1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Секој човек си е различен, сите парови не се исти, така да поима немам што би се случувало понатаму со вас, но од она што го имам слушано најчести проблеми се-Прифаќањето од родителите-ако ве подржуваат-плус за вас...Вера и имиња на деца, ако си сигурна дека нема да ти смета што на твоето дете ќе му прават сунет и ќе се вика пример Халид (претпоставувам ако се решите да биде муслиман) тогаш ок...Зависи до кај сте спремни да правите компромиси во име на љубовта...Многумина потклекнале пред овие работи, па затоа...
     
  2. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11


    Како што кажавте нечие лично искуство немора да значи дека ке биде и наше.На моето дете доколку се омажам јас за муслиман односно за личноста во која сум вљубена никој нема да му прави сунет и нема да има име Халид ниту пак било какво турско име.И двајцата сме свесни дека доколку сакаме нашата љубов да опстане треба да ги ставиме тие работи во втор план и да најдеме заеднички јазик како на пример(за ова имаме разговатано и тој беше тој што прв го изнесе ова мисље за кое јас се сложувам)имињата на децата нема да бидат турски ниту пак тие ке бидат муслимани поради тоа што тој не е од овде а прифати да живее овдека само поради нас(живее и работи успешна работа неколку години овдека)но би сакале да бидат запознаени и со двете религии.Компромисите мора да се оправат за тоа сме свесни и двајцата
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Мене ме интересира ако не бидат со муслиманска вера и имиња, дали ќе бидат христијани? Како што ти не сакаш, можеби и него би му сметало детето да му биде крстено во црква и да има наше име? Или тој се согласува? Или пак воопшто нема да им наметнувате вера и ќе носат странски имиња? Љубопитна сум... :)
     
  4. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11

    Негова желба е ако стапиме во брак и имаме деца тие да ја имаат мојата вера но исто така да бидат добро запознаени и со муслиманството како религија како и да се почитуваат и христијанските и муслиманските празници.А во врска со имињата половина и повеке од христијански деца носат странски имиња.
     
  5. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Но тоа го вели сега додека сте во врска, а кога ќе сте во брак? Можеби неговите ќе ми речат што има ние да им ставаме христијански имиња и да ги крстиме во црква или пак да не му правиме сунет. Сите муслимани се правени сунет сигурно и твојот дечко е правен па не верувам да се откаже од тоа неговото дете да нема сунет. Но од тоа што го прочитав нагоре ти си свесна за тоа и не сакаш да го изгубиш дечкото. Епа драга тогаш мораш да бидеш спремана на сите нивни обичаи. Оти ако сега вика е нема да биде вака туку ти како сакаш се лажеш навистина. Сега ти е дечко а утре маж. Позз
     
  6. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11


    Како што забележав Вие сте прочитале се што јас изнесов и споделив на што Ви благодарам.Мојата ајде така да казам приказна е малку поинаква.Погоре во напишаното кога читавте согурно забележавте дека изнесувам дека тој не е од овде и дека поради мене и поради нас сега живее овдека веќе неколку години и за ова време успеа да стане почитуван и ценет бизнисмен.Да тој сака неговото дете да има сунет но не сунет како што е обичај кај нив(сунетски свадби)туку онака како што и тој имал сунет а и многу современи муслимани,верувале или не католици,хиртијани-во медицински услови(знаци медицински процес изведен во болница).А во однос на неговите родители,тие долги години живееле со католици и ја поцитуваат секоја вера и не прават никакви проблеми.
     
  7. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    А добро не сте размислиле дека вашите деца може да се срамат од тие работи како христијански и муслимански празници, сунети итн ? Ако детето ја преферира христијанската вера и има другарчиња христијани ќе се срами од муслиманските обичаи кои мора да ги почитува а и обратно. :^)
     
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Фенси лејди нормално е да немаат сите исто мислење како тебе, чим си побарала мислење си требала да знаеш дека ќе следуваат и критики :)

    Инаку се надевам дека моето мислење ќе биде погрешно и дека ќе бидеш среќна.. Ни си прва ниту последна која има врска со човек од друга националност и вера.. Како тебе ги има многу и сум запознаена со темава многу добро. Овие ветувања и разни муабети се надевам дека нема да останат само до вашата венчавка (секако ако се одлучиш на тој чекор).. Едно би ти кажала.. Погоре спомна дека бил почитуван и ценет бизнисмен, значи немој под никој случај да се залетуваш по парите!!.. :!: Многу од нас се наивни и трчаат по таквите само затоа што они за разлика од нашите се расфрлаат со пари, можеби затоа што не знаат колку е тешко да се спечалат со мака и пот. Второ, тој може да ти ветува се и сешто, а на крајот да испадне сосем друго. Дали твоите и неговите се запознаени со ситуацијата ?!.. И нели мислиш дека меѓу две вери МОРА да се одлучи за една, МОРА детето некаде да се крсти.. Ајде за името не зборам, може да се најде нешто, не е толку страшно. Ова е комплицирана ситуација кога се решава ваква врска да премине во брак.. Ќе ти кажам еден пример на една девојка.. Имаше еден дечко од друга вера, се гледаа често, по извесно време имаа и односи. На почетокот се залета по тоа што е доста богат и неговата фамилија има доста пари што може да го купи цело Скопје и сите нас со се партали. И купуваше се што ќе посака, но дојде и оној момент кога таа остана бремена!.. Се случи грешка.. Не и дозволи да абортира, било против Господ и мораше да ја земе.. Таа плачеше го проколнуваше, наеднаш по толку криење за нејзината врска сите дознаа!! И покрај ветувањата и "бајките" кои тој и ги кажуваше, таа веќе неколку години шета со шамија, детето и е крстено со муслиманско име, по вера е мусилман, националност албанец итн.. А што е најбитно, никој од нејзината фамилија не сака да ја види.. Значи да не зборам повеќе, памет во глава, пази што правиш, не се залетувај.. Можеш да си најдеш и подобар, согласно со сите работи кои те опкружуваат.. Па да си облечеш бел фустан, да си правиш свадба во црква, да се гордеат на тебе.. Да се вее Македонско знаме и да се слуша македонска музика.. Изборот е твој, само немој да бидеш себична гледај малку и другите околу тебе да се среќни..

    П.С. Не сум националист, ниту дискриминирам одредени вери и нации.. Сите ги почитувам, бидејќи сите сме луѓе добро не баш сите :rofl: од крв и месо, но се додека станува збор за пријателство е океј, имам многу пријатели од други вери и нации и одлично се сложувам со нив, само за врски и бракови мислам дека не е тоа тоа, а особено за брак... Среќно !
     
    На drugarka, Spell и fancylady им се допаѓа ова.
  9. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Тебе љубовта те заслепила и што и да ти каже некоја од феминките за тебе е неприфатливо. Само со среќа понатаму и не верерувај во се што ти кажува. И мене дечко ми ветуваше дека нема да ме накарува да се исповедувам( тој е католкик а јас православна), ама сега кога ми го става прстенот на рака зборува друго.
     
  10. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11

    Воопшто не се чувствувам заслепена,доколку беше така јас немаше на овој форум да ја пласирам мојата приказна,мојот проблем и да дискитирам за истите.Јас само се обидувам со помош на Вашите ценети мислења и искуства да дојдам до правата одлука и да го насочам мојот живот онака како што е правилно.Но признавам и е видливо дека со многу од феминките за одредени работи на оваа тема не делиме исти мисења.Јас го почитувам сечие миелење но не можам исто така да го изоставам моето.
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    До кога религијата ке биде ставана пред личноста аман?

    Па после да не бил човек атеист и да не ги сметал закоравените религиозни фанатици за...благо кажано - смотани.
    Битно бе да е иста вера, па макар бил и сериски убиец. Пссс што има врска? За еден живот ли ке се циганчиме? Битно поп ке има на погребот а не оџа или обратно. Тоа е најбитното! 8)
    Убаво се вели: Ништо не е погрешно ако те прави среќен.
    Најмалку некоја си измислица за одреден господа на кој личноста треба да се клања... :^)
    Мање битно дали ке носиш баклава во џамија или зејтин во црква, ако и на двајцата партнери не им е битно што се од различни религии, тогаш за другите не треба да ги боли лепата позадина ама баш ич! ;)
    И се` додека се става акцент и се придава важност на “табу“ темата “Вера и националност“, вистинските животни радости нема да може да бидат искусени поради тој “проблем“ и лаењето на другите од страна.
     
    На N.Kety, Dgirlll, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не мора Ани. Јас сум дете од мешан брак и до ден денес не сум одлучена каде припаѓам верски - не сум крстена. Тој избор ќе го направам ако некогаш сметам дека треба да го направам ;)

    Све фино што ја советувате вака или онака. Моето мислење е дека мешан брак носи проблеми, но носи и поголема одговорност од страна на двајцата. Многу голема одговорност
    Со секоја почит девојки али се додека не соберете по некоја годинка повеќе животно искуство, немојте ве молам со толкава сигурност да советувате.

    Ни јас не сум паметна. Ама едно знам, можеби нејзината желба не е да има типична македонска свадба, можеби не сака да биде во бело сака да биде во лилјаково, можеби не сака да и биде крстено детето, можеби не ни сака да живее понатаму во Македонија. Можеби еден ден ќе биде дел од огромна европска метропола каде што за среќа на овие национални или верски разлики не се гледа како на неизлечлива болест во споредба со Балканот. Можеби. Па тогаш кои сме ние да и кажуваме what's wrong and what's right?
    Правилната одлука е само онаа која што ќе ти донесе среќа и квалитетен живот. А и таа никој не знае дали ја прави во моментот кога го прифаќа прстенчето под влијание на серотонин и други хормончичи.

    Така да, ете тоа би ја советувала - да не се советува на форум, затоа што на крајот и самата си знае што е најдобро за неа. Ние тоа нема да и го кажеме :)
     
    На firequeenn, Dgirlll, nena2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11

    Срдечно Ви благодарам на Вашето мислење и го ценам истото.Само морам да напоменам дека тој и јас сме заедно многу пред да постане ценет и почитуван бизнисмен,значи едноставно кажано во време кога тој буквално немаше ништо.Но ете денес таа материјална состојба се подобри но мене и нему нисто не ни измени во однос на емоциите.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.201
    Пол:
    Женски
    И јас уште не можам да разберам за што бараш мислење :) Се сакате, сте збореле за децата, он живее тука поради тебе и што е проблемот воопшто?
     
  15. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Епа еве доби доста мислења и која е твојата права одлука? Арно ти рече Ани ако копнееш некогаш за невеста да бидеш да се венчаш во црква и да имаш права Македонска свадба со оро и македонска музика тоа не верувам дека ќе го имаш со него. А само ме интересира дали знајат твоите дома за таа врска, како реагират?
     
  16. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
    Не сум тип кој сака традиционална венчавка.Отсекогаш венчавката сум ја замислувала поинаку од начинот кој е типичен за мојот крај на живеење.
    Да знаат и тие како секој родител се загрижени за ОПШТЕСТВОТО не за поединецот,зошто и самите се уверија во личноста со која сум.
    Отсекогаш сум ја ставала личноста пред предрасудите и нормите зошто мислам дека личноста може да те направи или не направи среќна.Мегутоа се плашам како што забележа од нормите,од самото општество.

    Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
     
  17. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Епа тогаш :bow: за храброста што ја имаш да бидеш со муслиман. :hai: :hai:
     
  18. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    јас лично немам ништо против да се има момче од друга вера. но Такво ни е општеството - заебано ;) ако момчето не е од твоја вера ама е да речеме од Германија, па има принцеза да те направат и никој нема да рече “оди со муслиман“, туку ке речат “абе оди со Германец она“ |( Таков е менталитетот и сфаќањето. 100 години поназад сме и дискриминирачки настроени. Јас не сум одела со некој од друга вера и не планирам, ама мислам дека во тоа нема ништо лошо. Се додека постои меѓусебното разбирање и љубовта јас ја оправдувам оваа врска. НО ако не биде криена од народот. Да, јас сум против врска со момче/девојче од друга вера ако вашата љубов ја криете, мислите на тоа што ке казел народот и слично. Но би ви се восхитувала ако излезете заедно, фатени за рака, без да ви е гајле што ке рече народот. Тоа е храброст и Голема љубов. Ако се криете додека сте во во врска кога ке бидете во брак нема да мозете. А криењето лично мене ми изгледа како потценување на личноста, срамење од нешто.

    фенси, ако твоите родители те подрзуваат во тоа, се сакате, постои разбирање и спремност на ГОЛЕМИ компромиси и препреки, слободно. да си зивеете најдобро и ич да не ви чуе што ке речат другите. Со него имаш шанса подеднакво (мозе и поголема, ти си го знаес) да си срекна, како со некој од наша вера.


    Со среќа, и пиши ни што ке направишв :*
     
    На Dgirlll, nena2010, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Е, Наташа, извини, ама не можеш да гледаш така на работите. Друга вера си е друга вера, кај нас муслиманите се повеќе застапени, па и знаеме заради кои причини се гледаат со такви очи. И католиците се ,,друга вера,, и протестантите, и будистите... Ама ако пише некоја дека дечко и е будист, не верувам дека ќе добие толку бурна реакција.

    Тука доаѓаме до проблемот наречен балкански менталитет. Нит некој го решил, нит па ќе го реши во наредниве 50 години. Викајте дека сме оупен мајндед, и софистицирани и вакви и накви, такви сме некои добри 10%. Другите, уште се под турско влијание.

    Друго што сакав да ти кажам е дека ќе те сфатев во осудата, ако и ти самата не го правеше истото. Немој да ме сфатиш погрешно, баш ми е мило за вас двајцата, нека ви е со среќа. Но исто како зајакот кога му рекол на магарето - имаш долги уши. Вереникот е од друга вера и буквално те ТЕРА да се исповедаш и да почнеш да живееш како католик. Уште еднаш ти се извинувам, не сум нешто посебно религиозна, но мојот дечко да е од друга вера и да проба да го направи истото, ќе избегам колку што ме држат нозете.

    Пак ќе речам, не заради тоа што сум голем верник, туку заради НАМЕТНУВАЊЕТО на неговото мислење врз моето. Ќе се запрашам, а верувам дека и ти ќе се запрашаш, ако денес ти ја наметнува неговата вера, што и не е мала работа ако си побожна, што ќе ми наметне утре ?? Зошто тој да не стане православен м? Ако беше муслиман, дали ќе беше сега со марама и ќе се клањаше ?? Треба малку да си ги промозгаш работите, оти сега опа иха, хихи хаха, ќе помине и свадба и се, него заедно ќе треба семејство да гледате, деца да растете.

    Ти си знаеш, не е мое да се мешам, него ме изреволтира тоа што муслиманите се посебно осудени. А уствари не ни ги судиме муслиманите, туку сите знаеме кого и што судиме. Епа и тие не се сите злобни, лоши, а мајке ми, не се ни муслимани сите. ;)
     
    На bittersweet, LivingGlam, sesilija и 2 други им се допаѓа ова.
  20. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Јас сакам само да и речам дека нема да е исто сега кога се дечко и девојка и кога ке се маж и жена. А од католик до муслиманин има многу разлика. Католиците во Македонија слават исти празници како и нас, одат во црква, се крстат во црква буквално се е исто само што тие се исповедуват а ние не (устварни не сите) Епа сега мене вереникот ми рече дека убаво било да се исповедам тој не ме накарува буквално ама прво воопшто и не спомнуваше а сега да. Значи не е исто како што било. Сега тој ќе ми е маж, а ане дечко.
    А да и ти би се усудила ли да одаш со муслиман?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.