Како да го зачувам бракот?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од slepec, 16 јуни 2011.

  1. slepec

    slepec Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    znam deka ova e zenski sajt ama kako najkomptentni vo mojot problem za odgovor mislam se zenite. Vo brak sum 23 godini i mislam deka e vo red sto se odnesuva do brakot, megutoa se gledam i slusam so mojata prva ljubov a vo meguvreme i pocnav vrska i intimen odnos so koleska od rabota vo koja sum zaljuben. Bidejki nemozev poveke da izdrzam i kazav se na soprugata. Ve molam za vase mislenje kako zeni i soprugi sto da pravam ponatamu za da go socuvam brakot vo koj imame i 2 deca i si ja sakam zenami. Isti i velam deka ja sakam ama ona ne mi veruva. Dali e mozno pokraj ovie vrski seuste da ja sakam. Pomagajte
    [mod-kirilica:1eflrypy][/mod-kirilica:1eflrypy]
     
  2. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    NEVERSTVO VO BRAK ZA KOE ZALAM

    Ниту сум женско,ниту сум бил во врска,ама фала Богу знам дека ниедна жена не го заслужува тоа...

    Почни прво од себе,дали ако си ја сакал ќе ја изневереше? Мислам дека жена ти е во право што не ти верува. Не верувам дека ќе се спасите,но се најдобро за двете деца кои ги имате. :)
     
  3. kristinamk

    kristinamk Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    4
    NEVERSTVO VO BRAK ZA KOE ZALAM

    abe ist slucaj imame i jas se zaljubiv i mnogu patam ali mora da se zrtvuva cim ja sakas mnogu soprugata bori se za da si go spasis toa so ti znaci.pozz
     
  4. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    NEVERSTVO VO BRAK ZA KOE ZALAM

    Па неможеш да очекуваш да ти поверува кога велиш дека ја сакаш а твоите дела покажуваат нешто сосема друго.Не дека го оправдувам стореното,секако дека тоа што си сторил не е во ред меѓутоа секој греши во животот сите сме луѓе, важно во твојот случај е тоа што си се покајал за стореното и гледаш да ги исправиш работите.Секако дека нема да биде лесно да ја повратиш довербата од жена ти, искрено се надевам дека работите меѓу вас ке се средат, но сето тоа доколку ја сакаш.Ако не е така немој да ја залажуваш бидејќи и ти и она како и децата ке бидете несреќни.
    поздрав
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.342
    Допаѓања:
    18.328
    Пол:
    Женски
    NEVERSTVO VO BRAK ZA KOE ZALAM

    Проблемот со ова е што не е само грешка. Грешка е еднаш или двапати ај и откога ќе се покаеш да ти се гади и од самата помисла на тоа. Како и да е, многу ми се допаѓа што си и кажал на жена ти, и искрено колку и да ми е тешко, повеќе би го ценела мажот кој ќе ми каже в лице што направил.

    Чудно ми е што со две други жени си контактирал напоредно, така што размисли што може да недостасува во твојот брак па обиди се да го пополниш тоа празно место внатре во бракот а не надвор од него. За тоа дали ја сака жена му само тој си знае, не сме му во главата тоа да го видиме, но доколку навистина ја сака, треба да се бори со сите сили да го сочува бракот. И без обесхрабрувања, да знаеш дека нема да е лесно да ја повратиш довербата но со тоа што си и кажал ти, а не дознала на друг начин веќе си направил чекор. Немој усилено ништо да правиш, прво обиди се да ја повратиш добрата комуникација, останатото ќе си дојде само по себе. И уште нешто, направи го ова само ако си сигурен дека ја сакаш, нека не ти бидат единствен изговор децата затоа што и за нив и за сите би бил многу подобар среќен развод отколку несреќен брак, но доколку ја сакаш не се откажувај па макар таа битка ти го повреди егото.

    Со среќа!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.779
    Пол:
    Женски
    NEVERSTVO VO BRAK ZA KOE ZALAM

    Ти знаеш ли што сакаш?
    Имаш жена, ја изневеруваш со првата љубов, потоа почнуваш интимна врска со колешка. Утре можеби ќе пишеш дека си почнал врска со комшиката итн.
    Тешко на таа твоја сопруга. И не, ти не ја сакаш, ти не сакаш никоја од тие три, сопругата можеби мислиш дека ја поседуваш и ја сакаш дека така треба, а другите две (или којзнае уште колку) само ги посакуваш особено за една работа.
    Ти не заслужуваш сопруга но исто така ниту почит од жена. Толку време ја изневеруваш а немаш храброст да и признаеш? Си и признал дури сега најверојатно си приметил дека она веќе и самата го осетила тоа.
    И не треба да ти верува. Треба што побрзо да научи да живее самостојно да не зависи од тебе. Децата повеќе ќе страдаат ако вие само се расправате, а тоа ќе биде често од сега откако си и признал. А со развод ќе се научат да живеат.
    Што си дробел-сркај си. Ич не ми е жал за тебе. Жал ми е за останатиот дел од твоето потесно семејство.
    Ај да си погрешел еднаш со таа твоја прва љубов па да се покаеш, ама ти си се гледал континуирано со неа, а потоа уште една врска исто континуирано а којзнае можеби ќе следи уште некоја таква врска. На крај кукавички си признал ама со тоа не се искупуваш за своите гревови.
     
    На ibanez, Barbice17, lolita97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    187
    NEVERSTVO VO BRAK ZA KOE ZALAM

    Стварно си слепец. |(
     
    На lolita97, barbie-hilton, stilas7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Мое мислење- ако ја сакаш прво-нема да одиш со ниту една друга-23 год. брак не се мала работа, а второ да ја сакаш и да се каеш немало да и кажеш. едоставно ќе си преќутел, ќе си прекинел контакт со тие особи, и ќе си се потрудел да надоместиш за тоа што си го сторил, а вака си ја повредил до бескрај. сега таа ќе пати, зошто БОЛИ, и никогаш нема да биде исто. може ќе остане со тебе, ама не очекувај убави моменти. Јас сум рекла, децата нема да бидат среќни ако не дај боже дознаат за тоа, за мене решение е развод колку и да е болно. Единствено да молиш и да очеуваш прво сам себе си да си простиш, а потоа да очекуваш прошка од неа и од Бога.
     
  9. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    838
    Колку и да се трудам да ја игнорирам темава, секој пат кога ќе ја видам ја отворам и не можам да не реплицирам.

    Нема жива сила на светов, што ќе ме убеди дека некого може да сакаш, и да му направиш такво нешто. Тоа не е сакање, па мајка јана била. Тоа е грижа на совест, и ниедно "те сакам" нема да врати назад ни поправи било што. Многу лесно летаат вакви длабоки зборови кога ќе заебеш нешто, али бадијала.

    Зошто, многу ме интересира и не можам да дешифрирам, глупа нека сум. Да се помоча човек на се` градено и вложувано, ден по ден цели 23 години... Не знам која глупача вреди толку за да си го растуриш семејството.
     
    На ibanez и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  10. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.079
    Премногу лоша работа си направил барем според мене, би ти изнакажала сеа 300 работи ама ќе си премолчам, зошто знам дека ти е потребен совет а не осудување! А дека те осудувам да, и тоа најостро, иако ќерка можам да ти бидам (според тоа дека си 23 год во брак)...
    Веќе си направил глупост не само со твојата "прва љубов"(колку детско ми звучи ова за маж на твои години) туку и со колешката. Ок си и признал на жена ти, треба да бидеш среќен што не ти побарала во тие 3 секунди развод и тоа по БРЗА ПОСТАПКА. Можеби е со тебе зареди двете деца што ги имате, не знам, тоа само таа знае. Е сеа можеби таа сепак може да ти прости за неверствата, доколку се потрудиш премногу ама ПРЕМНОГУ за да ја вратиш назад! Зближи се повеќе со неа, поминувај повеќе време со семејството, земи одмор од работа одете заедно некаде сите, оние мали ситни слатки изненадувања без повод, едноставно мора да и покажеш дека си згрешил, дека се каеш и дека ја сакаш (ако впрочем ја сакаш, ма да јас искрено се сомневам во тоа)! А дека за тоа да ти прости (ако воопшто ти прости) треба време! Епа ќе си се трудиш, ке молиш и ќе чекаш времето да покаже... а до тогаш памет во глава, и "другар ти" во гаќи!!!!!
     
  11. slepec

    slepec Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Поголем слепец здравје.
     
  12. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    Ова не е грешка, ова е многу повеќе од грешка.
    Очекуваш жена ти да ти поверува после се што си направил?
    Ја сакаш? Ти не ја сакаш. ти се сакаш само самиот себе си, ги задоволуваш своите потреби, место да поразговараш со жена ти...и со која можевте да ги пополните сите празнини.
    Да не очекуваш дека се ќе ти биде како порано? Мислам дека ако жена ти останала со тебе тоа е зато што мисли на вашите 2 деца, на кои ти очигледно ниеднаш не си помислил, а не од што сака да е со некој како тебе. А доколку те остави...нема да можеш ни збор да и преречеш, си заслужил!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Веќе знаеш дека си направил голема грешка, и веќе нема назад, се случило. Најважно е да се покаеш, кога веќе неможеш ништо да смениш. Се вели дека е потребно долго време за да се стекне доверба, а само еден миг за да се изгуби. И нема да ти биде лесно да ја вратиш довербата, но ако навистина ја сакаш не се откажувај.
     
  14. KerkataNaSlepecot

    KerkataNaSlepecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Браво тато стварно ....ме разочара овој пат премногу сега се ми е јасно а и претпоставував дека е така и и кажав на мама ама не веруваше.БРАВО ЗА ТЕБЕ ПОЗДРАВ ОД КЕРКА ТИ СЕ НАДЕВАМ КЕ ГО ПРОЧИТАШ ОВА ПА КЕ РАЗМИСЛИС УШТЕ ПОУБАВО СО СИ НАПРАВИЛ
    С.А.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Која коинциденција на форумот да се најдат таткото и ќерката и да решаваат семеен проблем 8)
    Не ги гледам сите серии ама ова мора да е сценарио од некоја си серија :^)

    А колку за утеха, таткото нека ја работи швалерката, сигурно му е убаво па нека си го живее животот а што има да се замара со жена му и децата.
    Јадно.
     
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    10.697
    Пол:
    Женски
    Да верувам, ил да не верувам??
    Ако е вистина, греотка девојчево, да го собира татко и по форуми.
    Ако е лага- претходно мора детално да е прочитана темата „Што научивме од шпанските серии“
     
    На barbie-hilton и Shana им се допаѓа ова.
  17. lovelost

    lovelost Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    15
    Нема веза, ова е само направен профил колку некој да испадне интересен... според мене...

    Што се однесува до проблемов... неможеш од нас да тражиш да ти кажуваме како да си го спасиш бракот.
    Си изневерил еднаш, но зошто и два пати? :fubar: А велиш дека ја сакаш жена ти со која сте во брак 23 години... Можеби некогаш ќе се случи некој момент на слабост и тоа се случува еднаш само, но ти самиот си кажа дека не си ја изневерил еднаш и воопшто не го оправдувам тоа.
    Според мене, треба да престанеш да ја повредуваш жена ви и доколу се грижите за нејзината среќа подобро оставете ја сама да продолжи... никој не би сакал маж кој изневерува :x
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    4.679
    Допаѓања:
    32.717
    Пол:
    Женски
    Профилот на Ќерката може е лажен, ама зборовите на ќерката во реалноста ако некогаш дознае за ова може да бидат идентични со тие во постот. До слепец, засрами се и од себе си и од жена ти која ти родила 2 златни деца. Јас не знам како можеш да се гледаш себе си во огледало. И што сакаш овде, да те тешиме?
     
  19. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    148.532
    Со која памет сето ова после 23 г.брак човеку?
    Монотонија?
    Здодевна ти е сопругата ,не е веќе „атрактивна“ како пред 23 години?

    Ајде со Господ напред па види дали ќе ти прости жената која ти родила 2 деца,те перела ,пеглала ,ти готвела 23 години.Искрено јас да сум на нејно место само би ти ги подарила куферите и би ти повикала такси во еден правец.(навистина сум огорчена од сето ова што го прочитав)

    Па ајде и да ти прости(ама никогаш нема да заборави)не ми е јасно што ќе правиш со работното место,секое утро кога ќе треба да излезеш од дома ,како ќе ја погледенеш сопругата?Кога ќе и купиш некој подарок на сопругата од твојата плата ,што мислиш нема да се стресе од помислата на тоа твое работно време-продолжено?

    Мој предлог драг неразмислен пријателу-Моли и твори да ти простат и женати и децата и барај ново работно место ако сакаш да биде нешто од бракот.Само нервози ќе имате и двајцата понатаму,ако останеш пак со убавата колешка да се гледаш по 8 саати секој ден.

    И не заборавај кај што се печали за леб,не се покажува к...т
     
    На ver.verica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.342
    Допаѓања:
    18.328
    Пол:
    Женски
    И ја мислам дека другиов профил е лажен, затоа шо се гледа дека некој е тотално неупатен во ситуацијата. “Ќеркава“ упорно се заканува дека ќе и каже на мама...а што да и каже, па жената си знае... :?: Што и викала а оваа не верувала? Дека има профил на фемина и се труди да најде некои одговори кои ќе можат барем мааалку да го спасат бракот? Не би рекла, ова е некоја мнoгу гадна несолена шега.

    И човекот е тука за совет не за осуда. Знае дека мнооогу згрешил, се му е јасно, инаку немаше никот да му е слепец. Кога е жена во прашање, нема вакви осуди, кога девојка оди со женет, мажот е крив, кога жената го изневерува мажот, се наоѓа по некој совет а осудата сите грубо ја критикуваат... |( Да не го направиме мажомразачки форумов аман :D
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.