Да, за таква опција за скривање да, а не кај едни сингл да се гледа, а за други да е во врска Изгледа погрешно се сфативме со INSIDIOUS ..
Zlatusko фала што ме појасни тоа сакав да го кажам погоре а не дека за едни е во врска а за други сингл.
ок и до кога ќе се крие?еве се гледа дека секоја девојка има фатено по нешто така да нека се крие одредено време кога да е на виделина ќе излезе на ваков или на таков начин ако сака некој да те изневери фб е само една од опциите тоа е
Миме јас на дечко ми нит пасворд му знам, нит на фб правиме мусбет. Не ме интересира што има кај него на ѕид , ни па него го интересира. Не знам зошто му се придава толкаво значење на фб? Јас повеќе го сфаќам како зезање, имам другар со кој на фб си пишуваме се и сешто и кој и да види мисли дека ми е нешто, а ние само се шегуваме. Сметам дека фб е играчка, а само несигурни девојки веруваат во тие глупости и ги проверуваат своите дечковци. Извинете ако навредив некоја, тоа е моето мислење, за мене фб е само место за зезање.
Да, како што веќе кажав, НЕКОЈ ќе се најде и ќе каже. Кога- тогаш ќе се открие Ова фејсбуков е ѓаолска работа..Сите проблеми од него излегуваат.. marama, и јас најмногу на свет сакав да си имам приватност, барем на фејсбук, како што кажа ти, играчка е. Ама... Кога тој/ таа не верува, ПА НЕКА ГО ИМА ПАСВОРДОВ, јас не правам ништо лошо на фб. А ако тој го има мојот пасворд, зошто да не имам и јас... и од еден коментар, порака на страна, се случуваат каранците..недоверба... НЕ е убаво тоа што го прават.
Па Марама и ти кога ќе видиш вакви работи на фејсбукот кај дечко ти(по некоја случајност де) сфати го како зезање неговото нудење на други девојки Подобро е да се открие него вака да те прави будала. И се соглсувам со тоа што не се срами од тоа што го направил, туку од тоа што си го фатила. Сериозно размисли за иднината на врскава. Еднаш изгубена доверба многу тешко се стекнува.
се согласувам. уфф колку сакам да укинат тој четот -.- а ианку сум видела дека мн дечковци (а и девојки) што се влезени во долги врски а на фб си пишуваат ептен флертувачки со други не ми е јасно....како можат да ризикуваат да си ја расипат врската заради еден обичен чет разговор.
Не го барајте виновникот кај напумпаните гради или стегнатиот задник, крив си е дечкото што не си седи мирен. Ако те сака и си му доволна нема да додава полуголи девојчиња ниту да флертува на чет Не е фб крив, не е крив четот. Стајте се во обратна позиција девојки, дали вие додавате набилдани типови и со коцки на стомак и флертувате на чет со нив кога сте до уши заљубени во дечкото м? Претпоставувам не. Ако вие може да се контролирате ќе може и тој ако му значите доволно ако не тоа е тоа. Џабе шпиунирање, џабе правење будала, кога некој не те сака ќе си игра како сака со тебе, дали на фб или преку смс или во живо
Фејсбук самиот по себе не би создавал проблеми ако се сфати како место за забава. Ама денешниве момчиња, а и девојки, таму се јаки фраеришта, јаки цури, муваат, имаат по неколку „на лагер“ како што велат, а во живо со клешта збор им се вади... Врска на фб не се одржува и не се расипува ако фејсбукот не се сфати како она што не е, начин на живот. За една врска да успее треба доверба пред се, а ако неа ја нема и без фб врската ќе пропадне. И дај не се замарајте, ја мува оваа, ја мува онаа, има оклу, има онолку на фб. Со тоа се замараат напалените тинејџерки кои се заљубуваат во првиот што ќе ги погледне! Сериозен дечко или сериозна девојка во врска во која што сака и е сигурен/на дека е сакан/а не би дозволил/а да пропадне врската заради фејсбук! Оставете го фејсбукот надвор од врската, минувајте повеќе време во живо отколку таму, запознајте се и изградете доверба... Најмалку е важно дали на статус му пишува сингл или ин рилејшншип...
Има разлика помегу гледање девојки на фацебук (манијачење) и пишување со нив сега ако би одвоила 3 минути да ти покажам која е разликата Нема да се вадам на она , мажи сме ова она во крвта ни било итн... Работата е тоа што машките лица или барем поголемиот ден се под стресови и притисоци ...такви се факултетите кој нон-стоп прават притисок со нивните беживотни професори кој гледаат крвта да ја испијат на ученикот кога ке можат, или пак работа или притисок од жената дома и многу други работи Тој притисок таканаречен го нарушува животниот циклус на мажот , а тука и неговите изведби во кревет со девојката... Но стигнавме до проблемот . Како да го решиме? Фудбал? , тоа е релевантно (мислам дека вака се пишува зборот) ако тимот изгуби уште повеке се нервираш Пиво ? тоа ке се опијаниш ке бидеш срекен и погрешка ке зезнеш некоја работа и уште повеке нервоза Фацебук ? АХА ете го решението како што се приметува во изминативе 5 години на фацебук е познато дека понежниот пол (поголем дел) става слики во миничи , во купатило , полуголи , разголени , хип хоп и итн. Е сега тука е кључното решение драка пуци ...со секое гледање на тие убавини , машките лица се посрекни ...тоа ги усрекува , некои и се возбудуваат , некои им се разубавува денот итн.. Таа срека потоа ја пренесуваме на другите и така денот е совршен , и све благодарение на твоите слики каде што ја покажуваш твојата убавина , или убавините на другите Гледам тамо раскинуваат зашто овој аднал девојки , зашто ставил лике на статуси итн НЕ! тоа не е изневерување , тоа е изворот на срека кај мажот Извор кој дотолку не го употребуваш правилно ке настанат компликации тоа се слабите мажјаци (поточно тие настануваат силувачи изневерувачи итн) Знам дека малце забегав од темата али мора да се објасни зашто мажите манијачат на фацебук слики од девојки Не ги оправдувам тие кој се допишуваат на швалерски начин али сепак како што напоменав тоа се слабите мажјаци кога веке сме кај изворот на срека еве еден пример ке ти дадам кој мене ми помогна а сигурен сум и на други 175187 машки Во школо кога бев под теророт на Љубица whore , цело време ме понижуваше , уништуваше пред целиот клас ... јас безпомошен идев дома изнервиран се карав со сите им го унишував денот и тогаш се зачленив на фацебук , почнав да аднувам и наидов на едно девојче (3то што пратив friend request и ме прифати) и почнав да ги гледам сликите ... има што да видам над шоља , до огледало , позади огледало со мачката со тангата , со миничот итн итн ... Јас бев пресрекен , толку срекен да седнав научив кај професорката и утредента добив 2ка односите со сите ми се поправија , и дури и нивниот дневен живот се подобри од тогаш па до денес еднаш неделно се манијачи и еве не сум имал тажен ден веке 3 години така да благодарение на вас девојките , мажите се пресрекни тоа нема да го признат пред вас бидејки знаеш кога Lion king кажал на кралицата Se topam vo tvoite oci . Би ги замолил модераторите да не го бришат постов да видат сите какво влијание има фацебукот на машките (повекето) благодарам што одвоивте моменти да го прочитате мислењево . Пријатно
Миме јас на дечко ми нит пасворд му знам, нит на фб правиме мусбет. Не ме интересира што има кај него на ѕид , ни па него го интересира. Не знам зошто му се придава толкаво значење на фб? Јас повеќе го сфаќам како зезање, имам другар со кој на фб си пишуваме се и сешто и кој и да види мисли дека ми е нешто, а ние само се шегуваме. Сметам дека фб е играчка, а само несигурни девојки веруваат во тие глупости и ги проверуваат своите дечковци. Извинете ако навредив некоја, тоа е моето мислење, за мене фб е само место за зезањe. АПСОЛУТНО СЕ СЛОЖУВАМ СО ДЕВОЈКАВА јас дури и го избришав фб поради тоа што видов какви се глупости се случуваат таму,така што без навреда мислам дека фб е стварно за зезање,за луѓе кои немаат што друго да прават.
абе убаво ќе беше сите да си го сватеа за зезање ама не е така бидејќи гледаме различни случаеви затоа има несигурност како сакате речете јас лично го користам само за потреба не дремам на чат никогаш речиси не се ни уклучувам сите се колнат и преколнуваат јас нема да те изневерам јас вака јас така ама од друга страна како во случајот на девојкава тие ветувањата се само празни излитени зборови така да секогаш кај секој има доза на сомнеж зато се проверва фб кот зато се пробиваат пасворди за жал тоа е вистината
Jас да сум на твое место,под итно би му раскинала,ти оди по кејфот за да те задржи како резерва,тој да имал некој искрени чуства немало да го прави тоа..Тоа е твој избор,ама сепак мој совет е да не оставаш секој да си игра со тебе..
Одма раскини му, од искуство ти кажувам, дволичен е, а таквите се најлоши. Ќе ти го заврти грбот кога најмалку очекуваш. Подобро остави го, затоа што по месец или два таа која што ќе биде оставена си ТИ. Најдобронамерно. Секое добро. Поздрав!
Odime vekje 3 godini, so pauza na 2 pati. POsledniov pat e vekje 4 mesec.bovsata nonstop mu lajknuva nesto.on isto na nejze i i komentira kako da i se umilkuva?ima li potreva od panika? [mod-kirilica:gsy18rsu][/mod-kirilica:gsy18rsu]
Мојот на сите 3 профили има по 5000 пријатели (познат е јебига ) Колку пати до сега сме седеле кај него на фб и сме читале НЕПРИСТОЈНИ пораки од девојќи, и што треба јас да направам? Да скренам? И покрај тоа што јас му го знам пассот на сите 3 профили не му влагам, дури ни од љубопитност зошто знам дека не ме лаже, едноставно НЕ СЕ ЗАМАРАМ СО ФБ. Се зависи од тоа тој како се однесува со нив, а твојов дечко по постот што го имаш напишано не е рамнодушен спрема нив, така да и мојот совет ќе биде ист како на другиве феминки... РАСКИНИ МУ, и онака не ви е долга врската ( барем додека ептен не си се заљубила во него) Биди поздравена пс. постот не ми се однесуваше на likeME туку на претходната феминка што се пожали