Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Мене ме интересира на какви проблеми од општеството мислиш? Па не сте убијци вратени од затвор, па да ве загрижува дали некој ќе ве вработи, дали некој ќе ве дружи...Проблемите колку што знам најчесто се јавуваат измеѓу партнерите и нивните најблиски, а вие сте со тоа начисто, па не би требало да има проблем, освен ако за таков не го сметате оговарањето...
     
  2. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11


    Работата ја имаме и двајцата и многу добро сме обезбедени и двајцата на материјано поле за кое патем морам да напоменам не ни е многу важно зошто самите дојдовме до одлицна материјана состојба,кога се запознавме буквално немавме ништо,посебно тој но денес како што претходно кажав тој е ценет и почитуван бизнисмен.Кога зборувам на општеството мислам на луѓето и нивните сваќања,на тоа дека оваа работа кај нас за разлика од други држави е невообичаена,зборувам за нашиот менталитет какој во голем дел остро го осудува ова,згорувам за строгите граници кој овдека се поставени.
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Па не сме толку закоравени колку што изгледаме :D За оговарање си оговараме, но така ако гледаш нема брачен пар кој не е оговаран за нешто, тоа не треба да те плаши :D Проблеми не правиме, нема да палиме крстови или сл. пред вашиот двор или да маваме со јајца, така да...од нас народот Македонски си слободна... ;) Така ли друштво?
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Наташа, извини ама колку навистина ги познаваш католиците? Хм? ;)

    Не сакам да ти ги расипувам илузиите но и јас можам да ти кажувам од лично искуство за илјадници најпогани и најгнасни практики на некои од католиците, па ти повторно развивај теории тука на невидено. А верувај не зборувам на празно, за жал не :x

    Поентата ќе ја повторам, не можете да давате сигурни совети во стилот - сигурно ќе биде вака или онака кога
    а) речиси да немате поим како е бидејќи младост лудост не е и старост искуство а девојкава има 29 години колку што забележав
    б) доколку размислувате онака како што размислувате и не прифаќате дека некој друг - во случајов Фенси има можеби сосема поинаква замисла за заеднички брачен живот од онаа која ја имате вие.

    На тие -наесет години, а не сакам притоа никого да омаловажам но едноставно тоа е факт, и јас сум си мислела дека Тарзан и е маж на Билјарката и дека јас еден ден ќе го мужам Леонардо ди Каприо. Младост, лудост како што кажав. Штотуку излезена од пелени не ни имав поим што се носи бракот а уште помалку во тоа време би се осудила ако ништо друго од почит, да давам совети на некој кој е за деценија постар од мене.
    Некои работи не се ко муабет за новата маскара од Лореал или новиот спот на Лејди Гага :(

    Фенси не се прашувај и не полемизирај повеќе како ќе биде прифатена твојата врска од општеството - гледаш и на форумот, секако ;) Се додека не те боли левата задница за тоа кој што си мисли, живеј си среќно и весело. Другите нема да го живеат и онака твојот живот, само ти го можеш тоа.
     
    На Dgirlll, nena2010, fancylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11


    Ох па Ви Благодарам на разбирањето и љубезноста,полсено ми е ....
    Воопшто не е во тоа проблемот,секој е слободен да прави што сака а кога почнав да пишувам знаев дека нема никој да ме мава со јајца или прави она другото нели во цивилизација живееме .... пишувам зата што ајде со мојата врска да кажеме ќе се случи што ќе се случи но живееме во таква средина кому секому би можело да му се случи да има ваков проблем
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  6. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Мислам дека доволно. Барем во Струмица католиците се како нас. Исто слават Божик И Велигден. Се е исто а во Италија тие одат во Православната црква што е бидејки таму му е цело друштво а и има црква на Македонски јазик.
     
  7. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11
    ОВА Е ДЕЛ ОД ПОРАКА ШТО ЈА ДОБИВ И НА КОЈА СУМ БЛАГОДАРНА ---Разлистај малку на форумот и види дали Босанки,Албанки,Турчинки истото го прават како што и ти.Не, затоа што тие си држат до нивната религија.Погледни само колку се подржуваат меѓу себе. Кај нив е скоро незамисливо и многу ретко да се омажат за христијанин за разлика од христијанките----
    МНОГУ БИ САКАЛА ДЕВОЈКИТЕ МУСЛИМАНКИ ЧЛЕНКИ НА ФОРУМОТ И ГИ ЗАМОЛУВАМ ИСТИТЕ ДА ГО ИСКАЖАТ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ ВО ВРСКА СО ОВА И ТЕМАВА.
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975

    Не си ми јасна, ни мене, а па гледам, ни на другите. Значи не ми е намерата да те напаѓам, ама сама себеси се напаѓаш и побиваш. Еве ти ги постовите, прочитај и сама.

    Зошто бе, да биде поинаку кога и е маж ?? Бракот е чисто озаконување на врската, колку да се пробиваат полесно низ општеството. Па нема да ја купи како животно, само ќе станат официјални пред државата. По кој основ станува поинаку ? И во врска не треба да се лаже, изневерува, треба да се почитува и сака партнерот. ЗОШТО да се смени ставот во брак ?? Мене тоа ми е многу незрело, и ме потсеќа на, ,,ти ги симнав сите ѕвезди, сега со месечината по глава.,, :D

    Ако си вистински верник, тогаш треба да си застанеш зад твојата религија и да ја одбраниш. Исповедувањето не е православен обичај (барем не на истиот начин) и е исто како да стануваш петпати на ден и му се клањаш на Алах. Различна религија си е различна религија. Муслимани, будисти, католици, се ти е тоа различно и никој не може да ме убеди дека е исто. Ако било исто немало да се делиме. АКО било исто, немало црквите да ни имаат скроз различен распоред.


    Дали јас би се усудила ?? Хм, имам обичај да речам никогаш не вели никогаш во животот. Бидејќи иднината си ја гледам многу далеку од тука, сакам да бидам што е можно потолерантна спрема сите. Не знаеш каде ќе те однесе животот. Попрво би се осудила (их ова осудила, како да ќе отепувам човек) да бидам со муслиман кој ме сака, почитува и цени, отколку со православен христијанин кој ме тепа и третира како животно.

    Јас барам човек меѓу луѓето, затоа што не секој верник е човек, и не секој човек е верник.
    ;)

    п.с. Да не ме сфатиш погрешно, ако тебе ти е океј однесувањето на вереникот, мене ми е уште поокеј. Ти си го живееш твоето, јас моето. Само имаме различни приоритети на речиси иста возраст. :)
     
    На fancylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Doozy јас мислам дека не е исто кога си дечко и девојка и кога си маж и жена. Барем сега тоа го сватив кога веќе сум на прагот за мажење. Јас само велам дека мене би ми пречело да бидам со некој муслиман само заради тоа што тие се поразлични од нас во обичаи.
    Е баш убаво си напишала и јас ќе го напишав тоа ако не бев верена бидејќи за кратко време сватив дека не исто да си Жена во разлика од девојка. Позз :)
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Повеќето дискусии околу религииве имаат елементарни непознавања на истите и трудејќи се да одбраниме најлиберално демек една најлесно звучи да плукаме по друга ова некоја нова мода селективна либералност ќе да е. И во секоја една религија има извитоперености и изопачености на поедини лица поединци значи со ЕМБ што не ја чини сликата на целата религија. Во секој случај темава не е про и контра за било која религија, а и повеќето дискусии во секој случај се такви како еднонасочно ќор сокаче. Кој сфати ок, кој не нека му служи на квази либералната чест на мислата.
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Нормално е да не биде исто, се осамостојуваш, формираш свое семејство ама битните работи не би требало да се менуваат само заради прстенот, потполно се сложувам со тоа што го напишала Doozy.
    Неможе само заради прстенот да ми наметнува своја вера, тоа пред да се прифати прстенот треба да се дискутира и секој да си каже што и како сака, каде би се направил компромис а каде не.
    А тоа дека католиците се исти и одат во Православни цркви, ме изнасмеа искрено да ти кажам, значи освен што и тие и ние сме христијани другото се е поинаку.
    Јас сум мажена за католик, пред да се земеме ги истанчивме работите, тој не менува вера за на мене да ми удоволи да се венчаме во црква(да се венчаш во црква дали православна или католичка и двајцата треба да бидете иста вера)ама затоа ми препушта на мене духовното воспитување на децата односно да бидаат децата православни.
    Така е кога си рамноправна во врската а после и во бракот, кога не си зависна од мажот а кога си зависна во секој поглед кога ќе ти рече да скокаш само прашуваш колку високо
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Мојот вереник е од Мак ама живее во Италија и јас реков дека тие одат во православна црква иаку се католици само заради тоа што таму кај што се има православна црква на Македонски јазик, а и сите нивни пријатели се собираат таму скоро секоја Недела. А прочитај понагоре и ќе видеш дека се дискутира за муслиманството а не за католизмот ;) Ама еве пак ќе речам има разлика помегу муслиманството и католизмот. Девојката се плаше како ке биде прифатена од општеството, а јас за разлика од неа не се плашам бидејки јас одам и ке одам во црква и од утре ќе имам маж христијанин. Позз
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    ^А, бе, океј е, секој со своето мислење. Ако тебе ти е убаво, и нас ни е убаво. Ако си среќна, исполнета и сакана, тогаш верата е најмал проблем, според мене. Банално е да пропуштиш убави можности заради тоа. :)

    И со среќа утре! :D
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе до кога со оваа омраза и осудување кон врски помеѓу македонка и муслиман. Навистина не можам и не сакам да сватам, што е тоа толку што ве ограничило во вашите мозочиња да мислите дека муслиманите генерално земени се најлошите створења на светот. Не само на оваа тема, туку и на слични се изначитав муабети од типот, " нема да се венчаш во црква', или " детето нема да ти е крстено, туку сунет ќе му прават". Друг па напишал дека мирно спие зашто е мажена за католик и иде во црква, и не се плаши како таа што ќе се омажи за муслиман. Зошто бе луѓе сте толку огорчени. Една вели дека можело тоа да се контролира. Да, симпатија можеш да контролирш, љубов не. Од вакви и случни размислувања ми иде да си одам од оваа Македонија. Сите викаме дека сме проевропски настроени, а всушност сме останале векови наназад. Тргнувам од себе. Христијанка, не по мој избор, наметната ми е верата зашто како бебе ме крстиле. Дали одам во црква редовно, НЕ. Не дека не ја почитувам, едноставно не е ме влече. Дали од секогаш сум сакала да имам венчавка во црква? Не. Сум сонувала да имам убав брак и љубов од мојот животен сопатник. Дали сум отворена да научам нови обичаи, да си го збогатам мојот живот. ДА. Нема да ми е тешко ни проблем, ако се омажам за човек од друга вера да ги почитувам нивните обичаи, нивните празници, затоа што за мене празници се кога целата фамилија е на куп. Дали е за Велигден, Божиќ, Рамазам или Курбан Бајрам не е битно. И баклава ќе направам и јајца ќе вапцам. За почит кон двете религии. Друго сунетот. Знаете ли вие дека се повеќе момци македонци се сунетисани?? Ама тоа не е битно, било од здравствени причини. И што го право поразличен неговиот пенис христијански сунетисан на клиника, од оној пенис муслимански сунетисан со обичај?? Ах, да. И кај Евреите, и Протестантите, Баптистите се обрежуваат машките деца. А види види, Протестантите и Баптистите се Католици и одат во црква.

    А за девојката што го објави овде нејзиниот проблем можам само да и кажам да си го тера животот со оној кој го сака. И ич уво да не ја боли кој што ќе рече. Зашто такви сме ние македончиња, све гледаме и коментираме, само дома не си ги гледаме работите.
     
    На tessie, N.Kety, kristijana88 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Никој тука не вели дека муслиманите се вакви или онакви, и тоа што се зборува за сунет, имиња, цркви или џамии, конкретно за мене ми беше прашањето дали таа е начисто со сите работи што можеби ќе се појават како проблем во нејзиниот брак...А тие работи се реални и постојат, многумина мислеле дека ќе ги надминат но не успеале, што апсолутно не значи дека ќе биде и кај нив така, но кога веќе прашува, кој слушнал или знае од искуство, негово е да си каже...
    И никој не вели дека ние што сме во брак од иста вера ни цветаат ружи, не ги мешајте работите, но кога сме веќе кај вера, дека сме во предност-сме, не зборувам за друго туку чисто барем тие проблеми не ни стојат на глава...Крај краева, секој со своето, и онака прашањето на фенсилејди не беше дали да биде со него, таа е решена и сигурна во себе и нејзиниот избраник, туку како ние гледаме на тоа, нашиот став...па ете и одговори...
     
    На eli25 и nena2010 им се допаѓа ова.
  16. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    До фенсилејди, велиш дека ја имаш подршката од твоите најблиски, тогаш не те разбирам зошто се замараш со општеството, на општеството не му е гајле како ти е тебе, на твоите најблиски му е гајле.

    Да се надоврзам за дискусијата за децата. Вчера на Опра гледав емисија за едно 6 годишно дете, кое 4-5 месеци беше изложено на физичко и психичко малтретирање од своите родители, не сакате да знаете што претрпе. Секој ден има деца кои што умираат, од глад, од домашно насилство и сл. Има секакви психопати кои што не заслужуваат да имаат деца, на тие деца не му е гајле што се, дали се сунет правени, како се викаат, тие деца сакаат родители кои што ќе се грижат за нив, тие деца сакаат да не мора секој ден да шетаат по контињерите и да бараат храна. Малце забегав од темата, ама сакав да кажам дека битно е децата да имаат родители кои се сакаат и почитуваат и кои ги сакаат нив, а не дали биле сунте правени, дали в цкрва или в џамија да одат.
     
    На fancylady и nena2010 им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Токму тоа сакав да кажам. Зашто да се има проблеми??? Зашто да се има притисоци?? Според мене религиите и верите не неаправиле ништо друго освен раскол меѓу луѓето, и плодна почва за разввање на омраза. Наместо да се гледа човекот како индивидуа со сите свои доблести и мани, се делат на Православни, католици, Будисти, Муслимани. А кога ќе видиш сите сме исти, две раце, две нозе, две очи две уши една уста и еден нос. Жално, навистина жално!
     
    На tessie, kristijana88, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11

    Не можев да останам рамнодушна на ова па морав да го напишам следново.Пријателката ми е омажена и има две мали дечиња.Сопругот нејзин од кога стапија во брак до ден денешен нема ниту еден работен ден.Тој не е вработен ниту пак се занимава со нешто како би носел финансии во куќата и како домакин и маж би ја гледал својата фамилија.Зошто го пишувам ова сигурно се прашувате?ЛИЧНОСТА ПРЕД СЕ,еве еден голем доказ.Мажот на мојата пријателка со неговата постапка не ја почитува како жена пред се,како припадник на понежниот пол,па после како негова жена и како мајка на неговите деца.И што дека тој е христијанин(кој не е воопшто отишол во црква ни за големите христијански празници) кога тој вака ги поставил работите и ваков живот и ''овозможува'' на мојата пријателка.Живее жената од позајмици разни,барај пари за ова,за она.Таа цело време работи.Го роди првото дете и после еден месец почна да работи,работеше и се уште работи и ноќни смени.А тој изиграва мајка по дома ја заменува пријателката,демек посветен е на децата.Каде се сега нормите,принципите?А што е со ова? Каков таков живот важно шаблонот не го кршиме нели?
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mimche.B

    Mimche.B Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    13
    ........Неам искуство од вакви работи али ако стварно се сакате НЕМОЈ ДА ГО ИЗГУБИШ ... зашо коа ќе најдеш некој од твоја вера немора да значи дека ќе имаш совршен живот. Значи ако се сакате не дозволувајте други да ви судат.. Поздрав :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Муслиманка се омажила со муслиман, овој во бракот се сменил, ја навредувал, ја малтретирал, не смеела од дома да мрдне. И? Такви примери има во секаков брак, без разлика од која вера е. Работата е колку една личност е религиозна и како гледа на тоа. Ти ако сметаш дека е во ред е во ред, јас не сметам дека е во ред и овие пример како некој христијанин си ја малтретирал жена му нема да го сменат тоа.
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.