1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Има други девојки на фејсбук

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од fatbeautiful, 30 мај 2011.

  1. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    откачи го те вара сигурно
     
  2. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Типов на месец дена не те ферма а што понатаму? Остави го кога гледаш дека не си му единствена...Сите ние сме посебни и уникатни и заслужуваме некој кој ќе не третира така...
    Совет за понатаму: Нема потреба да влагаш по профили на овој или се надевам на некој друг иден дечко...Само ќе се замараш што и како прави,со кого се пишува и ти после ќе се осеќаш глупаво...Вака оставо вистинскиот кај и да е ќе дојде па може и фб да нема па раат главата ќе ти биде :D :D :D
     
  3. busavkaa

    busavkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    И мојот дечко на фб имаше многу девојки ама пред него му избришав некои непристојни што беја, а дури и другарка му му ја избришав пред некој ден ко видов што му пишеше таја и му ја избришав..па сега да ја видам нека пиши пак...а дечко ми ко виде за тоа ми се подналути ама одма му реков ако ти е поважна таја слободно оди кај неја ама мене не ме барај и тогаш почна да се правда е добро де насмеја реков ова она...и сега дечко ми фб си го користи само за да игра покер што можи и таму си пиши со некоја од покерот ама ми е гајле за нив :)
     
  4. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Хаха, девојки бе! Аман што направивте?! :D
    Еве ја ситуацијата. Пишува со други девојки флертува и ти го откриваш :o Аха, мамицата негова сеа ќе му го хакнам профилот сите женски има да му ги избришам. Мисијата е изведена од 4987 пријатели он сега има 1254 од кои 1250 се машки, а другите се мајка му, сестра му и двете братучедки. Те напраил будала! У здрав мозок те ј*бе што би се рекло!
    После недела дена вашиот мил дечко искача со колегите од факс на кафе и таму флертува со рандом цурици. И? Ќе одите ќе залепите слика на кафичот да знаат сите кога он е присутен забранет е женски пол?
    Не, не ве прави он будала. Него вие сте будала што сте со таков човек кој очигледно не ги исполнува вашите критериуми.
    Решение: Ако сакате дечко кој не флертува со девојки на фејсбук, т.е. на наш женски јазик е тоа дечко кој не КОНТАКТИРА за ништо со женски пол (другарки) на фб, а и во реалниот свет, најдете некој кој игра 20 часа во денот Кантер или Дота.
     
    На vendiii, la.diva, MalataNena и 2 други им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Имам и порано мрчено на темава де, ама тогаш немав искуство со такви работи на ФБ, сега имам. :D
    Инаку, мене како прво насловов не ми е јасен. Како тоа “Има други девојки на фејсбук“?
    Со нив е ставен во виртуелна врска? Им удрил лајк4е на линк4е и на слики4е?
    Не е девојка ниту нешто приближно до тоа ако се` се сведува на ФБ контакт!
    Не викам дека сум компетентна на овој начин да мрчам на темава. Воопшто не сум.
    И јас изреагирав исто како и повеќето во сличен случај што го имав. И мутаво имам изреагирано на неколку ФБ ситници.
    Well guess what? Токму поради истите инстантно пораснав и созреав.
    Ама! Едно е да реагираш на флерт со само една девојка, друго е само да има женски пријателки/колешки/братучедки/ватевр во листа, а трето е да имаш мажуле на кое секоја втора цуца на ФБ му е полугола и со која си разменува “неморалности“ на чет.
    Никоја нема да се прави наудрена при такво нешто, ама на секое додавање да реагираш во смисла “Леле идиоту еден покварен! Која ти е оваа што си ја додал а? Види. Личи на курва! Којзнае што муабетите.“
    Ноуп. Многу погрешна реакција. Така нема ништо позитивно да се направи. Напротив, само пробудува инает, а и никој несака да му биде така наредувано што да прави и да му се модифицира листа зад грб.
    Тој вас ви ги брише ли пријателите? Ај ако не се` ке бришеме па. Што ке ни се и братучеди? Којзнае, може и инцест планираме! Или па чекај и машките пријатели, што знаеш, може има педерски нагони некој! :o
    Затоа девојки, од лично искуство, убаво разгледајте ситуација пред да изреагирате и безпотребно да имате расправии и главоболки.
    Ако е алармантно - реагирајте. А на секое ново пријателство, никој несака мрчење и давање објаснувања кој/а е пријателот/ката и зошто е додаден/а.
    А ако тој си сака да си има други девојки - ке ги има. И пред очи ке ви биде цело време, а вие нема ни да сте свесни за тоа. (Од уште едно лично искуство) :D
     
    На Nati.P, Spell и INSIDIOUS им се допаѓа ова.
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Срамота е да си губиме време размислувајќи што тој/таа прави додека е приклучен на ФБ.Недоволната доверба во партнерите е причината за ова.
    Сум приметила дека девојките помалку го почитуваат статусот и си даваат за право да стискаат лајк,или да воспостават некој вид комуникација(а знаеме дека ако девојка науми,наумено е,и ко што девојка може да постигне ефект,машко мн помалку),додека пак,машките чим видат дека е зафатена девојката,помалку се дрзнуваат на плеткања,иако фала богу има и такви и такви и во двата пола.
    Лично јас немам профил,ама сум гледала што прават моите другарки.Намерно на нивните дечковци им се пуштаат дали бивши,дали некоја х девојка,само колку да го пуштат жарчето,и аналогно на тоа почнуваат нервозите што,како и зашто.А имам и другарка што има прекрасен дечко,но едноставно очите само и шараат,провоцира и итн,таква си е.
    Од друга страна пак,сведок сум била и на случаеви,каде колку и да пецкаш,машкото е максимално резервиран и не те перципира 2%,и секоја чест за ваквите машки и девојки кои се во врска со вакви.
    ФБ е само ФБ,социјална страна,во која секој може да е мангуп,мангупка,манекенка,менаџери,да седнал со овој или оној на кафе и одма да се чекираат,или да направат фотосесија и да накачат 200 лајкови,мегутоа сево ова е само профил,и вие го гледате она што ви го претставуваат,притоа немате поима колку е се тоа така.(ова малце забегав,отидов офф топик)
    За крај,верувајте им на вашите партнери,се додека не видите реална причина за да се докаже спротивното,верувајте на нивните зборови отколку зборовите на некоја девојка која може само намерно провоцирала и го изманипулирала...И најважно ,дајте си време и простор за сите тие можни ситуации,допишувања и слично,да ги преиспитате,па подоцна донесете одлука. :)
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    жалосно што на типој по 23 24 25 26 години и нагоре да не набројувам му се заснова животот на фејсбук јас ако сум задоволна и исполнета со некој нема што да си го матам мозокот на ебани нет страни па фб кот е забава или да стапишво контакт со некого кого не си го видел или не се гледаш подолго време накратко речено и потреба до некаде но многу луѓе го имаат сватено погрешно и се користи за погрешен начин затоа има кавги и недоверба но до чоекот е не е до цурите или до фб кот до човекот е :x
     
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    у иста секунда го откачувам............
     
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Прво еден разговор, без избрзување со делата да не испадне рекла-казала-разбрала-недоразбрала...
    Прво постави се како да не знаеш ништо за тоа на фб-то, па после ако негира фати го во замка. Ќе нема излез и ќе ти признае се’, или пак сеуште ќе те лаже во очи.
    Доколку сметаш дека вреди и мислиш дека ќе се поправи - овој пат прости, но биди внимателна и држи го на око.
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Појаснување: Сексилејди, те цитирав, бидејќи нетот ми паѓа и не можев да го најдам мислењево на девојката, па се шверцувам покрај твојот пост, не ми се лути.
    Одговор за девојчево:
    Многу машки и покрај годините што ги имаат се однесуваат недораснато и единствена сатисфакција им е да им се потврди силината на машкоста, со која неуморно го хранат своето его.На социјална мрежа како што е фејсбук може да се напише било што.Типот очигледно мислел дека ќе излезе фраер, ако труби дека е факмен у стилу „јеботе сине“ и не верувам дека некој би го сфатил сериозно, освен ако не се наоѓа на иста бранова должина со него или исто ниво на интелигенција.
    Тој што мува и има широк спектар на девојки, не го искажува тоа јавно и не труби сегде за да му скокнат акциите.Свесен е за себе и своите можности.Меѓутоа, ваквите како твојот дечко ме потсеќаат на онија кученца-паничиња, лајат, лајат во празно, а кога ќе се најдат пред девојка, мислат дека цицка служи само за доење.На него тоа и му останува, да боцка само на фејсбук.
    На крај краева, јас лично со таков не би сакала да играм ни шах, а не па нешто позабавно да правам.
    Изборот е твој, ама за да не се повредуваш самата себе си и да си набиваш комплекси дека во тебе е грешката, откачи го брзопотезно и најди си некој што те заслужува.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.