1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде води „трулата“ врска?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Tanjamm, 12 јуни 2017.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Во мојата околина гледам луѓе кои со години се во вакви врски кои не се комплетни, а сепак не раскинуваат. Во смисла девојката кажува дека дечкото пие, дека е скржав, дека едно кафе не сака да ја почести, дека не мисли на брак, дека нема автомобил иако работи со години, дека нема услови за живот, не средил куќа иако работи со години. Дека дечкото си шета кај сака со другари, ама девојката седи дома за празници, дека дечкото секогаш има изговор кога девојката сака да оди некаде на викенд или одмор. Што мислите каде водат ваквите „трули“ врски, зошто луѓето го трпат сето тоа?Има ли иднина во таквите врски или не?Јас мислам дека тоа е само тепање на време, сожалување, страв да се остане сам, страв дека околината ќе праша зошто немаш дечко итн?Ваше мислење?
     
    На cresa-jagoda, elimkd, lunchy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    1. Луѓето се плашливи, имаат страв од непознатото, од прекин на нешто на кое свикнале и затоа одржуваат долги и досадни врски.
    2. Искомплексирани што ќе помисли околината за нив ако со време не се во врска (или пак околината на друг начин им влијае во изборот на партнер, пр. семејни преференци, финансии)
    3. Не можат да бираат, па го земаат тоа што им се нуди.


    Јас никогаш не би била со некој кој не ми се допаѓа, или некој кој ми е досаден, или некој кој ме третира лошо, само колку да не бидам сама. Тоа е, мислам, очајна ситуација. Таму води таква врска - во очај.
     
    Последна измена: 12 јуни 2017
    На cresa-jagoda, Victorian, Bozica1980 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.356
    Допаѓања:
    21.828
    Пол:
    Женски
    А каде би можела да води таквата врска? Која и да е причината за да се остане во таква врска, подоцна последиците ќе бидат уште поголеми. На почеток може нема да ти смета ништо, ама со тек на време некои работи ќе ти дојдат преку глава. На крај секако ќе заврши со развод.
    Така да, според мене таква врска нема иднина.
     
    На cresa-jagoda, lunchy и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Машки
    Самиот наслов е одговор.
     
    На cresa-jagoda, daylight, lunchy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    240
    Неводи никаде. :u: :fubar:
     
    На cresa-jagoda и lunchy им се допаѓа ова.
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Искрено, имам такви во околина и мојот одговор е: Who da fuck cares? :^) :smoke:
    Ич нема да ја разглобувам психолошки, тоа се само луѓе без храброст да живеат и без сознание за подобар живот.
    :d::drunk:
     
    На Bozica1980, Bender Rodriguez, QweenSM и 5 други им се допаѓа ова.
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сум слушнала така некој да зборува за својата девојка или дечко. Нема смисла повеќе таа врска штом едниот од нив повеќе не го сака другиот, тоа е губење на време само.
     
    На cresa-jagoda и lunchy им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.580
    Допаѓања:
    155.738
    Пол:
    Женски
    Ситуацијата за „трула“ врска опишана во воведното мислење води само кон неуспешен брак. :)
     
    На cresa-jagoda, Bender Rodriguez, lunchy и 3 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Води кон креирање на пар несреќни луѓе.
     
    На cresa-jagoda, SuperGirl24, Victorian и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Кој тоа ви всадил во главата дека некој во МК врши притисок дали комшиката или колешката има дечко или не и зошто нема? Јас мислам дека во последните 10 години во МК владее една таква тешка летаргија што повеќето луѓе не се замараат ни за самите себе, а не туѓи проблеми да решаваат. Не дај боже притисок да вршат или да се мрднат од каучот :D
     
    На Kaja991, Anie93 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Не е тоа ни љубов повеќе, навика е.
    Не знаат како да ги завршат а воедно а да не стравуваат од тоа " луѓето што ќе речат "
     
    На cresa-jagoda, MG3, La.loca и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    99% од сите врски, бракови и полуврски (оние кај кои раја не живее заедно) се срање.
    Во случаи како овие што ги опишуваш најчесто и двете страни се срање и можеби е подобро да останат во една срање врска отколку да раскинат и да створат две нови срање врски или скраја да е, бракови.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Има и друга варијанта, двете страни немаат што да понудат, двете страни си фантазираат дека заслужуваат којзнае што, троа холивуд, троа туски серии, ама некаде во длабочините на умот некој глас им кажува дека се срање онолку колку и нивното огледало во врската...па затоа си викаат поарно кретен/идиотка во кревет отколку неизвесност.

    Тука не спаѓаат екстреми како семејно насиље, тоа е веќе патологија и треба да интервенира општеството.:party:
     
  14. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Ти најде ли нетолку срање девојка во сектата на Антон Лавеј? Да те скроти малку. Ептен си напнат за твои години, не за друго :D
     
    На Abeja и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ц, немаме ние ништо со Светската Сатанистичка Црква, основана на 6.6.1966 од страна на маџарски емигрант во Сан Франциско. Тоа е фејк енд геј. Мие служиме на силите на темнината на поинаков начин.
    Но тоа не е тема, тема се срање врските и браковите каде што после 6 години брак гледаш беззаби, дебели, свиснати и смркнати фаци и се прашуваш дали имало трета светска или толку знаат?
     
  16. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Немате? Нели колективитетот е срање, а тука се поистоветуваш со истиот? :D

    Јас гледам и многу бракови каде што после 6 години брак има тип-топ средени жени со нови порцелански заби, ботокс, вештачки трепки и секси саласто стомаче :inlove:

    Веројатно во тие сатанистички секти што се движиш се собира најголемиот отпадок на општеството, па затоа така ти се чинат сите бракови :D
     
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Точка 3.

    Последните 10 години претходната власт од МК направи чиниш Америка :l:
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не не, немаш разбрано - не е секој колективен идентитет срање, само оние кои се наметнати, лажни, ефтини како етно-националната и религиската припадност а тука има место и за извесни елементи на локал-патриотизмот иако сам по себе има повеќе логика во него него во оној националниот. Нема ништо лошо во тоа човек свесен за себе и своите квалитети, потреби, знаења, животен пат...да си се организира со раја која има слични интереси.
    Но тоа е друга ситуација за која треба да се отвори тема.

    Има и тема за секти, па види таму, да не одиме оф-топик.

    Како што примети @sjdgo не е случајно тоа што дури и во ваква тема се обидуваш да протнеш пастирски популизам, дека баш во последниве 10 години раја има мед и млеко, тоа пршти од успешни бракови и врски, тоа морални, чесни и етични, не само што шета раја наоколу со златан зуб, средени, жените како од каталог на викторијас сикрет него и се возат Бентли, се пие Хенеси и Курвоазие, се јаде црн кавијар и се оди на шопинг во Токио.

    Јас би сакал да ја посетам таа реалност, таа РМ каде што ти егзистираш но некако се сомневам дека постои надвор од черепот на просечен човек-сендвич.

    Назад во оваа реалност, врските и браковите се дно, црните хроники се полнат со црни настани, пред пар години имаше и масовни убиства каде ликови потаманија цели семејства на нивни сопруги, разјадувани од сопствената параноја и неадекватност.
     
  19. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Јас се дружам со убави и успешни луѓе, затоа и ги гледам секојдневно. Не се дружам со тие неуспешни друштвени отпадоци коишто љубов и разбирање наоѓаат во тие сатанистички секти и се повикуваат на природните закони и уништување на трулото христијанство, а баш природата ги сместила таму каде што припаѓаат - на дното :D

    Колку некој и да бега од колективитетот и мастурбира на тинејџерски снобовски фетиши како што е индивидуализам и „и никој не ме разбира на овој свет“ сепак пак на крајот зависи од тој коликтивитет кој го одржува да преживее и живее колку-толку. За другото не сакам да коментирам, затоа што не е тема, а и ниту ме интересира. Се пишува евтино, а не ефтино. Не дека ти водам ред што пишуваш, туку почна да ми боде во очи веќе 2-3 поста по ред. Тоа не те научиле во сектата. И од сендвичарите може да научиш нешто :D
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    И назад на темава..

    Каде води трулата врска?


    Јас мислам никаде ..
     
    На cresa-jagoda, QweenSM, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.