Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    3.120
    Пол:
    Женски
    Во денешно време ретки се младите кои уште во тинејџерските денови размислуваат озбилно и зрело, но јас и верувам тука пошто и јас самата бев зрела уште од 15 год, камо ли 17.
    Ако татко ти така се однесува кон тебе оддалечи се од него. Не дозволувај никој, буквално никој да крене рака на тебе. Ако на двајцата ви е убаво и ако типот е добар со тебе јас не гледам причина да не бидете заедно. Само прво заврши го школото ;)
     
  2. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    Не осудувајте заради тоа што има 17 години. Годините не се мерило за зрелост. Знам дека откако некој ќе крене рака на тебе после го гледаш со одбивност па што и да прави тој.
    Јас ти предлагам како што и претходно те советуваа, биди со резерва. Ако ти оди школото образувај се убаво ако не ти оди фати си некој занает што е можно поскоро. Немој да зависиш од никого. Бидејќи ако го одбериш него и семејството се откаже од тебе утре да има со што да се издржаваш во случај да тргне нешто на лошо во врската со него. Оваа е за чиста сигурност.
    Ви посакувам среќа:hug:
     
    На DAngel, Luminary, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Женски
    Od druga vera???!Daj ne treskaj gluposti,nikogas ne sum bila so nekoj od druga vera nema ni da se sluci,a mesas veri i nacionalnosti,mnogu kazuva za tebe,za tvoja info so grkot sum ista vera,posto ti izgleda i grcite gi napravi deka se dr vera,lele da samo grcite ne ja sakaat mk a? Ni italijanite ne ne sakaat,nitu srbite itn itn aj do utre ova,samo ke ti kazam deka ima golema razlika da bides so nekoj od dr drzava a tvoja vera,i da promenis vera i toa mn golema razlika.I ne sum jas tema tuka.
     
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.850
    Пол:
    Женски
    Православен или католик е:?:
     
    На LiliBoz, girl-miri и joy1 им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Моето инфо. е ок, иако поголем дел се ортодоксни христијани, голем дел се и католици. Ама и да е исто- не е исто сесре џабе ти е.
     
    На Bankarkata и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    другарка ми е мажена за Арап ,живее во Дубаи.Принцеза не и е рамна на тоа како живее.Раскошно,луксузно.Две деца имаат и веќе се 4 години среќни во брак.
     
    На mssuniquee, Bankarkata, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    И во оваа тема почнаа предрасудите, камо за сите членки да имаше по еден Арап немаше да има толку дриблање на едно место.
    Сите среќни и весели.
     
    На Bankarkata, piglet1, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    45.000
    Пол:
    Женски
    Да искоментирам за болдираното. Не мора да значи дека ако е во врска или брак со некој од различна вера, дека и таа ќе треба да ја смени нејзината. Јас знам многу семејства во кои партнерите се од различни вери и си функционираат сосема добро и најнормално. :)
     
    На Rose96 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Па Викторија, ова ти што си го пишала е многу сличен, да не речам ист мајндсет како што би било прашање до тебе „како можеш да идеш со некој од различна националност, па уште и од Грците што не нè признаваат“ :nod: За двата типа предрасуди ставот ми е strongly disapprove, патем.
     
    На piglet1, Trxmx, LiliBoz и 10 други им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Тоа што од оваа перспектива на 17 години ти изгледа зрело, размисли што би било за десетина години кога навистина треба да одлучуваш како возрасна личност. Премногу си млада за нешто сериозно кое може да отиде во погрешна насока. Не избрзувај. Времето и животот се пред тебе.
    Пред Господ сме исти сите, ама грешките имаат висока цена и секој ги плаќа на различен начин.
     
    На Feather, eloves и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. elenani

    elenani Нов член

    Се зачлени на:
    22 септември 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ќе ја третира како принцеза се додека она го прави тоа жто он го сака. Кажи дали едно од нивните деца е машко и дали му правеле крштевка или сунет? Да сакала детото да биде христијан он тоа нема да го дозволел, тоа ти го гарантирам. Ќе дознала тогаш каков "принц" е он. Како арап и муслиман (ако е муслиман) никогаш не би дозволил негово дете да има друга вера, пре би ја убил.

    Ама можда грешам, па ај поправи ме. Кажи ми дека имаат син и не му правеле сунет за да верувам дека постои либерален арап :)

    Тоа се може лесно да функционира се додека немаш деца. И јас познавам такви врски и бракови, живеам во Германија и тука има често мешани бракови, но проблемите ги има најчесто кога ќе се роди машко, посебно кога е во прашање комбинација ислам со друга вера. Имаш тука без број бракови меѓу христијани и будисти, христијани и хиндуисти, атеисти и будисти, христијани и атеисти, што се не и се супер функционира дури и кога има деца, некако ќе се најде решение. За жал кога е муслиман во комбинација, дали машко или женско, програмирани се проблеми. Кога ќе се роди машко ретко дозволуваат да нема сунет. Превише се старомодни и ригорозни и ако треба ќе го одвојат детето од мајката само за да биде по нивно. Секако има исклучоци, но тие се ретки. Кај Босанците, Турците, Курдите и Иранците почесто има исклучоци (иако и кај нив се ретки), но кај Арапите можеш да бидеш сигурна дека пре би те убиле одколку да дозволат на нивни син да не му се прави сунет и со тоа во нивна глава да се одреди дека ќе биде муслиман. Многу е жалосно бидејќи онаки има и префини љуѓе меѓу нив кои за се ќе ти се најдат, но кога е во прашање религија се превише стриктни. Кај приврзници на други религија често ќе направат и едно и друго за да не се налути ни една страна или ќе одлучат ништо да не се прави за детето после само да одлучи што сака да биде, ама ни на такво нешто не се нафаќаат, секогаш сакаат да е по нивно.
     
    Последна измена од модератор: 2 октомври 2017
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  12. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    6.520
    joy другарка се омажи за арап.и таа раскажуваше дека живее како принцеза.имаа деца имаат живот од бајки.освен дека арапот настрана други си подбркнува.
     
    На Bankarkata, Βικτωρία и Antebellum им се допаѓа ова.
  13. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Сунетот се прави поради здравје пред сe'. Дури има и христијани кои се обрежани :)
    Во ваквите бракови, кога детето ќе порасне и осамостои може само да избере религија.

    Во врска со @nik_m__ не брзај со одлуки. Помала сум од тебе, може ќе си речеш јас ли најдов памет да ти солам ама сепак уште сте деца. Животот е пред тебе, гледај ги најблиските прво, друго се ќе си дојде со време. Учи и заврши факултет, осигурај си ја иднината, а ако и понатаму се сакате и почитувате како сега еден ден се ќе биде во ред. Ви посакувам среќа :hug:
     
    На Плавуша123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Женски
    Со грк би идела во црква,додека со босанец во џамија па да исто е и тоа што викаш. *Да не се разбереме погрешно, немам ништо против останатите вери, ама јас лично сум многу против промена на истата.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Ама врска со личност од друга вера не значи по дифолт (и не треба да значи) и промена на сопствената вера. И да не си религиозна, а тој е голем верник (од која било религија) – погрешно е тоа да ти го наметнува. Партнер не треба воопшто да те тера да се менуваш во ставови и размислувања, а уште помалку во религиско уверување. Ако случајот е таков што личноста бара од другата страна такво нешто, тоа веќе е друга работа, погрешно е и има проблем :)
     
    Последна измена: 2 октомври 2017
    На LiliBoz, piglet1 и DAngel им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.651
    Допаѓања:
    79.501
    Пол:
    Женски
    Девојче, остави тоа... Ќе имаш допрва љубов понатака, млада си уште. Со него ако почнеш нешто ќе ти извадат муабети па нема да знаеш што те снашло... Една познаничка дома ја затворија поради тоа, какво прекрасно девојче, а си го изгуби угледот... не си ставај трн во здрава нога. И не е само таа, сите девојки губат од вредност, со поинакви очи ги гледаат... Тоа е дамка која не се брише. Штом родител вели НЕ, со причина вели НЕ.
     
    На marchi-cool и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  17. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    45.000
    Пол:
    Женски
    Те разбирам што сакаш да кажеш. Но јас попрво би рекла дека е до луѓето, а не до религијата. За случајот со Арапите не сум баш запознаена па не би можела да искоментирам нешто поконкретно.
    Поентата ми е дека, доколку личноста која што свесно стапува во брак или да речам врска со некој од различна религија, секако треба да биде сигурна и да разговара со партнерот за тие работи, што би се случило кога децата ќе се родат, на која религија да припаѓаат и слично. Најчесто во такви случаеви се остава на децата кога ќе бидат свесни и зрели, да ги проучат двете религии и да изберат (секако доколку се заинтересирани, бидејќи младинава денес и не нешто премногу е посветена на религијата туку се тоа е на некој начин „наметнато“ или „наследено“ од семејството). Така е најферски, и според мене најдобра одлука за децата од мешани бракови. Но доколку партнерот се противи на тој компромис, и инсистира детето да му биде од негова религија, тогаш на жената е одлуката дали би прифатила такво нешто, колку тоа ќе биде од значење, дали воопшто би сакала да биде со некој којшто не ни размислува за компромис (Не само за оваа ситуација туку општо за било какви пречки или ситуации во бракот. Претпоставувам не би сакала?)
    Така да, доколку двајцата партнери се спремни на компромис, и од двете страни не е наметнато ништо, таков брак би можел да успее.
    Исто така, како што спомнав и погоре, денес не нешто премногу се „негува“ религијата како што било така на времето, па партнерите може да потекнуваат од две семејства со две различни религии, а тие па да не се воопшто религиозни и да не им е битно дали детето ќе го крстат или сунет ќе му прават. Секако тогаш не треба да се дозволи никакви притисоци од семејствата да имаат влијание врз заедничката одлука на партнерите.
     
  18. elenani

    elenani Нов член

    Се зачлени на:
    22 септември 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Тоа со здравјето е изговор за полесно да се добие позитивен одговор, знаат дека многу поглупаво би звучело да кажат дека сакаат да му отсечат 'дел' на бебето за да биде официјално муслиман. Исламот го бара сунетот/обрежувањето за машкото официјално да биде муслиман, без тоа не е прифатен. Слично доаѓа како крштевка кај христијаните, само што христијаните повеќе не се замараат толку многу со религија.

    Инаку тоа со здравјето не е целосно докажано. Во многу западни држави како на пример Германија последните години дури се забрани обрежување на дете ако не е од религиозни причини или медицински неопходно. Дури сакаа и да го забранат од религиозни причини, но заради големи притисоци од муслиманите и евреите малку попуштија. Во западно европските држави скоро никој од тие кои не се муслимани или евреи не е обрежан, бројката е испод 5%. Огромната болка ја сматраат како голема траума за бебе која психички може да влијае долгорочно негативно и на пример да предизвика агресии. Додатно со тоа што се одстранува најосетливиот дел кај тие кои се обрежани поголем е ризикот на старост да имаат проблем со ерекција бидејќи не може доволно да се стимулира пенисот.


    На страна тоа со здравјето, како што кажав не е толку јасно и има различни теории, но колку и да се тврди дека е заради здравјето, пред се е за детето од фамилијата и од муслиманската околина да биде прифатено како муслиман.

    Не се тоа големи проблеми, исто како име што не е проблем. Ти и да се земиш со муслиман тој веројатно ќе ти дозволи да одиш во црква (можда и со тебе ќе дојди, не им е официјално забрането иако некои муслимани тоа го мислат) или да јадеш свинско месо, а и за некое име ќе се договорите, има многу имиња кои ги има и кај едната и кај другата вера исто како што има и неутрални имиња. Проблемот е што ќе биде со децата. Имам другарки од мешани бракови, најчесто татко муслиман мајка христијнанка/атеист, и често е така што ќерката не смее да биде во врска со немуслиман. Тоа што муслиман ќе земи немуслиманка и нема да ја натера и таја да го прифати исламот не значи дека со децата ќе биде лабав. Заради тоа и никогаш не би се земала со муслиман кој е либерален ако настојува на тоа на наш син да му се изврши сунет, со тоа би знаела дека уствари не е толку лабав како што тврди. Тука во Германија за жал врие од муслимани кои пијат алкохол, некои јадат и свинско месо (ова поретко), ама на нивните сестри им забрануваат да бидат во врска со немуслиман.

    Инаку не сакам да кажам дека секој муслиман е лош и не треба да му се даде шанса, наспротив, ако мислите дека некој е добар и го сакате тогаш запознајте се и видете како ќе функционира, кај сите религии има добри и лоши и можда некој муслиман ќе биде тој кој највише ти одговара, но треба време за еден човек добро да се запознае. Јас сум била во врска со муслиман, така што не отфрлам такво нешто од старт, ама пажлива сум :)
     
  19. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Женски
    @elenani tolku mnogu napisano a nisto kazano, iskreno nisto ne te sfativ ,si se izjasniv jas za ovaa tema i toa e, koj sto saka neka pravi :)
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    @H.VAGA вараат и нашите де,тоа нема врска со националност или религија.

    @elenani децата не се правени сунет сешуте,мали се.Незнам зошто Арап те потсеќа на угнетување,закони кажување,одземање туѓо право.Неможам да кажам ни дека бракот им е ради финансиска корист.Поради тоа што она и пред него живееше на ептен висока нога.Агент за недвижности беше во Дубаи,а татко и кај нас богат бизнисмен .Образована е,4 јазици течно зборува така да ептен му парира во се но и без некој таков она сама по себе би опстоила. :)

    свадба правеа и по нивна традиција и по нашки овде.Носи кратко,носи шминка,оди на фитнес,не е забулена ни најмлаце .Да глуми не верувам дека се гледа кога некому му е ок и кога некој лаже :)
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.