Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како би постапиле во мојава ситуација ?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од secret.girl, 4 август 2013.

  1. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    А што е толку битно што другите мислат за вас? Ај оставете ги другите. Најпрво ти прифати си се себе си таква каква што си, па потоа очекувај од дечко ти и од другите да те прифатат. На толкави ризици да одиш уште сега, да си пореметуваш здравје за нешто што не знаеш уште колку ќе трае (ти се извинувам за ова, но мора и така да размислиш), не вреди мислам.. И што ако замисли раскинеш со овој дечко, тебе веќе ти се зголемила висината, си најдеш некој понизок од тебе? Така па полошо ќе изгледа, девојката да е повисока од дечкото.
    Затоа, уживај си, ако само висината ви е проблем, тогаш можам да кажам и дека нема никаков проблем. Доколку вас ви е убаво, таа е занемарлива. :)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Јас мислам ,дека можеш да пробаш да се извишиш.
    Безразлика за дечкото,напрај го тоа за себе.Ако има начин,пробај зашто да си набиваш комплекси.Ете си се распрашала,ти препорачале работи пробај ги
    .Само види да не има па негативни ефекти некои па да си направиш проблем,ако нема ич не се ни мисли.И да не успее ,ќе знаеш дека си пробала.
     
  3. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350

    А да не се замараш со глупости? Така мислам најарно ке ти биде.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    13.383
    Пол:
    Женски
    Ти го болдирав делот што ми боде најмногу во очи. Што има он да сака ти да си повисока? :fubar: Ако не си му чинела него (или на неговите родители) зашто воопшто е со тебе? Или се надевал дека ќе пораснеш? Чим викаш дека врската ви е добра, батали го овој муабет, не си барајте белји со боринче...

    Еднаш многу одамна, и јас си имав некој комплекс дека сум ниска. И сите чевли што ги купував беа со платформа, вклучувајќи ги и патиките. И џабе сите ми викаа дека нема врска, дека сум си тамам, кога јас си имав решено дека треба да сум повисока. Со тек на време, сфатив дека се глупирам. И ден денес носам ептен високи штикли, ама од сосема друга причина. Си најдов дечко кој е цела глава повисок од мене, и баш тоа што сум толку пониска од него ме прави среќна. Се чувствувам убаво во штиклите, ама со него поубаво ми е на рамни баш затоа што е повисок од мене.
    Поентата ми беше, знам како е да ти смета нешто во врска со самата себе и да сакаш да пробаш се што можеш за да го поправиш тоа. Ама ти никаде во постот не рече дека тебе ти смета што си ниска, него на твојот дечко и на неговите родители. Па и маж да ти бил, и пак ќе речам што има он да кажува дали си ниска или не! Ако сакаш сама за себе ова да го направи, еве пред мене те советуваа што можеш да направиш. Ако е за него, или за луѓето што ви коментираат од страна, или за било кој друг, само откачи ги и немој да се замараш. Какво право има некој да ти набива комплекс? Ти си таа што си и биди горда на тоа. :)
     
  5. Roxana

    Roxana Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2013
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    71
    Jaс да сум на твое место никако не би постапила.
    Сите тие работи кој што кажа дека сакаш да ги преземеш, можат да имаат негативен фитбек. Со хормони, нема играчка :!:
    И велиш дека имаш убава врска скоро 3 години. Па што се замараш тогаш? Што ти е гајле за неговите родители ако тој те сака таква каква што си ? :?:
    Секој е убав на свој начин, сигурно и ти си убава, не е се во висината :!:
    А и нивниот син, за машко 177 цм па и не е нешто.. висок.

    Батали се, не си го оптоварувај умот со глупости и уживај 8)
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Што има бе он да ти кажува и родителите негови каква да бидеш ти бе? ПА ТИ ПО НАРАЧКА ЛИ СИ ? ГЛИНА СИ ПА ДА ТЕ МОДЕЛИРААТ ?? -.-
    Ако толку сакаш да се извишиш оди вежбај кошарка или одбојка,ем ќе имаш убаво тело,и плус ќе добиеш 3-4 сантиметри на висина. А ти па будала ќе одам јас ради некого по доктори здравјето ќе си го уништувам за некој таму шо не му одговарало каква сум. Па некој ако ме сака ќе ме сака каква и да сум бе !!! И БЕЗ КОСА АКО СУМ,АКО МЕ САКА И ТАКВА ЌЕ МЕ САКА,а не да ми кажува да се извишам,па господ таква те створил,сигурно него немало да го праша ‘‘ еј колку да ја напраам женскати,155 или 160? ‘‘.
    Ако тој стварно те сака ќе те сака каква и да си,а и тој не е висок за машко,така да прво синот нека си го погледнат,какви луѓе се тие цццц -.-
     
  7. Draganche

    Draganche Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    видов дека не сум спомнала дека и мене ми пречи ама да и мене ми пречи затоа што сум најниска од коа знам за себе. последна по висина во основно. последна во висина у средно. не е рааб дека само на него му пречи тоа би го тргнала на страна муабетот е што и мене ми пречи ...
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.960
    Допаѓања:
    133.416
    Убавите парфеми се во малечки шишенца :) Види ја Ноне, малечка е и страшно секси. Сите се врата по неа, не оти е мала, туку оти има секси задник и гради, симпатична фаца и прекрсасна насмевка. Добро, не е лепоица неискажлива, ама не е грда воопшто. Ти на штикли со 165, ко мене висока. Што ти фали?
    Дали вреди хормоните да ги манипулираш заради неколку сантиментри? А што правиме ако си фатиш некогаш низок дечко? Ке пиеш апчиња да се смалиш?
    Инаку, мене ми се посимпатични мали девојки, отколку, како што вика една другарка, кобилски девојки, кои се крупни и високи.
    Секој со својата убавина. На сите по нешто ни смета, некоја има мали цицки, криви заби, некоја има голем задник, широки колкови, дебела е, преслаба е, косата и е неквалитетна и измрсена или пак изгорена...Затоа, не се замарај. Подобро ситна во градба, отколку ситна во душа.
     
    На Sara123 и Twinkles им се допаѓа ова.
  9. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Еве ти совет од мене, и се ондесува на 100% прифаќање и да го направиш:
    Ќе седнеш со него, и ќе му кажеш, Не се секирај за мојата висина. Се е во ред.
    Ако имаш контакт со неговите, кажи им фино во очи, Што се секирате, се е во ред. Нема никаков проблем со мојата висина.

    Ако тој не те сака баш таква каква што си, тогаш не знам како можеш да се обидуваш да бараш решенија... Друга работа е ако ти самата сакаш нешто да направиш по тоа прашање и тој да е ОК со тоа, а ако не, пак да е ОК.
    Кажи му ти дека сакаш пенисот да му е поголем 5 цм, или помал 5 цм. Па види што ќе ти каже.
    Изгледа сте деца штом дозволувате и воопшто размислувате што родителите мислат за ВАШАТА врска.
     
  10. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Девојче , седи мрина не си играј со хормони, сериозна работа е тоа, не дај Боже може хаос да си направиш во организмот. Сакај се себе си онаква каква што си. А што се однеува до дечко ти, паааааа и он не е нешто висок за машко ( јас сум 172см, така да за мене он би бил ситен маж). Ако во се друго се сложувате , мислам дека сте идеален пар. Уживајте во љубовта.
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    А што ќе правиш кога утре ќе ти каже дека не му се свиѓаат твоите гради и дека треба да ги зголемиш/ намалиш? Ќе одиш да закажеш операција? Или дека сака плави девојки, девојки со плави очи, девојки со полни усни? Ќе се фарбаш, ќе носиш леќи, ќе ставаш силикон?
    Убаво кажа Cka - Секој со својата убавина. Ако те сака, ќе те прифати таква каква што си. Ниеден дечко не е вреден за толку да се менуваш за него!
     
  12. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    За грев. Ако те сака нека те прифати таква каква што си. |(
     
  13. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Мислам дека ти си бетер проблем од него што воопшто потпаѓаш под влијание. Сакал господинот повисока девојка. Какви живи глупости. Во ред е ако ти самата сакаш да се извишиш, ама да ти набива комплекси. Колку е само идиотски целиот муабет! Добро е што има барем вакво место па да си прашаш колку и глупо да е прашањето, барем нешто ќе прочиташ, ќе видиш. Каков идиот е тој, не знам како може да ти биде супер врската. Дебилизам
     
  14. badgirl9

    badgirl9 Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Навистина ми е потребно мислење од некој кој не ми е близок, роднина, пријател или воопшто некој кој знае која сум и ја "знае" мојата приказна, како што знаат тие таквите да зборуваат. Последниве четири месеци постојано го променувам своето расположение. Имам 18 години, и пред 6 месеци излегов од врска која траеше една година. Не сакам да ми судите како сум мала и дека мислам дека разбирам се и ред други работи. Од како излегов од таа врска почнав да сфаќам како сум под огромно влијание на мајками и родниниве, и општо на општествово, како треба да најдам некој под наводници од фамилија, школуван и ред други работи и некој со кој треба да си ја планирам иднината. Сфатиф дека јас не сум сакала да бидам со него, туку другите сакале. Пред 2 месеци започнав нова врска и за истата размислував околу 4 месеци како што напишав горе. Момчево е поголемо од мене 4 години, навистина е убав и внимателен со мене во секој поглед, почитуван од блиските и ред др.работи. Е сега проблемот е што тој се откажа од факултет, неговите се разведени и од дома ми прават притисок зошто сум отишла со него само да зборуваат луѓето бидејќи јас со него сум немала иднина. Имам само 18 години тие ми планираат како да живеам на 28! Навистина чувствувам преголем притисок, а и него го притискам. Совет ве молам.
     
  15. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Па, ја да сум нема да ги слушам моите (какко и секогаш). Можеби не ни мислат лошо, но иднината е моја, и ќе правам јас што сакам и како сакам. А ти ако го сакаш, не откажувај се од него. :)
     
  16. dijana8

    dijana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    260
    секако дека родителите се тие кои сакаат да не насочат на прав пат, ама во твојов случај мислам дека сепак имаш 18 год. и сама треба да одлучиш што да правиш само не избрзувај со одлуката размисли дали го сакаш и продолжи со него :)
     
  17. badgirl9

    badgirl9 Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Навистина го сакам и сакам да бидам со него, го чувствувам тоа посебно кога е покрај мене, Но иако сум 18 години сеуште сум зависна од моите иако не по моја волја. Ми се закануваат со казни и ми се мешаат во врската и се чувствувам како да ја фрлам нашата врска во сенка, како да го омаловажувам него бидејќи моите несакаат да слушнат за него, а камо ли да се запознаат. И кога и да го споменам секогаш почнуваат со погрдни зборови и ред други работи. Но фала ви за вашето мислење направи да се чувствувам подобро :)
     
  18. dijana8

    dijana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    260
    да те разбирам ама како и да е продолжи со него и ипак мислам дека ако постои вистинска љубов и ако се бориш ке успееш,а твоите ке немаат излез и ке го прифатат кога-тогаш :)
     
  19. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Какви казни бре човече, значи многу се револтирам и се нервирам кога ќе спомне некој казна, или противење на врска, омаложување. Ко демек ние женските сме принцези, и мора со прст родителите да ни ги бираат идните мажи или дечковци. |(
     
    На dijana8 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. solei

    solei Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Немој да се секираш истрај, љубовта секогаш победува, освен кога нема да истраеме.
    Треба да им објасниш на родителите дека ако треба нема да јадеш ништо, нема да се грееш и нема да ги трошиш нивните пари, ама ќе останеш со љубовта своја. И дека ако те сакаат ќе прифатат (и покрај тоа те сакаат, но многу често родителите забегуваат во ова). Ако не им одговара, оди живеј со него ако сте во можност финансиски и сл. Ако не ти е реална идејава, сеуште имаш многу за зреење. Ако ти е реална, спремна си да ги земеш работите во твои раце, иако немаш работа или пари (бидејќи за да бидеме самите ние тие кои што сме, не ни требаат пари и работа, односно парите и работата не не одредуваат. Иако се пожелни и неопходни, но на 18 години не е во ред некој да те уценува за пари. Јас да сум на твое место си одам кај љубовта и ќе најдам работа. Па они нека се хранат меѓу себе дома.)
    Односот што го имаат кон тебе и врската нема врска со тоа што тој ќе напушти факултет и сл, туку немаат доверба во твојата способност да се грижиш и одлучуваш сама за себе. Како дошло до тоа, дали си покажала дека е така или не.., не знам.