1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го натерам дечко ми да ја отстрани тетоважата?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од illegitimate, 25 март 2016.

  1. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ако го сакаш дечко ти, треба да го прифатиш со се неговото минато, во комплет. Тој има бивша жена, има и дете и тие секогаш ќе бидат тука.
    Во врска со тетоважата, не знам што тетоважа е ама не знам пак ни зошто толку ти пречи? Колку што знам јас отстранувањето на тетоважа не е ни лесна, а ни ефтина работа.
    Освен тоа тетоважите не се никогаш доказ, кој колку сакал.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. illegitimate

    illegitimate Нов член

    Се зачлени на:
    25 март 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Да не треба да ви одговарам на секој посебно, а и зошто би кога ретко видов некој да знае што пишува, дали три или пет членови го разбрале воведот *им благодарам и толку, другото се нешто се прави паметно со глупави мислења од каде немам корист.
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.425
    Пол:
    Женски
    Читајки вака добивам впечаток дека ве бива само за осудување.Или подсмевање...
    Синки вас нема дс ви пречи кога ке легнете со него а на градите му стои отпечаток од бившата.Чувствата проработуваат нормално кај секој човек ,не и е сеедно и тоа е тоа.
    Да ги прифаќавте сите вие вашите партнери токму такви како што се немаше да има ни раскинати врски ни разводи.Него нели форум е па чекај ке се правиме јаки .

    Овде никому не му пречи ни контакт кога има со бившата,ни кога се секса со бившата,ни кога работи со неа..ма апсолутно ништо.А во реалниот живот гарант косата и би ја искубале ако не дај боже само му титне.


    Девојче ти си го прифатила неговото дете така да верувам со тек на времето ке ја прифатиш и тетоважата(доколку ја остави).Фокусурај се на мн побитни нешта во вашата врска.Воопшто не е лесно да се одржува врска со некој кој имал жена,има дете има долго минато.Но изборот ти си го правиш.
     
    На SexiLy, Dream-Girl, duffi и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Quuen

    Quuen Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    2.603
    Пол:
    Женски
    У право беше @joy1 ама во право беа и некој од вас.
    Нормално дека на никој нема да му биде сеедно да ја гледа тетоважата, девојката си побара помош.
    Ама ти @illegimatte сигорна си дека врскава ви е ептен сериозна?
    Што ако несака да ја тргне со таа помисла дека еден ден ќе им се врати на жената и детенцето па несакаа да ја тргне?
    И би те прашала како ти би постапила кога би имала дете и маж ба си се развела а си направила тетоважа посветена за нив и после некое време во врска си со некој друг ти ја гледа тетоважата и ти вели дека сакаш да ја тргнеш како ти би постапила.Би го избришала сопственото дете,па и тој маж со кој си изградила некое семејство кое можеби не тралео многу?Би го избришала за некој кој не знаеше дали е сериозен со тебе?

    Извини,несакав воопшто да те навредам мислам дека не би ме сватила погрешно
     
    На cresa-jagoda, WarriorAngel, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.425
    Пол:
    Женски
    Затоа е голема глупост да тетовираш име од маж или жена со кој/а незнаеш колку врската ке трае.
    Единствена вечна љубов можеш да имаш спрема детето и тука оправдувам тетовирање.Јас колку што разбрав од првиот пост бившата не му била сопруга туку девојка со која има дете.
     
    На duffi, Nausicaa, Gerbera и 5 други им се допаѓа ова.
  6. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    5.777
    Пол:
    Женски
    Ај еден пример да ви кажам јас.Имам едни многу блиски роднини,мажот порано одеше со една и ја имаше истетовирано неа и НЕЈЗИНОТО дете.По неколку години се разделија и тој по извесен период се ожени со друга.Со неа има две деца и баш еднаш кога јас и таа правевме муабет за тоа,таа рече дека му спомнала еднаш за да ја смени тетоважата ама тој и рекол нема шанси и толку,тој муабет е завршен.Еве оваа жена му е,му родила негови деца и за неа нема досега направено тетоважа.Муабетот ми беше дека џабе ќе се лутиш (за сопствената жена и дете што има тетоважа) тој нема да го избриши детето,кога овај туѓо дете не сакаше па не свое.Ако си го прифатила со брак и дете,ќе му ја прифатиш и тетоважата(ако можиш,ако не то е то)
    @joy1 жена му била
     
    На Mia.MGK му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.425
    Пол:
    Женски
    Да жена видов сега :)
     
  8. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Ласерско отстранување тетоважа прво е многу скапо, второ е многу болно, трето не може да е целосно ефикасно. На тоа место каде што била тетоважата се познава како лузна, најверојатно зашто се `струга` површинскиот слој на кожата, па тука расте нова кожа, и посветла е кожата на тоа место, едноставно се познава, дали тетоважата ќе ја има, дали лузната, мене лично би ми било исто, пак е белег од некој друг, и да, нормално дека не е пријатно, а тука што зборат `леле како може да ти смета, па тоа е дел од неговото минато, треба да го прифатиш целосно` и слични глупости, не им замерај, многу глумиме малку живееме, па се соживуваме со улогите дури и на форуми каде не не знаат.
    Нејсе, мое решение за проблемов, прво да се помириш и да се соочиш со ситуацијата, ако мислиш дека не би никогаш прешла преку тоа решавај што побрзо.
    А кога ќе спласнат страстите, според мене подобро решение од ласерско отстранување е да ја покрие старата тетоважа со нова. Не мора делот за детето, само делот за жената. Поефтино, побезболно, и естетски посоодветно решение.
     
    На mynameislove, theowndemon, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    5.046
    Станува збор за тетоважа од неговата жена и дете, не од бодликава жица околу надлактица. Претпоставувам дека ја направил како обележје на период од неговиот живот за кој тој тогаш верувал дека треба да го овековечи, а не заради помодарство.
    Ако во прифаќаш човекот каков што е, тогаш во прифаќаш и неговото минато. Уште повеќе затоа што ова негово минато со таа жена, е исто така и негова сегашност и иднина, заради детето.

    Тој веќе решил да стави и тетоважа од тебе. Искрено мислам дека ти треба да бидеш против тоа доколку таа биде ставена само од причина да ти удоволи на тебе.
     
    На ebola, Dust, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Уште самиот збор "натерам" во насловот на темата ме нервира. Каква е таа врска ако мораш да го тераш партнерот да направи нешто? И плус, ова "натерам " значи дека дечко ти не сака да ја отстрани тетоважата бидејќи тој сака, туку и да ја отстрани ќе биде само заради тебе. И мене би ми пречело партнерот да има тетоважа која е поврзана со негова бивша љубов но, ова е тетоважа за некоја со која бил во брак и нивното дете и поради тоа дете секогаш ќе бидат поврзани и со тоа што ќе го тераш да избрише тетоважа поврзана со неговото дете кое сигурно ја ставил од ќеф, можеш само уште толку да го разлутиш оти никој нормален не си би си ја избришал тетоважата од детето.
    Можеби рекол дека планирал да ја избрише, можеби многу пати и пробал но, не можел поради тоа што таа тетоважа е поврзана и со детето.
    Заради вакви случаи мислам дека е многу невкусна работа да се истетовира име или лик на некој со кој си сега, а со кој не знаеш дали ќе бидеш утре. Затоа, предложи му да не те тетовира и тебе, бидејќи ако те тетовира сега ќе го направи тоа само да ти угоди на тебе, а не оти стварно сака, туку, нека почека некое време, година - две, и ако се уште сака да те тетовира тогаш нека го направи тоа. А најубаво е и да престане со тетовирањето на девојки и жени оти никогаш не се знае што може да се случи во животот. Бришењето на тетоважата не ти е гаранција дека он цел живот ќе биде со тебе, тоа не покажува дека те сака повеќе, не е гаранција дека ја заборавил неа, таа со која има дете.

    Имаш две опции. Или помири се дека таа тетоважа е дел од него, како личност, како човек или предложи му да го покрие делот од бившата жена со нешто друго.
     
    На Dust, theowndemon, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.248
    Може тетоважата му е на гради и при секс отвора очи (а може и не затвора) и гледа пред неа, горе доле, се мрда МАРИНА ТЕ САКАМ, МАРИНА ТЕ САКАМ, МАРИНА ТЕ САКАМ, МАРИНА ТЕ САКАМ, МАРИНА ТЕ САКАМ... А она Билјана... И верувам дека крши филм.

    Ама, па, тоа му е дел од минатото. Може има и побелени влакна на косата од неа, или некоја брчка. Има и дете кое е дел од неа. Има минато со години со неа. Сликата како ја гледа бивштата со нивното бебе после пораѓај, никогаш нема да му ја избришеш. Така што тетоважата ич не е битна.

    Мојот да има тетоважа од бившата нема ич да се грижам.
     
    На Dream-Girl, ebola, calliope и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Мој маж со тетоважа од друга на себе? Ќе ја откорнам сосе кожа за помалку од минута без око да ми трепне, не да се натегаме дали сака, дали може, дали е правилно или не. И не навлегувам во дискусии и филозофии дали значела, дали не, зошто е ставена а зошто не извадена.
    Сепак, дечко е едно, маж друго. Дури е лабаво на почеток не би рекла ништо, отпосле, кажав.
    Ако не сака, не би се помирила со никакви оправдувања (посебно затоа што може да се преправи, не мора да се брише цела) и веројатно би прекинала врска, затоа што ако сам не почувствува потреба да ја избрише, џабе е.
     
    Последна измена: 26 март 2016
    На crazylady, Doozy, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.991
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Тетоважа ... секој со своите мушици јбг :) без везе ситуација :) ама сакаш не сакаш и тетоважата и таа жена се дел од неговиот живот,а дека ништо не е вечно ете ти доказ тетоважата која го нема тоа значење што некогаш го имала, сега е само детето. Пробај да не се замараш со тоа.
     
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    НАТЕРАМ
    хмм со сила убавина не бива... јас мислам дека не ти смета толку тетоважата колку тоа што ќе речат другите дека има таква тетоважа. Искрено тешко дека ќе се отстрани за кратко време, а ако сакал до сега човекот ќе ја отстранел или ќе ја преправел.
    :)
     
    На Gerbera и Dust им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш каснам, ама мислам дека тетоважата нема толку големо значење за бившата колку за детето. Мислам ако тој ја сака бившата, и да ја тргни тетоважата, внатре нема да знајш што му се случува девојката, не? Понекогаш подобро е нештото да го гледаме, а да не е така него да не го гледаме и да се лажиме дека е поинаку.
    Мислам дека отстранување и штетен процес, не сум упатена ама не би.
    Се согласувам со коментарите да ја прекрие зошто еднаш ти споменал дека ќе го направи тоа, а покасно не.
    Ако тетоважата му значи повеќе за детето, тогаш нема да ја отсрани и мислам дека тоа е најнормално.
    И да, се согласувам со сите членови кои велат да се размисли кога се прави тетоважа :P
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Bridget за ставот и делам исто мислење, @illegitimate ти си знаеш колку ви е серозна врскава. Ако оди накај брак вашата врска време е да му направиш еден говор на човекот во врска со тетоважата за бившата и да пронајдете некој компромис, да ја отстрани не верувам ама тој мал дел може секако да го покрие и завршена работа ;), човек кога сака може се, се друго е изговор да знаеш. Ако не сака и бара секогаш изговор и заташкување на проблемот тука лежи проблемот во тоа што тој навистина не е спремен за нова љубов и брак со тебе, само по себе тука ќе сватиш колку е спремен да зачекори со тебе низ нова етапа. Ако сте на сам почеток и сеуште врската ви цути тогаш нема дискусија за тоа да налагаш постојано на нешто што сеуште не се знае како ќе заврши.

    Да така со коментарот на @joy1 потполно се согласувам, лесно е да мудруваме врз тугите маки ама истите да се соживеат врз сопствената кожа е сосема различна работа, а верувам дека која и да е на нејзино место истото би го почуствувала и направила со тој истиот гнев ама нели лесно е да збориме на друг и да се ситиме на туѓа сметка.
     
    На Nausicaa и joy1 им се допаѓа ова.
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Она што не го знаеме не може да не убие.
    Најди си нов дечко. Некое момче што нема багаж со себе. Некој кој ќе го почне животот со тебе.
    Тетоважата секогаш ќе те потсеќа на неа, па и да ја избрише. Уште повеќе кога односите нема да се како што треба.
     
    На ebola и H.VAGA им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.181
    Пол:
    Женски
    Е шо било лесно да се каже на друг, па негов живот, па негово минато па немаш овакво право, па не треба така ... Ај стајте се на нејзино место, и замислете дека секојдневно го читате името на бившата на вашиот партнер, и тоа напишано на него, не било каде... Сеедно е што е напишано? И не е решение друга тетоважа, решение е само прекривање на името. Ако веке ја сака, цени и почитува како го напишал името така ке стори нешто да го нема.
     
    На illegitimate и joy1 им се допаѓа ова.
  19. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Јас уште го носам прстенот од бившиот и не планирам да го вадам,не па тетоважа.:rofl:
    Шала на страна,нема што да го НАТЕРАШ,тој имал живот и пред тебе,едноставно не се замарај,било што било,таа му е минато,ти си му сегашност.Толку.
     
    На Dust, cresa-jagoda и rose60 им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.425
    Пол:
    Женски
    Како останатите би гледале шо има он на телото :^)?
     
    На illegitimate му/ѝ се допаѓа ова.