Како да го натерам дечко ми да ја отстрани тетоважата?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од illegitimate, 25 март 2016.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    Stvarno ima mnogu stupidni postovi na temava. Ubavi momenti, chinovi na poroduvanje, majki, shajki... Shto pa on uopshte se razvel ako e tolku privrzan za spomenite od bivshata sopruga? Nema nikakov izgovor da ne ja otstrani/pokrie taa tetovazha. Koga jas bi bila na negovo mesto po svoja zhelba i so kjef bi ja izbrishala. I najbitno od se, ne bi mi trebala druga lichnost vo mojot nov zhivot za da raschistam so stariot, tuku avtomatski, nekoi postapki prirodno si doagjaat sami po sebe. Deteto i so i bez tetovazhata pak ostanuva negovo, nema on pomalku ili povekje da go saka radi nekakov crtezh.
     
    На kjukli и Sesil им се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    2.886
    Пол:
    Женски
    Тетоважата не е пиши - бриши бре, не знам како толку лесно зборувате за отстранување тетоважа. Знам дека е незгодно, и мене не би ми било сеедно ама ќе се помирам. Он ако сака да биде со мене, и да функционираме ние - ќе биде така. Ако не сака џабе е се. Нема да терам никој со сила да направи нешто што не сака. Требало да размислува кога ја ставал.

    Братучед ми има тетоважа поврзана со одредена личност, член од фамилија и вели дека да му е сега, на овој ум, не би ја ставил ама ете, во тој момент така се чувствувал, така си одлучил и сака да си ја носи, нејќе ниту да ја менува и не му треба никаква посебна причина за да си ја зачува тетоважата. Можеби и дечко и на девојката што ја отвори темата не е приврзан за спомените ама сака така да си остане. Во моментот кога ја ставал си викал дека ќе му остане за цел живот и може така сака. Не му се потребни изговори/причини за да одлучи да не прави промени врз сопственото тело.

    Од друга страна пак, ќе си ја избрише тетоважата што ја направил поради детето и можеби оваа ќе му кидне за една недела, па за џабе пари плаќал и болки трпел. Јас да сум на неговот место, а никогаш не би била оти тетовирање дечковци и сопрузи ми е крајно глупо баш заради ваквите случаи, не би ја тргнала од причина што не би сакала да правам промени заради некој друг што утре би можел без збор да ме остави.
     
    Последна измена: 27 март 2016
    На Dust, cresa-jagoda и rose60 им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.083
    Пол:
    Женски
    Ako raskinat, toj vo zhivotot verojatno kje ima druga/drugi devojki, na site kje im ja reklamira bivshata zhena sekogash koga kje mu go vidat goloto telo? I da ostane nekakov beleg, luzna, i da ne ja otstrani celosno, vazhen e gestot. Toa pokazhuva deka on e na chisto so sebe vo vrska so prethodniot brak. Vaka... nikoja ne mozhe da bide sigurna vo nego.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    2.886
    Пол:
    Женски
    Moze na narednata devojka nema da i preci, ke go prifati kakov sto e. Moze ne saka da ja otstrani bas bidejki mnogu od vrskite se minlivi. I pobitno e dusevno da bide cist, da nema cuvstva sprema bivsata a taa tetovaza i nejzinoto otstranuvanje moze da ne smenat nisto, ne se garancija deka ako ja otstrani se drugo ke bide ok i nema da se vrati na bivsata. Mozebi i nevozmozno e da se pokrie bez da se pokrie i toj del so deteto. Kaj vozrasni, sozreani lugje samiot razvod treba da znaci deka e kraj oti za da dojde do razvod sigurno imale dobra pricina. Tetovazata ne e nikakva reklama. Bil vo brak, srekjen bil, se odlucil da ja tetovira oti veruval vo toa sto go imale i mislel deka ke trae. E sega, pogresil i ne treba da se pravi tolku golema rabota od ova. Moze ne saka da nosi luzna, oti definitivno ostanuvaat luzni od lasersko otstranuvanje na tetovaza. Sigurno si ja nosi samo zaradi deteto i zosto da go brize deteto, da praj kjef na nekogo sto moze uste utre nema da bide so nego?
     
    Последна измена: 27 март 2016
    На LivingGlam, Dust, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.295
    Допаѓања:
    117.888
    Пол:
    Женски
    Па сигурно буквите не се една врз друга па да е невозможно да се прекрие нејзиното име без да се прекрие името на детето
     
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    2.886
    Пол:
    Женски
    Pa moze edno do edno se bukvite ili likovite gi ima gushnati i ke bide grdo ako se prekrie edniot lik so nesto sosema drugo. Vo sekoj slucaj, ke treba da se nacrta nesto so poveke temni povrsini za da stvarno se pokrie. Mozebi ednostavno si ja saka tetovazata kako del od negovoto telo i saka da si ostane taka. Bilo sto bilo, pogresil. Toj mozebi se kae, ama mozebi i ne, vo toj moment taka sakal.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.112
    Допаѓања:
    12.403
    Пол:
    Женски
    @illegitimate Јас мислам дека најголемиот проблем не ти претставува тетоважата, туку едноставно не си спремна да бидеш во врска со човек кој има такво минато. И тоа минато кое не може да го остави тек така зад себе, затоа што поранешната жена и детето се тука и неизбежна е комуникација. Не знам колку години имаш и дали меѓу вас постои поголема разлика во возраста, но мислам дека малку не зрело постапуваш кога веќе сте во врска ( а не брак).
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    -Се моли девоjчево ако не и е мрза да му слика тетоважата на типацот и да jа достави тука .

    Сех мех ова она абе аj девоjки полека одма на се мислите.
    Како прво,зошто да jа бриши? Можеби таа го оставила,пред да коментирате замислете се малку,девоjкава пишала но недопишала се.

    Од 100 км се познава по ова што пишува дека и смета женаму а не тетоважата,еве и да е тетоважа ,после што? Ке му префрлаш оти оди каj неа, итн, се знае било поминало со таа ,jас прелани на грбот тетовирав роза црвена и под неа датите 14.02.2013 денот во матично и 10.05 Кога ми е керками,ете доjде ден се разведов ова на мене не се бриши но е спомен дека некогаш ми било убаво имало такви денови затоа и погоре и пишав такa, освен датата од керками што ми значи другата нема ништо но ете си стое и сега треба дечково што се гледам да почни да префрла зошто ми стое датата и да ми вели исто ко женичкава што пишала и да ме тера jа извадам,па право ке избегам од таква личност што насекое ке ме замара,или нека прифати или нека си оди слободно човек се сака и се одсакува, лебот кога се крши не се составува пак но останува добра мисла дека бил одличен лебот кога се изел ,така и тетоважа негова штета траjна е но е спомен и ти тука неможеш ништо да смениш жал ми е, ситуациjата е смешна поточно коментарите од типот дека треба да jа извади , е аj еве ако неjки и што сега душата ли да му jа извадеме на човекот абе аj не треба ни да мисли на таа тетов, чим и смета толку нека стави овде па оцрнете го човеко зошто не прави чекор за да избриши,толку.
     
    Последна измена: 27 март 2016
    На Gerbera, Antolinaa, WarriorAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.805
    Пол:
    Женски
    Мислев другите што знаат дека има таква тетоважа. Можеби е на рака не можеме да знаеме каде е :D
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.735
    Пол:
    Женски
    Да го натераш не можеш и не е фер од твоја страна.
    Јас секогаш тргнувам од себе и да, мене би ми сметало на почеток, додека не ми светне дека и јас имам нешта од бившите од кои знам дека никогаш нема да се одделам - не затоа што чувствувам емоционална поврзаност со личноста, туку затоа што во одреден период тоа нешто ми значело, може ми било сиот мој свет и сакам да си имам потсетник на мојот животен тек, макар тоа било белегзија или обетка.
    Не дека се споредува белегзијата со тетоважата, но муабетот ми беше околу емоционалното значење кое таа тетоважа го има или нема.

    Мојот совет е - ако не можеш да поминеш преку тоа, не знам што уште бараш со човекот.
     
    На LivingGlam, Gerbera, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    25.117
    Пол:
    Женски
    Ти ако една тетоважа неможеш да прифатиш, незнам тогаш како го прифаќаш детето и фактот дека тој мора да комуницира со бившата жена во врска со нивното дете.

    Ако го прифаќаш фактот дека тој има дете и бивша жена и дека тој до крајот на неговиот живот ќе комуницира со нив, тогаш мора да ја прифатиш и неговата тетоважа како дел од неговото минато.

    И сигурна сум, дека штом сега ти смета една тетоважа и колку и сега да велиш дека го прифаќаш фактот дека тој има дете со таа жена, ако еден ден се омажиш со него, ќе ти смета тоа што ќе одвојува време за неговото дете, што ќе одвојува пари за тоа дете, што ќе се грижи за тоа дете без разлика дали е болно или не, што ќе треба да се гледа со бившата жена во врска со нивното дете, може сето ова сега не ти смета, само ти смета тетоважата, бидејќи не живеете заедно.

    Затоа добро размисли.
     
    На LivingGlam, Salome, blueberry93 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    769
    Те разбирам дека не ти е убаво. И не верувам дека на секој којшто ќе ти пререче дека претеруваш со тоа што ти пречи би му било сеедно да го гледа името на бившиот партнер за време на интимни моменти. Особено ако знае дека врската била озбилна, иако има стварно разумни луѓе на коишто не им претставува аларманта појава во врската.

    Друга работа, тоа дете како што е дел од него, така е дел и од бившата жена. Има луѓе коишто сакаат да си ги зачуваат спомените, коишто ако се разделиле не сакаат да се фокусираат на лошите работи во бракот. Што е и боље за идниот партнер, затоа што големи се шансите да влезе во врска во којашто ќе нема фрустрации и глупости. Негување на убави спомени апсолутно не значи дека ќе и се врати или дека ја сака. Дури може и да ви ја подобри врската.

    Ако сака да и се врати на бившата, ќе и се врати и без тетоважата.
    Или можеби ќе биде со некоја друга.
    Или можеби ти ќе најдеш некој
    Ти тоа не можеш да го знаеш.

    Природата и развојот на вашата врска не се мери со големина на тетоважа или со име на неа. Кога ја направил, мислел дека ќе биде нешто трајно. Никој не се жени и не ствара фамилија за да се разведе. Едноставно се случува. Поработете си на другите полиња во врската и со време постави се и ти како него, како личност со свој живот и минато, гледај работи на тоа да бидете рамноправни, ако сака тој слобода, да не дозволиш да бара од тебе сметка да му полагаш. И уживај во моментот, наместо да бркаш духови, градете ја сегашноста на цврсти основи.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    37.328
    Мoже си имa убaви спoмени сo бившaтa женa, без рaзликa штo сегa се рaзведени и сoсемa е oпрaвдaнo дoкoлку не јa тргне. Не нaстoјувaј.
     
    На cresa-jagoda, Antolinaa и rose60 им се допаѓа ова.
  14. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.919
    Натерај го да бира помеѓу тетоважата и тебе. И така ќе видиш што повеќе ќе сака. Тетоважата или тебе.
     
    На illegitimate и Sesil им се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    25.117
    Пол:
    Женски
    Нема љубов ако некој го условуваш со нешто и ако го тераш на нешто.

    Љубов е кога го прифаќаш партнерот онаков каков што е со сите негови доблести и мани и со целото негово минато.

    Ако некој не можеш да го прифатиш онаков каков што е, тогаш незнам како една врска ќе може да опстои подолг временски период, тогаш таа врска е измачување и за двајцата и подобро крај да ставиш отколку да го менуваш партнерот и да го тераш на нешто што тој не сака.
     
    На crazylady, crimson, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  16. illegitimate

    illegitimate Нов член

    Се зачлени на:
    25 март 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ве разбрав сите што сакате да кажете, со некои од вас некаде се согласувам но едно нешто ми стана јасно дека во Македонија секогаш првата жена ќе биде привилегирана во очите на луѓето и тоа нема да се смени. Такви се сфаќањата дека другата треба да биде омаловажувана и мора да трпи. Затоа можеби згрешив што побарав совет токму овде.
     
  17. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.731
    Допаѓања:
    110.544
    @illegitimate а кој рече дека ти треба да бидиш омаловажувана, а првата величена?
    Факт е дека тој бил во брак со неа, и тогаш многу ја сакал, бил среќен и ... направил тетоважа. Има дете со неа. Тоа се вика сеќавање, траг од минатото. Ете тој покрај внатре во него има нешто надвор оставено, а тоа е тетоважа.
    Мислам ете и јас имам дечко, немал жена претходно ама машала, многу девојки. Знам која ја сака најмногу, за која нема да му биди исто ако ја види утре и тој знај за кој нема мене да ми биди исто ако го видам утре. Можеби немаме тетоважа, ама сите имаме слабост.
    И да не се сфатиме грешно, ова не е зошто му е прва жена, туку зошто се чувствувал среќен и постапил вака, зошто ова му има значење, веројатно повеќе поради детето зошто тоа дете ја поврзува со неа на повеќе од еден начин, ама ништо повеќе. Најбитна жена сега за него, после мајка му, си ти. Една тетоважа, не детерминира дали тој тебе те сака или не.

    Патем многу девојки ги интересираше како изгледа тетоважата, само зошто ако би ја виделе тогаш полесно се знај која колку би се лутела доколку партнерот би ја имал. Пример, јас на почеток на врска би се лутела ако има тетоважа, т.е. дури се навикнам. Потоа ќе знам дека не би сакала да му се мешам во неговите одлуки. Но тоа нели, е лично јас.

    Остани ми поздравена, и биди среќна. :hug:
     
    На SuperGirl24, WarriorAngel, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.277
    Допаѓања:
    17.399
    Мене би ми сметала таква тетоважа, и тоа многу!!

    На почеток на врска би толерирала некако ама во моментот кога ќе почнеме да планираме заедничка иднина, тетоважата ќе си оди. Дали ќе ја гори, дали ќе ја прецртува, дали јас ќе му ја гребам со нокти (@Bridget, ме пресмеа), негово си е ама бај-бај тетоважа. За мене нема причина некој да чува тетоважа од бивша девојка/ сопруга ако навистина има расчистено со минатото.

    И да, егото ќе ми претри удар ако шетам дечко со истетовирана „Смиља“ на бицепс и луѓето тоа го гледаат (а јас притоа не се викам Смиља)

    Макар што, да бидам најискрена, јас не би ни почнувала врска со човек кој уште си ја чува тетоважата посветена на бившата жена.

    @illegitimate, колку време сте заедно со дечко ти? Дали тој е формално разведен од сопругата? Која била причината за разводот, кој го поднел барањето и колку време поминало од тогаш? Дали сопругата е премажена? Трезвено анализирај ја врската и биди максимално искрена за реалната состојба- ако имаш чувство дека тој се уште гаи некаква тајна надеж дека ќе се смират со сопругата (и дека поради тоа уште инсистира на тоа да ја зачува тетоважата), тогаш имаш сериозен проблем пред себе...
     
    На kjukli, H.VAGA и rose60 им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.023
    Допаѓања:
    135.104
    Пол:
    Женски
    Ајде нека оди на лоботомија човекот... барем нека му ги избришат сеќавањата, па после може и тетоважата ќе ја отстрани само заради твој ќеф.
    Проблемот е што ТИ не си спремна за врска со човек кој има минато, не пак за нешто посериозно. Тоа ти е проблемот, а не самата тетоважа.
     
    На SuperGirl24, calliope, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    769
    @illegitimate ја мислам дека повеќе изреагираа поради она „тера“ во насловот. Никој не сака во врска партнерот да го тера да напраи нешто што не му е баш по ќеф. Зашто би се негувало култ кон прва жена тука, којзнае колку втори жени има меѓу членките, ако е за тоа.

    А за трпењето, не си баш запознаена со нашево поднебје чим така викаш, пошо еве сеа ми текна на два примера кајшто втората жена е многу попривилегирана и од мажот и од околината. Не е до тоа каде, туку како ќе се поставиш, а и каква ќе ти е среќата.

    Со убави спомени не се држи брак и убави спомени од минатото не мора да бидат препрека во сегашната среќа. Не сите се разведуваат со викање и тепачки. Иам еден другар разведен и вика дека си ја сака бившата жена пошо е мајка на детето негово и поради тоа шо вложила во нивното минато, но не доволно за да и се врати макар и за еден саат, ако не цел ден.

    Коа веќе фативме муабет за менталитет, луѓе се чудат како има толку парови шо не се трпат, се избегнуваат, се напаѓаат по развод, а како има луѓе коишто културно живеат. Ја мислам дека многу е веројатно, првиве да чекале секое поле од нивниот меѓучовечки однос да се разруши до непоправливост за да се разведат и после немало убави сеќавања, е тешко дека ќе има.

    Тетоважата ја имал коа сте се фатиле, не дека во врска ја стаил, некој чува тетоважа, некој чува слики, некој објавува „значајни“ песни на ФБ. Поважен е односот кон луѓето, не кон нештата. Не е грев што ти пречи, ни мене не би ми било сеедно. Грев е да се мачиш во врска во којашто толку големи препреки во твојата лична среќа.
     
    На cresa-jagoda, WarriorAngel и rose60 им се допаѓа ова.