1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инфекции

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од vesnicamk, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. hipi

    hipi Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    здраво! мојот проблем го приметив денес...завчера почна чешање на вагината .денес приметив на внатрешноста бел осип.бела боја точно на влезот )) партнерот доби ситни бубулички на "главичката" и пецкање на допир...се плашам искрено а гинекологот ми е на одмор...помош!
     
  2. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Вака сега.Незнам дали се работи за инфекција. Ќе го потенцирам проблемот, исплашена сум ,би сакала да добијам (утешно) мислење од вас,т.е совет.
    Денеска,после цел месец, имав односи.
    За време на сексот (без кондом), почувствував страшно печење внатре во вагината,не надворешно.
    После тоа од кога завршивме работа, отидов да мочам , ненормално многу ме печеше. Уште повеќе :worried:
    Стварно незнам за што се работи, ме интересира..дали некој има вакво искуство, и што би ми препорачале вие..Само да не е одење кај гинеколог..само тоа Не :x
     
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Можно е да е инфекција а можно е и да е некоја повреда.
    Пиј чај од камилица, увин или брусница 10 кесички во литар вода, до вечер гледај да испиеш барем литар и пол, ако во наредните 2-3 дена не прекине печењето најверојатно не станува збор за инфекција и потребно е да посетиш гинеколог, ако не барем обичен лекар кој ќе може да ти препише антибиотици.
    Да додадам, ако толку ти е непријатно да одиш на гинеколог, секако посети си обичен лекар, ќе ти даде упат за на микробиологија да провериш урина и ако станува збор за уринарна инфекција (што најверојатно со оглед на пецкањето станува збор за тоа) само тој преглед ќе биде доволен, кај обичниот лекар значи, матичниот.
     
    На machka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу.
     
  5. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    ^најверојатно ти е кандида, таа дава печење при однос, оди на гинеколог ќе ти дадат некои вагиналети не е страшно
     
  6. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    168
    Дека се работи за инфекција тоа е сигурно, прашањето е која инфекција е во прашање :^)
    Најчесто ова се проблеми кои се јавуваат доколку имаш кандида, но можно е да е и нејоа друга инфекција која без гинеколошки преглед нема да ја знаеме со сигурност, можеме само да погодуваме.

    Можеш да пробаш со Нистатин вагиналитети, користи ги 10 вечери ако е кандида со сигурност ќе ти помине, но и партнерот мора да прима соодветна терапија, во спротивно џабе. По наредниот однос повторно ќе се инфицираш.

    Знам дека не сакаш но мораш да посетиш гинеколог, во меѓувреме пробај со Нистатит, за мене се бр.1 во борбата против кандидата ;)
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    ^ Чекај тоа ти стварно не одиш и не планираш да одиш на гинеколог???
    Ако ти самата не се грижиш за твоето здравје, зашто бараш совети? Не сме овде ние „анонимни лекари“ па да ти поставиме дијагноза.
    И да, би ти дала јас совет за проблемот, ама нема да го сторам тоа, затоа што ако си доволно голема да имаш дечко тогаш си доволно голема и да одиш на гинеколог и тоа под рака заедно со него.
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    А зошто не ?! Како што гледам имаш 17 години и имаш односи.И треба да си одговорна пред самата себе.
    И што на пример имаш инфекција со кандида и трихомонас,во тој случај треба да се лечи и партнерот.Џабе ке користиш вагиналети кога на следниот сексуален однос тој те реинфицира.И не е одењето на гинеколог толку страшно. Жена си ,ќе се навикнеш на ова.И зар можеш да живееш со тоа печење???
     
  9. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Не побарав да ме осудувате со прашањето Зошто нејќам на гинеколог.
    Ми требаше мислење или совет за тоа За каква инфекција се работи, и дали воопшто е инфекција.
    (И нешто позитивно од целата ситуација, беше што само првата мокрача печеше,потоа не.Па се надевам не е ништо страшно,бадијала галамев.)
    Во секој случај,Ви Благодарам. :)
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    Никој не те осудува девојче,ама никој не може да знае што се случува во твоето тело.И да ,ти имаш инфекција.Еве,за почеток земи канестен вагиналети,и имај односи со кондом.Па ќе видиш,ако не помага, мора да одиш на гинеколог.Поздрав.
     
  11. AnjaLazanja

    AnjaLazanja Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    Здраво девојки да ве прашам дали некој до сега има кoористено Neopenotran Forte ?
     
  12. ninas93

    ninas93 Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Сакам да прашам,обично после менструцијата имам некакви симптоми на печење, чешање, само беличест исцедок во текот на целиот ден. Ќе може ли некој да ми каже совет како да ги намалам или отстранам.
     
  13. missy12

    missy12 Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zdravo , pred dve nedeli mi s pojavi infekcija na ocite i bev na pregled mi kazaa deka bila nekoja bakterija koja sega preminala vo virus, samo sto me zacudi deka mi spomna deka moze da e posledica od imanje na nekoja seksualno prenosliva bolest, a vo meguvreme i imam bolku vo dolniot desen kraj, najverojatno kaj crniot drob... me interesira dali e mozno da imam hepatit ili klamidija ili nekoja druga bolest..???? Ve molam da mi odgovorite mnogu sum zagrizena , mi e strav da nemoj da e nesto seriozno
     
  14. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Девојки бев на гинеколог пред 5 месеци поради зголемено лачење на бело прање кое имаше жолто-зеленкаста боја.Ми направи пап и испадна кандида и ми даде канестен вагиналетки и маст.Иако и потенцирав дека и на дечкоми му се појави на главичката црвенило и како мали бели точки не ми даде ништо ( мислам на апчиња да ги пиеме ) но само ми рече нека се мачка и тој со канестен крем.Тогаш ми помина, но секој месец истиот проблем.Може ли некој што го имал истиов проблем да ми каже дали можам да ставам вагиналетки иако ги користев пред 5 месеци и кои апчиња се најдобри да ги земеме да ги пиеме со дечко ми.
     
  15. RainGirl92

    RainGirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    53
    Најпрво треба да провериш како резултат на што ти се појавува кандидата. Значи кандидата се јавува како резултат на нарушено пх на секретот и во тој случај секретот станува по кисел. Може да се јави од неадекватен гел за туширање, од прашок за перење од антибиотици....
     
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    миалам дека канестен е тогаш за тогаш нормализира ама вас ви треба добра терапија е сега јас немам проблем со кандида ама читни наназад у темата или барај дали имаше тема за кандида таму имаше убаво напишано како му препишувале една капсула и на двајцата незнам која бесе точно и башка вагиналети и кремови алаи и антибиотик имаше вклучено
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.088
    Допаѓања:
    101.771
    Пол:
    Женски
    На препоните ми се појави некое одвратно црвенило, е сеа, се ќе беше во ред доколку пред месец дена не го имав истото тоа црвенило кај вагиналниот отвор, како кожичка дури изгорена, така изгледа. Е сега е проширено само нагоре и тоа исклучиво од едната страна, од другата страна одвреме навреме ми се појавува ама само по една две плуски, како црвени точки. Тогаш препишав на антибиотикот кој го пиев и намалениот имунитет кој го имав, бидејќи не бев во можност да идам на гинеколог. Сеуште не сум била, но ќе идам за една недела. Сакав да прашам, некоја да не имала сличен проблем, чаре?
     
  18. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Дали те чеша тоа црвенило? Ако ти се тријат нозете таму кај препоните може да е од тоа.Намачкај се со бекутан крем и види дали ќе исчезне црвенилото.Ти велам бидејќи е на препоните,а не е кај вагиналниот отвор.Доколку се појави и таму повторно најдобро е да одиш на гениколог.Мене ми се има појавено до сега само кај препоните од погоре наведената причина,па затоа и ти кажувам,но ти сепак ќе биде најдобро да си провериш на лекар :) .
     
  19. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Намачкај се со крема од бекутан од рибино масло мислам дека беше.Ја има по маркетиве јас ја купував пред некој ден за бебчето на кумашините и на него му се појавува така црвенило и не е скапа, околу 70тина ден а мн помага.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.088
    Допаѓања:
    101.771
    Пол:
    Женски
    Не е од триење бидејќи таму не се тријат, баш е како опекотина излупена во моментов и многу боли и чеша. Дефинитивно ќе го купам јукодермот на Бекутан, може и да помогне ;) Јас се уплашив дека прво ми се појави подолу кај вагиналниот отвор и само си враќам филмови од што може да биде. А ме уплаши што и дечко ми се пожали на некои промени, па дефинитивно ќе морам да се упатам на чичко гинеколог кога ќе идам дома наредната недела :tmi:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.