Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rabid

    Rabid Нов член

    Се зачлени на:
    14 мај 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Sto vi e na vas be koj rekol deka menjaje vera? Toa nema nikakva vrska iskreno i jas mislam da smenam vera ako e potrebno da bidam so nea . Vie toa sto go gledate go gledate mnogu mnogu od daleku kaj mene doma nikoj nit e zabulen nit nisto a bogami ako nekjete nemoze nikoj so sila da ve natera . Baska ne sme 15 vek ama gledam vie tamu negde ste ostanale . Ako ona smenila vera ne znaci deka e so sila ... IQ -200
    Uspat ne znam segde mi e pisano spoeno amaa neso telefonov zaebava .
     
    Последна измена од модератор: 21 мај 2018
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.651
    Допаѓања:
    79.489
    Пол:
    Женски
    А што ти е тебе што си вака нервозен? :^)
     
    Последна измена од модератор: 21 мај 2018
  3. Rabid

    Rabid Нов член

    Се зачлени на:
    14 мај 2018
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Ne sum nervozen razocaran sum od toa sto se ne procitav kakvi se ne lugje pstoele . Kolku samo zasplepeni mozoci ima sto negledaat nisto podaleku od nosot a mislat deka se samo oni vo pravo . Gledanje so tugji oci ...
     
  4. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    @Rabid Ти ќе смениш вера за неа?
    Ти ќе читаш библија и ќе влезеш во црква?
    Дали ако бидеш приморан ќе се откажеш од фамилија?

    Ај ти се молам. Сите зборите вака, а на крај секогаш жените страдаат
    Едит: Ваквите врски башка се многу стресни и лоши и за фамилиите, не само за вас.
    Сте помислиле на нив? Како ова ќе се одрази во семејството?
     
    На Alisa22, Selest, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.115
    Допаѓања:
    88.070
    Пол:
    Женски
    Супер, сега се сакате,се криете,забранета љубов е најслатка итд...
    А кога реалноста ке чукне на врата.Брак,деца?!
    Децата кај муслиманите се секогаш муслимани!Така? Тоа во старт е непочитување на жената што ги родила,а е друга вера од мажот.
    Дали ти или твоето семејство ке ви дозволат Да се крстат во Црква и бидат православни?
    Тргни ги розевите наочари и прашај ги.
     
    На Tanjamm, Selest и Rama им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ова сѐ кажува. Од криење ништо арно не излегува. Што кога дознаат нејзините?
     
    На Tanjamm, Alisa22, Selest и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    1.449
    Пол:
    Женски
    @DAngel koga ke doznaat nejzinite ke se otkazat od nea. Ova ti e vec vidzena situacija.

    A sto koga tvoite ke slusnat deka taa e pravoslavna hristijanka.Si im kazal li @Rabid :^)?
    Ti ke smenis vera?! Ajde zrtvuvaj se de ili samo si vaka jak anonimno. Eve ako si prav maz uste pred i ja unistis doma vrskata so nejzinite (zosto mislam svesen si realno kako ke reagiraat) odi smeni vera i pretstavi se pred niv kako hristijanin:)

    I te molam ne se razocaruvaj ovde od toa kakvi lugje postojat zosto ova e samo edno virtuelno katce kade sto sekoj si ima pravo na svoe mislenje.Cuvaj si go razocaruvanjeto za toa sto tek ke sledi:hai:
     
    На Rama и DAngel им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Абе, љубов не се случува еднаш во животот па... ме разбирате што сакам да кажам. Особено личности под 25 години нека не се залетуваат.
     
    На Luciferovog zlo♧ и Rama им се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.486
    Допаѓања:
    55.059
    Пол:
    Женски
    Другар,да бидеме искрени,ниту еден муслиман кај нас не сменил вера за христијанка,баш обратно било секогаш.
    Не мора да се фрустрираш читајќи ја темава,ама за воља на вистината,не само на темава туку и општо надвор,знаеш дека ќе наидете на осудување и неприфаќање и дека нема да ви биде воопшто лесно,нели?
     
    На Tanjamm, Alisa22 и Selest им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Какви луѓе постојат :( сите имаме нешто против нивната љубов, а тие се свесни дека нема да успее и не смеат да кажат ни на своите дома, ама комшиите им се криви.
    Немам апсолутно ништо против врска со човек од различна вера, ама кога би им сметала верата на мојот избраник на моите родители, убаво би размислила каков живот ќе имам понатаму.
     
    На Selest и Rama им се допаѓа ова.
  11. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Јас познавам албанец кој ја смени верата( во христијанска), од чиста љубов, на почеток сите им се противеа ама подоцна откако се земаа и добија деца сите си легнаа на брашното и си се засакаа и почитуваат.
     
    На theowndemon, Luminary и Rama им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.486
    Допаѓања:
    55.059
    Пол:
    Женски
    Не знам тоа таму,јас си кажав дека не познавам никој муслиман да сменил вера за христијанка,а и сите други напишаа исто.
    Ме радува што имало и таков пример,не само обратно да биде ;)
     
    На Cinderfakinrella, mari_sa и Dadusicka им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.429
    Пол:
    Женски
    Де изначитав и ми се слоши,недочитав. Ете пробав да ср ставам во ситуација на поедини кои го имале проблемот ама многу се згрозив при помислатада треба да бакнам некој а тој да е од друга вера. Авал да ви е. А тоа што неколку пати прочитав дека ЉУБОВТА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ.... Ќе сватат тие кои биле во врска со некој од друга вера и раскинале - дека љубовта е пролазна работа. А штом е пролазна сепак може да познава граници.
     
    На Tanjamm, Плавуша123 и Luciferovog zlo♧ им се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    106.218
    Пол:
    Женски
    Има еден пар, прекрасен пар познат во мојов крај, македонец и турчинка, од деца се засакале, па им бранеа од дома, па се организираа цело друштво и избегаа ( мала бев тогаш ама се сеќавам топ тема беше ) и на крај таа ја смени верата и сега на близу 50 години уште шетаат за рака фатени а ако имаш чест да си на маса спроти нив во кафуле, ќе помислиш дека се тазе заљубени тинејџери.
    Љубовта не познава граници! Никакви!
     
    На makedonkamak, cresa-jagoda, WildMk и 15 други им се допаѓа ова.
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Мене една работа не ми е јасна зошто некого би приморувал да менува вера, ако ти го сакаш таков каков што е сметам дека верата нема врска со љубовта помеѓу двајцата. И ако се од различна вера тоа не ги спречува да бидат заедно, а тоа што ќе кажат комшиите или народот ич да не ви е гајле и да не се замарате. Јас познавам албанец кој зема македонка за жена и тој си одеше во џамија, а таа во црква и пак живеат сложно се сакаат и си ги почитуваат двете вери. Децата сами си одлучуваат во што ќе веруваат нема потреба да им се наметнува. Инаку сите кои сте запознале некој кој многу го сакате , а е од друга вера ја имате мојата поддршка. Доколку сметате дека тоа ве прави среќни, не дозволувајте никој да ви застане на патот на вашата среќа и љубов.
     
    На tessie, cresa-jagoda, WildMk и 13 други им се допаѓа ова.
  16. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    7.323
    Site SME razlicni po boja na kosa, oci, po stava, po obrazovanie, po karakter, po jazik, po poteklo, po vera idr.
    Vo kolku postoi ljubov vistinska, iskrena, chista, tie razliki ne se bitni. Zosto e bitna verata ako dvajca se sakaat? Zosto treba nekoj da menuva boja na oci ili vera namesto da se prifati sekoj so to a sto go nosi so sebe? Ako e dobrovolno menuvanjeto I e del Od evolucijata na lichnosta neka menuva sto saka.Obostranoto pocituvanje, kompromisi I ljubov se osnova za sreka. Dobrinata nema vera, identitet tuku dela. Ljubovta IMA edno lice - sreka.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Безброј луѓе биле и во врска со партнери од иста вера, националност, сè - и на крај раскинале. Дали треба да се грозат од помислата воопшто да бакнат некого после тоа...? :?: #прашањакоимемачат

    (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, WildMk, tessie и 10 други им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.429
    Пол:
    Женски
    . Јас зборувам за мене лично дека некој од друга вера не би можела да бакнам. Ни пред тоа ни после тоа ни после ниедна врска.... Никогаш
    све е то ок ама да се жртвуваш о бламираш со мисли дека љубовта не познава граници а уствар е пролазна е многу мизерно
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Го почитувам твоето мислење, но не знам која би била причината поради која не би сакала да бидеш во врска со некој од друга вера. Ете велиш дека не би бакнала некој од друга вера. А зошто доколку го засакаш, а не ти открие дека е од друга вера? И тој е од крв и месо како сите останати. Зарем би го оставила тој дечко поради тоа што е од друга вера? Искрено јас не би оставил девојка само поради тоа што е од друга вера, а сум ја засакал и ја почитувам таква каква што е. Навистина не ми е јасно поради која причина размислувате вака. :?:
     
    На cresa-jagoda, lunchy, marchi-cool и 3 други им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.429
    Пол:
    Женски
    прво јас сум многу тешка за заљубување а уште потешка за одљубување. Сум имала другари и другарки од други вери и сите се одлични личности но ете знаејќи не можам да се заљубам и да бидам со некој од друга вера. И нормално почитувам и друго мислење но љубовта е пролазна ствар не е од типот што не познава граници.
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.