Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Тоа што те малтретираат, тепаат и дават воопшто не е во ред. Не е за оправдување. Почни да ги игнорираш, сведи ги разговорите на минимум со нив и види како ќе се одвиваат работите.
    Разбирливо е дека секој родител е против тоа детето да му биде со некој од друга вера, но нечовечки е мајка ти да ти викад ека си курва. Мислам аман, која ретарда е така на дете свое да каже.
    Тој ти бара простор, дај му го. Размислите и двајцата до каде сте, видете дали би успеале воопшто. Кога ќе помине некој период, кога твојата ситуација со родителите ќе се смири, тој ако те сака ќе те побара, а ако не те побара знај дека сите маки, трудови и борби за љубовта паднале во вода, а тој тоа не го ценел доволно.
    Сега за сега, продолжи со школото, на школо дружи се со другарките, пробувај да посветуваш поголемо внимание на учењето, тоа можеби ќе те оттргне од мислите на него.

    Сите изнапишавме дека врска муслиман-христијанка во МК не би успеала. Да видиме, можеби сме згрешиле, можеби вие сте тие кои ќе успеете. ВРЕМЕТО НЕКА ПОКАЖЕ!! :)
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    И јас ќе се согласам со другите.. Разговорите со твоите родители сведи ги на минимум, на повеќето работи климај им со главата, не им се спротиставувај. Полека, полека, учи си осамостои се.. Знам дека е голема неправда така да се однесуваат со тебе, но ќе ти биде уште потешко доколку им се спротиставуваш.. Што е до дечко ти, според ова што го кажуваш очигледно е дека те сака и сака порано да ти каже, да не испадне после во 5 до 12 што се вика да ти каже за договорениот брак. Но, сметам дека треба да останете другари, затоа што како што кажа ти дава многу совети, и те поддржува.. Плус и од различен град сте, иако тоа мање-више е важно но сепак..
    За брак сметам дека е прерано, треба да се ужива во животот. Доколку се одлучите на такво нешто, потоа може да имате последици..
    Можеби и незнам баш се затоа што имам 14 години, но само го кажав своето мислење. :(
     
  3. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Ви благодарам на сите за мислењата многу ми значеа.
     
  4. ne4e

    ne4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Љубовта е минлива но последиците се трајни.Толку имам да кажам!
     
    На Offspring и unhappyy им се допаѓа ова.
  5. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
    Имам момче од друга веро исповед. Јас сум личност која верува во љубовта и секогаш се повикува на убавите чуства,на човечноста .... личност која смета дека религијата и верата ја носи човекот во себе.Личност која верува и гледа во срцето и душата на лугето и која истите и се важни кај личностите. Но потојано се прашувам што е со општеството и како мојата врска ќе биде прифатена од општеството?
     
  6. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Јас сум Православна а вереникот католик. Ми пречеше тоа што тој е католик. Ми имаше и тој и други зборувано дека ќе морам да се исповедувам а јас појма немам како треба ни па што е тоа. Во делеми сум била многу пати но ете се помирив. Јас сум крстена православна и за мене тоа значи дека јас нема да сменам вера во срчето никогаш. Значи добро би било да размислеш и нема потреба да се грижиш како ке биде прифатена од општеството. Позз
     
  7. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
    Тој е од муслиманска веро исповед и не бара од мене јас да си ја променам мојата вера,не го сака тоа.Но мене ми се врткаат многу прашања низ глава.Често пати зборуваме и за венчавка и како ќе го изведеме тој чин.И двајцата сакаме едноставно,значи граѓански брак само,ништо ни од мојата ни од неговата вера.Но што е понатаму кога ќе имаме деца,каква веро исповед ќе имаат тие,дали ќе се разликуваат од другите деца,дали сругите деца ќе гледаат поинаку на нив?И јас и тој сме личности полни со разбирање имаме многу убава и цврста врска полна со разбирање и почит.Така се однесуваме и кон нашите религии но цесто ме измачува прашањето Правам ли грев со оваа љубов?А таа е посилна од ден на ден ....
     
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Тебе треба две прашања да ти се врткаат низ умот

    Дали го сакаш и да дали заслужува он да биде дел од твојот живот
    Религијата е НИШТО , можете да промените вера а можете и така да останете ... вие како сакате така ке направите ... ако стварно се сакате како што велиш никаква вера нетреба да ви пречи

    а посебно ШТО ДРУГИТЕ ВЕРО-ЛУГЕ МИСЛАТ ЗА ВАШАТА ВРСКА :!:

    ако го сакаш навистина и он те сака ке се борите за врската без разлика што животот ке донесе и ке ве тестира

    И НЕ НЕПРАВИШ ГРЕВ ....

    тамо луге се убиваат и колат секој ден сигурен сум дека господ ќе ви прости :D
     
    На srcekrsacka и Dgirlll им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Тие прашања за воспитувањето на децата се многу важни и понатаму можат да создадат проблеми. Се зависи колку сте религиозни и двајцата, ако не ви е важна религијата нема да имате проблем. Ама претпоставувам дека да ти била важна религијата немало ни да се заљубиш во него. Така што овие прашања и не би требало да те измачуваат,
     
  10. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11

    Со должна почит,зошто мислите и како проценивте дека на нас не ни е важна религијата?
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Па еве да речеме јас се сметам за религиозен човек и никогаш не би погледнала муслиман, а не пак да помислам на врска со него.
    Ти штом си се решила на таква работа веројатно и не ти е толку важно. И не тврдам ништо, те прашав само
    :)
     
  12. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11


    Ете интересна работа што се надевам ќе Ви помогне да се решите од Вашите предрасуди,зошто навистина тоа се. Исто како и Вас и јас сум многу религиозна лочност(тоа кој колку е религиозен од секогаш сум го сметала за лична работа но еве во моментов морам да го употребам) која што има јак карактер и секогаш ги почитувала христијанството и се придржувала кон сите христијански норми и правила,меѓу другото секогаш за себе мислев дека и јас како и Вас дека нема шанси некогаш да си дозволам себе си да погледнам подалеку да се заљубам во некого што не е иста религија како и мојата.Но се заљубив .... значи драга моја се е можно во животот но треба да знаеме како да се сносиме со ситуациите во животот и како правилно да го насочиме нашиот живот.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Ние над некои работи имаме контрола, за разлика од животните. И кога знаеш дека нешто не треба да биде, нема да дозволиш тоа да биде и точка. И стојам цврсто на ставот.
    Штом ти си поставуваш вакви прашања, не си на чисто со нешто. Инаку нели се сакате, па нема зошто да се сомневаш во нешто, со љубовта што ја имате се ќе решите.
    И те молам не ми персирај, само дискутираме на форум :)
     
    На drugarka и eli25 им се допаѓа ова.
  14. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11

    Над кои работи треба да имаме контрола? НАД ПОДЕЛБИТЕ?
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    На болдираното се однесуваше мојот одговор. И јас сум рекла дека нема да викам никогаш, ама ова е една од работите, можеби и единствена дека сум рекла никогаш. Не ми го врти одговорот :)
     
  16. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11


    Потполно Ве разбрав како што и разбрав дека правите поделби.Темата е многу опширна и има многу што да се напише за неа затоа што верувам дека многу луѓе се се нашле и се наоѓаат во ваква ситуација ..... Ваше мислење е дека никогаш не би погледнале некој од друга вероисповет што апсолутно го ценам тоа.Но за жал на ако гледаме така како што Вие оцигледно гледате на оваа тема во светот постојат многу ужасни работи кои се прават наспроти убавоти чувство љубовта.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Тука не се работи за тоа. Се работи за сопствените начела и принципи. Всушност ти си таа со проблемот, меѓутоа избегнуваш да разговараш за него и ја вртиш на друга страна работата. Ајде, ќе те оставам на оние што ќе те тапшаат по рамо. Поздрав :)
     
  18. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11

    Да така е јас сум таа со проблемот но дојдовме до во ситуација кога не делиме исти мислења и секој си го брани сопствениот став.Според мене,Вие исто така имате проблем.Како што Ви кажав го почитувам Вашето мислење но неможам да го поздравам фактот што според мене правите поделба помеѓу луѓето.Ако веке треба да ги делиме луѓето драга тоа сигурно не е според нивната вероисповед.
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Па што е проблемот тогаш? Сигурна си во својата љубов, во цврстината на твојот карактер, и ако луѓето се луѓе без оглед на вера, тогаш не е ни битно како ќе ги воспитувате своите деца нели?
    Ако се сомневаш, прашуваш, бараш дозвола, мислење...ќе добиеш и што сакаш и што не сакаш да слушнеш...Мислења, ставови спротивни на твоите ќе ги има, прашање е колку ти ќе дозволиш да влијаат на тебе...Дали се предрасуди? Можеби но и не мора да значи...постојат луѓе кои виделе мака во ваков брак, па затоа многумина од нас се и скептични...
     
  20. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.