Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Немам никави предрасуди за било кој вера,не ги делам луѓето по тоа дали се Македонци,Албанци,Турци,Роми,туку по душа и срце, но мојата религија и верба во бога ги почитувам повеќе од било што и никогаш не би се впуштила во таква врска.
    За жал една таква врска во нашето општество никогаш нема да опстане,бидејќи многу сме уназадени со сваќањата и многу прашања не ни се јасни.Без разлика на тоа каква е љубовта,колку и да е голема не може да успее,бидејќи тоа се два различни света кои што не можат да опстојат заедно,барем кај нас.Ако се дознае за некоја девојка дека оди со човек од друга вера,веднаш е таа осудена дека е неморална и веќе има изгубено се, па на некој начин е приморана да оди со тоа момче. За тоа дека има тепање,силување во тие фамилии воопшто не се согласувам,бидејќи познавам многу такви фамилии и луѓето баш се Ок и се многу либерални и не се со уназадени сваќања.Е ,сега да има и некои кои што се заостанати,но за нив ништо не можам да кажам бидејќи не познавам таков случај. Но, покрај се таа девојка кога ќе се омажи во муслиманска куќа.што ќе боде? Ќе оди во црква или џамија?Децата како ќе се викаат? Славењето на Велигден ќе го претвори во славење на Бајрам? Најискрено не мислам дека некоја зрела личност би можела да го направи тоа,а за оние што летаат со умот 16-годишните девојчиња,е тие се веќе друга категорија, кои што не мислат на последиците кои што можат да ги коштаат се.
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Еее хипи, јас и мм поминавме дури низ повеќе перипетии од нив (со тоа што јас како прво бев избркана од дома, а не избегана), а кога ќе помислам дека причината беше пари, а не нешто кое за нашето општество претставува голем проблем ко шо е оваа различност ми доаѓа од бутот да си гризнам.

    Со тоа што моите попуштија (нема да речам ми простија затоа што тие ме избркаа и грешката не беше моја) само затоа што слушнале од некои луѓе (очигледно погрешно) дека сум била трудна и моите одма се исплашија што ќе речат родителите на нивната снаа - Господа Угледни, кога ќе дознаат дека овие внукот си го немаат видено, не за друго, да не почнат да ја учат принцезата синчето да им го остави. Значи истите тие работи, полиции, врски, пријатели, чуда, следење, манијачење, закани, уцени...за нешто кое кога ќе го скинеш на пола нема никаква вредност, банкноти...

    После сите тие перипетии решив, ако некогаш имам деца, нема да им забранам врска со никој, се` додека се сакани и почитувани и се` додека не растураат туѓ дом со тоа. И порано имав такво размислување, но после ова мое искуство уште толку се уверив во тоа дека ваквите работи се погрешни.
     
    На ilivid, srcekrsacka, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. trtla

    trtla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    71
    makedonski moment da se nasmees na tugjata maka za tvojata da izgleda pomala...site vikaat jas prifakam ne mi smeta da se razlicna nacionalnost nivna rabota ama koga se raboti za niven blizok pocinjaat zakani brkanja od doma mesanje ,a komsiite pa koga ke otvorat usta onaa na petko ide so albanec ili onaa na fevzi ide so makedonec ...vo svetot crnci i belci i zolti se mesaat pa valjda funkcioniraat nekako,ama mentalitot i kozata na komsijata zezaat rabota najmnogu spored mene...
    [mod-kirilica:1cyty8pa][/mod-kirilica:1cyty8pa]
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.322
    Допаѓања:
    113.971
    Пол:
    Женски
    Се воздржувавда не пишувам на оваа тема затоа што се осеќам како вонземјанин според моите ставови, но морав да се надоврзам на постот на Теси. Токму она што та го има поминато го потенцирам секогаш. Родителите можат да му го уништат животот на своето дете и тоа многу лесно. Во ред, се заљубила во муслиман ( Албанец, Турчин, Бошњак, Арабиец итн) и сега што?? Ајде да ја ставиме на клада и да ја гориме жива?? Кој гарантира дека ќе има убав живот само затоа што е со православен. Црквата и одењето во црква го прават бракот Брак?? Ви треба да се заколнете пред Исус за да знаете дека се сакате? Ајде ве молам. Љубов е љубов, разбирање си е разбирање. Во комунизмот не се венчавале во црква па имало помалку разводи од колку сега!!! Религијата е нешто интимно, и не треба да не ограничува. Православна сум, ама не сум против мешани бракови. И ве молам, кога ќе побара овде некој за мислење вие одма се фаќате Бајрам или Велгден, Црква или Џамија. Сте се прашале дали на личноста која бара помоѓ за својата мака овде и е битна толку религијата? Не, таа се бори со предрасудите од комшиски муабети? Мислите дека родителите кои се бунат заради зетот или снаата муслиман дека е заради Бајрам и Џамијата?? Не, туку што ќе каже комшијата. Е додека секој не си гледа пред себе и не бута носво туѓи животи ќе си останеме најзадртавеното место на светот.
     
    На srcekrsacka, ElEoNoRa1, trtla и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Јас исто така знам пример каде што родителите на девојката беа против врската со дечко и поради тоа што таа имала факултет завршено а тој со средно бил, па ја заклучваја дома, шпанска серија, ама на крајот таа избега и си се мажи, сега е во контакт со нив ама не верувам дека после сите маки што ги претрпи од нив дека му има простено целосно. Освен за бајрам, велигден, џамија, црква, прочитав и за имињата како ке си ги крстеле и незнам што, па ден денес има еден куп имиња кои што немора да се ни православни ни муслимански, јас знам муслиманка која што се вика сара, не ми текнува други примери ама името е најлесно решлив проблем.
     
    На srcekrsacka и nena2010 им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Еве уште еден пример за имиња. Јасмина. Ќе речеш христијанско име, ама и принцезата од Аладин така се вика :lol: ...и има многу други.

    И да не веруваш. Ти кажува човек кој го има пребродено тоа. Јас барем сакам со сите да бидам фер, тоа ми е голема маана ко шо никој за узврат не те шиша ни 2 посто. Значи ако некој сакаше со цело срце и душа да им прости, тоа бев јас. Колку само се трудев да ги заборавам сите тие лоши работи низ кои поминав.
    Ден денес кога на некој собир ќе се прегрнам со татко ми, затреперувам од страв како да се плашам дека пак ќе ме натепа или ќе ме однесе некаде далеку од мм. Тоа ми е врежано, се обидов да го искоренам, не успеав. Првиот пат кога ме забележа дека така се исплашив почна да плаче и ми вели „Зарем станав монструм за тебе? Некој од кого се плашиш?“ а јас му одговорив „Тоа не зависи од мене. На тoа требаше да мислиш претходно.“


    Инаку да додадам за венчавањето во црква. Не беше класично венчавање, туку ете самите јас и мм замоливме еден поп да ни` даде благослов колку да си ги размениме бурмите и баш беше интимно. Тогаш никој не сакаше да ни` биде кум, не им одговараше, а сега сите броеви ги сменивме баш од тие “воскреснати“ пријатели. Ете колку вреди тоа што мислат комшиите.

    Еее нена колку си само во право.
    Ради тие комшиски муабети, јас не се видов во венчаница (неговите не сакаа да прават свадба без моите, шо ќе рекле луѓето, добро до некаде ги разбирам, сепак за други работи секад биле уз нас како прави родители), но тие што ме знаат од помала им е јасно од кога почнав да мечтаам за тој ден.
    Најчесто не е вашиот избор оној кој прави да пропуштите некои работи во животот, туку самата средина. Ете, мојот христијанин е па и јас пропуштив нешто, а и тој. Битно мило ми е што досега бракот ни` е 100х подобар од на некои луѓе кои родителите не ги лишиле од ништо.
     
    На srcekrsacka, nena2010 и Dgirlll им се допаѓа ова.
  7. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Кога има проблем со две различни националности, тогаш овие се поголеми.Во македонија врска со некој од различна религија тешко успева, а не па брак + уште ти кажал дека ќе оди со друга а ти си поминала до некаде и преку тоа..
    Но ајде да го тргнеме на страна тоа дека е муслиман, истиот можел да биде католик, евреј, православен или нешто друго..
    Во случајов добро направи што го остави ќе беше полошо.Неговите немаше да те прифатат, ќе те гледаа чудно, ќе ти требаше време додека се навикнеше на нивната култура, значи се ќе требаше да смениш.
    Но донекаде е и тој виновен.Ако те сакал требало да разговара со неговите, незнам колку години е но можел да се одвои и да нема мешање бидејќи се знае дека со лошо се завршува.
    Не само во муслиманските, туку општо мешањето и одбирањето на брачен партнер од страна на семејствата треба да се искорене и во другите религии или затуцани места.
    Сакам да кажам дека додека има мешање и одлучување од страна вака ќе биде.Но сепак сама нема да останеш, имаш само 17 години цел живот е пред тебе.
    Во врска со тоа што твоите те малтретираат, најдобро е да седнете сите и да разговарате, и доколку тоа не помогне ако можеш живеј кај некој роднини, според годините претпоставувам дека си 3та година.
    Отвори по интернетов најди работа, или распрашај се колку за почеток, колку да не седиш дома а да правиш нешто добро.
    Почекај да завршиш со учење и ако можеш запиши се на факултет далеку од дома.Ќе ти биде многу подобро.
    Сигурно имаш некој роднини што може да те прифатат или да разговараат со твоите.Значи потполно ти ја сваќам ситуацијата,МНОГУ најмногу сум против семејно насилство, гледај да се средиш, учи, не се замарај со ништо друго, оди кај роднини, и верувам дека твоите ќе се сменат.
    Не го мисли веќе албанецот, дечко секогаш се наоѓа, и јас имав еден затуцан, се обвинував испуштив неколку шанси за други што не правев за да сватам дека за брзо време најдов друг подобар..Исто и со тебе..Ако те сака стварно ќе помине преку се..Заборави го не ти е потребен таков, ќе најдеш подобар :)
    И пиши што направи, верувам дека многу ќе успееш..
     
  8. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Јас сум против мешани врски и бракови.
    Учам во училиште каде има многу муслимани и православни и верувајте има премногу мешани парови кои воопшто не ги оправдувам. :!:
    Па зарем снема православни момчиња што бараат партнер во друга вера? Или обратно?
    Прво ако дојде до мешан брак само размислете колку нешта ќе се сменат во вашиот живот, почнувајќи од празнувањето празници па се друго.
    Имам една подалечна братучетка која се омажи за Турчин и имаат дете, но нејзините родители не сакаат да зборуват за неа т.е се срамат од тоа што би помислиле другите луѓе.
    Тие не се откажаа од неа, туку воопшто не им е мило што нивните внуци наместо Велигден ќе слават Бајрам.
    А има и друга случка, моја најдобра другарка е дете на Турчин и Македонка. Таа и брат и се воспитувани како православни христијани бидејќи мајка им е таква борбена жена. Но друг ми е муабетот, татко и сега како да е отфрлен од случувањата во семејството. Само тој си слави Бајрам, а децата му одат в црква за Велигден.
    Ова е мое мислење, ако некој не се сложува во ред е :)
     
  9. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Животот е еден и е многу краток за да го живееме за тоа што ќе речат комшиите, па и во некои случаи и родителите. Се разбира дека 14-15 годишно девојче не знае што е најдобро за неа и му лета умот, ама возрасни девојки над 20 години мислам дека можат сами да одлучат со кого сакаат да го поминат својот живот, а тоа дека имало еден куп православни деца и зошто се пулат во муслимани ми е многу без врска, на срцето не му се кажва ај сакај го онај оти е православен, а немој да го сакаш онај оти е муслиман.

    Секој на различен начин си ја толкува религијата, за некој е битно да оди в црква, за некој е битно да пости за празници, за некој не е битно, ама незначи дека тој не верува во бога. Американските селебритис од мода си ја менуваат религијата. На крајот на денот битно е да сме луѓе, ама то е балканот наш е светлосни години назад за ваквите врски и бракови.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Во конкретниот случај на девојката (unhappy), проблем е неговиот кукавички став за некои работи, страв да се избори за неа и неговиот однос кон неа, не религијата, таа само може да му биде изговор. Па ја гледаш кутрата, ризикува и се бори за тебе, па биди маж мајкуму стара. Штом ветуваш, исполни!

    Со други зборови, мали се шансите тоа неговото уопште да се рачуна за љубов. Може љубов од типот на Ибрахим Паша, еднава за мерак, а другава за личен интерес или „да изгледам подобар во очите на другите, да им ги задоволам критериумите“.

    Ѕиркав низ претходните постови и не можев да се воздржам од коментар

    Факт дечкото и неговите се покажале ко последни папаци,примитивци и силеџии, ама според болдираново и родителите од цурава не се покажале ништо поарни. Во болница тоа да и` го речат? :clap: Мислев дека родителството е во постојаноста, дека детето никогаш не е престаро и прелошо за нивната грижа и поддршка...битно они предвиделе шо ќе биде, во право биле и во болничката соба и` пееле ако ти е ако ти е, тананананана, сама си го барала. |(
    Прави родители, секогаш во право, нееема што. :@
     
    На srcekrsacka и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Теси најискрено по твоите постови ми го смена мислењето во однос на ова прашање. Секако дека родителите ни мислат добро, но за жал некогаш доброто го претворат во лошо и страдаме поради нив. Многу ми е жал поади се шо си претрпела,но од дру га страна ми е многу мило дека и покрај се во бракот ти е прекрасно и си среќна.Дефинитивно без разлика на вера,нација, имотна состојба љубовта победува се.
     
    На srcekrsacka и tessie им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Реков нема да се навраќам на темава, ама морав ова да го споделам...

    Тажната љубовна приказна на Сараевските Ромео и Јулија

    ;( Душички ...
    Па после некој нека ми каже дека пропагирање на некои лажни вредности вреди повеќе од овие два млади животa...колку само биле млади и убави, парите за тој гроб требало за свадба да одат...верата треба да се брани со самото држење до нејзините начела, не со дискриминација и ништење на “другиот“ само затоа што е различен...

    Ако ова е бранење на нечија вера, тогаш јас имам погрешно сфаќање за верата.

    Лепотани ;(

    [​IMG]
     
    На srcekrsacka, blueeparadise, kukli4ka2 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    6.565
    Пишувам на темава зашто сакам да ја прашам Теси дали таа е муслиманка? Инаку, ако си албанка па и турчинка, секоја чест што си се изборила за овој брак и што си направила да успее.
    Мило ми е заради тебе. :)
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    професорот што ни предаваше Англиски на факс беше Албанец и имаше девојка Македонка-колку што знам ја сакаше и почитуваше самиот си кажуваше

    на еден од бившите сестра му била во врска со некое момче што бил само со средно-таа со факултет двајцава многу заљубени, ама не им успеа да се венчаат-се испречиле мама и бате како госпогицата ке се мажела со некој без факс |(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Не, православна сум, а и мојот сопруг. Причината поради која моите не го прифатија беше...пари...ама тоа е, сеа ги имаме и сеа им чиниме...тркалото се врти (на претходната страна имам пишано што е причината за неприфаќање на мм).

    Сепак, направив паралела со ова затоа што особено кога ја прочитав приказната на Лејла и Марино сфатив колку тие разлики се само колку да се најде разлика а не дека едното е посериозно од другото затоа што јас и мм претходно поминавме дури низ полоши работи, истите малтретирања, полиции, чуда, врагови, на моменти како некој мојата приказна да ја имаше раскажувано.

    А иста вера сме и двајцата сме си така, попобожни. Видов колку овие разлики всушност значат и колку е ради самите разлики и сфатив дека е мн повеќе ради општото мнение. Инаку да бев во таква ситуација, знаејќи се себеси, доколку ме почитува тој онаква каква што сум, и тогаш би се борела како и сега. Сигурно немаше да поминам низ многу поголем хорор од оној низ кој поминав. И знам дека низ такви трауми на моето дете нема да дозволам да поминува. Не сум мајка ама мислам дека нема поголема среќа за мајка од нејзиното чедо да најде личност кој ја сака почитува, чува и пази. Другото, не е ни толку важно. Човековата душа е местото од каде што треба да почнеме да правиме разлики меѓу луѓето, не дали носи околу вратот крст, млада месечина или давидова ѕвезда.

    А инаку порано јас имам помогнато една ваква врска да се одржи. Личноста ми беше многу драга и ми беше многу тешко да ја гледам како страда.
     
    На Dgirlll и blueeparadise им се допаѓа ова.
  16. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Ти си православна а тој е католик,двајцата сте од ИСТА ВЕРА ХРИСТИЈАНИ а пак постојат разлики,но верата е таа,а ако некој е од друга вера замисли си-нема ни исповедање,нема црква,нема Велигден..си ја продаваш душата за минливо чувство,го губиш идентитетот.
     
  17. Brineta22

    Brineta22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Баш сега ги прочитав сите ваши претходни постови, и морам да признаам дека сторијата за Адмира и Бошко е баш жална. Во овој случај, јас сум мелез( 50% црногорка 50% турчинка) и се забавувам со еден македонец веке долг период, причината се неговите родители поточно мајка му која што е против нас. Пробав 2 пати да му раскинам, но безуспешно бидејќи се повеќе и повеќе се сакаме. Но што ќе биде понатака? Двајцата сме со завршени факултети, бараме работа...Фактички гледано,двајцата зависиме од родителите, но од моја страна нема никакви приговори. Колку и да ми е тешко сепак сум свесна дека нема иднина врската, незнам до кога ќе идеме, незнам што да направам за да ме прифати мајка му или сепак да го остави него на мира...Знам дека ќе ми кажете да раскинеме ама неможеме сепак, секој пат кога ќе дојде таа тема, испаѓа ајде уште малце да продолжиме... Незнам што да правам???
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.322
    Допаѓања:
    113.971
    Пол:
    Женски
    Ако се проблем само неговите лесна работа. Предложи му да бидете кај твоите и барајте работа да се осамосталите. Ова под услов да не е приврзан кон неговите и да те сака вистина. Ако е приврзан и потпаѓа под нивно влијание тешко. Само не знам бе како можат да осудуваат девојка/дечко врз основа на вероисповест. Примитивизам!!
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. safija35

    safija35 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Јас мислам дека секој треба да си одбере момче/девојка од својата вера, бидејки мозеби вам не ви се чини дека има големи разлики о тука се и фамилиите, секоја вера си носи свои „правила“ и обичаи. А и живееме во поделено општество каде реално не се поднесуваме иту како соседи а камо ли како фамилија. Подобро е сега да го преболиш ако си вљубен во момче од друга вера отколку цел живот да патиш.
     
    На merchy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Е од вакви размислувања како твоиве, илјадници среќни парови се принудени да се разделат и да живеат со скршени срца до крајот на животот...Заради некаква вештачка творевина, наречена религија...
    Примитивизам и плиткост до небо и назад...
     
    На tessie и Girl.in.love777 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.