1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да го убедам дека таа не е за него?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од verica19, 30 април 2015.

  1. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    А ти типот дан го гледаш поќе од другар па шо не сакаш да биди со неа
     
    На joy1, Sesil и Kukla994 им се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Site toa se prasuame, aj utre ke razgovarala pa ke ni kaze.:D
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Не е вредно да се коментира овде
    Со еден збор ГЛУПОСТИ !!
    Шо ке рекла комшивката..ц,ц,ц...
     
    На senza.parole, Nausicaa, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    A што ве боли глата тебе и пошироко со кој излегва тој и што прави а?Што се мешате во туѓи животи? Како можи ти да знајш дали таја жена е за него или не е што те интересира тебе?или немате со што да се занимавате во тие микроскопските гратчиња па морате да си го пикате носот каде што не вие место... Тој е воздрасен човек и кога ќе одлучи тој и кога ќе сака тогаш ќе му кажи дома тебе ич нека не те боли глата за тоа туку гледај си за себе како прво,како второ тој има право да си прави што сака во неговиот приватен живот и тоа нема никаква врска со работата затоа слушајсе што лупеташ и ти и таја малограѓанската околина ваша...Ако жената поради ничија вина останала сама со дете има право да биди пофторно среќа и сакана,а со кој ќе го направи тоа е тоа не е ваша работа и подобро ќе ви биди да си ја затворите муцката бидејќи никогаш незнајме што можи да ни донеси животот разбра?
    И ај оди удајте се сега во вашата мизерија и престанете да се мешате во туѓи животи...
     
    На Nausicaa, okcenzi, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    @verica19, девојче не мора на нас тука, рандом странци, да признаеш, туку себе си е доволно да си признаеш дека тебе дечково ти се допаѓа.
    Тие изговори ама неговите родители, ама мал град, ама муабетите се смешни.
    Како другар ти, на 32 години, малоумен, па сите вие ќе го изведувате на прав пат.
    Гледај ти среди си го твојот живот, за другар ти не бери гајле.

    Леле, алергична сум на вакви моменти. Во ред е да си конзервативен и се тоа, ама да се мешаш во туѓ живот и да расправаш криви дрини, не можам да разберам.|(
     
    На Sunflowers, Nausicaa, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ти го сакаш него. Кратко и јасно, инаку зошто токку многу би се загрижила за неговата иднина. Ако гледаш дека немаш шанси кај него тргни се со време зошто ќе станеш љубоморна и ќе си уништиш другарството :) биди на дистанца со него....
     
    На kjukli, НаталиЛили и joy1 им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.635
    Пол:
    Женски
    Како ти знаеш дека нема да ја прифатат,како заклучи дека не е за него??
    Жената е вдовица не е курва.И покрај тоа што маж и умрел она има право повторно да сака и биде сакана.
    Get a life ,и остави и другите да живеат.Се гледа од далеку драга колку фрчиш од љубомора.И тој па мислиш на 30 год тебе ке те прашуе за кого да се жени.
     
    На Sunflowers, Nausicaa, Giovanna и 7 други им се допаѓа ова.
  8. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Значи била мажена,маж и починал па сега таа ако сака ке се мажи за другар ти. Мислам дека не е добро да се мешаш таму,со тоа можеш само другарство да си расипеш. А тој на тие години сигурно знае што прави и не го интересираат муабетите на комшиите и останатите грагани. А и така е подобро, бидејки ако живееш за да им погодиш на другите,само ке се зафркнеш.(нема погодија за комшиите) а неговите ке ја прифатат на така постари години кога ке треба некој да им помогне :) јас имав сличен проблем кога почнав да одам со мојот вереник. Некои сака главата да ми ја наполнат со се и сешто,со ова работел со она,ваков бил таков.но, јас фино лепо го прашав него што има да каже за него и си кажа. А муабети низ градов....што да кажам:бремена сум била ос швалерот па сум одела да се чистам, сум се армасала а ја незнам :o се изнаслушав, но ако ги послушав нивните муабети ке останев без чоколадново дете :$ г*мнојадци насекаде има ;) може ги зборат нив,но како што гледам него не му е гајле за тоа.си ја сака и ке си ја земе, а доволно е возрасен да види дали е за него или не е, ти немора да се мешаш и да бидеш од страна на другите(наместо да го подржиш)
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Како да го убедам дека таа не е за него?

    Никако, ако он си зацртал планови со неа нема сила што може да го разубеди. Мислам дека нема потреба ни тој а ни ти да се замарате со душебрижници, тие само крадат енергија.
    Наш еден пријател зеде жена вдовица со дете а тој беше ерген. Свекрвата легна на брашно а тие се среќни во брак веќе 7 год. И така ни на него ниту пак на околина не им пораснаа рогови
     
    На Nausicaa, Doozy, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Ооо душо па ти си затрескана во твоето другарче, ама тоа не ти дава за право да осудуваш жена која не по своја вина туку по игра на судбината останала сама со детенце и да и таа има право да биде среќна и сакана. Воопшто не е битно кој што ќе каже ако тие се сакаат и се согласуваат а совет до тебе да си признаеш на себе зошто си љубоморна на нивната врска и најдобро би било да се дистанцираш од него барем додека не ја оладиш главата и срцето.
     
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Ako ja saka i taa nego ne gledam problem i ako e postena i ne nekoja raspustenica moze slobodno da ja ozeni zadto da ne.
    A sto ako zeme nekoja devojka koja nema ni karakter ni nisto drugo.
    Covekot sigurno ja zapoznal karakterski i mu se dopadnala i nema tuka zasto da ne ja zeme ,koj sto zbori neka .Kraj kraeva lugeto sami za sebe si ziveeat ne za drugi
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Овде девојкава муабетов како да вдовиците на клада треба да се стават
    Упорна е...сите и пишуваат едно те исто во разни верзии она тоа што си го наумила
    Не се трудете и баталете.
    И вдовицата да е распуштеница што и е на чаршијата гајле
     
    На senza.parole, okcenzi, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Па јас не разбирам која е поентата да побараш совет, и откако 10 луѓе ти рекоа да не се мешаш, ти упорна да го разубедуваш.
    Прави што сакаш тогаш, очигледно не прифаќаш добронамерни совети.
     
    На senza.parole, Doozy, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    Не и е нејзе проблемот шо он иде со таа. Проблемот и е шо не иде со неа.

    Инаку прочепкав назад по мислењата и сигурна сум дека се работа за kavtown i DMM (ке ме разбере членката за овие кратенки) Случајно и јас сум од таму али за муабетов не знам. Или до мене не допира муабетот или не е проблемот тоа шо другарот оде со некоја ,,недостојна,, за него.
     
    На Hipica, Doozy, okcenzi и 5 други им се допаѓа ова.
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Osven ako ona ne go saka za sebe pa bara sovet kako da go pridobie ali od toa nisto se gleda deka on ima druga na srce za zal za nea verica19
     
    Последна измена: 30 април 2015
  16. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Ауу жими се и ја до ваков заклучок дојдов :D
    За конкретниов муабет само едно нешто имам да кажам. И чичко ми и комшијата се мажени за жени со дете од предходен брак. Комшивката разведена, стрина ми вдовица ама сеедно, подобри жени не сум сретнала. Домаќинки прва лига, и убави средени госпоѓи прави. И кога кажаа дека ќе се женат цела фамилија сме биле пресреќни ( и комшилук соодветно).
    А и јас сум од мал град. Зошто ги потценувате родителите, 21-век е и за нив. Ќе сватат немајте гајле. Ако тие си имаат љубов и разбирање друго и друг не им треба.
    Мои други комшии ептен блиски исто така се имаат земено уште пред 20 години, таа вдовица, тој разведен, со по едно дете двајцата. Па тогаш комшиите нели збореле, немале ли тие родители? А пример ми се луѓево за совршен брак и често ги зборувам. И децата им израснале со двајца родители посреќни и побезбедни.
    Само може да се добие од такви бракови. Никој не губи освен љубоморните набљудувачи кои немаат друга работа.
     
    Последна измена: 30 април 2015
    На Nausicaa, Giovanna, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Ауууу, турски серии, муабетов!!! Ај остави го човекот на раат да си живее, не туку прави сплетки за да ги разделиш. Ако ти е другар, ќе треба да бидеш негова поддршка, и да му помогнеш во врската, ама ова ми изгледа мене како нешто друго.
    Море очигледно тој треба понастрана од тебе, не од неа... Зборале луѓето, срамота било. Ти си прва што зборуваш, па и по форуми пишуваш. Тешко на човекот што треба да се расправа со затуцани мозоци околу него!!! И што ако била вдовица? Таа за вас таму (во тој волшебен град) не е веќе човек? Ама мене ми мириса дека другите не ни се замараат толку.. изгледа ти најмногу се замараш.
     
    На crazylady, Sunflowers, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Прво и основно вака не се збори оти незнаеш утре и тебе што те чека. Не посакувам никого ама секому може да се случи да остане вдовица/вдовец и со деца. И што? Значи дека завршил животот и нема веќе право на ништо? Глупости. Јас во целата оваа приказна и не гледам некој проблем само ти си преувеличуваш.
    Аљоо, човекот има 32 години и вработен е која ја сака таа ќе си ја земе, на крајот од денот тој ќе легне со неа на иста перница нема родителите или комшиите. Ако нему му чини, на неговите родители дупло повеќе треба да им чини. Зошто да не дозволат неговите? А кој уствари бара дозвола од нив?
    Остави го човекот на мира сам нека си одлучи што сака. Ако си му вистинска пријателка ќе го подржиш.
    А и работата може и не е толку сериозна како што си мислиш ти ако излегуваат заедно и се дружат немора да значи дека одма ќе се земат.
    А ако тебе ти се допаѓа човекот ти е криво и си љубоморна зошто е со друга слободно изјасни се, ама тоа е веќе друго.

    А што има тебе да те прашуваат? Ако ги игнорираш ваквите муабетите и не одговараш со тек на време ќе се смират. Нормално е луѓето да се интересира за други, да се распрашува па да се измислува и озборува на крај. Пола држава ни се такви, ништо чудно тука.


    Пу, македонска работа ако не го ставаме носот во туѓи работи значи не не бива.
     
    На Nausicaa и joy1 им се допаѓа ова.
  19. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Верице разговаравте ли?
    Пиши девојко кажувај шо бидна, не замисли сите сега.
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Ах, простодушни луѓе...
    Радо би додале бибер во твојата манџа, дури нивната веќе гори.
     
    На Nausicaa, Kukla994 и eloves им се допаѓа ова.