Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Како ли не сум ја приметила темава... ајде да си го кажам сопственото искуство и да пробам да дадам совет за сите идни напатени парови по ова прашање. Бев во врска што траеше две години, христијанка и муслиман беше приказната. Бевме деца ама од старт ни беше јасно дека во нашето општество, со (за жал) се уште конзервативниот момент декориран со рекла-казала особините, нема да ја бива врската, освен ако ние не ја заштитиме од околината. Е опстана две години (и уште неколку месеци повремено гледање после раскинувањето) само зашто многу се сакавме и се потрудивме да не дозволиме околината да ни влијае. Неговите знаеја и немаа проблем со тоа, ама он не ги ни прашуваше. Моите не знаеја зашто знаев дека ќе ми прават проблеми па знаеја за некој дечко со друго име и презиме :lol: Друштвата наши знаеја и од време на време добивав дебилни прашања од типот: како е да си со муслиман и тоа стварно ме вадеше од такт. Како може да биде, шарено е|( Раскинавме од други причини, не поврзани со религијата/етничкото потекло и до денес се сретнуваме и сме во добри односи и добивам почит како првиот ден. Слободно можам да кажам дека тоа е најдобрата врска во која сум била и горда сум на сите кажани лаги кои овозможија да се оствари и да потрае две години.
    За жал, општеството не можете да го смените и не можете да го натерате да ги надмине разликите. Ама ве молам, аман, 21ви век е, ние сме нови генерации, дај да излеземе од тие глупави стереотипи и поделби и стигматизации на мешани парови. Прифатете ја не само нашата држава, туку целиот свет како заедница на многу народи и религии кои се еднакво вредни како вас и не треба да бидат понижени и отфрлени. Каква врска има воопшто која религија е партнерот ако ве сака и ве почитува? Борете се за врските и браковите ако сметате дека партнерот е вистинскиот за вас. Не дозволувајте општеството да ве уништи и да ве заплаши, ако треба и сменете си ја верата, не е ништо страшно. Дајте и шанса на љубовта и таа ќе ги победи сите поделби!
     
    На Limpan, WildMk, Scorpiongirl12 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.418
    Пол:
    Женски
    јас лично не сум за врска со некој од друга вера ама почитувам прифаќам и не се мешам во други одлуки. Не осудувам,кој како си избрал нека си живее
     
    На *Amethyst* и AAKG им се допаѓа ова.
  3. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    7.323
    Jas ne sum za vrska so kockar, pijanica, impotenten, patoloshki lazgo, zenkar, narkoman no ljubovta ne bira.Ednostavno se zaljubuvas I tolku.Posle takva vrska ke nauchis lekcija I koga ke sretnes takov chovek ke begas da ne se zaljubis. Razlicna vera e najdobroto nesto od site prethodni nabroeni za edna vrska. Primitivizam e bilo kakvo etiketiranje na lugjeto, vklucuvajki go I prethodno napisanoto. Koga nekoj ljubi moze so se da se spravi dodeka ljubi I se chuvstvuva da e ljuben.
     
    На Amelia, Izaabella, thequeen95 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bezobraznata

    Bezobraznata Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Епа вака јас сум нова на форумов,и претходно се имам изјаснувано во други теми во врска со ова и ја имам раскажано мојата приказна,но овој пат сакам појасна да бидам
    Да точно и јас сум во врскс со муслиман,многу се сакаме,во врска сме скоро 5месеци,врскатс ни е топ.
    Проблем нормално ни е религијата/верата,на почетокот се криевме од сите за мое добро да не се дознае и да не имам проблеми со моите дома,но ниедна тајна не останува вечна,по 1месец врска се се дозна,прво моите школски,а потоа и родителите . Мајка ми ја прифати врската,него го засака колку мене во добри односи се тој и мајка ми но... татко ми не прифати,кога дозна првиот пат само ме предупреди да нд одам со него,се си беше ок.Фториот пат кога дозна дека уште сум во врска со него,ми го зема телл,за малку не ме истепа...многу ми беше тешко:(јас без него неможам да живеам.еве сега татко ми знае дека не сум во врска со него но го лажам сеуште сме заедно:|но прашање е до кога вака...;(
    И мене не ми е лесно со родителите,секој ден со кавги,татко пијаница,ми забранува да се дружам со кој јас сакам,ми забранува да излегувам и ако излезам најкасно можам до 20:00h и веднаш дома да се нацртам,неможам да го живеам животот како сите мои врсници,едвај чекам да наполнам 18г и да се тргнам некако од нив зошто тије ми го уништија животот:(
    А кога сме веќе кај врската муслиман-христијанка,јас лично ја почитувам зошто знам како е тоа,го имам осетено на своја кожа,нормално сите би рекле дека не ја поддржуваат таа врска,тоа е така зошто не знаат како е да се сакате со некој а врската да не ви биде одобрена од другите
    Кога веќе морате да се откажете од некого поради религијата,многу е тешко особено ако таа личност е единствена што може да ве насмее,да биде покрај вас кога ви е најтешко,принудени сте да ја изгубите таа личност што како неа ретко можете да запознаете друга таква личност во животот
    Многу е тешко верувајте ми:|
     
    На WildMk и Xana1318 им се допаѓа ова.
  5. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не сум судела на никој, нема ни тебе. Но ќе нагласам дека сè уште си дете и треба убаво да размислиш на сè, особено додека е краток период. Прво, предност имаш што мајка ти го прифатила, тоа мене би ми била најважната поддршка. Како е вашата врска прифатена од неговите и која е неговата поврзаност со родителите? Знам дека е рано да се размислува, но доколку во иднина биде посериозна врската треба да си разговараш со него да не ти се наметнуваат обичаи и религија, секако доколку не сакаш, односно дечкото треба да биде на твоја страна доколку дојде тоа до прашање. Реалноста е таа што речиси секогаш има пречки од страна на родителите, и доколку стварно се сакате треба и двајцата да не паднете под туѓо влијание.
     
    На Petar80, Stache, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Зависи што ви се приоритети во животот, што ви е најважно. Дали се декларирате како христијанка или он како муслиман, ќе се венчате во црква или во џамија. еден од вас ќе ја смени ли верата, како од духовната сфера ќе ги возпитувате децата и...Секам сеуште сте релативно млади, ама пред тоа да стане посериозно треба добро да размилите за овие прашања.
     
    На Bezobraznata, Xana1318 и Martka им се допаѓа ова.
  7. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    @turist Кога е во прашање љубов, нема потреба од декларации и менување вера.
    Не мора да се венчаат во верски објект, доволно е на матичар.
    Децата ќе ги воспитуваат дека сите луѓе на свет се исти и ќе растат без предрасуди. Ќе слават и Велигден и Бајрам. Ќе се остави на нив да изберат на која ќе припаѓаат.
    Ќе имаат интернационални имиња.
    @Bezobraznata Рано ти е за да мислиш на ова, многу си млада веројатно и дечкото ти е горе доле тука со годините.
    Полесно е твоите да прифатат кога ќе бидеш постара.
     
    На Limpan, j.anna, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Штом се декларирате како христијанка (незнам како е кај муслиманите) не е доволно пред матичар за тол брак да биде прифатен и благословен од Бог. Во тој случај не сте христијанка. Многу се покомплицирани нештата отколку што мислите. Важно е да се пронајдете, кои сте, што сте, вистински, вашиот целосен идентитет, за да можете да донесета правилни одлуки.
     
    На Bezobraznata и Martka им се допаѓа ова.
  9. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Ние правиме комплицирани работи со мислење дека некој нема да биде благословен од Бог. Реалноста е дека тој и ист за сите нас.
     
    На Limpan, j.anna, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Кренав раце јас, шо ќе објаснуваш.
    Не вреди.
     
    На buba4e89, Xana1318, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    На кој темел (факт) ја градиме таа реалност?
     
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Абе искрено гајле ми е дали е точно или не.
     
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Извини однапред, ти го кажувам ова за твое добро, а не за да те навредам, ама ти имаш многу поголем проблем од фактот дека дечко ти е муслиман. Прво, треба да разговараш со мајка ти и да видите што ќе се случува со татко ти. Постојат установи за алкохоличари и психолози и терапии што може да го излечат од зависноста. Второ, овие забрани што ги спомнуваш, не се нормални за девојче на твоја возраст (не кажа колку години имаш ама чим имаш дечко, претпоставувам дека веќе си во средно). Значи мора да разговарате и тоа да го надминете, зашто верувај, ретко кој од нас се иселува на 18 год, освен ако имаат твоите друг стан да ти понудат и веднаш најдеш работа со плата доволна да се издржуваш сама. Уште потешко ќе ти станува да живееш во таква атмосфера, со текот на годините. И крајна работа, за врската - размисли кои ти се приоритетите во животот, религијата или врската. Дали си подготвена да се бориш за врската и дали дечкото е подготвен да го направи истото? Во тој случај, вреди и борбата и лагите пред твоите родители и стереотипите со кои ќе се соочувате, љубовта ќе победи.
     
    На buba4e89, Petar80, Bezobraznata и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Blazkowicz

    Blazkowicz Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    Искрено, сеуште не можам да сфатам како во денешно време верата претставува пречка за лубов/врска. Но, сепак, знам дека сеуште има конзервативни родители и конзервативни погледи кај нас.

    Пред татко ти можеш да имаш свој аргумент и да му објасниш дека мрзата кон религии или одредени националности не води никаде. Дека напротив, тие врски се супер и преку нив се разбива бариерата. Нормално треба убаво да си го аргументираш.

    Второ, сакам да ти ги отворам малку очите и да подразмислиш - дали сметаш дека на твоја возраст (рече дека си под 18 години) размислуваш разумно. Појди од тоа дали ова ти е прва озбилна врска. Обично на првите озбилни врски повеќето од нас на таа возраст се "залетуваат".

    Јас на пример на 16/17 годинишна возраст не можев да живеам без Playstation-от и уличната кошарка. А ти за на таа возраст збориш дека не можеш да живееш без дечко. Prove me wrong.

    Некогаш родителите прават глупи постапки бидејќи сметаат дека со тоа не заштитуваат. Биди искрена со татко ти и со твоите, објасни дека сеуште идеш со тој тип. Објасни му дека го сакаш типот

    Поентата на ова мислење ми е дека имаш уште многу пред тебе и најдобро е објективно да си ги подразмислиш твоите постапки.

    Да се навратам на темата. Ова можеш да го решиш само со дискусија, претпоставувам дека ти се расправаш со татко ти кога му го објаснуваш ова. Тоа само го иретира дополнително. :)

    Се надевам ќе успееш да си ја одржиш врската, ако стварно ви е толку убава како што си објансни.
     
    На Izaabella, Bezobraznata, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Супер мајка имаш ,она може да е со алкохоличар ама што е битно што трауми ради него доживувате битно не е друга вера. :drunk: Тажно еј тажно што попрво би прифатиле врска со насилник алкохоличар , наркоман отколку со некои од друга вера , само толку имам да кажам за тие верници без мозок.
     
    На Limpan, j.anna, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  16. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Може да биде проблем ако правилно се дефинира зборот верник или принципи на верата , во случајот христијанка. Ако тоа искрено се анализира што значи и кои се принципите за да некој се декларира како христијанин токаш многу јасно ќе се видат проблемите. Ако површно се декларира како христијанин, само по име, без принципи, нема никаков проблем, тогаш христијанка е само формално, а не суштински. Инаку дали е вчерашно време, денешно или утрешно Бог не се менува. Бог е истиот вчера, денес и утре. Клучните христијански принципи не зависат од времето.
     
    На Bezobraznata и Nightwish11 им се допаѓа ова.
  17. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Познавам многу христијански парови што не се венчале во црква, а на документ се христијани.
    Тоа е личен избор, дали ќе се венчаш во црква/џамија или не, ништо друго.

    Еве и јас сум христијанка, тоа ми е наметнато од родителите, и тоа нема да се промени, а дали сум верник или не, тоа е личен избор, и дали ќе се венчам во црква или не, исто е мој личен избор и на партнерот.
     
    На WildMk, DojaCat и Bezobraznata им се допаѓа ова.
  18. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    Што ја напаѓаш девојката? Она нема таков став
     
    На buba4e89 и Bezobraznata им се допаѓа ова.
  19. Blazkowicz

    Blazkowicz Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Машки
    ОК, можеби јас имам таков поглед бидејќи сум агностик по убедување. Но да, во право си има доста верници и тоа може да претставува проблем за нив.

    Go figure! Инаку, сум имам искуство, каде што бивша ме "нападнато" затоа што и кажав дека ја не би се венчал во црква. Наводно без тоа бракот бил неважечки. Свашта!
     
    На thequeen95 и Bezobraznata им се допаѓа ова.
  20. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    ОМГ сериозно те нападна дека ако не се венчаш во црква, бракот е навежечки???
    Ќе се убијам..
     
    На thequeen95 и Bezobraznata им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.