Здраво..сакам да прашам јас вчера извршив абортус и имав боли во долниот дел од стомакот. Докторот ми рече дека тоа е нормално. Но во вечерните часови имав големи болки. Денес кога станав немав никаква болка а еве пак почнуваат големи болки. Дали може некој нешто да ми препорача. Дали сето ова е нормално или??
Да нормално е,значи сепак се реши за абортус МКДД.......најверојатно ова ти е нов профил со слично име така??
Нормално е мали болки, ама штом имаш големи треба да отидеш на гинеколог и по можност кај друг а не кај тој што ти го правел абортусот. Поздрав и се надевам дека се е во ред. Иначе нормално е и крварење, како за менструација, ако е многу големо може да биде проблем.
другарка моја пред една недела абортира, една недела крвари по малку и ја боли стомакот, последните 2 дена почна многу да крвари и уште је боли стомакот. има некоја искуство, дали е се во ред, дали да оди на преглед???
не е нормално.поминала една недела не треба да крвари обилно,дури и треба да престанало крваренјето.а болки па ич не треба да има.под итно нека оди на лекар,да не не ја исчистиле убаво.
Hема некое посебно правило после извршен абортус по колку треба да крвари,све зависи од самиот организам,пожелно е да си посети гинеколог,кај некои може крварењето да трае и удоговлекува и до три недели,со нормално крварење па да премине до обилно,па веќе само што прекинало,да се поклопи со менструацијата.
На форум не можеме точно да одговориме, така што најдобро е да отиде на преглед. Болки само по себе не се проблем и се очекуван симптом, но многу да крвави може да е проблем (освен ако не се поклопува во периодот).