Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    73.081
    Пол:
    Женски

    А ако е во врска тоа не се смета за грев или само бракот? Кажи му дека секако прави грев без разлика што не е во брак. :drunk:
     
    На sparklie, mssuniquee, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.614
    dobro.za mene e gubenje na vreme da bidam vo vrska so nekoj sto znam deka nema idnina.
     
    На deskarada, okcenzi, Rose96 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bella.04

    Bella.04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно да се каже зошто си со некој кога знаеш дека кога тогаш ќе има крај ??
    И јас така викав додека не осетив како е,тука зборовите више ништо не значат.Сите знаеме што е љубов ама не сите би се бореле до крај за неа.
     
  4. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.614
    site znaeme sto e ljubov.site sme se zaljbuvale.sme se razocaruvale.ama uporno so glava vo dzid,toa e veke glupost.
     
    На Petar80 и Sashko1992 им се допаѓа ова.
  5. Charmingpeach

    Charmingpeach Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Браво за овој одговор, па женски сме мислев дека барем треба меѓу себе да се почитуваме и браниме. Да он со мене 2 години е ради сексот. Фала за комплиментот значи ептен сум добра у тоа па 2 години да го задржам само ради тоа.
    Феномени сте ми луѓе, место да поддржите нечија забранета љубов или да пробате да разберете единствено нешто што правите е напаѓате и сеа уште ме вреѓаш дека не вредам ништо повеќе од секс и дека е некој со мене само ради тоа.Аплауз за тебе.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.614
    fala mnogu ama jas ne odam so nekoj sto znam deka nema da me zeme.sekoj so svoite razmisluvanja.pozdrav.
     
    На Trxmx, Abril, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bella.04

    Bella.04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Ама не сите мислат како тебе,секој си има различно мислење и толку.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Charmingpeach

    Charmingpeach Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    А ти вака многу паметен се најде да знаеш зашто ја на него му служам и дали он ќе се сеќава на мене пошто нели многу добро го знаеш и знаеш како размислува. Треба да се засрамите сите што ме нападнавте на овој начин, зборувајќи ми дека ме искористува и слично ако имате негативни и коментари кај што ме вреѓате подобро држете си ја устата затворена. Темава е за сите кои имаат момчиња од друга вера а не за луѓе со предрасуди и луѓе што немаат попаметна работа од тоа да вреѓаат и да се мешаат дека знаат како размислува некој кој воопшто не го сретнале.
     
  9. Charmingpeach

    Charmingpeach Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Па да секој со своите размислувања додека е во границите на нормалата. Те почитувам за твоето мислење што не одиш со некој што нема да те земе за жена и те поддржувам во тоа, прави како што ти мислиш дека ти е убаво и ќе бидеш среќна. Заради тоа ти треба да ме почитуваш а не да ме навредуваш кажувајќи дека некој само се занимава со мене заради секс.
     
  10. Gushkalo

    Gushkalo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Баш дека вредиш повеќе од секс, најди си некој кој ќе те сака и со кој ќе имаш иднина, ама ако сметаш дека вака е правилно не ти се мешам, само кажувам мое мислење.
     
    На deskarada, elimkd, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Charmingpeach

    Charmingpeach Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за мислењето и убавите зборови дека вредам повеќе. Долго време размислував за ова но сепак си стојам на моето дека подобро барем еднаш во животот да осетам вистинска и искрена љубов макар и на кратко време отколку никогаш. :)
     
  12. Gushkalo

    Gushkalo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    464
    Пол:
    Женски
    Млада си, како заклучи дека никогаш нема да осетиш што е вистинска љубов? Тебе ќе ти се случат милион убави работи и вистинска љубов, само ако веруваш во тоа, поздрав убав ден :)
     
    На Crna Dama, PaLaVa, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.730
    Допаѓања:
    168.731
    Пол:
    Женски
    А сега не прави грев?
    Не те напаѓам, најмалку зошто си со некој од друга вера, зошто пак ќе речам, не ме засега ама никако. Не мислиш дека место да -- трошиш -- време, можиш да инвестираш во врска која ќе роди со брак и деца? Нема ова да биди квалитетно потрошено време, наместо да си ги задоволувате меѓусебните потреби сметајќи дека не правите никаков грев? И што кога ќе дојди време за мажење/ женење? Шо ако тој прв си најди некоја дур ти го сакаш, што ако ти немаш време да запознаеш некој подлабоко за да стапиш во брак?
    Сепак, ако ти мислиш дека вака е исправно - така ќе биди и кој и што да речи нема да ти го смени мислењето, ама размисли подлабоко, членовите погоре добро велат.
     
    На anaja1 и Petar80 им се допаѓа ова.
  14. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    На темава има ли пишано некоја Албанка дека има момче Македонец односно православен и дека се прави за љубофта да им успее ама ги спречува верата а осетила вистинска љубов но тој ќе се ожени за Македонка ама ќе оди до крај она упорно.Или татко ќе ја беси и неја и него ако само помисли на таква врска.
    Ако има напишано од страна на некоја Албанка јас од срце се извинувам на мојот пропуст и грв бидејќи сум голем верник.
     
    На Trxmx, bebuf17, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Charmingpeach

    Charmingpeach Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Мене читање не ми фали доволно се имам и изначитано и изнаслушано што имаат да кажат луѓе како тебе. Постојат луѓе како мене викаш?А што точно тоа значи?Фина и културна личнот која проба да стави свое искуство свои мислења и совети и се најдоа дрски и арогантни луѓе како тебе да навредуваат и напаѓаат?Жалост на родителите луѓе без цел бидејќи се во врска со личност од друга вера. Значи тоа што еве скоро завршив Машински факултет со висок просек, тоа што работам 2 работи и што за мајка ми имам дадено се што може се паѓа у вода и е небитно бидејќи јас одам со Албанец и сум заљубена во него. За греота сте вие и вие сте без цел, бидејќи знаете само да обвинувате а не да разберете и помогнете. Секогаш е полесно да напраиш лошо( да нападнеш) него да напраиш добро(да помогнеш и разбереш). Поздрав
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Како прво темава е за СИТЕ, секој има право да напише свое мислење во било кој тема.
    Штом објавуваш нешто на јавно место треба да бидеш спремна на секакви коментари, јас само дадов мое мислење, и сите знаат дека на најголем дел од Албанците Македонките и останатите христијанки им служат само како секс играчки се додека не се оженат. Затоа јас сум кажал дека никогаш нема да бидам со некоја во врска/брак ако дознаам дека пред мене имала секс со Албанец.
    Браковите помеѓу Албанец и Македонка и Македонец и Албанка во Македонија се невозможни, тука не мислам на оние бракови каде што се купува невестата од Албанија.
    Најдов еден податок кој вели дека во 2011 година од вкупно 12 706 брака кои ги склучиле Македонците и Албанците само 14 се помеѓу Албанец и Македонка, а тоа е 0.1 %, ова мислам дека кажува се.
     
    Последна измена: 25 јануари 2017
    На PaLaVa, Bitter-Sweet, anaja1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Charmingpeach

    Charmingpeach Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Па бев спремна на коментари ама не очекував ваква дрскост и безобразлук најискрено. Не викам дека голем дел од Албанците не го прават тоа, го имам видено знам дека се случува но исто така знам дека тие работи траат кратко време и во тие т.н. врски нема почит и нема поддршка и нема такви чувства како што има во мојата. За време од 2 години една личност можеш да ја ставиш на многу тестови и да видиш како размислува за тебе, што сака од тебе и слично. Баш заради овие работи не може некој тука паметен да ми се најде и да ми кажува дека е он со мене ради секс.
    Те почитувам за тоа дека не сакаш девојка која била со Албанец иако е малце навредливо спрема женскиот род но разбирам зашто би сакал така.
    Да тој 0,1% кажува многу работи но и срцето кажува многу работи а за такви работи нема проценти и нема статистики.
     
  18. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    @Petar80 еве сум јас:D Нормално имав и имам проблеми, но не се откажувам така лесно. Тој е католик иначе а јас муслиманка.
    Е сега @Charmingpeach вие ако се 'сакате' треба и да се жртвувате. Прочитав тој рекол дека било грев да се ожени со тебе :!: Грев е и врската, значи гревот веќе е направен. Како што гледам тој е по религијата, а ти умираш по него, а тоа значи дека ти си таа која ќе мора да се жртвува. Излегувањето од гревот и влегување во чист брак ќе биде само ако ти смениш вера. Ако 'те сака' искрено како што викаш ќе ти предложи или би требало веќе да ти имал предложено да ја прифатиш неговата вера и да стапите во брак. Не знам колку год сте, ако сте повозрасни тој веќе требало тоа да ти го рече ако мислел брак со тебе а не со друга. Овде нешто не штима :^)
     
    На Anon, PaLaVa, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Јас се извинувам, ете демант го прифаќам највероватно и ти ќе ја промениш верата за да успеете во бракот.
     
    На smb asr му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Charmingpeach

    Charmingpeach Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Имаме разговарано за оваа тема многу пати и ми има понудено и јас одбив бидејки седнав трезвено и ладно да размислувам за се ова. И да сменам вера тоа не ми ги брише сите работи што сум ги направила пред тоа, јас пред него сум имала сексуални односи со други машки и заради тоа е грев да ме земе за жена барем од тоа јас што имам читано и имам прашувано. Вера нема да сменам бидејќи јас не се пронаѓам во муслиманската вера и би влегла во таа вера само заради него како некаков вид на присилба. Вера се менува ако ти лично сакаш и се пронаѓаш во таа вера, бидејќи Господ и тоа го гледа, џабе ако смениш ако искрено и со срце не си во таа вера.
    Така да тука се штима, барем според мене, секој со своето мислење
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.