1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го смениме љубовниот статус?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од redgirl, 2 јуни 2011.

  1. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    Се мував со дечко една цела година премногу го сакав,тој учеше во друг град и не сакаше врска поради далечината,јас и тоа го прифатив само да не го изгубам иако таа година немав никаква нежност од него никогаш и не ми кажа дека ме сака,само кога доаѓаше во градот ме викаше да се видиме.Сите мои другарки имаа некој кој ги сака кој им долажува...А јас само гледав и незнам зошто уште повеќе го засакував.Но ми се смачи од тоа разговарав со него му кажав како се осеќам и колку ми е тешко што сум му само муваторка и дека сакам да прекратиме со тоа,тој се насмеја и кажа ОК.Јас по една недела фатив друк дечко кој ме сакаше,него не му беше срам да излезе пред сите со мене и да каже оваа е мојата девојка :$ Но јас не го засакав него тој колку повеќе ми докажуваше дека ме сака јас толку повеќе го сакав оној бившиот,постојано мислев на него..Тоа мојот дечко не го заслужуваше го оставив и реѓив да бидам сама,но оној бившиот мувач кога дозна дека сум раскинала со дечкото веднаш почна да ме бара,излегов да разговараме и ми кажа дека ме сака дека сака да е со мене,дека му фалам многу тешко му било кога ме гледал со друг дечко јас гчупача како само тоа да го чекав да ми каже,му се фрлив во прегратки и продолживме да се муваме,сега е многу нежен со мене,бев и кај него на гости :lol: имавме petting неколку пати тој знае дека тоа прв пат ми се случи,но проблемот е во тоа што јас уште не го сменив статусот јас сум негова мувачица и ништо повеќе,еден месец откако се смиривме сакам да разговарам за ова со него страв ми е да не се исплаши од тоа што сакам врска па да ме остави незнам што да правам?Вие што мислите како да го задржам и да стапиме во врска? :sweat:
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Јас лично не би имала однос кој со мене е само за да му помине време.

    Но кога веќе си го направила тоа, зошто да се плашиш да му кажеш...не ќе те носи дома!

    Разговарај со него, види какви се шансите таа врска да успее и гледање, слушање и т.н.

    Со среќа!
     
    На bbeebbee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    А зошто не оставиш работите сами по себе да се одвиваат? Си чекала толку почекај уште малку-времето ќе покаже се. Еве уште малку трае учебната година, ќе се врати во родниот крај и мислам дека само по себе тоа ќе си дојде -Дали ќе ја биде вистинска врска или само мување.
     
  4. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Дечкото те вози на рингишпил, а ова со вториот момак што те сакал и ти го покажувал тоа пред сите, што си го откачила и не си го засакала...е за жал уште еден пример во долгата и тажна историја на примери дека добрите момци не победуваат на крај. Уживај во вожњата, со нештата кои дозволуваш да ти ги прават, ја заслужуваш!!
     
  5. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Јас мислам да не му досадуваш со тоа за врска.Можеш само да го одалечиш од себе.Знаеш дека мажите не сакаат да се врзуваат и да имаат обврска кон некого.Остави нека помине некое време,можеби сам ќе ти предложи врска,ако му е убаво со тебе покасно или подоцна ќе биде. ;)
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.764
    Ахам, а во меѓувреме биди му играчка. Додека господинот не одлучи што сака. Уништувај си ги сите добри прилики и можности ;)
     
  7. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    AlicaInWonderland,јас знам како и е нејзе зашо и ја бев во истата ситуација.И јас не сакав да сме само на мување ама подоцна сватив дека така е најубаво извесен период.Подоцна се се среди.Но врска како врска,караници љубоморења од двете страни и се заврши и тоа на најлош начин.Не сакам да ја кажувам мојата приказна зашо таа е минато а јас минатото зад себе го оставам.Поентата ми е-ако таа се тргне од него,тешко ќе и е,а од друга страна ево можеби и таа мисли дека му е само играчка.Затоа реков да почека некое време..Крај краева нејзин живот,таа си знае најубаво !
     
  8. Ljubena-18

    Ljubena-18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    7
    Искрено колку и да го сакаш пробај да не му бидеш играчка..доколку стварно чувсвува нешто спрема тебе ќе се потруди ако не здравје има и подобри..и разговарај со него сепак не е мало дете , подобро да каже не сакам врска моментално отколку да се оддалечува..сепак чувај си го достоинството и немој да бидеш ничија играчка ..се надевам дека се ќе испадне добро..со среќа.. ;) :) :) :) :) :)