиш и да те заштити и прави како што ќе прави тој..инаку се надевам не си правела ништо со него повеќе од обичното зошто ако е така голема грешка имаш напраено!
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Девојче постара сум од тебе и ке си земам за право да ти кажам нешто не да те посоветувам ...секој во животот си го бира својот пат..така и ти..и ке биде како што ти ке избереш,но никогаш не потценувај се себе и твоето јас..твоите родители можеби не се совршени,а кој е воопшто совршен,и проблемите со нив (и меѓу твоите родители) нема да ти ги реши ниеден дечко а во овој случај уште помалку Албанец ...затоа главата горе..и секое утро е попаметно од вечерта..размисли добро ...ако не можеш вака побарај период на пауза..отрезни ја главата и погледни го секој проблем од секој агол...ако не те чека значи не те ни сака ни почитува..млада си..пред тебе е животот...ова ти го кажувам од мое искуство..поздрав и секое добро...
     
  9. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    ФАЛА ВИ МНОГУ за советите ко почекам,ке видиме понатака што ке бидне
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Почекај ниедна од нас не ти мисли лошо баш сочувствуваме со ситуацијава зошто е стварно нетипична и несекојдневна.. почекај стрпи се, трпение-спасение пак ќе ти кажам и јас ете не сум таква да чекам ама некогаш кога морам чекам не биди ти таа што презема чекори нека бидат другите а ти набљудувај..со твоите не се карај толку однесувај си се смирено, како да си кренала раце, така ќе ставиш на чекање 1проблем т.е. 1проблем помалку во моментот ќе си имаш а со него гледај на дистанца да се тргнеш а ако сте во близина и го гледаш постојано тогаш тешко тебе. Зошто секако некој ден ќе мора да се одвоиш од него убаво прочитав погоре подобро да се спречи отколку да се лечи.
     
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Многу ми е жал,посебно што имаш такви родители...Паметна девојка си,а мислам дека многу,ама многу те уништуваат со ова...А на некој начин и те зајакнуваат,се треба сама да правиш,дури сама и да се тешиш,но на некој начин добиваш сила за сите проблеми во животот понатаму...
    Не дозволувај никако да те повредат,да ти влијаат на психата,гледај да учиш,работа да најдеш,и да имаш свој живот...
    Еден ден,ќе се каат многу.
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас ќе ти советувам да не бидеш огорчена на твоите родители затоа што колку и да ти изгледа дека не се во право - моментално се во право и тоа е тоа. И јас да идам сега со Албанец мајка ми ќе ми рече дека сум курва, нормално е и ти требало да бидеш спремна на тоа уште кога си почнала било што со него. Тебе те фатиле со цигара и викале по тебе ти избришале броеви и.т.н, мене ми го земаа телефонот и ми го исклучија интернетот, нормално е колку и да не ти е тебе тоа сериозно. Мене ме фатиле со марихуана и исто како тебе протестирав дека не се во право кога ме нарекуваа секако и бев повредена но тоа е и треба да се сносиш, затоа што ти си довела до оваа ситуација. Тебе ти рекле курва дека си. Мене ми пуштија порно клип на телефон од некоја си и знаеш што ми рекоа? -"Нема да не чуди утре и тебе да те видиме вака, да се продадеш за дрога". Мене ме болеше тогаш, но сега сфаќам колку биле во право. Ќе сфатиш и ти по некое време, во пубертет си и неможеш да рассудуваш што е правилно што не. Јас го кажувам тоа што сум го правела, и се срамам од тоа, но сум го земала како поука и ти го кажувам сега тебе з абаем малку ако можеш да научиш од моите грешки. Исто имав 17 години колку ти што имаш сега. Јас сега имам 20 години, само 3 години поминале од тогаш, а многу работи ми се разјасниле, затоа што сум ја поминала таа фаза од животот, тек сега сфаќам колку сум заслужувала да ме тратат од земја. Ќе сфатиш и ти, сите сме си ги сфатиле грешките што сме ги правеле во лудите години.
     
    На Elmedina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ако немаш каде да се обратиш, обрати се тука добро си се сетила, тука барем ако нигде на друго место ќе добиеш искрен совет и топла поддршка за да го продолжиш животот ПО ВИСТИНСКИОТ ПАТ
     
  14. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Со него не се гледам.Од различни градови сме.Со моите ке видам ако може некако да се поправи состојбата...макар што знам дека нема да може..а и со него незнам што ке бидне и как ке испадне..ке почекам некое време да се смирам првин самата да се средам па потоа ке решам со него.Уште еднаш ФАЛА МНОГУ, МНОГУ МИ ПОМОГНАВТЕ ..
     
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Офи,ама стварно не е океј да ја тепаат,да ја малтретираат толку многу физички...Па дури и да ја дават.Мислам тоа ми е...Јас да сум како неа,одма би пријавила семејно насилство.Може преку збор многу работи да се решат,а не вака...И се истураат на неа,зошто тие немаат секс :fubar: Многу ми е болно ова.
     
    На Irena-2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Сум против семејно насилство но не сум против за по една воспитна. Ти би пријавила семејно насилство и? После тоа што ќе правиш? Кој ќе биде исходот?

    Јас мислам дека девојчево сериозно треба да се преиспита себеси иако е сеуште мала. Или нека бара стручна помош често, многу фрустрации и огорченост во неа има. Можеби ќе речете - види кој кажува, но кажувам зашто знам како е. Или игнорирај ги родителите, не си ставај при срце се`. Гледај си го твојот живот и за нив нека не те занима.
     
  17. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Бев и во полиција ама џабе е кога татко ми ги има таму јаки пријатели..и порано кога ја малтретирал на мајка ми бил пријвен,џабе било све ..единствено што сакам е да не сум со нив да не ги слушам повеке..секој ден да ми тругат колку сум безвредна,и каква сум..секој ден закани.Знам дека за нешто и јас сум крива,свесна сум за тоа,ама за тоа што немам никаква врска да бидам јас крива..трпев додека можев ама повеке немам живци да се расправам со нив.
    Offspring до некаде и во право си ама све си има граница.
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Немаат право толкава тортура да и вршат,сепак е дете.ДЕТЕ.
    Има деца што прават многу поголеми глупсти од обична врска со човек од друга вера.
    И ствараат огромни трауми,сега не е свесна за тоа,ама понатаму итекако ќе и биде дупка,ем во срце,ем во глава.
    Можеби затоа и стапнала во врска со албанец,се потекнува од семејството,верувај. Буквално се.
    Култура,однесување,дури и дел од карактерот.
    Нормално дека ќе има огорченост,јас само што читам ми се превртуваат цревата, а не па на неа.
    Родител треба своето дете да го турка кон површина,а не да му труби дека е за никаде,дека не го бива.
    Многу штети тоа,на психата нејзина.
    Ќе сфати сама дека е грешка ова што го прави,со тек на време,но како и да е,ова не се вистински родители.
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Teоретски си во право Маца, ама практично е скоро невозможно и комплицирано ова што го кажуваш. Јас сепак мислам Unhappy да не ги предизвикува родителите кога веќе знае какви се, а зависи од нив. Мала е, неможе ниту да се пресели и сама да се издржува, што ќе прави?

    Unhappy, игнорирај ги, не прави работи кои ќе ги вознемират, бидејќи пак ќе ти се истурат. Јас те разбирам дека ти е тешко, но немаш друг излез. Подобро службено комуницирај со нив и не се тревожи ниту ти за се нешто што се случува, млада си сепак. Биди искулирана, не се заморувај за нив многу. Биди примерна, вложувај во себе, ако треба затвори се не искажувај многу чувства. Но не им оди контра на нив, самата полошо си правиш а нема исход. Ништо нема да постигнеш ако им одиш контра, само ќе ги налутиш уште толку. Со дечкото расчисти ако не сакаш самата ти да завршиш фатално. Тој тебе ти рекол каква е таа мајка што на ќерката и вели курва. тогаш какви се неговите родители што без негова согласност одлучуваат за неговата иднина? -Дечкото за да се извади и да покаже дека е чист како солза си го пере г*зот со туѓи грешки и други осудува, но пази богати, ги осудува твоите, а за неговите не вели ништо.
     
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Па,на некој начин тоа и реков и јас.Да ги игнорира,и да не дозволи да влијаат на неа,макар се треснале од земја.Сама знае дека вреди,сама знае дека направила грешки,се надевам ќе си ги поправи.
    Само нека учи,понатаму ако може работа,па на некој начин да си се спаси.Веројатно нема цел живот со нив да седи...
    Тежок е животот,но на некој начин вреди да се живее.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.