Најпрвин се извинувам што сум груба ама ти знаеш воопшто што сакаш?ја изневеруваш сопругата?си пишуваш со твојата колешка и уште очекуваш да ти верува жената?ар ју сериос?јас да бев на нејзино место ке те оставев.И помисли малку на твоите деца ало.Прекинувај веднаш контактот со тие личност,се прашувам како жена ти е се уште со тебе. После ние сме биле лоши
Не се лажете луѓе и не пишете за џабе...сигурна сум дека двата се лажни профили....и кога ќе има некој стварно проблем нема да му помогниме зошто ќе мислиме дека лажи како и овие
драг господине, моите родители се 19 години во брак, и доколку слушнам дека било кој од нив го изневерил другиот ќе му бидам, многу лута, можеби не знам ништо за бракот и вистинска љубов и тие работи, ама би се срамела од мојот родител ,кој би го изневерил другиот. значи него автоматски не му е важно смејството не му сум важна јас и брат ми. сфајќам дека мажите ве фаќа втор пубеттет ама тоа не значи дека треба да ја варате сопругата во вашиот случај, па дружете се со пријателите, коментирајте девојки од шоу бизнисот, вашите жени децата, и мажите озборуваат, играјте карти излегувајте почесто, занимавајте се со некој спорт, читајте книги, планинарете. ама да варате мислам тоа е страшно и глупаво после 23 годишен брак. што ќе се случи со семејството на вашата колешка, другата жена и тие имаат семејство, како ќе им биде на нивните деца. можи дури и вашите деца да имаат последици, да бидат обележани како деца на женкар. децата на колешката, како деца на „к-ва“, знаете каков е нашиот македонски менталитет. таквите работи брзо се шират, кога ќе бидат откриени. образот на смејството се валка. размислете уште еднаш дали воопшто треба да останете во било каков контакт со другите жени. сепак скапо ќе ве кошта, во однос на вашата сопруга, нема лесно да ви прости, ќе треба да се потрудите, и тоа многу. и пред да се впуштите во следна авантура размислете два пати. браатитекот нема така лесно дави се распадни, ама ке треба многу да се потрудите околку тоа, да ја вратите довербата, па љубовта ќе си го направи своето.
Како може да ја сакаш кога се гледаш со една и имаш врска и спиеш со друга ? Не знам каде е љубовта во муабетов . Мала сум да , ама знам дека никогаш не би простила вакво неверство . И деца да имам би се развела , не би била ни прва ни последна самохрана мајка . И искрено да дознаам дека татко ми или мајка ми го изневерува другиот не знам со кое лице тој би останал дома ( тој што изневерил ).
ako e se ova vistina gospodine jas mislam po itno tvojata sopruga da ja ubedis da fati svaler i onaka ti si slepec najseriozno samo taka ke znes kolku ona vredi pa potoa da se razvedi od tebe pozzz slepec
Gospodinot so sifra slepec ke go zamolam da mi ostavi broj negov licno vo poraka ,sakam da vi se javam ve zamoluvam da mi go kazete brojot znaci doma mi se sluci problem neznam dali e koencidencija ama jas denes se raspravam so tatko mi sto tvrdi deka ne e on .Ve molam godpodine so sifra slepec pisete mi go vasiot broj vo poraka samo vie moze da pomognete da mu veruvam povtorno na tatko mi. Pocituvani clenovi navistina ne e sega i se izvinuvam za spanskava serija ama se slucuva i zivotot da bide spanska serija samo spanskite serii se so sreken kraj a ovaa samo gospodinot slepec moze da mi dokaze deka e taka.Vi blagodaram na site i uste ednas se izvinuvam. Sega cekam gospodinot so sifra slepec da pise.
Kakoo i da e gospodine slepec dali si mojot tatko ili ne ke vidime procitajte go ova sto go citirav moze ke vi pomogne da vidite koj strada najveke i sto ste napravile
Ако е ова вистина, вие господине со цел памет со вашите 44 години барате совети на форум на кој повеке од 70 % се тинејџерки? Вие сте се покакале во работата многу убаво. Да се прокоцкаат 23 години брак и 2 деца, бидејки вие на 44 години влегуате во втор пубертет? Сте ја изневериле жената која родила 2 деца и ги изгледала, која секогаш била покрај вас, која ве поддржувала во се и сешто? Заради што ја изневеривте? Заради секс? Тоа со малку напор можете да го добиете и од неа. Греота за вашите деца јас навистина неможам да се изначудам на вашиот памет!
Koga se karale so mojata majka jas i rekov deka ima on druga zatoa ja pritiska nejze .Za ovaa situacija nemozam da i kazam na mojata majka bolno e ili sto ako ne e taka ??? ako navistina e koencidencija samo so gospodinot se uste go nema gospodin slepec da pise se izgubi a go zamoliv zatoa sto mnogu mi znaci.
Човеку, зошто по ѓаволите потроши толку време за да побараш совети тука, наместо да пробаш да си ја средиш ситуацијата на начин на кој што мислиш дека е најсоодветен? Најверојатно гледаш дека сите ти ја осудуваат постапката, да не очекуваше случајно нешто поинаку? Прво, луѓе сме сите, ти како би постапил со жена ти ако таа беше онаа која што ти набиваше толкави рогови? Второ, бараш совет од жени/девојки сеедно, зарем очекуваш да почнеме тебе да те браниме, а неа да ја напаѓаме затоа што 23 години била совесна жена, мајка и домаќинка? Па и да не била крај краева толку добра сопруга, зарем го заслужила ова што ти и го правиш? Одиш наоколу и Спојлер ебеш кого стасаш, тоа е најдоброто што можеш да го направиш? Сигурна сум дека имаш прекрасни деца, кои што во НИКОЈ ама буквално Н И К О Ј случај не заслужуваат ваков идиот за татко. Ако не си бил способен за асално да ги исчуваш, тогаш за кој ѓавол си ги правел? За да и ги тупнеш само на жена ти? А, кога нешто не ви чини одма сите се жалите, префрлате вина на понежната половина и стварате кавги без потреба. Не знам што да ти кажам најискрено, па згора и на се` велиш дека си заљубен. Ма немој молим те. И најдобронамерен совет, престани да се шуњаш наоколу, сврти си се кон фамилијата и пробај да го сочуваш и она малку што ти останало. Се надевам дека ќе успееш, не за себе, туку пред се` за твоите деца, а ако не си способен за тоа, мафни им се од животот, остај ги да бидат среќни без тебе. Зошто искрено, вака се сомневам дека се. Имај пријатен ден.
Мене ми е најчудно тоа што се осмели да бара совети како да си го поврати бракот поради тоа што ја изневерил жена си, и тоа на женски форум
мила уште еднаш прочитај го првото мислење, тој самиот и кажал на жена му за неверствата, така што не верувам дека е вашиот случај. Поздрав П.С. Инаку нормално човекот го нема да пише, го испонапаѓаа сите а човекот си бараше совет, знаеше колку е ниско, гадно, вакво, онакво, неморално и нефер кон децата тоа што го прави и се обидува да го исправи тоа (што во ова лудо време ретко постои маж кој би се замарал со тоа, за жал повеќето паѓаат во рацете на такви “колешки“ од работа и после ставот им е бивша жена=бившо дете, со секоја чест на исклучоците).
Јес драго ми е човекот што сепак има совест, само како совеста не му профункционирала кога почнал комуникација со првата своја љубов ваљда со неа не се гледа за да разменат фотографии од своите деца.. згора на се во сегашно време е! Не е во минато свршено, се гледа и слуша. Или со вторава што си ја пикирал, колешката, која не случајно ја пикирал, како лесна жена за бугу- вугу најтс.. него човекот вели е заљубен во неа значи траело ова заљубувањево... пак и вели ја љуби жена си. Совеста кај била у цело ова време Пун љубав, за раздавање наоколу. Ако сакал да го спаси бракот, прво шо ќе направел ќе ги прекрател ексурзииве типот, а не се уште да глуми млад ексурзијант и да бара совет како да го зачува бракот. Ја би ја советувала жена му, нека си почне и таа екскурзии пошто спас немаТ тука.
Како прво не ми е јасно како можеш д ги сакаш сите? Се слушаш со првата љубов,заљубен си во колешка,ама ја сакаш и сопругата??????? Можеби ќе остане во брак со тебе ама мислиш ли дека ќе ја повратиш некогаш довербата?А се знае дека без доверба ништо не функционира.Ако си сакал да го зачуваш бракот си можел да размислиш порано. Стави се на нејзиното место,како би се осеќал ти? Искрено да си мој маж,не верувам дека би останала со тебе Good Luck
Javno go povikuvam gospodin slepec,bidejki stavil zabrana za da mu stigaat poraki najverojatno se isplasil od koja pricina neznam samo go zamoliv za nekoi raboti ...no nigde go nema eve sea pak moram javno i pred site da go zamolam pocituvan gospodine slepec, ve molam pojavete se mi trebata ako navistina imate srce pozdrav
Стварно,што се направи човеков? Го нема да ни пише како се одвиваат работите ,има ли некоја новост ?(да се надеваме дека времето го поминува во долг конструктивен разговор со сопругата) А тоа дека се исплашил што го напаѓаме ,не верувам,нема зошто да се плаши. Ако не читаш слепецу пиши до каде се работите !!!
Е од каде бе Слепецот и ќерката на слепецот профили???????ова се лажни профили и прават филмови некои тука.не се замарајте да давате совети тука