1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Ех на форумов као сите одобруваат и се супер вакви врски а во реалност тие што се во ваква врска се кријат и се плашат да не ги дознаат значи и сами се свесни дека не е во ред зошто да се кријам ако не правам ништо погрешно.
     
    На Herrera, buba4e89 и Cinnamon Bun им се допаѓа ова.
  2. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Точно дека тие први што викаат дека одобруваат и немаат против се први што осудуваат. Ама таков лицемерен народ сме. За се во мк има стигма. Зошто друга вера, зошто детето вака, зошто онака, па ако не е зошто муслиман ќе биде зошто е католик, па ако немаат деца до 30 години па зошто чекаат, па зошто едно па зошто две ако немале пари абе свашта. Во други земји од 16 години идат да живеат сами и да се грижат за себе, не па родителите да им се мешаат у изборот, тука премн сите си даваме моќ да збориме за други што и како. До тој/таа што ја отвориле темава прави што те прави среќен/а, твоите секако ќе ти најдат замерка и иста вера да се пак нешо нема да им одговара, живеј за себе и за тоа што те прави среќен/а, ако го разбира и тој/таа тоа тогаш се прави за тебе ако не најди некој што ќе живее за себе исто не за комшиите. На крајот од денот само и тоа е важно.
     
    На Damata so marama, teressa, VoodooGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Апсолутно сум за. Религијата е личен избор на секого. Љубовта подразбира прифаќање на другиот. Вклучувајќи ги и неговите избори. Маж ми мисли дека не ми стои црвена боја на коса. Ќе ме поддржи ако одлучам да се фарбам? 100 % да. Затоа што јас така сакам и тој ме сака и сака да сум среќна, дури и ако не се согласува со мене. Немојте да ми кажете дека примеров не е соодветен затоа што двајца може сосема да ја практикуваат својата религија без да му наштетат на другиот. Едниот ќе оди во црква, другиот во џамија. Заедно ќе вапцаат јајца и ќе прават баклава. Едниот ќе пости за Велигден, другиот за Бајрам. Децата ќе ги запознаат двете религии, кон која ќе се чувствуваат понаклонети таа нека ја практикуваат. Кога настанува проблем наводно поради религија во врска не настанува проблем заради религија туку заради потребата на едниот партнер да наметне свои ставови и контрола врз другиот партнер. Љубовта значи апсолутно прифаќање и неменување се дури не ти прави штета. Ова не може да ти прави штета. Друго, ако ги замешате семејствата секако дека проблемот се зголемува за 10 пати. Да семејство е, но ако семејството не е освестено, што ќе правиш ќе одиш со изборот на семејството иако знаеш дека е погрешен? Ние остануваме да живееме со нашите партнери и деца, не со нашите родители и браќа/сестри. Конкретно за исламот и христијанството. Двете религии учат дека се молиме на ист Бог. Ако Бог е еден зошто да ти пречи тоа што партнерот е од друга религија? Ако Бог е толку милостив и толку многу не сака, дали мислите дека би казнил еден толку многу посветен верник само затоа што практикувал погрешни ритуали? Ако Бог е апсолутна љубов тој е над ритуалите. Многу повеќе ќе бидеме наградени ако успееме да сакаме друго човечко суштество толку многу, одколку тоа дали палиме свеќа или одиме во џамија. И двете религии ја имаат молитвата. Тоа е моментот кога ти самиот таков каков што си се откриваш пред Бог. Тоа е многу моќна и искрена конекција со Бог. И двете религии ја имаат. И не само тие две туку и сите други. Се' останато е его војна. Мојата религија е подобра од твојата. Во превод, јас сум подобар од тебе. Сакајте се. Сите му се молиме на истиот Бог.
     
    На theowndemon, ~Allure~, teressa и 10 други им се допаѓа ова.
  4. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.265
    Не успеват таквите врски. Редок случај има каде што успеале.
    Иако ни на крај памет не ми паднало ниту размислував за иднина со чупе од друга вера,сепак настанаја големи проблеми од моја страна а од нејзина страна не знаеа дека ќеркаму оди со христијанин. И реално,никогаш нема да сменам вера ради друга особа ниту сум посакувал некогаш и никогаш не ни помислив да барам однеа да се одречи од нејзина вера. Дур се одеше се одеше,кога не дознаја крај и тое то. Ова беше мој случај.
     
  5. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Прочитај го мислењето на @Mantub .
    Врска со некој од друга вера не подразбира промена на својата.

    Јас сум христијанка. Не дека сум верник ама сум крштевана, вапцам јајца за Велигден и кршам лебче на Бадник.
    Ама ако сум во брак со некој од друга вера, никогаш не би конвертирала кон истата. Веќе еднаш ми била наметната религија, нема пак да дозволам да се случи тоа.
     
    На buba4e89, Ena05, Mrs. Lovett и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум во таква врска и не се кријам.Ниту пак планирам.Чим сум одлучила тоа е мое право никој нема повеќе моќ над мојата одлука од мене.

    И да дополнам нема зошто да менам вера? Зошто би менувала вера жити се? Јас сум христијанка и така и ќе остане до крајот на мојот живот.Ќе си ја почитувам мојата религија тој својата и тоа е тоа.Бог е еден за сите.
     
    Последна измена од модератор: 9 ноември 2019
    На CameliaMiller, Damata so marama, teressa и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Се кријат пошо се свесни дека секакви луѓе постојат на светов и дека можат да им наштетат. Пример, има девојки кои се во врска со дечко од друга религија ама во моментот немаат услови да се осамостојат и да живеат заедно и да се финански независни и се кријат затоа што постојат родители што ќе си го искршат детето од ќотег ако дознаат дека оди со некој од друга религија. Аман немој да правиш овде психоанализи као подсвесно знаеле дека не е во ред, едноставно е, некои луѓе се паметни и темпираат со време и со услови.
     
    На Blackandwhite123, thequeen95, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  8. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.265
    Нормално,но доколку се сложат двете страни да стапат во брак,нели попот не ги венчава ?
     
  9. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Не мора да ме венча ако не сака.
     
    На AAKG, Cinnamon Bun и Mantub им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Може да се стапи во брак бидејќи бракот е институција што се основа во матично. А таму никој не те прашува што си
     
    На CameliaMiller, MamaYette, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски

    Значи ептен ми праи ќеиф кога ќе прочитам вакво нешто и дека некој ја знае вистинската дефиниција за љубов. А тоа е прифаќање на другиот во целост и поддржување. Браво!!
     
    На Blackandwhite123, teressa, piglet1 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Да те подучам што е родителска љубов пошо очигледно не знаеш.
    Родителска љубов значи родителот да го сака и прифаќа детето бескрајно. Дали ќе одлучи друга религија да биде, дали ќе е геј, дали ќе се исфарба зелено во косата, тетоважа дали ќе стави и тако даље и тако даље. Детето кога ќе излезе надвор и кога ќе му е лошо, родителите треба да му бидат безбедно место, комфорна зона кај што секогаш ќе биде сакано и секогаш ќе може да се врати. А ова ти што го кажуваш е класика што ја прават 90 посто од балканските родители, а се нарекува просто и едноставно " наметнување чувство на вина" Извини али детето нема обавеза да го прилагодува својот живот на бедните и заостанати мислења на фамилијата. Како ќе се одрази на семејството леле, па кога ќе се разболат, вие не разболевте, за вас работиме цел живот, за вас умревме. Додека луѓето не научат што значи да се има дете, не треба да имаат деца. Чувството на вина е едно од најмоќното оружје што го користат родителите и секогаш е заради себични причини. Ај не ја ширете више оваа болест. Родителите се они што треба да се секираат како нивната неподдршка ќе се одрази врз здравјето и среќата на нивното дете. Родителите се задолжени за добросостојбата на децата, а не обратно. Децата немаат обврска да се грижат за родителите, родителите се луѓе што сами се грижат за себе. Каков товар е тоа. Каква мајка би била јас кога на ќерка ми би и рекла немој да се заљубуваш во некој од друга религија само за јас да не си го нарушувам внатрешниот мир? Знаеш каква? Никаква. Срамно би било да се наречам мајка. Ќерка ми нема обврска да се грижи за мене и мојот внатрешен мир. Немој да пишете вакви работи пошо луѓето животот го живеат несреќно заради вакви размислувања насекаде околу нас. Никој не е должен на својот грб да го носи товарот за доброто на другите луѓе. Освен родителите, пошо они одлучиле дека сакаат да го носат тој товар за своето дете. Ако ти неможеш сама да се грижиш за себе, ондак не раѓај дете и не очекувај тоа дете да се грижи за тебе. Ти ако си толку голем верник тогаш треба да знаеш дека ти само си го родила детето а Бог е тој кој му дал живот. Која си ти да диктираш каков живот треба да живее? Сакај си го детето такво какво што е и биди благодарна што имаш дете кое се заљубило во некој од друга религија. Многу мајки се' би дале да се на твое место. Пошо си голем верник и многу се секираш, запрашај се, може Бог ти ја тестира твојата родителска функција со која те благословил. Ако е така, ондак со наметнување чувство на вина, ти гарантирам дека обавезно паѓаш на тестот.
     
    Последна измена: 9 ноември 2019
    На Blackandwhite123, CameliaMiller, thequeen95 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски

    Ма од збор до збор преубаво кажано. Значи ретко и да има фамилија која вината не се префрла на децата. Најчесто и најмоќно оружје зс држење на децата потчинети. И после зошто се несреќни. Мислам дека немаше ни да најдам подобри зборови за да го опишам ова. Децата треба да сс среќни без разлика на се. Може да се во брак од иста вера, а да се несреќни и малтретирани и не постои правила за тоа. Па коа им одговара ние сме родители до 18 години коа не им одговара им се прави тешко умирале ради децата, а уствари ќе пукнат од муки ако децата не живеат по нивни замисли. Не ги интересира што е тоа децата што го сакаат него наметнуваат тоа што тие самите го сакаат. А такви луѓе и светот да им го поклониш и се да праиш по нивни ќеиф нема да се благодарни, па која вера сака нека е некој.

    ЕДИТ: и морам да додадам дека во скандинавскине земји родителите ги оставаат во дом затоа што не е обврска на детето да се грижи за родителот, а со тоа да си го уништува својот живот. А кај нас се наметнува вина за цел живот, па и ќе починат ама ќе те оставаат со таа вина. Само да немаш спокој. Тоа не е родител.
     
    Последна измена: 9 ноември 2019
    На Cinnamon Bun, Luminary, piksooki и 3 други им се допаѓа ова.
  14. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Викате, осудувате, и на крај како членката погоре се заљубувате во некој од друга вера. Па после следува нов бран на нови членови кои ќе ве осудуваат вас и така ќе си вртиме круг.
    Друго, семејството ќе се откажело, извинете ама заедно со мајка ви и татко ви не умирате. Ама секој знае како му е најдобро.
    Трето и јас сум во таква врска, и не се кријам и не ми е гајле кој што зборува. Ете жива сум, мајка ми не е задоволна ама не се откажа (најверојатно поради некои причини), со татко ми не зборам воопшто уште пред да сум во врска.
    Врската ни опстанува еве петта година, не е дека немаме проблеми (од околината што не ни се ни фамилија) ама ете опстанавме. И за овие пет години можам да кажам дека ниту еднаш сме немале разговор за религија, нит па јас сум во план да му кажам да менува вера. Тоа си е лично негово право и мене тоа не ме интересира. Сакам само да имаме врска исполнета со среќа. Нека трае додека трае, доволно е што јас се чувствувам среќна со него и што имаме меѓусебно разбирање и почит.
     
    На CameliaMiller, LITIUM, mira.mira и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Ма нема врска религијата верувај ми. Народов ќе најде нешто, па повеќе заработуваш од него или он од тебе, па поубава си не треба да си со него и мал милион работи. Народот е поган. Се селиме и по европа и таму уништуваме. Имам во фамилија роднина кој е верен со католикиња и не живеат тука. Прво беше различна вера се не знам шо, па после зошо не се зимале, па сега зошо биле толку долго верени, а не се зимале ќе се оставеле ради тоа шо едниот од нив бил пообразован абе што да ти кажам да не седнеш со фамилија на маса. Ќе најдат милион работи само да уништат нечија среќа. Жално ама господ дава деца на погрешни луѓе, а некои се молат за истите.
     
    Последна измена: 9 ноември 2019
    На Lady Maria, Cinnamon Bun, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Родителот има право да се вмеша во животот да детето (поточно да му помогне да се врати на вистински пат) само ако тоа прави нешто лошо за себе. Партнер од друга религија не му го загрозува здравјето на детето ниту го уназадува, доколку се работи за среќа и љубов.
     
    На CameliaMiller, thequeen95, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Ма јас не знам се' им смета, во светон со авиони и со не знам кучиња се венчаат (не велам дека е тоа исправно), па никој од нас не е безгрешен и скроз чист пред бога за да судиме други за изборот на живот. Јас разбираМ да се посочи и искритукува нешто што е погрешни со кое му се наштетува на некој друг, да се помогне на дете ви секое време. Ама луѓе што се во среќна врска да ги осудувуваш зошо со тоа здравјето на родителот ќе се уништи од непознати причини... АПСУРД.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Мене едно ми боде очи у муабетиве.
    Што побогу толку е битно името на детето дал ќе е вакво и такво...
    Тие двајца од различна вера, ама голем проблем какво име ќе стават.
    Какво сакаат, некое тринаесето ќе најдат... еве јас сим христијанка ама не ми е битно дали името го има во православното календарче или не. Битно ми е да ми се свиѓа мене.
    За венчавка.. истат пред поп или оџа не го прави бракот подобар или по лош.. тој ќе е ист и само да се потпишат пред матичар.
    Се чудите како ќе слават празници, а и самите славите велигден и валентајн и халувин...
    А што ако е некој атеист?
     
    На thequeen95, Damata so marama, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Денес им ставаат амерички имиња на децава и имиња што не знаеш дали е машко или женско па ќе кажуваат проблем биле имињата. Има универзални. Проблем им е туѓата среќа.
     
    На candy.cane, Cinnamon Bun, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Абе и на кучиња почнаа да даваат човечки имиња, да не знаеш во парк по кого вика.
    Ама не, ете мора да се праша, а тоа име какво е? Православно ли е?
    Ете од што толку знаат и се удираат у гради за верата, толку ги знаат имињата и нивното значење.
    Исто име, исто значење ама на различен јазик, односно во превод. Ама многу битно какво е, христијанско ил муслиманско.
    Мене лично некои имиња повеќе ми се свиѓаат во муслимански превод.
     
    На Blackandwhite123, candy.cane и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.