Исплашен...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Marija19, 21 јули 2010.

  1. Marija19

    Marija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Прво да ви се извинам поради тоа што се регистирав под женско име, а всушност сум машко. Во врска сум година и пол со девојка која многу ја сакам, и со која нон стоп сме заедно. Нормално како и во секоја врска, се караме но во главно имаме убава врска и многу се сакаме. Проблемот мој е што од септември таа ќе оди на факултет во Скопје и ќе мораме да се разделиме. Исплашен сум од помислата дека таа таму ќе запознае други луѓе а меѓу нив можеби и некој што ќе го замени моето место кога ние ретко ќе се видуваме. Не можам да престанам да мислам на тоа, па и поради таа причина во последно време се повеќе се караме. Таа ме уверува дека ме сака и дека нема шанси да стори вакво нешто, а и до сега не ми дала повод да имам такво мислење за неа. Како да го решам овој проблем кој се повеќе ме измачува.
     
  2. inlovegirl

    inlovegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Тоа што си исплашен значи дека ти навистина ја сакаш. И јас сум се нашла во слична ситуација.
    Еднаш запознав едно момче кое го засакав на прв поглед. Тој беше од друг град, и затоа јас бев исплашена за тоа, што ќе се случи кога веќе нема да се гледаме? Кога тој ќе замине засекогаш? И сега, тој замина. Немаме никаков контакт, освен што сме пријатели на фејсбук. Јас продолжив понатаму.
    Но, кај тебе ситуацијата е поинаква. Па вие сте заедно. Ако навистина се сакате, не треба да се сомневаш дека таа ќе запознае некој друг и дека ќе те напушти. Доколку тоа се случи, знај дека никогаш не ни била вредна за сакање...
     
  3. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    111
    Pa i ti ke bides sam vo tvojot grad i bi mozel istoto da go pravis, taka? Znaci resenieto e vo doverbata kako taa sto ti veruva deka ke i bides veren dodeka ona vo Sk studira taka i ti treba poveke da i veruvas pa pogotovo sto ona ne ti dala povod za somnez. Plus toa Mk e mala najodalecenoto mesto od Sk e na 2,5 sati taka da ne e nekoj problem da si se gledate pocesto a plus tuka e i internetot. Devojkata tvoja ako sakala da napravi nesto so drug toa mozela da go napravi i kaj sto ste sea taka da samo imaj pogolema doverba :) i nemoj da si ja rasipuvas vrskata so nedoverba i ispadi na ljubomora, uzivaj i ne mu se sekiraj ;)
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.611
    Мислам дека сам треба да почувствуваш дали таа те сака вистински.Заедно сте подолго време и ако сеуште не те изневерила не верувам дека таму ќе те изневери.Една врска треба да се заснова на доверба и почитување.И мојот дечко е исплашен за тоа како ќе биде кога јас ќе заминам на факултет но исто како и твојата девојка и јас му објаснувам дека го сакам само него и не сакам да раскиниме.Таа ќе оди таму да учи,а не да оди со некој друг.Доколку најде некој друг тоа значи дека никогаш не те сакала вистински.Ќе се гледате преку викнеди,ти ќе доаѓаш кај неа,таа кај тебе...Не се нервирај,се ќе биде добро ;)
     
  5. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Еве и јас сум во таква ситуација...Во мојот случај јас сум таа што ќе оди на факултет.Но јас знам дека го сакам дечко ми и не ми е потребен никој друг.Ние не сме ниту првиот ниту последниот пар што ќе треба да биде разделен а сепак да се труди да ја одржува врската....Не се нервирај ќе биде се во ред.Како што кажаа и другите ќе одиш ти таму ќе си доаѓа и таа и врската со труд,доверба и вложување ќе успее..Поздрав
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    4.397
    нависина една врска се гради на доверба, љубов и почитување еден спрема друг. биди спокоен тргам од мене јас ако искрено сакам го сакам само него и 1000 машки да има до мене не ме интересираат. а ти ако се плашиш да не те замени некој. хм мислиш дека скопските фраери се нешто хехехе таа ако те сака ќе те сака каде и да сте и година да сте разделени. а ако сака да те вара и да те замени таа тоа ќе го прави и пред твој очи не биди наивен. само остај нека почне се нека почне на факултет, биди слободен со неа, не покажувај љубомора затоа што ќе се затвори и нема ништо да ти кажува. биде спокоен отворен за разговор така ќе дознаеш многу повеќе работи за нејзините колеги. тргам од мене јас кога студирав дечко ми ги знаеше на име сите колешки и колеги со кој се дружев и излагав за разлика од тие колешки што имаа љубоморни дечковчи и мораа да кријат дека се на кафе со машки, а сепак се. е сеа твое е да избереш како ќе постапиш. но ако ја сакаш треба и да и веруваш
     
  7. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    И самиот кажа дека таа не ти дала повод да имаш такво мислење за неа. И јас бев во таква ситуација како тебе лани, дечко ми одеше Скопје и тоа со цимери кои немаа девојки, туку си имаат онака врски за една вечер. Мене веднаш ми падна на памет што ако носат женско друштво и некоја да му се пушти на дечко ми? Од самата помисла, и тој да не презел ништо околу неа, би умрела од љубомора. Но за среќа не се случи ништо такво. Се слушавме нон стоп со него и дури и кога одеше на продавница ми кажуваше (иако јас не му поставив такви обврски, да ми се јавува секаде каде што ќе оди, туку тој самиот си чувствуваше потреба да ми каже мене) Претходно одевме година и пол, исто како тебе. Му верував и ја одржавме врската прекрасно изминатава година. Не слушнав ни женско друштво да викале, а кога едниот цимер ќе донесел некоја женска, другите двајца излегувале :D Додуша дечко ми беше целосно посветен на учењето и тоа му беше главна преокупација. Мој совет е да не бидеш ама воопшто исплашен, бидејќи девојка ти сигурно таму оди со намера да учи, а не да запознава другари. Немој да правиш љубоморни испади и сцени, верувај и, бидејќи само така ќе ви опстане врската. Ако се карате заради твојата љубомора, ќе ја притискаш и ќе и го отежнуваш учењето, па ќе и пукне филмот. Затоа, штом и веруваш целосно, нема потреба што да бидеш исплашен ;)
     
  8. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    42
    Вистина е дека една врска се гради на доверба,ама што кога ке има некоја студентска забава, да речеме девојката еднаш или два пати нема да иде,а кога ќе отиде љубоморните тоа чекаат... И тоа вистина е дека Македонија е мала и за 2 саати си во Скопје,ама ретко кој може финансиски да си дозволи да оди минимум еднаш неделно за Скопје,и тоа на шеткање. Почекај малку па ќе видиш што ке испадне... Дали после запознавањето на нови личности во нејзиниот живот ќе се промени со односот. И те молам никако не и држи притисок,да не смее никаде да оди,да мора во толку и толку саатот да е на нет и такви работи. Оти може да и здосади и од тоа. Поздрав и среќно
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    минатата година кога почнав на факултет,одма забележав како дечко ми го фаќаа црни мисли,а сме од ист град :D не коментираше ништо директно,ама го осеќав.ме прашуваше демек седите ли во бифе често,со кој се дружиш најмногу,каква ми е групата и слично.учам на факултет со 80% машки,па ете ниеднаш не ни помислив да направам нешто со некој од нив,а секако дека сум можела.
    значи,ако девојка ти е зрела и ако те сака се ќе биде во ред,само ти не врши притисок и не и давај идеи :D
     
  10. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    82
    Епа дечко, што да ти кажам... Не знам колкав си, што планираш во животот и слично, ама ете... Ако сакаш да бидеш повеќе покрај неа-најди работа (во Скопје доаѓа девојката, ако разбрав) во Скопје или и ти дојди запиши се на факултет тука. И неа ќе ја гледаш повеќе и ти ништо нема да изгубиш-само ќе добиеш. Јас инаку сум малку против тоа да се разделуваат парови кои многу се сакаат, и тоа поради било која причина да се разделуваат, па секогаш барам начин никој да не биде оштетен, а тие да бидат заедно... Ти посакувам среќа! :hai:
     
  11. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    24
    Зашто само да не и веруваш? ;)
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.900
    Ете гледаш дека нема да сте единствените што ќе бидете разделени ? Ако таа тебе сака да те вара , да ти прави нешто позади грб , ќе може да те вара и заедно да живеете и ти никогаш да не дознаеш . Нема врска дека оддалеченоста ќе направи она тебе нешто лошо да ти направи . Ако вашата љубов е голема , ќе биде голема и кога ќе се врати , зашто да не и поголема од сега . А ако ти направи нешто лошо , тогаш не била за тебе . Се е во довербата..
     
  13. zlatche

    zlatche Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    ima mn parovi sho ziveat vo razlichni drzavi pa opstojuvaat a ne pa vo ista drzava...ja momentalno imam dechko od drug grag...pa stavrno ne se zamaram i mu veruam...toa sho ne go znaesh ne moze da te povredi si vikam :D
     
  14. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.208
    Јас мислам дека се зависи од неа! единствено што треба да направиш е да не ја оптеретуваш со тоа, бидејќи така само ќе ја тргнеш од себе, ти кажувам од искуство! Верувај во неа и ќе видиш се ќе биде како што треба, Брат ми има девојка од подалечен град и за тоа секогаш се кара со неа, а неа тоа и смета, ја притиска! затоа немој да ја правиш таа грешка! ако се сакате далечината ќе ви помогне љубовта да се зголеми! поздрав!
     
  15. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    6.674
    Пол:
    Женски
    Довербата е една од најбитните работи во врската,барем според мене :)
    Јас имам дечко од друг град,па летото се гледаме на 2-3 недели(инаку сме колеги на факултет)..Кога завршивме со учебната година,и јас си мислев дека ќе има девојки кои ќе му се пуштаат и сл.ама сите тие филмови во мојата глава биле непотребни :) Никогаш не ми дал повод да мислам дека ќе ме изневери , а и му верувам многу,плус не му вршам притисок за тоа у колку да биде уклучен на нет,кога да ми се јави...До сега ни оди супер :)
    Се надевам дека нема да дозволите далечината да ви ја расипе врската...Имајте доверба еден во друг...и љубов,се разбира :)
     
  16. devojceto15

    devojceto15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    4
    Bez strav zivotot ne e interesen ;)