Вдовица, со дете, живее во мал град. Муабетите е нормално да ги има и секогаш ќе ги има. Но зошто да доаѓаат од најблиските!? Оние што не му се блиски, нека зборат, нека вреѓаат. А ти ако си му блиска како што кажуваш, треба да бидеш првата што ќе го поддржи, ако мисли дека неговите ќе се противат ти како најдобра другарка треба да бидеш таа што ќе му помогне да ги убеди и неговите и сите блиски дека ја сака и ќе биде со неа. Па жената ако е вдовица не значи дека треба вечно да остане сама! Погрешно си го поставила прашањето, не треба да го убедиш дека не е за него, треба самата себе да се убедиш дека тој не е за тебе.
Таа е за него. Ако тој си ја сака, тогаш не гледам причина зошто не би била? Ете затоа не можеш да го убедиш, ниту него, ниту себеси. Не разбирам ни зошто би сакала, ама ајде.
Некогаш е џабе да убедуваш некого дека твоите мислења се најточни, секој размислва различно и на сите различни нешта ни пријаат во животот. Остави го сам да си искуси дали е точно тоа што му го збориш ти, ако увиди самиот со свои очи и му пречат истите работи кои на тебе ти пречат.