Една една другарка рече „Па што да правам кога нема саглам“. Значи ако нема саглам, ќе бидам со некој несаглам. Ако денеска дечкото не сака едно кафе да ме почасти, како јас утре ќе чувам деца со него?
А ако те почасти ќе чуваш деца со него? Како бе колку ве почастил ви е мерило за колку добар дечко е?
Aко никогаш не сака да части, туку себично вади пари за себе, ако не сака за превоз да се потроши, ако не сака да отиде на одмор со тебе затоа што не му се даваат пари за да те почасти таму, пошто не оди нели заедно да сте, а да не плати една пијачка, ако не доаѓа да се видите затоа што не сака да троши за бензин, каков таѕко и сопруг ќе биде утре?Не е за една пијачка, ама преку ситници ќе го видиш карактерот на човекот. Ако му купиш подарок од 4000 денари за Свети Валентин, а тој со празни раце, каков впечаток ќе имаш?
Јас како претставник на оние што ништо не добиваа како подарок... Да ти кажам право Тања, баш ми е гајле.. Се додека сме истомисленици за сите останати прашања...
Еден таков пар сега се разведе. Детето има една година. Веднаш после роденденот. Тој ништо не работеше, кафе не и правеше, не ја оставаше да се тушира дека му трошела вода иако онаа ја плаќаше. Таа се тушираше кај родителите..... И сега не ја бара ни неа ни детето што е најтрагично
Tоа сакам да кажам, не е до едно кафе, можам сама сто кафиња да си платам, можам и да го частам, амакаков маж и родител ќе биде утре. Ќе плаќам јас се, а тој ќе ужива?Епа каков брак е тоа?Сега девојката седи дома, а тој шета со другари. Утре истото ќе го прави?И каде води тоа?Никаде.
Ни еден подарок што сум добила не ми бил драг колку еден кактус од 100-150 денари и едно чоколадце milky way од 25 денари. Никогаш не сум купила поклон од 4000 денари за св. Балентин. Ако ми купи ќе сфатам дека не ме познава доволно и не му значи нашата врска. Зошто очекувате кога идете на одмор тој да ве части пијачки? Дали тоа значи дека би прифатиле некој што цел де ќе трча по вас, нема да ви дозволува да излезете без него, ама битно ќе ве части постојано и ќе ве вози секаде кај што ќе посакате?
Спојлер: 666... Знам знам, во својот череп леташ со Дасо Фалкон на викенд во Акапулко, ок можеби фантазијата кај одредени лица има терапевтско дејство и така ти е полесно додека го гнетеш сендвичот со посебна и растителен, доделен од локалниот партиски стопан. Јасно ми е дека колективот те одржува во живот, не е тоа тајна, знам дека сам не можеш и дека без колективот ќе умреш од глад. Но тоа не е добро. Напротив, како што далтонистите не можат да препознаат бои така и сенвич-популацијата не знае ништо повеќе од две три фрази со кои ги заразиле во младите години и оттогаш се движат по инерција. А современата мисла, антропологија, социологија, политичка наука, фино се движат во насока на новото време кое ќе биде време на доброволните групирања наспроти оние безвредните како до сега, оние гнојни рани од кои тече зло, гангренозни грозомории кои изнедрија милијарди жртви, невидени страдања и го уназадија човештвото. А можеби и води Среќните луѓе помалку трошат на глупости и компензации Несреќна раја...е тука имаат што да кажат адвокати, нотари, новинари, производители на алкохол, угостители, се зголемува БДП-то поради несреќната раја, и на тоа треба да се мисли
Прво, кога во барем една тема нема да се замеша политиката онаму каде што не и’ е местото? #прашањекоемемачи Инаку „трулите“ врски мислам дека водат до пропаст. Да, пропаст. Затоа што барем едниот од нив страда и ги троши залудно најубавите години. Или поблаго кажано- НИКАДЕ. Мене не ми е проблем да не добијам подарок, само јас да частам или се’ јас да плаќам. Но, едно големо НО, не треба да сум јас таа што плаќа. Секако нема да очекувам кога ќе одиме на одмор да ме части пијачки, ама што ќе го чини само еднаш да го направи тоа. Ако толку не сака да почасти девојка, барем неговата пијачка нека си ја плаќа сам. Нормално е да не биде се’ по мое, ама за себе да има толку пари, а за мене ни денар да не даде?
Не е се во подароците. Ако взаемно не си "даваат" и вложува само едната страна, врската оди кон пропаст. Тој што вложувал еден ден ќе дигне раце, ако е доволно свесен ќе ја прекине врската, или ќе се помири и ќе остане да мизерува во неа. А двајца мизерни и несреќни луѓе ги прави и одбивни за околината. Нефункционална врска води и кон многу други фамилијарни проблеми, па ако им се упропастува еден живот кој ни е единствен за живеење, јас ќе им дозволам слободно, но без мене во нивниот живот!
Тоа сакам да кажам. Не дека би сакала одмор некој да ми плаќа, за што работам тогаш јас, ама ако излегува со другарите на вечери, кафиња, а девојката не ја носи, за да не плати, каква е таа врска тогаш освен трула?Да му купиш подарок за 4000 денари, а тој со празни раце, сепак не е в ред.
Еве неколку примери на каде се движи квалитетот на браковите и врските на оваа територија. http://24vesti.com.mk/apelacija-dozhivoten-zatvor-za-trikratniot-ubiec-od-kavadarci-toni-stanoev http://vesti.mk/read/news/3853059/1389828/trikratniot-ubiec-od-zletovo-pronajden-obesen http://daily.mk/hronika/bitola-ubil-soprugata-4-godishnata-kjerkichka Ја убил жена си со сукало. Пред очите на 4 годишната ќерка...и није то у америци, тоа е во вашето маало. Ваквите наслови стануваат секојдневие. За разлика од розефките светови во кои егзистираат одредени лица, во реалноста бројот на разводи секоја година руши рекорди, семејното насиље е во постојан пораст, самохраните родителства се побројни а рајата не знае коју поруку послати... Куд плови овај брод...
Кога се работи за частење пијалок, храна, цигари, воопшто не ми е проблем да си го почастам дечкото или да му купам цигари на пример ако тој период е слаб со пари, па и да не е, мерак би ми било да му купам што и да е од што го сакам. И нема да чекам тој да ме части и вози наоколу за "возврат" зошто јас нема да го правам тоа заради тие причини. Е сега, постојат ситуации од типот на оваа: седнуваат во кафич дечко и девојка, и дечково по 10ти пат ќе фати да го нарачува цело мени, и ќе и се сврти на девојката што е пример студент, невработена, а тој си има редовни примања и ќе и рече, ај плати ми го јадењево. Тоа ми е веќе невкусно. Кога се работи за понатамошниот живот, рано ми е уште сега да размислувам, па да знам каков маж би земала или не, така што тоа прашање ќе го оставам неодговорено. За оној другиот дел, мажот да си се рашетува и да оди каде сака, додека девојката ќе седи и ќе го чека дома, нц. Најголем број од дечковците што сум ги имала, ако сум се договорила пример на журка со другарка, најчесто ќе сум го викнела и него, ако сака да дојде - супер, ако не, јас фала Богу ќе си отидам на журката, он не може да ми забрани на било каков начин. Не знам, до сега ми се нема случено да одам со таков дечко што ќе ми забранува работи, а ако налетам на таков, ќе му објаснам уште одма како стојат работите, ако му одговара ок, ако не секој по својот пат и тоа е тоа.
Види, мислам дека знам на што мислиш, тоа е остаток од времињата кога мажот морало да се покаже, да плати, да однесе жена или женска на одмор... Но тоа е веќе минато и сега двајцата треба заедно да прават што ќе прават, вклучително и финансии. Проблемот е што сме во транзициско доба во тој поглед, улогите на маш и жена во врска и брак сеуште се редефинираат кај нас, треба време и сеуште многу жени со потценување гледаат на маш кој не части, кој не купува поклони, кој не носи на одмор исклучиво од свој џеб...дали тоа ќе се промени не знам, ако стандардот чмае уште 10-20 години - никогаш нема да испари таа наводна одговорност на мажот...
Се сложувам комплет. Се распаѓаме како нација. Распаднати бракови, семејства, уништени деца. Делумно се разбираме. Но, ако утре во брак таа жена не работи и е без приходи, а тој прима добра плата, дали значи дека ќе отиде со другарите на одмор?Дали и тогаш жената ќе седи дома?Не одобрувам изигрување спонзоруша, ама ако сега е дечкото на грбот на девојката кога ќе излезат, а при тоа се рашетува сам без неа, каква иднина имаат?
Апсолутно не, сопругата треба и мора да биде на прво место, бидејќи другар за другар, со другар не се дели најголемата интима која може човечко битие да ја доживее, нит другар раѓа деца, нит те гледа кога си болен така да машки особи кои ги ставаат другарите на прво место се битанги и пропалитети.
Јас бракот го гледам како заедница на 2 лица кои решиле животот да го поминат заедно, во добро и во зло, во здравје и болест..се додека на двајцата им е убаво или смртта не ги раздели. А кога ќе престане да им биде убаво, ако слогата и мирот во домот им се постојани гости, тогаш може и да опстојат.. Ако не, подобро е секој на своја страна... Е сега, во таа заедница секој влегува на некој начин, некој богат, некој сиромав, некој со средни примања.. НО многу е важно како тоа ќе се избалансира во бракот.. Кога веќе ќе решиш да делиш живот со некого, тоа значи дека си решен да делиш многу повеќе од плата со него/неа.. Па ако едниот не работи, товарот ќе падне на грбот на другиот..се додека тоа не предизвикува револт кај финансиски помоќниот партнер, во случај невработениот да не мрда со прст за да најде било каква работа.. А од финансиските проблеми почнуваат сите останати кавги.. Сепак сметам дека две возрасни и зрели единки не би имале проблем да балансираат во таква заедница, затоа што со самата зрелост иде и желбата да придонесеш за заедницата во која се наоѓаш.. Овие лиглињава што ги споменувате погоре, што чекаат да му/и плати парнерот, за мене се ништо повеќе од неизживеани човечиња без желба за просперитет и уште помала желба за осамостојување во една заедница со љубениот/љубената.. Во брак не се гледа кој го платил одморот, затоа што треба да сте едно, да дишете и живеете за тој до вас, да бидете среќни само затоа што тој/таа е среќен/на.. Нивната среќа да биде ваша среќа и обратно.. И во тој процес, не заборавајте - не смеете никогаш да го изгубите сопственото ЈАС..
Зарем тоа што дечкото ќе ве чести кафе, одмор, ќе ви купува подароци е мерило за успешна врска? За успешна врска се потребни многу други нешта. Да не забегам од темата ама еве ќе ви кажам пример. Со дечко ми додека бевме студенти не си купуваме ни подарок за роденден. Доволно ни беше да бидеме еден до друг. Се случуваше и двајцата да имаме пари колку за по едно кафе и секако секој си го плаќаше своето. Сега работиме, нештата се поинакви. Тој нема кола и што сега затоа што работи неколку години а нема кола да го оставам? Не се битни материјалните нешта се додека се сакате такви како што сте. Се додека има почит, разбирање и љубов има и решение. Имам познати на кои дечковците им купуваат скапи подароци, ги шетаат секаде, а постојано ги изневеруваат. И кое значење ги имаат тие подароци?