Како да го усреќам?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Данделион, 30 август 2016.

  1. Данделион

    Данделион Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам за совет. Мојата ситуација е следна...Имам 17 години и има едно момче кое го знам подолг период, се знаеме од школо и ми се бендиса тоа кај него што сме скроз исти во карактер и се. И така со тек на време како што се запознавме сфативме дека сме исти, и самиот тој ми го има кажано тоа. Во многу работи се пронајдуваме, исти карактери и се. И така уз муабет еднаш си ги кажувавме проблемите јас му кажував тоа дека сум страшен баксуз во љубовта а и тој исто така ми кажа дека воопшто нема среќа. И така ми се отвори порано дека бил во долга врска и само еднаш во животот сакал многу и бил премногу повреден од нејзина страна. И тогаш ми кажа дека чуствува нешто кон мене, дека ме свиѓа, ама дека неможи да си дозволи да бидиме заедно оти тој неможел да си дозволи да ме повреди и тврди дека не ме заслужува. Ми кажувале порано дека единствениот маж што те заслужува е оној кој мисли дека не те заслужува. Што мислите вие дали е така? Но сепак ние решивме да си останиме само другарчиња. И јас како другарка што да правам, иако јас го сакав му давав совети и му предложив да се проба и тој упорно ми велеше дека не бил спремен за љубов и врска повторно, не сакал да биди пак повреден. И така помина време и јас си најдов еден идиот што полека почнував да се заљубувам во него и да го заборавам "другарми" да речам, па се запоставивме и си останавме на едно здраво. Но сега брзо повторно стапивме повторно во контакт одкако се скарав со дечкото. и еден ден двајцата баксузи во љубовта се решивме да се пробаме и да излезиме и мене ми беше искрено како од соништата. Но сепак да не се препуштаме одма решивме да не бидиме ништо сериозно но сепак се понашавме како некој пар и си љубоморевме еден на друг, неговите другари ме знаеја мене, моите него. Не ме криеше од светот да речите, излегувавме пред сите само не излегувавме многу често. И сега пред некоја ден конечно му кажав како се чуствувам кога сум со него и дека баш ми годи и тој неочекувано ми кажа дека не бил среќен. Но се закаравме и во нервоза му реков да престаниме со ова што го правиме веќе да не се мачиме еден со друг но ова го кажав безмислено. Тој ми рече дека сакал да се гледа со мене, дека единствена сум јас во долго време што се пробал но не е среќен и ми рече да не престануваме не го сакал тоа, само да не ја форсираме многу и да му дадам малце време за да почниме да се врзуваме. И сега ве молам помогнетеми како да постапам? Искрено несакам да се откажам од него и да го изгубам повторно пошто му ја знам целата ситуација и го потполно го разбирам. Срепмна сум се да направам. Кажетеми како да постапувам со него да го направам среќен? Кои совети можете да ми ги дадете? Како вие би постапиле? Сакам да бидиме нешто посериозно ако треба и ќе чекам само прашањето ми е во меѓувреме што да направам за да го усреќам додека излегуваме, како да се понашам? Како да му дадам до знаење дека може да ми верува, да биди со мене и дека никогаш нема да го повредам како бившата? Вемолам помогнетеми :worried:
     
  2. Passionate23

    Passionate23 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Ех да беше така "тој што ти вели дека не те заслужува е баш тој што те заслужува ке беше и во мојов живот поинаку. Остај поговорките,туку како што гледам дечково не знае што сака,а не знае бидејќи се плаши да не се поврзи.Не гледам овде од негова страна никаков занес,его,туку тоа што стварно те свиѓа не му дава за право и храброст за нешто повеќе.Ако имаш трпение да чекаш,да се докажуваш дека си лојална и дека нема да биде повреден тогаш направи го тоа и биди упорна.Докажувај се дека си достојна за него,покажи дека ти е важен ,имај трпение и биди неуморна.Белки ке види дека се трудиш и дека сакаш да му дадеш до знаење дека ке му бидеш верна :) само упорност и јака желба ти треба. Позз
     
    Последна измена: 31 август 2016
  3. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.986
    Пол:
    Женски
    Мене некако ми е замрсена работава, имате по 17 год., а имал долга врска која го повредила ??? долга врска баш долга ??? Муабетиве се како да сте повеќе од 20год. ... да се врзувате на 17 год. ... девеојче ти нас не зезаш ? Не е среќен човекот ??? Не сакам да кометирам веќе не ми е ова реално. Извини ако грешам.
     
    На theunforgiven, Dust, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.457
    Доколку инсистира на тоа дека му е потребно време почитувај го неговиот збор што е реален со тебе.
    Сигурна сум дека му се допаѓаш , кога веќе ти е цел да се докажеш пред него дека нема да го повредиш тоа ќе го правиш лице во лице со дела и со зборови во кои ќе има почит и разбирање.
    Ако бил повреден пред тоа на раната и треба време да заздраве, избегнувај да поставуваш прашања во врска со бившата.
    И доколку се одлучите да започнете врска биди спремна да се запознаеш со неговата параноја, макар што и не мора да значи дека ќе ја има.
     
    На Passionate23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Данделион

    Данделион Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Проблемот ми е што искрено незнам што да направам за да ме засака, што треба мечки да му купувам, ружи? Незнам воопшто кажетеми дајте некој совет хахаха. Како да постапувам со него и да му дадам до знаење дека може да ми верува?
     
  6. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Машки
    Девојче Земи спремајсе почнува учебна година !
     
    На Krunicka, glosipgirl, galapce и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Passionate23

    Passionate23 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Ако треба планина да урнеш за да види дека ти е битен тогаш ич не се мачи.Ако сака да види во тебе нешто повеќе ,ке види и без мечка и ружа да купиш.Баш ова што ти го напишавме, трпение и упорност.Ако сака да најде нешто добро во тебе ке најде ,ако ти вели дека е несреќен и понатака тргни се.Па по 17 год.имате...која несреќа толку голема....
     
    Последна измена: 31 август 2016
  8. Данделион

    Данделион Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Спремна сум веќе, друг ми е мене проблемот како што гледаш :D
     
  9. Kenzoo

    Kenzoo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Машки
    Ахх овај интернетот,проблеми имала таја... !
     
    На galapce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    12.800
    Пол:
    Женски
    Сака да му дадеш за да го усреќиш....
     
    На makedonkamak, ku4ence и corapce им се допаѓа ова.
  11. Данделион

    Данделион Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Во ред, тебе ако ти е се погодено во животов баш ми е мило ама отстапи. Слободно игнорирај ме ако немаш нешто паметно да ми кажеш.
     
  12. Данделион

    Данделион Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Што да правам еве јас да му викам да искачаме, но се што правиме е ќе поразговараме и се муваме, еднаш така имаме цел ден заедно седено, инаку тој ќе замине со другари јас со другарки. Сакам да правиме нешто забавно не само тоа само немам никаква идеја. Сакам да биде среќен и да ужива времето со мене само незнам што да направам. Што да направам за да конечно се реши да се врзува и конечно да стапиме во сериозна врска?
     
    На Sunnny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.181
    Допаѓања:
    74.653
    Пол:
    Женски
    Ако типот не е спремен за врска и не планира да започне ништо сериозно, не постои нешто на светов што би го разубедило, макар ти застанала со главата наопачки.
    Знам дека не е нешто што сакаш да го слушнеш, ама пробај да ја согледаш ситуацијата од друг агол, малку пореално.
    Зошто да си го трошиш времето вака непродуктивно, со некој кој после сиот твој труд, ти возвраќа со „не сум среќен“.
    Размисли добро дали сакаш да си го трошиш времето (а и нервите) со таков дечко.

    Дај му малку време, олади го контактот, па види како ќе се однесува. Ако покрене иницијатива и те побара, значи не му е сеедно. Во спротивно, само ќе ти се потврди ова од мојот муабет погоре.
     
    На theowndemon, glosipgirl, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Данделион

    Данделион Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2016
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Го оладив јас контактот и тој беше што ме побара и сега повторно јас му предложив да престанеме со ова и самиот ми рече дека не сака само да не се брзаме да не форсираме
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.889
    :D:D
    Во тие години за долга врска се рачуна ако пола година биле заедно.
    Девојчето нема 13 години, има 17. Воопшто не е табу да и се допаѓа некој и да сака да има врска со него на тие години.
     
    На Mariangel, theowndemon, ku4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    48.935
    Пол:
    Женски
    Не знам како да му помогнам на некој кој не знае како да усреќи некого. Толку ви е тешко тоа бе луѓе? Ако го сакаш искрено, вистински, срцето самото те тера да правиш нешта што него ќе го прават среќен. Биди покрај него, биди му поддршка, охрабрувај го, дели му комплименти, зборувај му само за убави нешта, смејте се заедно. Ќе омекне еден ден. :)
     
    На Данделион и Kenzoo им се допаѓа ова.
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.986
    Пол:
    Женски
    Ne rekov deka e tabu ili zabraneto ama vrzuvanje na 17god. Pa, bil povreden pa, so ja znam sto uste pisuvase I ne mi stima postot ko trol da e. Ete taka mene mi izgleda.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.889
    Не реков дека ти рече оти е табу, него членот што го цитирав после тебе, демек ако има 17 години не треба да излегува и да запознава момчиња. Во тие години е зрела и за сексуални искуства.
     
  19. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.986
    Пол:
    Женски
    Izvini od tel pisuvam, ne sum videla dobro, i ne e zrela za seks, pozz
     
    На galapce, oblace1 и Petar80 им се допаѓа ова.
  20. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.113
    Пол:
    Женски
    A kako vie procenivte deka i dvajcata ste baksuz vo ljubovta,zaradi 1 ili 2 propadnati vrski ?
    Normalno e na 17 da te macat ljubovni problemi,mozno e na 17 da go najdes i vistinskiot.
    No nikogas ne kazuvaj deka na 17god si baksuz vo ljubovta zatoa sto ne e tocno.
    Dokolku deckoto ne e sreken moze problemot da e vo nego a ti sto i da praves da e zaludno.
    Ne se obvinuvaj za tugi cuvstva.
     
    На galapce, rose60, Outlook и 2 други им се допаѓа ова.