1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11


    Меѓу другото овдека ајде нека е и работата кој колку е религиозен и како гледа на тоа.Но текстот и приказната се споделени во смисла што ако си со муслиман,христијанин,будист или што и да е каква и религија да е кога тој нема да те почитува,како што Вие спомнавте малтретира,кога нема да ви овозможи брак каков што треба.Најмалку текстот е напишан во слисла да смени нечие мислење.Едноставно се дискутира и разменуваат мислења.Мислам дека треба да се остави простор за отворена дискусија на темава.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    А каква е таа отворена дискусија? Дискусија си е дискусија, секој има право да даде мислење :)
    Ти постави проблем, ама не одговори на ниедно прашање, ја вртиш работата во круг само.
    Еве те прашувам, ќе живеете тука или во странство?
     
  3. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11


    Вие знаете на каква дискусија мислам.Оваа е отворена дискусија кога сите си го искажуваат своето мислење но остаават простор за понатамошна дискусија.
    Доколку Вие сте читале погоре во моите текстови ќе сте забележеале каде живееме.Напоменато е веќе како што е одговорено од моја страна на секое поставено прашање.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Знам каде живеете, те прашав каде ќе живеете. Има разлика дали ќе продолжите да живеете тука, или ќе живеете во странство, па затоа и те прашувам.
     
  5. fancylady

    fancylady Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    11

    Како што прочитавте тој живее,се пресели тука и има своја успешна работа тука исто како и јас и не се ни размислувало да се живее на друго место освен овдека и токму поради ова е напишан овој проблем и е побарано од моја страна мислење и искуства од останатите,овдека не е иста средината самиот менталитет е поразличен од менталитетот во останатите држави.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Добро тогаш :) Инаку, штом сте веќе долго заедно, ништо нема да се смени ни кога ќе сте во брак, во однос на луѓето. Оние што ве оговарале до сега, ќе си зборат и понатаму. Па не е ко од вчера да си со него па да не знаеш какви ќе бидат реакциите на луѓето.
     
  7. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Не можев а да не искоментирам дека разглабате тешки филозофии околу религиите, а се тропаат бесмислици од типот, католиците се исповедуваат, православните не |( Може таа пракса не е толку распространета меѓу православните ама и кај православните се препорачува да си ги исповедаат гревовите. За да коментирате нешто такво, прво треба да сте добро информирани, не?
    П.С. извинете на офф топик.
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^ Не газглаба тука никој тешки филозофии околу религии, не го дискутираме Куранот или Библијата, и според мене конкретно за овој проблем кој не прашува што е Христијанство или Муслиманство, нивно детално толкување, туку бара мислење и став, доволно е да имаш општо познавање, или искуство-свое или туѓо...
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Кога веќе се даваат причини за непродолжување на врска или уште посериозно несклучување на брак, мислам дека тоа што се пишува колку толку треба да се провери, а не само да се лупа безвезе.
     
  10. angelovi

    angelovi Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    devojce takvo momce tebe ne te zasluzuva!ke go zenele za druga?!ti se molam?toj ne te saka kako sto go sakas ti!premnogu si mlada i za brak a i da gubis po nekoj koj ne zasluzuva ni da mislis na nego,kamoli da go sakas.pocni si odnovo i bez nego :)
    tuka postoi samo edo resenie:RAZVOD!nikoj ne zasluzuva da bide maltretiran.
    [mod-kirilica:usqjp8ma][/mod-kirilica:usqjp8ma]
     
  11. Element

    Element Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    14
    Несакам да навредувам никој на форумов :)
    Читав што имате пишувано и ќе ви кажам дека тоа се само стари муслимански обичаи.
    Кои стварно ретко се применуваат денес..
    И јас учев во школо во кое бевме 50-50 со нив.. (албанци)
    и ќе ви кажам дека сите тие девојки кои носат шамија оние кои се цели забулени..
    тие се оние баш покварените девојки кај нив..
    кои пред нас глумат дека се наивни, невини дека ги почитуваат сите нивни обичаи
    Не! воопшто не е така!
    Со свои очи имам видено девојка цела забулена на која одвај и се гледаат очите како позади школо се мува со некој дечко кој убаво фино ја држеше за гз со едната рака, а другата му беше под мантилот.
    Неможев да си верувам на своите очи.
    Дали уште мислите дека ги почитуваат тие нивни обичаи?
    Барем ние девојките од нашата вера можеби носиме доста кратка облека и отворени блузи..
    Но барем знаеме какви сме.
    Сите муслимани за нас имаат исто мислење.. дека нашите родители не се грижат доволно за нас, затоа се облакаме така..мислат дека нема девојки од нашата вера кои се поштени и прибрани..
    Кога бев на гиноколог еднаш со мајка ми.. додека јас чекав во ходникот дојде девојче муслиманка со мајка и.. океј е нели сите одиме за различни потреби..
    али бидејќи мајка ми е пријателка со докторот коа влеговме докторот спомна дека девојчето дошло за чистење.. мн. се зачудив дури не ми веруваше бидејќи имав исто мислење како вас дека тие немаат активен сексуален живот, дека несмеат да имаат дечко и сл.
    Додека кај машките кои ги гледате во автобус кои се понашаат така кажано како животни, кои само гледаат нешто да ти префрлат да ти кажат, да се степаат, оние кои урлаат у автобус се дерат испуштаат различни звуци и сл.
    Мислите дека тие луѓе се навистина такви? :D Не! ние ги гледаме само такви...
    Тие дома несмеат да кренат глас повеќе од нивните родители, несмеат да кренат рака над нивните родители, тие работат уште од мали со свои раце го печалат лебот, затоа што се научени да ги поштуваат, да поштуваат постари..
    Затоа ние не сме! Ние викаме над нашите родители, се караме, жалиме за ситници, мн од нас заради караници не дошле понекогаш дома, доаѓаме касно дома, доаѓаме повеќето пијани, ретко кој од нас работи и тоа со завршен факултет лежиме дома!
    Ние мн. се разликуваме од нив, тие би работеле се што ќе им се пружи ( би миеле коли, би работеле на пазар, би продавале патики и сл.) мислите ли дека некое машко од нашата вера би работело нешто од ова? СЕ разбира Не! зашо да работи кога мама и тато се тука и кога он може до 30 год. да седи дома да лежи како инвалид.. и едно незнам како само може да им бара пари за излагање..со какво лице!
    Се ова изгледа навистина смешно.. Но за жал навистина такви сме..
    И јас имав дечко албанец одев со него 2 години! не се скаравме ни еднаш! никој неможе да поверува во тоа но стварно е така... ни еден ден не бевме скарани.. се каравме да.. но откако ке завршеше караницата секогаш си велевме дека тоа беа глупости и дека ние се сакаме.. тоа најмногу траеше пола саат.. Јас не криев од моите дека имам дечко албанец.. но ниту пак им кажав.. оставив само така 2 години поминаа но моите ништо не дознаа.. Одев кај него дома..секој ден се гледавме.. се запознавнав со неговиот брат..со неговата мајка ..жена која е муслиманка, која не е забулдена, жена која има 40 и нешто години..се носеше во тесни фармерки и туника.. ме прифати исто како нејзина керка..самата ни викаше кога е ладно да не излагаме надвор да седиме кај нив..знаеше се за мене и каде живеам и што учам и дека не сум нивна вера.. Дури и пред мене му викаше на него да не ме повреди, да не ме искористи..му викаше понашај се со неа како што се понашаш со мене..Кога ќе му се јавеше на тел. секогаш ме бараше да ме слушне и мене и ми викаше вратете се порано дома, не му давај да седи до касно..
    Жена која ми викаше за својот син дозволиму да ти јаде од раце, а не ти на него! Ми велеше научи го да те цени, да не те гази..Мислите ли дека некоја мајка ке го рече ова за нејзиниот син? не верувајте, жената му викаше ако ја сакаш чувај ја..работи за да издржуваш и да ја земеш за жена утре..
    Дечкото стварно ме сакаше отиде во германија да работи 1 година ми рече дека кога ќе се врати сака да ме земе за жена, ми рече не ме заборавај ги оставам моите за да те имам тебе, не оди со друг зашо кога ке се вратам се ке имаш..
    Но откако отиде он за пола година и нешто јас го заборавив него веќе не осекав исто за него..го сакав уште но оладиа моите чуства на некој начин.. тогаш јас несакав да го повредам него.. го оставив..
    Неговата мајка ми викаше дека има луѓе кои уште ги почитуваат обичаите, но тие биле мн малку..и веќе тие застарени обичаи изумираат, дека и они се веќе така кажано модерни луѓе и им дозволуваат сами да си изберат жена..
    Но има и такви машки кои ќе идат со вас ќе бидат добри ќе прават се за вас се додека не го добијат она што го сакаат..прво добро проценете.. оставете подолго време пред да направите нешто за кое утре ќе залите, секој човек за подолг период си го покажува своето лице :)
    Мојот случај е 1:100 !
    Не велам дека муслиманите не се против нашата вера.. 90% се..но сепак не се како порано, не се замотуваат веќе сите, и не им договараат бракови они..
    Нешто што неможе да успее се гледа од самиот почеток, тогаш не вреди да се борите, не вреди да патите и да сакате некој со кого не можете да бидете.. Мислам дека премногу брзаат повеќето луѓе оставете животот да ве води.. не брзајте толку да бидете во брак има време за тоа секогаш верувајте.. но нема да има време пак да излезете со пријателите, да се напиете кафе, да поминете уште една убава вечер..
    17 год. е премногу рано.. имав 2 другарки мои кои уште во средно школо се омажија и една од нив уште на матурата беше бремена..и тоа македонки беа и двете..затоа размислете 10 пати пред да направите едно нешто.. :) :)
     
    На Mari1992, kristijana88, Shana и 4 други им се допаѓа ова.
  12. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Многу деликатна ситуација.Се расплакав кога ја прочитав твојата приказна.ЗОШТО луѓето не сфатат дека сите сме едно,сите НЕ СОЗДАЛ ИСТИ БОГ :worried: .
    Кога станува збор за вистинска љубов,верувам дека може да опстане.Сурова е реалноста,да,но што има врска?Прашај го ако толку те сака,еве на пример нека се одрече од верата и од тој договрен брак,штом се сакате мора да направите некој голем компромис за да останете заедно.Знам колку ми беше тешко кога се борев за една љубов,а таа љубов ми ја уништија други ;( заљубеното срце најмногу страда.Многу сакам да ги отстранам ваквите предрасуди во општеството?Па нели љубовта незнае за граници?Жално што сите се прават вака цивилизирани,а никој не се потрудил сите да бидеме едно.Навистина жално.Ти посакувам многу среќа девојче,затоа што ќе ти треба,знам дека е тешко изводливо но мој совет е бори се до крај.Од срце ти посакувам да бидеш среќна и да си останеш со љубовта на твојот живот :inlove:
     
    На kristijana88 и Element им се допаѓа ова.
  13. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    64
    Леле НЕМООЈ.. Гадно ќе наебеш, верувај.. Од искуство ти кажувам.. Остај го што побрзо, ако сеуште сте заедно.. !
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не гледам ништо лошо во врска во којашто има обострана почит и разбирање. Доколку сакаме некого поради тоа што е, а не поради тоа што сакаме да биде, нема причина за ограничувања. Затоа сум против мењање на вера за да му удоволиме на партнерот.

    Како и да е, факт е дека на овие простори, луѓе кои се свесни за вистинското значење на овие разлики се многу малку, па затоа и се ваквите успешни бракови исклучок а не правило. Верата не е проблемот тука, туку погрешното гледање на работите.

    Друг фактор за успех на ваква врска е местото на религијата во животот на партнерите. Доколку е на високо место, може да претставува проблем, на пример доколку некој сака религиозна венчавка или пак едноставно е човек како мене, кој сака во недела да си оди со сопругот до црква и да запали свеќи. Тоа ми е еден многу убав, хармоничен и интимен чин во којшто сакам да учествува и човекот со кого ќе делам се' (до крајот на животот, се надевам).

    Но, тоа сум сепак, јас и никогаш не сум осудувала личности што имаат врска со луѓе од друга вера затоа што, ако религијата е единствениот “проблем“, не знам што има тука да се суди? Никому тоа не би му го забранила, ниту на сопственото дете. Шансите да биде непочитувана и малтретирана од христијан или муслиман се еднакви затоа што се раѓаме исти, ко шо рече Нена со две уши, две очи, еден нос...Доколку ја сака и е доволно силен да ја заштити од евентуалните напади од другите и да и' дава љубов и поддршка, па како син ќе го прифатам. Зашто да не, ако ми е добар со детето, има ли подобар подарок за една мајка од тоа?

    Е сега, како што разбрав, единствениот проблем на fancylady е средината и озборувањата...Па живееш тука душо, треба да ти е јасно дека на нас, оговарањето е најмоќно и најпродуктивно средство за комуникација, последица на превише слободно време. Ризикуваме нашата манџа да преврие, за туѓата да ја довардиме :D. Оговарање ќе има во секој случај, кој и да ти е маж, ако нема разлики меѓу вас и е добра прилика, ќе викаат види ја мустра, се намести, којзнае колку го тинтрала дур да ја земе, ако нешто не им чини, пак ќе зборат, не можеш на луѓето никогаш да им погодиш. Башка, ако ти пречи евентуално да не ти мрчат тебе, едноставно постави си граници до каде може да тера муабетот и крај.

    Така да fancy, се надевам дека ќе имате преубава врска и здравје брак и не се замарајте со она кое се шушка надвор. Она што се случува дома е најважното.
     
    На piksooki, Shana, NATALIJA89 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Секој има право да си живее како што мисли дека треба и како што му е убаво,јас ги почитувам сите мислења и за и против, но земете во предвид дека не е секогаш прашање верата, општеството, семјството и сл. Ако разгледаме уште еднаш околу нас ќе видиме дека и ние христијаните сакаме да е некој како нас па и муслиманите, а не земаме предвид значи за обичаите колку ги правиме и колку навистина ние сме религиозни за да сме против една таква мешана врска или брак. Сепак против овие врски мое мислење е дека се нашите родители/повозрасните. На пример и моите се против вакво нешто јас размислував малку и видов дека моите дома нити eден обичај не го прават како што треба нити пaк постат за поголемите празници, а замислете им смета ако на пр. јас имам дечко муслиман(немам, само пр)не знам зошто.
    Друго, односот меѓу мешаниот пар, зошто би биле против кога дали некој е Македонец или Албанец не прави разлика кога и од едни од др може да не навредуваат, да се случи семејно насилство итн или пак спротивно да се согласуваме одлично. Не е важно каква националоност е нашиот партнер кога нема да се согласуваме и сакаме, а тоа дали некој е ваков или таков постарите не ги интересира само да е Македонец :^)
    За општеството сепак мислам дека како ќе се поставиме спрема луѓето така и ќе се однесуваат спрема нас.На пр зборуваат дека ете таа била Македонка а тој пак Албанец/Турчин, а дали тоа нас лично секој има храброст да го каже дека не чини мислам дека не.
    Девојки и момци не мислете на разликите мислете на тоа колку вашиот партнер ве почитува, колку ве сака, што може да направи за вас дали му е важно дали ќе прекинете или не ако постојат верски и национални нееднаквости.
    Јас немам ништо против ваквите врски па зошто да не и бракови, ако на партнерите тоа им одговара и дури би ги охрабрила ако се работи за чисти искрени чуства и намери нема што да се мисли. Поверојатно е да најдеме некој што не ни одговара отколку што ни одговара, а зошто да не се спротивставиме ако сме сигурни па тоа и да им сметало на родителите, па и ние сакаме да имаме сродна душа некој на кој што би можеле да се потпреме и сме сигурни во нас двајцата.Ако веќе не можеме да се навикнеме на разликите подобро е да се прекине.
     
    На Shana и fierce им се допаѓа ова.
  16. BlovesI

    BlovesI Активен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    2
    Леле луѓе помогнете ми, почнува да ми се допаѓа едно дете од друга вера (муслиман) но многу е добар по душа и симпатичен е...што да правам????? :sweat: :sweat: :sweat: ВО МОЕТО УЧИЛИШТЕ УЧИ!!! И ПОСТОЈАНО МЕ ГЛЕДА!! :/
     
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Прашањево ти е на погрешно место....уште не ти е дечко, а ти се потресуваш т.е. само се свиѓате, а ти веќе паѓаш во несвест. :^)

    Пред да почнете нешто повеќе од свиѓање (сигурно веќе знаеш каков е ставот на твоите родители кога станува збор за момче од друга вероисповед) размисли си убаво , направи си цел филм во главата каква би Ви била врската.
    Ајде да речеме ќе се фатите, па ќе почнете да излегувате, па ќе морате (претпоставка :!: ) да се криете, па кога ќе ти ѕвони моб. и кога мајка ти ќе те праша кој е- ти ќе ја лажеш, па ќе имаш тахикардии и ќе се плашиш да не те фатат твоите и да не дознатт со кого се гледаш....па ако дознаат што би било-дали ќе ти викаат, дали ќе те поддржат, па дали неговите ќе се согласуваат и ќе ја прифатат вашата врска итн итн.....направи си сценарио во главчето и сама донеси си заклучок што и како ќе правиш.....дали вреди да почнуваш нешто што уште од самиот старт би те изложило на неудобности, а усвари уште ништо и нема меѓу вас освен погледи.
    И не, не е прв и последен, и не е единствен кој ти се допаѓа.

    Ако не ти е доволен мојов одговор/совет (како сакаш наречи го), прочитај ја целава тема. ;)
     
  18. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Не судам на никого секој со свој памет,а немам ни против ваквите врски/бракови
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. najmiloo

    najmiloo Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    лелее одма да гледаш да се отстраниш од него мила никогаш нема да бидеш срекна.колку и да се тругиш секогаш ке има нешто помегу вас затоа додека е со време пробај да го заборавиш...а тоа дека многу го сакаш е минливо ке сакаш друг и многу повеке!!!
     
  20. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Ако тебе ти се допаѓа не гледај другите што велат , тоа е целта во љубовта , нема врска од која вера е или има маани .
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.