Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Unhappy, нигде не приметив да имаш пишано колку години е дечково? :)

    Бев сведок на една да не речам идентична ситуација,а на моменти дури помислувам дека личноста на чија ситуација сум била сведок си можеби и ти,ама како и да е..

    Имав една цимерка во прва година,девојката имаше дечко Албанец. Она тогаш имаше 15,а овој 25. Разликата во години им беше ужасна, и типов постојано ја наговараше да не раскинуваат,ја сакал, не знам што. На крај испадна дека она има односи со него. Нејзините дома дознаа, изеде ќотек, ама џабе беше. Пак продолжи со него. Ја отпишаа и од школо,ја тргнаа и од интернат, дури и се преселија у градов кај шо оди нашколо, еден блок до школото живеат сега,се само за да ја разделат од него,ама колку шо разбрав ништо не им успеало, уште одат,баш скоро прашував една нејзина сограѓанка моја сегашна цимерка шо се случи со девојчево. Искрено,она беше многу наивна ама и многу подмукла. Се жалеше демек нејзините не ја поддржувале и не знам шо,а уствари беше скриено жарче израстурено до скроз,та дури и нас ни направи проблеми. :)

    Можеби ете, ќе ги надминат тие верски разлики кои и двајцава ги имаат,ама нивната разлика во години е сепак преголема и јас и ден денес не можам да се начудам зошто си го упропастува животот,барем знам дека бел ден нема видено од таа врска. Го сакала. Го сака оти ја скинал.

    Освести се малце,и ако имаш проблеми какви што навистина велиш дека имаш со родителите и не можеш да поднесеш, обрати се некаде за помош крај краева. Пробај да го смениш односот со нив,пробај да ги прифатиш,сконцентрирај се на училиштето,направи ги задоволни со некој убав гест,горди за некаква убава работа, може односите ќе се сменат,сепак си им дете и не верувам дека како родители сакаат нешто лошо да ти се случи. Ако навистина сакаат нешто лошо да ти се случи,тогаш тоа се (со извинение) монструми. И тогаш навистина треба да побараш помош.

    Се друго е минливо а и ти длабоко во себе си знаеш дали ќе биде или нема да биде нешто од таа врска.

    Ако сметаш дека можете да надминете се,и дека се исплаќа да надминете се, тогаш не откажувај се, а ако успеете,ти давам рака. Само убаво ти кажаа, реалноста е сосема друга, и затоа размисли убаво.

    Биди малце поразумна.


    Поздрав. ;) ;)
     
  2. badgirl12

    badgirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    15


    Ја мислам дека ова не би им била толкава пречка .. за венчањето незнам ама ке се најде решение
    децата коа ке пораснат нека си решат што сакаат да бидат ,името едното христијанско другото муслиманско или ке имаат две имиња (ваљда ме свати шо сакам да кажам )
    Или сите празници ке се слават или ниеден , добро не викам сеа дека он треба за велигден и за божик у црква да иде а и она у џамија за неговите празници .. тоа е мое мислење :)
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Мајка ми и татко ми се венчале само во матичар па што, никому ништо.. :) инаку и двајцата од различна религија
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    а ти што си?? христијанка или муслиманка ? :D многу ми се интересни овие бракови
     
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    по националност сум пола пола :) а религиски ништо, ни едното ни другото :)
    инаку мајка ми македонка, татко ми албанец ..
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  6. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    така раскини му додека е време тоа е машко и ке те преболи со таа што ке му ја одбере семјството кај тебе ке е тешкото а и мала си енос е твојто време на дечковци а и семејството ти е во право
     
  7. slatkodevojce

    slatkodevojce Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    ако те прави среќна продолжи! јас не гледам никаков проблем во тоа што сте од различни вери. 21 век сме,живееме во модерно време и мислам дека не треба да ги гледаме луѓето според религијата.сите сме исти.сите имаме глава.нозе ... :D али сепак проблем е семејството.тешко тие да го прифатат него ако би дошло време за брак.али сепак ќе видат ќе не видат на крај ќе попуштат ;) го имам истиов проблем макар што акј мене е мн мн поголем. женет е згора на се :D али мн мн си го сакам и нема да дозволам да ме раздели некој од него.макар што за брзо време ќе треба да си барам некој со кој ќе создадам семејство како и тој што направил.али засега доволен ми е он и не помислувам на друг
     
    На Dinamickid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Ниту сум осетилаа на своја кожа, но мислам дека никогаш нема да се најдам во ваква ситуација, бидејки сум самата доволно свесна да ја престанам пред да започне.

    Наречете ме старомодна, споредете ме со нашето "општество" ама многу сум против овие врски.

    Некои работи се предодредени така да бидат без да се праша зошто не може поинаку.
    И ќе се сложам со многу прашања кои се дискутирани, за бракот понатаму, за децата... Па нормално дека нема да биде исто како ние што сме растеле.

    И тоа "општество"-тие сме ние, тие се нашите родители, нашите роднини, луѓето кои не сакаат,луѓето кои го прават нашето секојдневие и кои помалку или повеќе се засегнати со нас.
    И што после, никој не чини?! Џабе се вадите со тоа "такво ни е општеството, ама ние ќе се бориме против".
    Сите тие што ви ги набројав, ги повредувате.
    Нив ги боли, повеќе од тоа што можете да замислите.


    Но љубовта е чудна работа, се може да победи, но ретко таа љубов што се раѓа на "лудите" години.
    Тоа ми е највеќе криво. Возрасната граница на впуштање во вакви врски, е се помала и помала а истите не се свесни за последиците.

    А слаткодевјоче, јас ќе ти го дадам совет да се тргнеш побрзо, но тоа е само просто речено, а тешко остварливо, знам. Лоша е ситуацијата во која се наоѓаш, ем женет, ем од друга вера.
    Многу лошо си правиш... Многу.. :(
     
  9. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    Ќе го копирам тоа што го напишав како моја прва тема сооглед на тоа дека ми беше посочено дека има
    слична тема на таа што ја отворив со цел да се задржи мојата дискусија
    и само една додавка


    МУСЛИМАНИТЕ СО ХРИСТИЈАНКИТЕ ПРАВАТ СЕ ШТО САКААТ
    ДОДЕКА ХРИСТИЈАНИНОТ ДА ИМА НЕШТО СО МУСЛИМАНКА.... ;( ТЕШКО ..
    размисли девојче за ова а доле еве ти ја приказната.

    Понекад ја пцујам религијата од вакви причини.
    Грев праам ..огромен јасно ми е тоа ...Спомнав муслиманство (НЕ РАДИКАЛЕН ИСЛАМ).
    Разликата е што радикалниот ислам е муслиманство со зла намера и нацистички погледи и правци најчесто од карактер на асимилирање на „неверниците“ и „необрежаните“(христијани),во Скопје најчесто спроведен од Албанците(кој првично -благо речено-се восхитувале на Турците кога дошле на балкан) и дојденици од Ирак (што не би препознале дека НЕ СЕ МАКЕДОНЦИ).Разликувајте.
    Јас на пример се восхитувам од муслиманството и како тие живеат под такви режими :sweat: девојчињата сум приметил не се поздравуваат во образ со машки..само со рака.... КУЛТНО :rock:


    Летоска ми се случи да се запознаам со девојче на плажа што „го меркав“ едно пола саат пред да им приидам со „случајно“ додавање на нивната топка која чекав да им падне :D .
    Девојчето изгледаше најнормално... онака слабичко супер стегната убавка се.. лесно и приидов бидејќи беше со нејзиниот помал брат и помалечки деца од страна.-Фантастично знаеше Македонски-.
    По кратко време ми кажа дека не е Македонка.И си реков „зарем е можно во нивнава култура да постојат такви „неверници“ “.И врз основа на тоа се опуштив и земав мсн и фб ..и дојдов во Скопје..ја аднав ја најдов се видовме..(на нашето виѓавање предходеше асален смс чет што го поштуев самиот факт на трошење пари за комуникација со некој..епик :$ )..
    Ми се случи нешто неверојатно .. океј искачањево супер онака.. типката одржа некоја екви-дистанца..
    -Глупото е што добив КОРПА на вообшто не побарано ништо повеќе од пријтелство и тоа направено преку фејзбук порака и смс...- (Во позадина на нејзиниот муабет стоеше религијата)

    ЗАТОА СЕ ПО ОДБИВЕН МИ СТАНУВА ФЕЈЗБУК ЗАШО ЛУЃЕТО ГО СВАЌААТ ПРЕМНОГУ СЕРИОЗНО И ИМААТ ХРАБРОСТ ЗА ОЗБИЛНИ МУАБЕТИ САМО ПРЕКУ ФЕЈЗБУК ..НЕ МИ СЕ СЛУЧИ ДА ИЗГУБАМ ПРИЈАТЕЛКА ЖЕНСКА ДРУГАР ПОСЛЕ МУАБЕТ ВО 4 ОЧИ ... АКО ИМА НЕКОЈА НА ФОРУМОВ ШТО МОЖЕ ДА РАСКИНЕ БИЛО КАКВА ВРСКА ВО ОЧИ...НЕКА СЕ ЈАВИ..ЌЕ ЈА ЗЕМАМ ЗА ЖЕНА ..

    ОД ТУКА СЕ ПОВЛЕКУВААТ 3 ПРАШАЊА ЗА ВАС ФЕМИНИНКИ! :D

    Што знаете вие за радикалниот ислам и муслиманството и дали гледате разлика и во што, како и дали сте импресиониран од спротивната религија ?!
    дали вие сте имале искуство ко моето да испаднете напален мајмун/ка а да не сте вообшто?!
    Дали почитувате раскинување сред центар или „интимно“ во инбокс на фб
     
  10. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    драги феминки,
    иако одамна го читам форумот, сега се зачленив,
    што се однесува до темата, јас сум албанка и муслиманка,
    не ми е проблем ова да го изјавам зошто сметам дека доволно сум активна во македонското општество каде што поголемиот процент се македонци христијани.
    Мене не ми претставувало проблем да се инвилвирам во ова друштво, а да речам едни добри 8 години се дружам со македонци...

    Темата е актуелна, и интересна,
    јас лично сметам дека нашето општество уште не е спремно за мешани бракови, можеби можат да опстанат, но едната страна, обично женското, било да е Македонка или Албанка, треба да се одрекува од своето; вера, јазик, традиции... И тоа не е во ред. Има и исклучоци нормално...

    Што се однесува до дечкото погоре,
    ако девојчето е млада, па сигурно и нејзе ја советувале другарките: остави го, тој е македонец, врската нема иднина, па такви се, па онакви се, што не се воопшто поразлични од советите на феминките тука, сигурно девојчето нашла полесен пат дур уште е рано, пред да се затреска... :) Не гледам нешто карактеристично баш за албанско девојче тука, сигурна сум дека и на вас ви се случило.

    Јас како помала во средно, почнав да се дружам со еден македонец, тој помал од мене една година, и многу сакав да седиме заедно да праиме муабет, но дечкото толку беше исплашен од мојата фамилија, што кога ке му спомнев на ример ке дојде чичко ми да ме земе од школо, тој бегаше пред јас да го затворам телефонот :), и сето тоа заради преголемите предрасуди во неговата глава. Немаше потреба од тоа, и да, тој исчезна без збогум.
    Тоа е...
    мене ми се допаѓа да ги претставиме работите какви што се, ма колку и да не ни се допаѓаат, отколку да живееме во некои лажни филмови...
    Јас ве поздравувам многу, и спремна сум за одговор на вашите прашања, што се однесува да Албанското опшетество и религија, нормално без навреди и провокации...
     
    На 1209 и WomanInRed им се допаѓа ова.
  11. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    -Тоа е најмал проблем, во матично.
    -Децата кога ќе бидат доволно возрасни ќе одлучат дали ќе веруваат во Господ,а потоа дали ќе бидат муслимани, христијани, евреи, будисти...
    -Од кога тоа името го прави човекот- ЧОВЕК?
    -Храната е најмал проблем...ќе го јадат тоа што им се свиѓа,немора да има свинско на трпезата..
    -Ако се луѓе со ограничено срце, и ограничен мозок нема да ги испочитуваат туѓите празници(тука може да избувне караница),па затоа нема да ги слават.Меѓутоа ако се луѓе без предрасуди и не се ограничени тогаш ваљда не им би било проблем да ги испочитуваат туѓите празници и да ги прослават заедно со своето семејство.

    Сепак се зависи од човекот, и неговиот карактер..

    Мој совет..Биди со тој што го сакаш, што те прави среќна, те почитува цени и сака!

    За жал, се помалку такви бракови успеваат во ова општество..И се додека постојат луѓето со заостанати сваќања вака ќе биде...
     
    На ViktorijaMari и WomanInRed им се допаѓа ова.
  12. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    ciaooo unhappyy jas bev vo edna slicna situacija,isto taka i jas odeka bev vo mk (sega studiram vo it) zapoznav eden decko musliman pocnavme da kontaktireme kako prijateli no od den na den naseto prijatelsrvo prerasnuvase vo nesto poveke,znaci se vljubivme eden vo drug non stop se slusavme na telefon internet bidejki bevme od razlicni gradovi,pominaa skoro 4 meseci i zamislete jas uste neznaev deka toj e musliman,nikogas ne mi go kazuvase negovoto prezime,ne zborese za negovata familija iminja ova onaa,koga nekoj mu vleguvase vo soba gasese kamera i se nekoi takvi raboti,i eden den nenadejno vleze majka mu v soba i jas gotovo se blokirav i go prasuvam "majka ti bese" i toj se iskluci znaci od fb,msn,skype,bese vecer skoro polnok i mi se javuva posle polovina saat,pocnavme da razgovarame mi raskaza togas deka e musliman i se toa sto mi bese somnitelno,zborevme za toa kako ke bide ako prodolzime..se sakavme premnoguuu..toj neznaese kako ke reagiraat negovite ako toj zeme zena hristijanka a jas eden den pravejki muabet so majka mi,taa znaese za nego no ne i deka e musliman,ja prasuvam onaka na sala mama sto bi rekla ti jas da se omazam za musliman i onaka se smeskam za da ne bide primetlivo ii taa mi vika zarem nema nasi pa za musliman da ides jas ke se otkazam od tebe ...na tie zborovi jas se blokirav,neznav sto da kazam..deckoto me prasa dali sakam da prodolzam so nego ili ne i jas rekov deka sakam deka mene ne mi e bitno sto toj e musliman a i na nego ne mu bese i taka prodolzivme da kontaktirame...no kako minuvaa denovite,jas svakav deka nema idnina od taa nasa vrska,toj stanuvase mn ljubomoren,kako sto toj ke kazese taka,i mene mn mi smetase toa znaci ako jas sum na net i zboram so drugarki i toj ako mi rece iskluci se odma i jas sum morala da go poslusam i se nekoi takvi rabotii...i jas resiv da se trgnam od negooo,veruvajte feminkii mi bese mnoguuuu teskooo epten,placev mnogu cesto po nego,i toj mi se javuvase i mi se izvinuvase duri placese,ama sepak ne se menuvase..smeniv broevi ama sepak go pamtev negoviot broj...zapoznav drug decko od italija,se zaljubivme,posle edna godina resivme zaedno da ziveeme sega blagodarenie na nego sum ovde i studiram tuka,no sepak jas ne go zaboraviv onoj,odvreme navreme ke go pobaram ke mu se javam so skrien broj ili koga odam vo mk ke mu se jaVam da go slusnam,ili na skype ke mu pisam..toa bese najteskata odluka a mene vo zivotot i sega svakam deka sum donela dobra odluka,i sto ne sum im kazala na moite uste podobro,zs samo ke si napravev problemi a nikakva idnina od toa..
    White angel ne se soglasuvam voopsto so tebee,jas sum hristijanka ama nemam bas nmisto protiv muslimanite,naprotiv imam mn drugari muslimani,mozebi tie dogovoreni brakovi i neznam sto se vo nekoi semejstva sto uste se nazad so mentalitetot,inace vo novive generacii kolku sto sum zapoznaena jas ne postojat takvii rabotii... jas imam drugar musliman i go prasuvam dali negovite bi bile za ili protiv devojka od druga vera i toj mi vika neeee zosto da se protiv koja ja sakam jas taa ke ja zemam,za niv e se isto...i bas se soglasuvam so Elmedina davas losa slika za muslimaniteee sekoj si veruva vo svojot gospod na nekoj nacin,pomalku ili poveke ama sepak veruva..i procitav nekoja od vas imase postaveno prasanja za toa koj praznici ke gi slavat,sunet ova ona iminja..neznam mozebi gresam ama mislam deka ova ne e i bas nekoj ogromen problem ako deckoto e od nekoja familija moderna,ne od onie anticki ko porano,pa ke gi slavat i dvata praznika zosto da ne ke stavat stranski imminja..imam zapoznaeno luge sto pravat taka od razlicna vera i si gi pocituvaat i tie i tie i nema zosto nivnite deca da se sramat od bilo koja vera tie se toa sto se na koj im odgovara ok na koj ne so zdravje ......mene licno ne mi smetaaa da sum so musliman,naprotiv od sekogas me privlekuvale haha inaku unhappyy ako ti se osekas srekna so negoo i ako toj ti dokazuva deka te sakaaa ne se otkazuvaj od negooo,bori se za negooa roditelitee na pocetokot ke gi sokiras a posle ke se naviknat rodi go prvoto dete pa ke vidis kako vednas ke dojdat kaj vnuceto,od iskustvo ti go kazuvam ova
    [mod-kirilica:1nylr5lw][/mod-kirilica:1nylr5lw]
     
  13. Chunga-Lunga

    Chunga-Lunga Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    37
    Имам и јас момче од друга религија, само во мојов случај јас сум македонка - муслиманка, тој православен македонец. Во врска сме повеќе од 1 година, а се познаваме скоро 3 години. Јас сум израсната во многу современо семејство, со многу љубов и разбирање, меѓутоа оваа ситуација не знам како би била профатена од моите. Мојата мајка знае и никогаш не ми застанала на патот, меѓутоа не можам да замислам како би реагирал татко ми. Од негова страна сум многу добро прифатена, многу често сум кај него дома, и никогаш не дозволиле да се чувствувам недобредојдено. Сепак во нашево заостанато општество свесна сум дека ќе имаме проблеми, но решена сум да се борам се додека сум среќна јас со него :) Иначе и двајцата не сме воопшто религиозни ;)
     
  14. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    Ејј, гледај вас да ви е убаво остави ги другите ;) Не сме веќе во тоа време кога срам и морално беше да земеш маж/жена од иста вера... Сега не се знае ни кој јади ни кој пие :lol: Ако си ти добро прифатена, и ако мајка ти е на твоја страна, кога-тогаш и татко ти ќе си легне на брашното :) ти посакувам се најубаво :)
     
    На srcekrsacka и Chunga-Lunga им се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
  16. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Многу интересно ова со Лејла и Марино убаво е да се слушне дека љубовта победила. Јас исто така сум свесна и се согласуваам дека во вакава врска би имало проблеми, неприфаќање, едни вака мислат други инаку ...но јас немам против ваквите врски.Сите тука велите општеството нема да прифати таква врска евентуално брак, мене ме интересира што мислите дали општеството го интересира кога ние имаме проблеми, кога ни е тешко, дали нешто ни фали, или ќе дојдеме до заклучок дека никој не сака друг да види дека него не му е толку убаво колку на некој ете што има дечко/девојка муслиман/ка или христијан, сеедно мешана врска. НЕ ни дава општесвтвото ништо нити пари, нити помош верувајте ништо, никој не сака да види некој над него подобар. Љубовта не може да се планира затоа уживајте ибидете среќни ако имате некој да ве сака и почитува.
     
    На Bajadreka, Chunga-Lunga и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  17. Bajadreka

    Bajadreka Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Mi treba iskreno sovet. Jas sum pravoslavna hristijana, zaljubena vo covek kojashto se musliman rasten i prifaten od makedonska sredina. Se sakame doznaa moite doma i mi napravija problemi za verata, jas nikogash ne bi ja smenila mojata vera a nitu pak toj bi go pobaral toa od mene nitu pak jas od nego. Se sakame srekni sme ednostavno nashata ljubov kojashto e najiskrena i cista morame da ja ostavime a cel zivot da se sakame. Mi treba najiskren sovet nie se slozivme duri i za decata deka bi gi opredelile po verata edno po ednata edno po drugata. Mnogu se sakame ve molam za mislenje ?
    Nemozam ni da vi objasnam kolku go sakam a i toj mene
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ама убаво сте се договориле...едно дете христијанин, друго муслиман, браво....супер договор :clap: :x ...ти со едното дете ќе вапцаш јајца и ќе одите во црква, а тој со другото ќе оди во џамија :^) ....а децата има така да ви се испобунат каша попара ќе ги направите....и кој кое дете ќе го земе под закрила верски да го воспитува...глупости :!:
    Немаш доволно години за да размислуваш трезвено, имаш 16 год. и искрено дечково те мафта како сака....не си пишала колкав е, ама кога ќе ти го наметне мантилот и шамијата тогаш потсети го на вашиот договор или чекај да видиш што ќе кажат неговите на вашавиов договор.
    А бе деца, не ви доаѓа памет.
    Послушај ги родителите и оди читај лектири.
     
    На srcekrsacka и girl.23 им се допаѓа ова.
  19. Bajadreka

    Bajadreka Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Немам 16 имам 19 години еве и да не ги определевме децата така ке сме срекни заедно се сакаме. Имам 19 години иначе
    а да ме мавташе децкото немаше да го сакам и да ме сака повеке од се на светов
    немаше цел ден и цела нок да неспијам и да плачам да сме заедно срекни и весели како некогаш
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Остани бремена, намерно нели, тогаш можеби ќе се согласат твоите да се земете, а и да не се согласат што ти е гајле, скрши и го срцето на мајка ти и сакајте се, живејте од љубов и меѓусебно разбирање.
    Греота е една ваква љубов искрена и чиста да ја оставите да пропадне и да тагувате цел живот. |(

    Ај сега озбилно...ако мислиш дека постои шанса твоите, а и неговите, да ве прифатат тогаш борете се` за вашата љубов (иако јас лично сметам дека на 19 год. само е занес, затрескување, зацапаност, а не и љубов), а ако не, тогаш со време прекини ја врската и заборави го. Најди си друг и ако знаеш каков е ставот на твоите не се ни обидувај да започнеш некоја врска која би оставила зад себе солзи и скршени срца.

    Уште нешто.... ако одлучиш да се бориш за вашата врска и да им се спротиставиш на родителите биди и спремна дека можеби сепак и ќе треба еден ден да си ја промениш верата, не верувај слепо на ти реков-рече муабети. :!:
    А ако сакаш да се осигураш дека ќе останеш христијанка и ти и едно од твоите деца (нормално ако не се т.е. не те предомислат во меѓувреме) предложи му на дечко ти на кого не му е битна верата да склучите предбрачен договор, чисто онака да видиш како ќе реагира. ;)

    А што е со неговите родители ...знаат ли за вас? ги знаеш ли ти неговите? сте се запознале? си им била на гости? си ги видела кои се и каков е нивниот став за вашава љубов? ...и потенцијалниот свекор е толку либерален како син му? или тие појма немаат ништо. :?:
    Немој еден ден да си ја лупаш главата :|
     
    На srcekrsacka и Lacrimosa им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.