Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    Со католик сум била, со муслиман не. И мене убаво ми е угнетено во глава дека не треба да се мешаат вери од дете, па вајда католик не ми се чинело толку страшно ко муслиман. Небитно. Дојдов да пишам ова - сериозно мислите дека само арапите (муслиманите) бркат на страна!? :)
     
    На Petar80 и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Не би пробала, можеби традиционално размислувам, но не прифаќам мешање на вери.
    Разбирам, случајно да се заљубиш во некој од друга вера па љубовта да победи, но намерно да започниш врска со личност од друга вера е тоа не го разбирам.
    Како и да е, ќе треба да се откажеш од многу работи (можеби и тој), да гледате само на вашата врска и да одите против сите, бидејќи во нашево општество сеуште ова не е доволно прифатено или ќе треба да раскинете ако не можете да се справите со предизвиците, друго нема.
    Можеби животот ќе биде најубав, но секогаш таквите парови ќе бидат гледани со поинакви очи, тоа е факт за нашиов менталитет.
     
    На Petar80 и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
    Затоа најарно да си најдеш момче од никаква вера...
     
    На Sanjichka007, kuc, crimson и 9 други им се допаѓа ова.
  4. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Јас сфаќам дека муслиманите тоа го прават поради религија. Но обрежувањето се прави и од медицински причини. Изгуглај ќе видиш :)


    На пример јас да земам маж мислиман, сигурно нема да дозволам на моите деца да им забранува врски или бракови со христијани. Ако имам свое ЈАС и се почитувам пред се’ себе си, нема да дозволам некој тама да ме ,,погази’’. Жена ако е свесна во каков брак влегува мора да стои на свои нозе за одредени работи, како што би стоел и мажот муслиман.
    Пак ќе кажам, во вакви бракови децата кога ќе пораснат ќе одберат религија. Секое друго наметнување, уценување и не знам што, според мене не е успешен брак.
     
  5. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Ми се чуни дека премногу филмови не се на арно да се гледаат во однос на тоа тема мешани бракови и бракови со различна боја на кожа. Поготово во Македонија. А тезата дека ти во брак со муслиман ќе си достоиш на твоето Ти малку ми е неверно а и тоа дека децата ќе си бираат сами вера кога ќе пораснеле. Тие муабети се само за залажување на сопствени мисли и мислење дека и другите ги лажеш оти сакаш врска со муслиман. А бе ќе седиш дома ќе готвиш, переш раѓаш деца, ќе се преориентираш во муслиманска вероисповед, па и во најмал случај ќе носиш шамија. А децата од најмала возрас ќе бидт носени во џамија и крстени со муслимански имиња. И не само да си се залажувате и барате оправдувања за тоа што сте во врска со муслиман дека ќе си достоите во таков брак и ќе имате вие свое право и мислење. А бе он напред а ти петметри позади него со дветри џалиња ќе потрчнуваш забулена и ќе си мислиш дека имаш свое ТИ
     
    На Youknow, elimkd, Dadusicka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    Да не претера сега малку и ти!? Имам блиски примери каде што 1. Жената е мажена за муслиман, не носи марама, работи и се облака ко претходно. 2. Жената е мажена за православен и тој ја третира баш како што опиша ти, само без марама, но доволно запуштена и забулена.
    Пак ќе кажам, јас не би можела со муслиман, но туѓ став не судам.
     
    На Yowannty, crimson, aleksandra4444 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Можно е да претерав но сите примери јас што ги знам се такви, другарка на сопругата имаше исти ставови како претходната членка се омажи, функционираше еден месец по свадба како што мислеше и после заборави и на роднини и фамилија дека постојат а не да има свое јас.
    Мој став од примери кој ги знам.
     
    На Βικτωρία и LiliBoz им се допаѓа ова.
  8. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    Прво не сум во врска со муслиман. Не сакам да бидам, но не ги осудувам оние што се во такви врски или бракови.

    Второ, христијанките кои се во такви бракови не се на улица најдени. Ако муслиманот има право на такво изживување, тогаш и жената има. А жената има и потпора секако.

    Трето, не живееме во Саудиска Арабија, кај нас жената има права, а ако доволно си ги познава и ќе си ги брани. А маж муслиман сигурно бил свесен дека кога земал христијанка, работите нема да бидат по негово.

    Четврто, како што кажа членката погоре, многу ,,мажи’’ македончиња, христијанчиња полошо ги третираат своите жени.
     
    На aleksandra4444, Gosh, GrevMk и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Се е убаво вакакога е напишано, но многу поинаку е во пракса. Но не би навлегол повеќе.
     
    На Youknow, Stephen Amell, Dadusicka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Викторија не би била со дечко од друга вера зашто ќе треба да мења религија ама видете не и е проблем да мења јазик, со стикерче на грчки напишано, никнејм исто. Да не почнал случајно дечко ти да учи македонски? Ама не бе срцка ти ќе учиш грчки и ќе се прилагодуваш на него. Ама за други знаеш да кажуваш одма, а не се гледаш ти што правиш.
    Да не сме сфатиш погрешно, немам ништо против, баш убаво, ги сакам Грците ако они не не сакаат, тоа е само глупа политика што им ја диктираат, ама не е убаво да збориш за други, а да правиш исто па и бетер. ко што глеам девојчето нема некој стикер на Босански јазик, а ти имаш, може не верата ама јазикот и писмото им ги прифаќаш и ги пропагираш на македонски форум.
    @joy1 другарка ти живее ко принцеза ама затворена у палата, ниедни пари неможат да и ја платат слободата. Децата се сигурно со муслимански имиња и се е направено според нивните обичаи.
    Пак ќе кажам неам ништо против ниедна вера и не осудувам, ама немој да мислиш дека на другарка ти и е најубаво на свет, ужива у пари и се и тука и се и дечиња и се, ама... има ама...
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    незнам што значи затворена по твое?
    за шетање ,шета мн
    за дотерување се дотерува исто мн
    имињата ,да,муслимански се на децата
     
    На H.VAGA, Petar80 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    А што се битни имињата крај краева!? Пола Чаир Сара се вика...
     
    На piglet1, tessie, wannaBeMomma и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bankarkata

    Bankarkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2017
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Сама или само со придружба или мажот?
    Дали е забулена или пак си тера по нејзино?
    Шета само по трговски центри такаа? Да не иде по плажи и бич клубови у Дубаи?
     
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Така добила се што сакала ја затворила фамилијата нејзина за секогаш нели. Татко и мајкаи ќе се радуваат на Џевад и Хасан нели. Се добила она. И децата претпоставувам чекаат двајцата да пораснат и да си одберат вера нели
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Па, некој си прави филмови ама тоа не ќе да е девојчето (@srhsejbsk), туку ти.
    Ова додека го читав си добивам слика речиси ко за Македонка земена робинка од некој османлија во турско време, или во најмала рака ко да се работи за муслиман од најзатуцаните делови на Саудиска Арабија.
     
    На Luminary, srhsejbsk, Petar80 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.662
    Допаѓања:
    6.530
    Мислев дека никогаш нема да бидам со муслиман во врска, барем лично за себе си бев строго против иако никогаш не осудував други. Ама ете, како рекле, никогаш не вели никогаш, ми се случи и тоа. Живееме во иста населба, всушност сме биле и од иста улица, а никогаш пред тоа го немав видено. Јас дури пред да го најдам на фејсбук, не ни знаев дека е муслиман, имаше преубави зелени очи, и зборуваше почист македонски од мене. Кога го видов последниот пат пред да го додадам, се изгубив во неговата насмевка и колку ми беше сладок. Откако се распрашав за него, видов дека е турчин, само имаше македонско презиме и малку бев во збунка. Се видовме, го прашав за презимето, ми објасни што е и како е, ми се допадна што не ме излажа дека татко му е македонец или нешто слично, како што некои знаат да направат.

    Нејсе, тој е како и секој нормален дечко, пуши цигари, пие алкохол, јаде свинско. (еве, јас на пример не пијам алкохол и не јадам баш свинско, не знам и тоа зошто претставува толкав проблем) Мајка му е убава, образована и еманципирана жена, бизнисменка, со куп пријатели и пријателки. Дури и кога ќе му се јави на телефон, зборат на македонски. И да ви кажам искрено, до сега со него ми е подобро отколку со било кој друг македонец што сум била до сега. Ме сака, се грижи за мене, ме смее и ја има баш онаа неизвалкана, искрена љубов во очите секогаш кога ќе ме погледне. Знаете, кога сум со него важно ми е колку цврсто ќе ме прегрне и ќе направи да заборавам на сите проблеми, а не која е неговата религија.
     
    На kim.k, Ingvild, PiaMia и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.079
    Пол:
    Машки
    Па можно е да се филмови а можеби и реалност и вистина. Оправдувања си даваат само оние кој си се залажуваат дека тоа е ок.
     
    На elimkd, Bitter-Sweet и Dadusicka им се допаѓа ова.
  18. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Баш така ..ама
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.054
    Пол:
    Женски
    не не е забулена ама воопшто.
    плавуша е и тоа мн атратктивна.На плажа идат по месец дена во Грција секоја година.Шета по молови и тоа мн.Незнам зошто го замислувате него како плашило :)

    напротив млад бизнисмен од мн современо семејство е
     
    На Mari*, aleksandra4444, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    зашто они зборат за арачиново, не за дубаи
     
    На piglet1, Yowannty, mssuniquee и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.