Казна или?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од malata89, 12 септември 2010.

  1. malata89

    malata89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Се извинувам што отворив нова тема само за да поставам прашање на кое ми треба многу итно одговори и совети!
    И ги замолувам најискрено да ме советувате што да правм и кој е крив да ми кажете ако можете да процените.
    Многу ми е тешко и не знам кај да терам ;(
    Имав дечко, се фативме ко на шала, ама таа шала прерасна во сериозна врска. На почетокот му кажував дека јас не сакам сериозни врски, дека не сум таков тип на девојка. Не ме разбра ми велеше уживај се ќе се среди. Дечкото ме засака многу, а јас... не знам..да го скав и поштував како личност, ама не можам да кажам дека сум била заљубена во него.
    Имав се што ќе посакав, правеше се за мене. Од една страна ми беше убаво, а од друга...навечер размислувам зошто сум со него?... затоа што е добар со мене и ми дава се?а кај е страста?кај се изненадувањата?
    Немаше другари во периодот од година и 6 месеци..значи 24 саати само јас и он...кај и да идам со мене е... тоа ми стана толку монотоно што не може да се опише...двајцата сме шкорпии во хороскоп и премногу е љубоморен на се... Искрено со него се чуствував дека јас сум МАШКОТО а тој ДЕВОЈКАТА во врската.
    Барав да правиме пауза да сватам што се дешава пошто премногу се гушев, ме полудуваше..не можев да издржам...мислев дали се е навика или го сакам...сватив НАВИКА МИ Е! Немам потреба од него!
    Го изневерив, а и летото јас двамесеци работев и не бев со него и пак го изневерив и сватив дека не можам со него. КОга се вратив со Ск. му кажав дека не можам веќе се него... да не се надева, ама дека нема ни мали шанси пак јас и он да бидеме во врска.
    Утре дента шетав со другар, овој ме најде и ме истепа пред сите :tmi: :worried:
    Не можев да се откачам од него, продолживме да комуницираме и да бидеме пријатели... му кажав дека не го сакам и дека сум го изневерила и дека тој не е човекот што јас го посакувам! Не ме разбира, не може да се откачи од мене, преголем психопат е, на 100 начини му обајснувам а тој само „ЗОШТО, ЗОШТО, ЗОШТО“ ми ја пореметува психата, ми се заканува, не можам да се отрганм од него.... ;(
    КАКО ДА МУ ОБЈАСНАМ ДА МЕ ОСТАВИ ДА ЖИВЕАМ ДА НЕ МИ ДОСАЃА ВЕЌЕ??? Неговата љубов е психопатска, опседнат е со мене!
    И вчера пак ме најде и ме бакнуваше и со сила ме соблакаше и се, јас плачев и молев да ме пушти а тој: „ПЛАЧИ И МОЛИ ДА ВИДИШ КАКО Е КОГА ЈАС ТЕ МОЛЕВ ДА НЕ МЕ ОСТАВАШ“
    Се понаша со мене ко сега да сум најголемата курва!
    :@
    Многу ми е тешко и не знам што да правам!
    Јас имам 21 а он 20
    Сигурно сум крива за некои работи, ама он што не свати дека не сакам да сум со него?!


    Ве молам ако може некој нека ми одговори
     
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.644
    Како прво си згешила кога дигнал рака на тебе што си продолжила да комуницираш со него ама тоа на страна што си згрешила си згрешила сеа да се исправи :!: Сите контакти со него прекини ги значи мсн фб све тоа блок делит , на телефон не му кревај или пак смени го бројот некое време ...а ако продолжи со таквото однесување би требала и на твоите да им кажеш па и да го пријавиш во полиција,зашто ова веќе не е шала!!!Луѓе ради овакви работи живот изгубиле не го сваќај здраво за готово :!:Љубоомората е болест а не особина и треба да се лечи!! А и никој не е должен нечија тортура да трпи...
    Ако си во можност дури можеш да заминеш од градот на некое време барем недела дена,и ти да си дојдеш до себе и убаво да размислиш...
    Поздрав до тебе се надевам дека се ќе се среди ;)
     
  3. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    619
    или....(некако не сум во состојба баш да пишам ама ќе ти кажам кратко)
    Повеќе не шетај сама,за да не може да те тепа,и да те малтертира сексуално......сепак не можиш да се затвориш дома само затоа што некој има сериозни психички нарушувања....подобро шетај со брат,постар братучед,другар...имај машка придружба до тебе....сепак доколку ти пристапи да можиш на некој начин да се одбраниш,а така сама....во секој момент си му достапна за малтертирање....како и да е девојко реагирај брзо и реши го проблемот во најбрзо време....не дај боже ова понатаму во животот може да ти се одрази со несакани последици :x
     
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    15.934
    Пол:
    Женски
    Мала не си крива во никој случај. Нему проблемот му е во психата. Добро е што навреме си се отргнала од него... сега останува уште да се реши проблемот со тоа што не те остава на мира.
    Овде сама мислам дека не ќе можеш ништо, бидејќи дечково не се разбира од збор. Мора да кажеш на некоја машка особа, на татко ти или брат ти, да интервенираат тие со некоја закана. Ако и тоа не бива мораш да го пријавиш во полиција. Немој да мислиш на тоа што си имала некогаш со него, и да се разнежнуваш... биди груба, отфрли го. Не моткај се сама на места каде што можеш да го сретнеш.. човекот може да биде опасен и сериозно да те повреди. Биди внимателна!!!
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.150
    Допаѓања:
    26.378
    Другарка ми имаше ваква врска. Јасно ми е како ден! Му попушташе, му простуваше све и свашта! На крај повеќе неможеше да издржи и му раскина на мирен начин. Овој ја викнал кај него дома демек да си ги земе нејзините работи. Кога отишла ја заклучил и и ја трескал главата од земја. Потоа се обидел да ја силува. Врискала по помош и незнам како се оттргнала од тоа. После тоа каде и да ја видеше ја тепаше. Модра беше целата. Се обидуваше да скрие од нејзините за да не настанат поголеми проблеми. Ама пукна! И се случи тоа што требаше! Татко и го пријави во полиција и ги стресе гаќичките, од тогаш не и се приближи!
    Јас незнам како можеш сеуште да бидеш и пријател со таков човек :^) Те истепал пред сите! Немој девојче, и така не чувствуваш ништо спрема него, пријави го во полиција, разговарај со твоите дома, ова не е играчка, ти кажувам затоа што знам другарка ми низ што помина со таков психопат! Не си виновна ни најмалку во случајов, пријави го дека се обидува да те силува, дека не те остава на мир и дека добиваш закани за тепање. Плус, еве добра опција, ако ти досадува на телефон, сега незнам како ама на другарка ми телефонот беше поврзан со полицијата за ако пак и досадува и и се заканува да можат да слушаат!
    Топло ти препорачувам и сочувствувам со тебе за ова, да им кажеш на твоите дома, никој нема дете за фрлање! Сега ова, друг пат недај Боже нешто посериозно ќе направи! Не си играј, кажи му на татко ти, двајцата во полиција пријави го и нема повеќе да ти се доближи. Само така ќе имаш мир!
    Со среќа!!!
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Толку соживеав со твојата ситуација, како јас да сум го пишувала ова, секако без крајот. Ама тоа во некоја друга прилика. Сега за твојот проблем. Значи после ова последното, да прекинеш секаков контакт со него, ма какво пријателство, какво комуницирање. Избегнувај го, игнорирај го, да загуби секаква надеж за тебе, па може ќе те остави на мира. Ако пак продолжат неговите малтретирања, закани му се дека ќе го пријавиш во полиција.Не покажувај страв пред него, а сепак секогаш биди со придружба да не може да те повреди.
    Најбитно од се е да не дозволуваш да те обземе сожалување, бидејќи така нема да можеш да го отргнеш од себе.
    Поздрав и секое добро.
     
  7. malata89

    malata89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Фала на советите, многу ми е полесно сега...
    dosta zboruvav a ti se pravis maloumen i ne me razbiras

    i ne me ostavas da ziveam

    ne si ja kontroliras opsesijata i ljubomorata is e dr

    i se ispraznuvas na mene

    i me obvinuvas samo mene

    a ne svakas sto ZBORAM

    dosta e stefan

    malku ti bese so te varav
    malkuuuuuuuuu

    sakav se da bide dobro, popustav aj drugari ke bideme, aj ke ti dozvoluvam se.. zasto???

    psihopat si svati go toa
    ostaj me da ziveaaaaaaaam
    ne mi zvoni
    ne me baraj
    koga ke go zemam tel ke ti se ja javam da ti go vratam
    ne sakam nikakva komunikacija so tebe

    ako ne se razbiras so zboram, nema samo so edna tuzba da pomies
    a si go baras toa
    na tele da kazuvas ke svati
    a ti??? ti ne si covek bre!
    dzabe ti se milion ubavi raboti so si napravil koga so edno nesto se unistuvas
    dzabe kaj lugeto so ostavas dobar vpecatok koga ne ti vredi nisto toa be.. ne znaes so devojka da se razberes na kulturen nacin !

    te sakav, te postuvav... AMA VEKE SI MRTOV ZA MENE!

    ова беше со му пишав последно.
    ме навредуваше дека сум глупа, он бил паметен и добар впечаток оставал кај сите и обрас и имал мн луѓе кои у секое време би му помогнале а јас сум била никој и ништо :(
    ипак фала многу, ја немав храброст да пријавувам во полиција или такви ствари мислев со разговор ке се среди ама гледам не иде ке морам да преземам други мерки!

    фала многу
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.507
    Допаѓања:
    51.630
    Пол:
    Женски
    Имав слична врска, со типот бев 2 години. Се беше убаво до моментот кога беше нашиот прав пат на 9 месеци и тој се смени целосно, ме гушеше, не смеев до продавница да одам ако не му се јавам, ако отидам кај другарка, зошто сум морала јас што не дошла она, тесни панталони не, деколте не, сукња не, се разбира овие негови барања не ги почитував, па нели се смешни? и јас не сакав да бидам повеќе интимна со него, сакав и да му раскинам, но неможев, ми доаѓаше во школо, дома, напорен беше и по совет од другар го изварав и му кажав, ми прости, уште еднаш, пак ми прости и така усте година и нешто. Се гледавме но не смееше да ме бакне или прегрне, седевме ко странци. Еден ден ме викна кај него на ручек, сестра му многу сакала да ме види,а и јас многу ја сакав па отидов, кога отидов немаше никој. Ја заклучи вратата и почна да ме соблекува, се борев со сета сила и избегав, значи полусоблечена искочив и почнав да трчам накај автобуска, тој трчаше по мене, но одма се качив. Наредниот ден ме чекаше пред школо и нормално караници, продолжи месец дена да доаѓа за на крај повторно да го отерам кај што треба и не треба, за да се откаже.
    Би ти кажала не покажувај многу нервоза пред него, однесувај се ладно, не оди кај него, на само никако, не дозволувај да те бакнува и после некое време пак објасни му како стојат работите, верувам ќе се откаже.
    Јас после него година дена не бев со друг, неможев да поднесам машко да ме допре, не поминува така лесно, но не покажувај слабост.
    СЕ надевам дека ќе се среди се :*
     
  9. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Уфф навистина потресна ситуација.Дефинитивно дечкото има некој проблем,многу јасно си му напишала дека несакаш ништо повеќе со него.Труди се извесно време да го избегнуваш на секој можен начин.Не се јавувај ако ти ѕвони,не си пишувај со него,не излегувај сама извесен период или кога ќе го видеш во твоја близина тргни се настрана.Ако имаш прилика фати си нов дечко,можеби кога ќе те види со друг ќе му дојде паметот повеќе да не те малтретира.Ако ништо небива закани му се дека ќе го пријавиш во полиција.За тепање има големи казни,неможе туку така преку тоа да се помине.Како тоа тој пред сите насилно ќе постапува во кој век живее.Се надевам дека ќе се среди ситуацијата.Поздрав!
     
  10. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.632
    Леле Боже..Ваква останав... :o
    Да,добро е што установивме дека типот е болен.
    Се,се би прифатила кај машко,освен да е љубоморен... Оти ако е љубоморен,прво ова ќе ти забрани,па после она ќе ти забрани,па после нема да те пушта никаде без него,па после ќе те удари...
    Убаво кажаа девојките погоре.Требало уште веднаш да престанеш било каков контакт со него уште кога те истепал пред другар ти. И тој,што другар ќе беше,пред него да те истепа..Барем јас така сфатив од постот,ако не е така,поправи ме...
    Требало веднаш да го избришеш од живите и крај.
    Јас да сум на твое место,би кажала дома. Имаш 21 година,мислам дека не би требало да има никакви пречки да кажеш..Кога ќе го направиш тоа,полесно е ...Затоа што имаш некој кој ти е твој близок за да го решаваш проблемот.. Можеби најдобро е да го пријавиш во полиција,оти ова што ти се случува секако не е нормално..
    И немој себеси да се обвинуваш заради него... :*
    Ти имаш 21 година,во најубавите години си,треба да уживаш,а не да се замараш со некои лудаци и да мислиш дали да шеташ сама по градот или сепак да викнеш некој другар,затоа што кретенот може да те нападне...НЕ!
    Извести не што ќе направиш... :wasntme:
    :*
     
  11. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    331
    божееееееее :o :o :o :o во кој век живееме,“дечко ти“ е навистина психопат,не заслужува ни да се замараш за него ни ништо.те молам прифати ги советите од претходните девојки со кои се согласувам,и стори нешто,ама брзо,додека не станало полошо.навистина ме исплаши,да не сум ти во кожа,ги мразам таквите работи,и нема потреба да се плашеш од пријавување,биди храбра и направи го тоа,а од дома сама да излезеш е страшно,мене би ми било страв.штом еднаш те удрил пак ќе го направи тоа,смири се и биди силна,не му попуштај на тој идиот,не го заслужуваш тоа.преземи мерки додека е рано,после ќе се каеш,секакви приказни имам слушнато за крајот кој несакам ни да го помислам....и пиши што ќе направеш,новости ;)
     
  12. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Со оглед на тоа дека типот е психопат и да престане таа со било каква комуникација и да го избегнува тој пак ќе ја демне како сенка!
    Бидејќи нели тој си го носи името ПСИХОПАТ! Тој ја сретнал и ја истепал....Наредниот пат и да не може да ја најде,кога ќе ја види ќе го стори истото!
    Девојко убаво ти кажа оффи,овој е малку штракнат.....си пробала што си пробала да го откачиш не одело.Подобро кажи дома барем ќе имаш заштита.Ти си девојка што можеш да му направиш?И тој воопшто и не ти се плаши!
    А кога ќе му писне татко ти или како што те советуваа,полицијата е тогаш да видиме како ќе го свитка опашот!
    Се најдобро и извести не што и како.
    Поздрав! :*
     
  13. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    812
    се согласувам со сите девојки над мене, со тоа што би потенцирала да кажеш на мајка ти и татко ти.
    друго-нема потреба да го вреѓаш, да му докажуваш дали си глупа или не си, да го нарекуваш прихопат, да му плескаш у лице дека си го изварала....тоа не води нигде. пошто си има психички проблем, само поише го провоцираш. не му одговарај никако,ни телефон ни мсн ни ништо. дури и да те сретне и да ти дофрлува-остави го,нека прави што сака, однесувај се како да не постои. ке те замара уште некео време тоа сигурно.....уф...мораш да разговараш со твоите, немој да си играш играчки :swear: